Фотографирањето движења се однесува на фотографирање субјекти во движење, почнувајќи од миленичиња до птици во лет, од спортови до игри со топка. Избирање на најдобрите објективи за фотографирање движења може да направи огромна разлика кога се обидувате да доловите субјекти што се движат брзо. Бидејќи субјектот се движи со одредена брзина, може да биде тешко да ја снимите фотографијата на која се надевате, но преку користење на фотоапаратите и објективите кои се најпогодни за фотографирање движења, ќе си дадете огромна предност.
Воглавно, фотоапаратите што се најпогодни за фотографирање движења имаат напреден систем за автоматско фокусирање со многу точки за автоматски фокус (AF) што ви помагаат прецизно и континуирано да следите субјекти, дури и кога се движат хаотично. Исто така, би требало да имаат брза максимална стапка на слики во режим за континуирано фотографирање, со голем капацитет на меѓумеморија за да можете да снимите поголема серија фотографии.
Во идеалните куќишта на фотоапарати за фотографирање движења спаѓаат фотоапаратот за целосна слика Canon EOS R6 Mark III и EOS R7 со APS-C. И двата модели се карактеризираат со чувствителен и интелигентен автоматски фокус што се основа врз вештачка интелигенција со длабоко учење за следење птици, животни, луѓе, па дури и возила, а имаат и неверојатно брзи стапки на слики.
Никогаш не пропуштајте момент: најисплатливи објективи за фотографирање движења
Иновативниот приклучок за објектив RF од Canon испорачува огромно зголемување во брзината на комуникација на податоци меѓу фотоапаратот и објективот - во споредба со претходната технологија на EF-приклучок, исто е како да споредувате „мопед и експресен воз“ (како што вели експертот за технологија во Canon Europe, Mike Burnhill), правејќи ги фотоапаратите со EOS R-систем со објективи RF како Canon RF 75-300mm F4-5.6 одличен избор за фотографирање движења.
Кој вид на објектив е најдобар за фотографирање движења?
При фотографирање субјекти во движење, брзината е клучна, а екстремно брзата комуникација меѓу RF-објективите од Canon и фотоапаратите EOS R нуди многу придобивки, како што се брзината и прецизноста на следењето на автоматскиот фокус, воедно со подобрена технологија за оптичка стабилизација на слика (IS). Оптичката стабилизација на слика е мошне корисна при фотографирање со големи фокусни должини бидејќи ризикот од заматени слики поради тресење на фотоапаратот значително се зголемува. Стабилизаторот на слика нема да ги замрзне движењата на субјектите, но може да ви помогне да постигнете порамномерни снимки со поместување при следење движења. Функционира на принцип на компензација за тресење или неправилности во вашите движења со поместување, вертикално стабилизирајќи ја сликата додека се поместувате хоризонтално и обратно.
Фотографите за движења имаат за цел да му го привлечат вниманието на гледачот кон своите слики, за да му пренесат какво е искуството да се биде покрај теренот или тркачката патека, па затоа објектив со голема фокусна должина - обично во опсег од 70-200 mm и повеќе - ќе ви овозможи да го исполните кадарот со вашиот субјект. Телефото објективите или објективите со извонреден телефото зум најчесто се најдобрата опција доколку фотографирате од далеку, но истото може да го постигнете и со стандардните објективи со зум доколку знаете дека ќе можете да се приближите до случувањата.
Професионален спортски фотограф најверојатно ќе користи големи спортски објективи со врвни спецификации, вклучувајќи и професионален објектив со зум и извонредни телефото објективи. Но, Canon нуди и телефото објективи од основна класа што можат да доловат движења и да обезбедат неверојатно остра и квалитетна слика. Овие се најдобрите опции кои одговараат на широк опсег на буџети.
- Најдобри објективи за почетници за фотографирање движења
- Најдобар објектив за фотографирање движења од основна класа за фотоапарати APS-C
- Најдобар објектив од основна класа со супер телефото зум за фотографирање движења
- Најдобар примарен објектив од основна класа со супер телефото зум за фотографирање движења
- Најдобар телефото објектив за рачно снимање движења
- Најразновиден објектив за фотографирање движења
Најдобар објектив за фотографирање движења за почетници: Canon RF 75-300mm F4-5.6
RF 75-300mm F4-5.6 е релативно мал и лесен телефото објектив, со што е практичен ако само што започнувате со фотографирање движења. Покрива корисен опсег на фокусни должини за секојдневни субјекти - од локален фудбалски натпревар до активни миленичиња. Снимено со Canon EOS R100 со објектив Canon RF 75-300mm F4-5.6 со избрани 300 mm, 1/1000 сек., f/5,6 и ISO 800.
