ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊА

Најдобрата опрема од Canon за фотографирање при патувања

Подгответе се за авантура: опрема за фотографирање при патувања за почетници, креатори на содржини и ентузијасти.
Човек фотографира со фотоапарат и објектив од Canon на плажа, на зајдисонце.

Поминаа деновите кога фотографирањето при патувањата беше толку едноставно што само требаше да купите фотоапарат за еднократна употреба, за да снимите неколку заматени фотографии на плажа за вашиот домашно направен семеен албум.

Поради експлозивниот развој на социјалните платформи за споделување фотографии и видеоснимки и подемот на професионалните фотокниги на интернет, прифатливи се само беспрекорно снимените слики. Паметните телефони се одлични, но за да создадете слики и отпечатени материјали што ќе ги воодушеват другите ви треба наменски фотоапарат - уред што ќе ви понуди врвни перформанси низ целата година, независно во какви услови ќе го користите, а притоа да биде доволно мал за да го носите во вашиот рачен багаж. Слична е приказната и со објективите кои треба да понудат разновидни опции за да бидат во тек со авантуристичките духови, а притоа да не го намалат квалитетот на сликата.

Треба да се земат предвид многу фактори, но ние ви направивме водич за најдобрата опрема за фотографирање при патувања. Независно дали сте почетник кој со нетрпение сака да почне да работи, успешен блогер за патувања кој сака да ги воодушеви своите следбеници или, пак, креатор на содржини со профил во развој кој едвај чека да ги подобри своите содржини и опрема, бидете сигурни дека ќе ги добиете алатките што ви се потребни за да успеете.

Најдобри фотоапарати за патувања наменети за секојдневно фотографирање и семејни одмори: Zoemini S2 од Canon и PowerShot ZOOM од Canon

Zoemini S2 од Canon ставен врз здиплен пар скратени фармерки, опкружен со мали отпечатени фотографии.

Zoemini S2 од Canon може да го носите во џеб, а ќе ви понуди сè што ви е потребно за да снимате прекрасни семејни фотографии и автопортрети во движење.

Семејство во природа, покажуваат со прстот кон нешто над нив. Мажот користи PowerShot ZOOM од Canon.

Монокулар и фотоапарат споени во мало куќиште - PowerShot ZOOM од Canon нуди неверојатен зум од 800 mm и интуитивен распоред на копчињата за да можете да ги снимате случувањата од огромна далечина.

Семејните одмори се многу повеќе од бегство од секојдневните рутини. Тоа е скапоцено време поминато со најблиските, каде што ги создаваме најдрагоцените моменти.

Zoemini S2 од Canon со сензор од 8 MP е одличен придружник за патување што ги оживува драгоцените моменти во моментот кога ги доживувате. Извонредно пренослив фотоапарат и печатач - Zoemini S2 од Canon ви овозможува да снимате автопортрети брзо, со помош на неговото вградено огледало и прстенесто светло за да добиете совршена поза и експозиција. Потоа може да изберете дали ќе ја отпечатите сликата веднаш, за помалку од една минута, или ќе ја зачувате на Micro SD-картичка за да ја отпечатите во иднина.

Ако го поврзете Zoemini S2 од Canon со апликацијата Canon Mini Print ќе можете да ги прегледувате композициите во живо, да ги приспособувате сликите пред да ги отпечатите, па дури и да ги печатите фотографиите директно од вашиот паметен телефон.

PowerShot ZOOM ќе ве доближи уште повеќе до случувањата, поради што ќе биде совршен за вашиот следен одмор со сафари. Овој џебен монокуларен фотоапарат со неверојатен зум и максимална фокусна должина од 800 mm е совршена алатка во случаи кога ви треба поголем дострел. Благодарение на сензорот од 12 MP и стабилизацијата на слика по 4 оски, овој компактен и моќен уред е извонредна опција за сите видови на патувања, како и за гледање птици, спортски настани и семејна забава.

