СНИМЕТЕ. СПОДЕЛЕТЕ. ИСТАКНЕТЕ СЕ.

Дизајнирани за креатори, овие фотоапарати ќе ги возвишат вашите содржини - независно дали снимате видеоблогови, проследувате во живо или правите кратки видеозаписи за TikTok и Instagram.

Вашето патување започнува тука

Без разлика која платформа сте ја избрале, напредните фотоапарати на Canon ќе ви помогнат да ја реализирате вашата креативна замисла.

Дневни видеоблогови и записи од патувања

Доловете ја секоја авантура на едноставен начин и со неверојатни детали, независно каде ќе ве понесе вашата приказна.

Играње игри во живо, водичи и настани

Проследувајте на интернет со висок квалитет, опции за непречено поврзување, остра слика и кристално чист звук.

Вертикални содржини кои се најдобри за TikTok, Instagram и YouTube Shorts

Снимајте и споделувајте висококвалитетни видеозаписи на брз и едноставен начин - совршено за креатори на содржини кои имаат потреба од квантитет и квалитет.

Производи што ги обожаваат креаторите

PowerShot V10

Привлекувајте внимание и добивајте нови претплатници со наменската камера за снимање 4K-видеоблогови од Canon. Лесен сè-во-едно уред што може да го носите во џеб. Лесно.

Дознајте повеќе

PowerShot G7 X Mark III

Идеален е за видеоблогери, блогери, видеоконференции и за сите кои објавуваат содржини на интернет. PowerShot G7 X Mark III ќе ви помогне да изгледате најдобро од сите со извонредни 4K-видеозаписи, голем сензор од тип 1,0 и фотографии со 20,1 мегапиксели - сето тоа сместено во уред со неверојатно пренослив дизајн што може да го носите насекаде.

Дознајте повеќе

PowerShot V1

За креатори во движење, овој компактен фотоапарат испорачува напредни функции за снимање видео како продолжено снимање во 4K-резолуција, голем сензор и интелигентен автоматски фокус.

Дознајте повеќе

EOS R50 V

Усовршете ги содржините со фотоапарат со заменливи објективи претежно насочен кон снимање видео. Со снимање 4K-видео со 60p, Log-снимање и сигнална светилка, за поголема креативна контрола врз начинот на снимање.

Дознајте повеќе

EOS R50

Снимете ги вашите најдобри содржини со овој фотоапарат без огледало EOS R, од остри фотографии до 4K-видеоснимки и проследување во живо. Сè во еден наменски уред.

Дознајте повеќе

EOS R8

Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции.

Дознајте повеќе

EOS R6 Mark II

Фотографии или видео, акција или портрет - комбинацијата од перформанси и квалитет на слика што ја нуди EOS R6 Mark II ви овозможува да бидете максимално креативни.

Дознајте повеќе

Компактни фотоапарати за креатори кои се во движење

Ако сакате квалитет без да користите голема и тешка опрема, изберете некој од овие фотоапарати со фиксен објектив - сите имаат напредни функции како снимање во 4K, следење лица и јасен звук, за лесно и интуитивно снимање видеоблогови.

    PowerShot V10 [Црна]

    Истакнете се на интернет, но бидете дискретни кога снимате со сè-во-едно камерата за снимање 4K-видеоблогови од Canon со џебна големина.

    PowerShot G7 X Mark III [Црна]

    Фотоапарат со опции за поврзување што снима извонредни видеоснимки и фотографии што ќе им се допаднат на вашите следбеници.

    PowerShot V1

    Компактен фотоапарат претежно наменет за снимање видео во 4K-резолуција, со прецизен автоматски фокус и кристално јасен звук - идеален за креатори на содржини во движење.

Фотоапарати со заменливи објективи

    EOS R50 V

    Бидете креативни со фотоапарат со заменливи објективи претежно насочен кон снимање видео, опремен со напредни функции за снимање за да ги усовршите вашите содржини.

    EOS R50

    Снимете ги вашите најдобри содржини со овој фотоапарат без огледало EOS R, од остри фотографии до 4K-видеоснимки и проследување во живо. Сè во еден наменски уред.

    EOS R8

    Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции.

    EOS R6 Mark II

    Фотографии или видео, акција или портрет - комбинацијата од перформанси и квалитет на слика што ја нуди EOS R6 Mark II ви овозможува да бидете максимално креативни

Често поставувани прашања

Сѐ што треба да знаете за фотоапаратите за снимање видеоблогови од Canon, нивните функции и дополнителната опрема.