Објектив од 75-300 mm нуди многу креативна слобода при обликување на снимки од движења. Можете да се фокусирате на далечни субјекти на 300 mm, а потоа да одзумирате до 75 mm за да вклучите поголем дел од опкружувањето.
Клучна предност на Canon RF 75-300mm F4-5.6 е тоа што е и исклучително компактен објектив со зум што е компатибилен со фотоапарати за целосна слика. Димензиите од приближно 14 cm должина кога е вовлечен и тежина од само 507 g ви нудат лесно пакување и удобност при носењето, со што имате слобода да ги следите движењата подолго време без да ви тежи.
Добивате поголем дострел кога објективот се користи со фотоапарат APS-C како Canon EOS R7 – еквивалент на 120-480 mm на фотоапарат за целосна слика. Ова ви нуди пофлексибилни опции за обликување на кадарот за далечни спортски настани и диви животни, а сето тоа без голем телефото објектив.
Најдобар објектив за фотографирање движења од основна класа за фотоапарати APS-C: Canon RF-S 55-210mm F5-7.1 IS STM
Со флексибилниот опсег на помали фокусни должини за телефото и компактната големина, RF-S 55-210mm F5-7.1 IS STM е лесен за носење и е подготвен за дејство кога ќе добиете инспирација. Фотографирано со Canon EOS R50 и објектив Canon RF-S 55-210mm F5-7.1 IS STM со избрани 77 mm, 1/500 сек., f/7,1 и ISO 100.
Canon RF-S 55-210mm F5-7.1 IS STM е уште еден објектив што нема да ве забави. Објективите RF-S од Canon се дизајнирани природно да се совпаѓаат со фотоапарати APS-C со систем EOS R бидејќи проектираат кружна слика која се совпаѓа со помалиот сензор. Тоа значи дека може да бидат покомпактни и полесни од објективите за фотоапарати за целосна слика. Како резултат, ова е одличен објектив APS-C за фотографирање спорт и движења, особено кога преносливоста е важна.
RF-S 55-210mm F5-7.1 IS STM нуди моќен дострел - со опсег на фокусна должина еквивалентна на целосна слика од 88-336 mm – а тежи само 270 g и се одликува со оптички стабилизатор на слика кој обезбедува 4,5 чекори заштита од тресење на фотоапаратот. Може и да работи заедно со вградената стабилизација на слика која се наоѓа во некои фотоапарати со EOS R-систем од Canon за уште подобри резултати кога рачно снимате брзи движења.
Фокусирањето е брзо и тивко, благодарение на STM-мотор со осовина што претвора ротациони движења во линеарни движења, идеално за кога треба да останете тивки - како при фотографирање диви животни, тенис или голф.
Најдобар објектив од основна класа за фотографирање движења: Canon RF 100-400mm F5.6-8 IS USM
Моќната оптичка стабилизација на слика со 5,5 чекори кај Canon RF 100-400mm F5.6-8 IS USM создава неверојатни фотографии од движења без потреба од користење статив. Снимено со Canon EOS R6 (сега е заменет со новиот EOS R6 Mark III) и објектив Canon RF 100-400mm F5.6-8 IS USM со избрани 400 mm, 1/500 сек., f/8 и ISO 1600.
Решетката со девет сечила, исто така, создава прекрасно заматување на заднината. Снимено со Canon EOS R6 (сега е заменет со новиот EOS R6 Mark III) и објектив Canon RF 100-400mm F5.6-8 IS USM со избрани 400 mm, 1/640 сек., f/8 и ISO 1600.
Најчесто, при фотографирање спорт и диви животни, не може да се приближите толку колку што би сакале. Дури и објектив со зум од 75-300 mm или објективот Canon RF 24-240mm F4-6.3 IS USM може да нема доволен телефото дострел. Потребен ви е извонреден телефото објектив за да ја покриете далечината.
Во тие ситуации, моќен телефото зум како Canon RF 100-400mm F5.6-8 IS USM може да служи како одличен објектив од Canon за фотографирање диви животни, со што ќе можете да снимате далечни субјекти со голема острина. RF 100-400mm F5.6-8 IS USM ви дава двојно поголем телефото опсег од објектив со зум од 70-200 mm, а сепак е компактен и многу лесен, со тежина од само 635 g. Секогаш постои ризик од намалена острина поради тресење на фотоапаратот при телефото фокусни должини, но стабилизаторот на слика овозможува остри рачно снимени фотографии и јасни видеоснимки. Неверојатно брзиот нано USM-мотор за автоматско фокусирање е неверојатно способен да следи движења, а ако 400 mm сè уште не ви нудат доволно голем дострел, објективот е компатибилен со додатокот за продолжување RF 1,4x и додатокот за продолжување RF 2x од Canon.