Најдобар фотоапарат за патувања наменет за почетници и креатори на содржини: EOS R10 од Canon

EOS R10 од Canon во раце, на неговиот екран е прикажана фонтана и зеленило.

EOS R10 од Canon тежи само 429 g, а објективот RF-S 18-45mm f4.5-6.3 IS STM од Canon што се испорачува со него тежи само 130 g - иако е многу лесен, тој сепак нуди повеќенаменски опсег на зумирање и стабилизација на слика. Двата производи заедно претставуваат моќна и лесна комбинација, како за почетници, така и за искусни фотографи.

EOS R10 од Canon е совршен избор и за нови и за искусни фотографи за патувања. Како основен модел со достапна цена што ќе ве воведе во системот EOS R на Canon, EOS R10 ви нуди пристап до професионалниот приклучок за RF-објективи, што на почетниците ќе им овозможи да користат голема палета на објективи со брз фокус и ќе добијат големи можности за развој. Импресивните технички спецификации, пак, го прават овој фотоапарат соодветен за ентузијасти и искусни креатори на содржини на кои им се потребни функции што ќе им ги подобрат нивните содржини.

EOS R10 со APS-C-сензор од 24,2 MP создава неверојатно јасни фотографии и беспрекорни 4K-видеоснимки со кои добивате видеоблогови и приказни со професионален изглед. А со користењето напреден систем за автоматско фокусирање што може да следи очи, лица, животни и возила, вашите содржини секогаш ќе изгледаат остри, дури и при слаба осветленост.

EOS R10 е опремен и со екран на допир со променлив агол за успешно обликување на кадарот независно од аголот, како и вграден блиц за фотографирање во темнина или при недоволна светлина. Тежи само 429 g што значи дека може лесно да го носите низ градови или по стрмни планини.

Најдобар фотоапарат за целосна слика наменет за ентузијасти за фотографирање при патувања: EOS RP од Canon

Маж во нуркачко одело седи на карпеста плажа, во скутот држи даска за сурфање.

Благодарение на својот сензор за целосна слика, компактни димензии и бесшумно фотографирање, EOS RP од Canon е интуитивен избор за фотографи кои сакаат да користат фотоапарат со систем EOS R. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon со избрани 1/3200 сек., f/1,8 и ISO100. © Jitka Smelhausova

За фотографи со многу печати во пасошот, кои сакаат да ги подобрат своите содржини, фотоапаратите за целосна слика како што е EOS RP од Canon можат многу да им помогнат во зголемувањето на нивната креативност.

Големите сензори во фотоапаратите за целосна слика се почувствителни на светлина отколку малите сензори. Тоа значи дека можат да фотографираат со поширок динамички опсег - многу практично при фотографирање во сончеви услови - и создаваат помалку шум при високи вредности на ISO. Исто така, нудат поголема контрола врз длабочината на полето заради прецизно прилагодување на заматувањето и дефокусирањето, што ги прави соодветни за културни улични портрети и фотографирање светилки во градски пејзажи навечер.

Нудејќи снимање 4K-видеоснимки, пристап до професионалната палета на RF-објективи од Canon и интелигентен автоматски фокус каков што може да очекувате од фотоапарат со систем EOS R, EOS RP е идеален за креатори на содржини кои сакаат да создаваат професионални содржини. Тежи само 485 g и отпорен е на вода и прав - идеален е за авантури.

Најдобар компактен фотоапарат за блогери или видеоблогери кои патуваат: PowerShot G7 X Mark III од Canon

Маж седи на плажа со ситни камења пред мал оган. PowerShot G7 X Mark III од Canon ставен на статив, со микрофон ставен на камен пред него.

Благодарение на големиот опсег на фокусирање на извонредно преносливиот PowerShot G7 X Mark III од Canon, еквивалентен на опсег од 24-100 mm кај фотоапарат за целосна слика, ќе можете да снимате сè, почнувајќи од рачно снимање видеоблогови па сè до портрети и фотографии од диви животни.