  • Тоа зависи од вашите потреби. PowerShot V1 е идеален за креатори на содржини кои се во движење, бидејќи нуди снимање во 4K, брз автоматски фокус и одличен звук, а има компактно куќиште. Ако сакате понапредно снимање, EOS R50 V нуди флексибилност и контрола со заменливи објективи. PowerShot V10 е практичен избор со џебна големина за почетници кои сакаат да снимаат висококвалитетно видео користејќи едноставен сè-во-едно уред.

  • За креаторите кои штотуку почнуваат да создаваат содржини, PowerShot V10 е одличен избор - тој е мал сè-во-едно 4K-фотоапарат со вграден држач, кој лесно се поставува и овозможува лесно снимање видеоблогови каде и да сте. Исто така, PowerShot V1 е одличен за почетници кои сакаат поголема креативна контрола и нуди интелигентен автоматски фокус, јасен звук и технологија за напредна стабилизација со кои може рачно да снимате јасни видеоблогови.

  • PowerShot V1 и EOS R50 V нудат опции за проследување преку USB или безжично проследување, со кои може да емитувате во живо на платформи како YouTube и Twitch на едноставен начин. Исто така, EOS R50 V е компатибилен со апликацијата за мобилни уреди Live Switcher од Canon, која овозможува безжично проследување од повеќе фотоапарати директно преку вашиот мобилен уред.

  • Фотоапаратите од Canon дизајнирани за снимање видеоблогови, како што се PowerShot V1, EOS R50 V и PowerShot V10, имаат екрани кои се закосуваат или отвораат нанадвор, за да можете лесно да го обликувате кадарот додека снимате. Ова е особено практично за видеоблогери, креатори кои проследуваат во живо и креатори на содржини кои имаат потреба да ја следат сликата додека снимаат.

  • За добар систем за снимање видеоблогови не е потребен само добар фотоапарат. Разгледајте ја палетата на микрофони, стативи и комплети и дополнителна опрема за снимање видеоблогови од Canon, кои се дизајнирани да ги подобрат вашите содржини и начинот на кој снимате.

  • Голем број фотоапарати од Canon можат да снимаат вертикални видеозаписи, за полесно да создавате содржини кои се оптимизирани за платформите како TikTok, Instagram Reels и YouTube Shorts. Тие нудат и непречено безжично префрлување содржини, за да можете брзо да ги вчитувате вашите содржини на интернет и да ги споделувате.

Снимајте видеоблогови со сигурност

Фотоапаратите за снимање видеоблогови од Canon нудат извонреден квалитет и интуитивни функции, дизајнирани за лесно самостојно снимање и поголема креативна контрола.

Подобрете го вашиот систем за проследување на интернет

Независно дали играте игри, готвите или покажувате упатства, Canon нуди наменски алатки за проследување без напор.

Снимајте квалитетно. Споделувајте сигурно.

Истакнете ги вашите содржини со функцијата за снимање во 4K, напредната стабилизација, Canon Log 3 и приспособените профили за бои. Благодарение на опциите за лесно префрлување содржини преку Wi-Fi, Bluetooth или USB, вашите видеозаписи ќе бидат подготвени за уредување или споделување за неколку секунди.

Придружете се во Canon Club

Запознајте креативни истомисленици, учете од експертите и добијте ексклузивни придобивки.

Инспирација и техники

Професионални совети, техники и случувања зад сцената кои ќе ви помогнат да го подобрите вашиот занает.

Снимање видеоблогови

Споделете ја вашата страст со видеоблогови

Најдобри фотоапарати и објективи за снимање видеоблогови од Canon

Canon нуди палета на фотоапарати и објективи што се идеални за креаторите на содржини. Овој водич ќе ви помогне да ја пронајдете совршената опрема.

Подобрете ги вашите видеоблогови и добијте повеќе интеракции

Сакате повеќе интеракција со вашите видеоблогови? Следат совети за градење публика и за усовршување на вашите видеосодржини со најдобрите фотоапарати за видеоблогери.

Бидете во тек со сѐ што е поврзано со Canon

Бидете меѓу првите кои дознаваат за најновите изданија на Canon, а добивајте и професионални совети и ексклузивни информации.

Може да ве интересира и