Жена стои на улица и се смее кон фотоапаратот, држи PowerShot G7 X Mark III од Canon на кој се прикачени микрофон и статив со држач.

Стативите се неверојатно практични додатоци кога патувате бидејќи нудат стабилност и за снимање и за фотографирање. Стативот со држач HG-100TBR од Canon е лесен и компактен статив што може да се носи во ранец, а може да се користи и како држач за снимање видеоблогови.

Кога ќе преовлада желбата за патување, имате време само да го грабнете ранецот и да тргнете. Во вакви ситуации, каде што слободниот простор е најважен, PowerShot G7 X Mark III е совршен партнер за патувања.

PowerShot G7 X Mark III нуди совршен баланс помеѓу перформанси и димензии, опремен е со сензор за слика од тип 1,0 што создава импресивни фотографии до 20,1 MP и 4K-видеоснимки, а неговото куќиште е широко 11 cm и тежи само 300 g - ако немате доволно слободен простор во ранецот, можете слободно да го ставите во џеб. Исто така, со едно лесно движење може да преминувате од режим за фотографирање во режим за снимање и обратно.

Опремен со екран што се врти за 180° и функции за проследување во живо, овој фотоапарат е дизајниран земајќи го предвид снимањето видеоблогови, а неговата светла максимална решетка од f/1,8, AF со следење лица и широкоаголен објектив со зум обезбедуваат правилна експозиција, остар фокус и добар кадар за вас и вашето опкружување.

PowerShot G7 X Mark III не е наменет само за видеоблогери. Неговата достапна цена и моќни функции го прават еден од најдобрите фотоапарати за патувања наменети за почетници.

Дали се подготвувате за авантура? Не заборавајте да ја преземете апликацијата Canon Camera Connect за да го поврзете фотоапаратот со вашиот паметен телефон и да споделувате слики од вашите патувања директно на социјалните мрежи. Апликацијата овозможува и далечинско контролирање на фотоапаратот за да снимате слики и видеоснимки без тресење на фотоапаратот.

Најдобар широкоаголен објектив со зум за фотографирање при патувања: RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM од Canon

Облаци се рефлектираат на површината на мирно езеро опкружено со планини.

RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM од Canon е извонредно широкоаголен објектив со зум создаден да ги задоволи дури и фотографите за патувања кои имаат најтешки задачи. Одликувајќи се со оптичка стабилизација на слика со 5 чекори, светла максимална решетка f/4,5 и брзи перформанси за фокусирање благодарение на RF-приклучокот од Canon, овој објектив ќе се погрижи да снимате остри и професионални содржини за време на вашите патувања, независно од условите на осветлување. Снимено со EOS R5 од Canon и објектив RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM од Canon со избрани 17 mm, 2,5 сек., f/11 и ISO100. © Verity Milligan

Повеќенаменскиот широкоаголен објектив со зум е најдобриот пријател на фотографите за патувања. Благодарение на неговиот извонредно широк фокусен опсег, објективот RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM од Canon без проблеми ќе опфати сè во кадарот, независно дали снимате видеоблог низ центарот на градот со висококатници, минувате по улиците на некој средновековен град или снимате пејзажи од спектакуларни планини.

Овој RF-објектив е компактен и лесен додаток со достапна цена за дури и најлесните ранци со опрема за патување, а благодарение на неговата стабилизација на слика и светлата максимална решетка од f/4,5, тој нуди одлични перформанси во услови со променливо осветлување.

Најдобар широкоаголен примарен објектив за фотографирање при патувања: RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon

Сад со тестенини со домати и босилек и виљушка, снимен од горна страна, во кадарот се гледаат листови на босилек и толчник.

Одликувајќи се со стабилизација на слика со 5 чекори за рачно фотографирање без заматување, како и макро функција со зголемување до 0,5x, RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon е очигледен избор за доловување вкусни деликатеси од врвни ресторани. А благодарение на неговиот тивок STM-мотор за фокусирање, овој објектив е фантастичен за снимање видеоблогови и проследување во живо. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon со избрани 1/125 сек., f/2,5 и ISO800. © Natasha Alipour-Faridani

Има причина зошто уличните фотографи, фотографите за портрети и фотографите за патувања сакаат да го користат RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon. Доволно широк за пространи градски пејзажи, широки пејзажи и детални слики одблиску, со мали димензии, брза максимална решетка и МАКРО зголемување од 1:2 - совршен е за различни жанрови.

Иако е дизајниран за фотоапарати за целосна слика, објективот RF 35mm F1.8 MACRO IS STM може да се користи со куќишта со APS-C-сензор, како што е EOS R10 од Canon, со кој ќе може да снима со видно поле што е еквивалент на објектив со зум од 56 mm прикачен на фотоапарат за целосна слика.

Најдобар примарен објектив за почетници наменет за фотографирање при патувања и улично фотографирање: RF 50mm F1.8 STM од Canon

Жена со црвен кармин на усните ја врти главата за да погледне во фотоапаратот. Во заднина се гледаат треперечки светилки.

Благодарение на обложената асферична леќа, сликите снимени со објективот RF 50mm F1.8 STM од Canon ќе бидат остри низ целата површина, а неговите мали димензии го прават вреден додаток во вашата опрема независно дали сте авантуристички почетник или искусен истражувач.

„Практичните 50-ки“ како што е RF 50mm F1.8 STM од Canon е првиот избор за почетници кои сакаат да почнат со снимање креативни содржини за време на нивните патувања. Широката максимална решетка f/1,8 на овој објектив ви овозможува да добиете неверојатно мала длабочина на полето, за да снимате прекрасни портрети што ќе ги претстават културните идентитети на луѓето кои ги среќавате.

Исто така, пропушта многу светлина што значи дека ќе бидете подготвени за сите услови на осветлување за време на вашите авантури. Прикачете го на фотоапарат со APS-C-сензор и ќе добиете еквивалент на длабочина на поле од 80 mm кај фотоапарат за целосна слика.

Најдобар повеќенаменски објектив со зум за фотографирање при патувања: RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon

Тесна улица со куќи од светол камен, со глинени саксии полни со цвеќиња што висат на ѕидовите.

Одликувајќи се со минимално фокусно растојание од само 13 cm со макро режим со централен фокус и зголемување до 0,5x, објективот RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon ќе ви овозможи да ги доловите дури и најситните детали. Не грижете се за тресењето на фотоапаратот што би можело да ги уништи вашите слики, бидејќи овој објектив има оптичка стабилизација на слика со 5 чекори. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon со избрани 50 mm, 1/320 сек., f/5 и ISO800.

Патувате со малку опрема и имате место во ранецот за само еден објектив? Повеќенаменскиот RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon е одличен избор. Неговиот голем фокусен опсег нуди многу разновидни опции што се соодветни за различни ситуации, почнувајќи од рачно снимање видеоблогови па сè до прекрасни портрети. Покрај импресивниот опсег, надополнет со стабилизација на слика со 5 чекори за рачно фотографирање и фотографирање при слаба осветленост, тој има куќиште помало од 9 cm што тежи само 395 g. Ако го користите со APS-C-сензор, тогаш фокусниот опсег на овој објектив ќе биде еквивалентен на опсег од 38,4-168 mm кај фотоапарат за целосна слика.

Овие фотоапарати, објективи и дополнителна опрема за авантуристи, што може да се носи во ранец, се најдобри придружници што нудат неверојатни слики и видеоснимки без да ја ограничат вашата слобода за движење. За повеќе инспирација за фотографирање при патувања, дознајте како Diana Millos помина 48 часа во прекрасната Севиља со EOS R10 од Canon.


Напишано од Peter Wolinski

Слични производи

Слични статии