Најдобар извонреден телефото објектив од основна класа за фотографирање движења: Canon RF 600mm F11 IS STM
За некои фотографии од движења, речиси никогаш нема да можете да се приближите онолку колку што би сакале. Ова се однесува на спортови каде што сте оддалечени од субјектот што сакате да го фотографирате, како крикет или моторни спортови, како и однесувања на диви животни кои морате да ги снимите од засолниште или друга фиксирана локација. Најдолгата возможна фокусна должина секогаш е подобра опција од можноста за зумирање, поради што извонредните телефото објективи како што се Canon RF 600mm F11 IS STM и RF 800mm F11 IS STM се најдобрите опции. Снимено со Canon EOS R (сега е заменет со новиот EOS R8) и објектив Canon RF 600mm F11 IS STM со избрани 1/125 сек., f/11 и ISO 1600.
Телефото објективите и објективите со извонреден телефото зум ви овозможуваат разновидност при прилагодување на видното поле кога сте ограничени на една положба за снимање, како кога сте дел од публиката на спортски настан или кога се криете при фотографирање диви животни. Во други прилики, потребен ви е колку што е можно поголем телефото опсег, а тогаш опсегот на зумот станува бескорисен. Типично сценарио е снимање птици во лет или диви животни во далечина.
Револуционерниот Canon RF 600mm F11 IS STM претставува идеална алатка за да ја завршите потребната работа. Благодарение на вовлекувачкиот дизајн, должината при носење му е помала од 27 cm и тежи само 930 g. Практичен е дури и за долги периоди на рачно фотографирање, во кои оптичката стабилизација на слика со 5 чекори помага при обезбедување доследна острина. Доколку ви треба поголем дострел, користете го Canon RF 800mm F11 IS STM, а и двата објективи можат да се користат со додатокот за продолжување RF 1,4x и додатокот за продолжување RF 2x од Canon.
Најдобар телефото објектив за рачно фотографирање движења: Canon RF 70-200mm F4L IS USM
И покрај тоа што е телефото објектив, големината и преносливоста на Canon RF 70-200mm F4L IS USM, професионален објектив од серијата L, го прават идеален за рачно фотографирање движења, како и патувања и диви животни. © Andrew Ford
„Брз“ објектив како професионалниот Canon RF 70-200mm F2.8L IS USM овозможува релативно мала длабочина на полето, што е идеална за изолирање на главниот субјект во сцени со движења преку заматување на заднината. Снимено со Canon EOS R (сега е заменет со новиот EOS R8) и објектив Canon RF 70-200mm F2.8L.1 IS USM со избрани 111 mm, 1/1000 сек., f/2,8 и ISO 1000. © Matthew Joseph
Иако понекогаш движењата се случуваат во близина, најчесто ќе фотографирате оддалеку. Ова особено се однесува на настани со публика, од атлетика до моторни спортови, каде што телефото објектив за фотографирање движења ви помага да го обликувате кадарот околу субјектот, а притоа заднината останува чиста и без неред. Изоставајќи ги широкоаголните и стандардните фокусни должини, може да изберете објектив што нуди единствено перформанси за телефото.
Неверојатно компактниот Canon RF 70-200mm F4L IS USM докажува дека телефото објективите не мора да бидат големи и тешки. Благодарение на дизајнот на вовлекување, кога е вовлечен е помал од 12 cm за лесно складирање, а тежи само 695 g и покрај тоа што има издржлив квалитет и заштита од лоши временски услови како серијата L, објектив соодветен за професионални корисници.
Брзата решетка од f/4 која останува постојана низ целиот опсег на зумирање и неверојатно брзиот автоматски фокус со два Nano USM-мотори се меѓу најистакнатите карактеристики.
Ако имате поголем буџет и сакате објектив дизајниран без компромиси за задоволување на најстрогите стандарди на професионалците, Canon RF 70-200mm F2.8L IS USM и Canon RF 70-200mm F2.8L IS USM Z се најелегантните решенија. Нивната постојана решетка f/2,8 нуди големи брзини на блендата дури и при слабо осветлување, низ целиот опсег на зумирање. Уште една предност е тоа што може да го изолирате главниот субјект во сцената преку заматување на заднината.
Најразновиден објектив за фотографирање движења: Canon RF 24-240mm F4-6.3 IS USM
Ако сте во можност да носите само еден објектив - кога морате да патувате со лесен багаж на спортски ден, на пример - тогаш повеќенаменскиот Canon RF 24-240mm F4-6.3 IS USM е идеален за широк опсег на сценарија на движења. Снимено со Canon EOS RP и објектив Canon RF 24-240mm F4-6.3 IS USM со избрани 240 mm, 1/800 сек., f/6,3 и ISO 800.
Чест проблем при фотографирањето субјекти во движење е тоа што не знаете точно каде нешто ќе се случи. На пример, додека стоите покрај гол на аматерски фудбалски натпревар, во еден момент ќе се обидувате да фотографирате како некој фудбалер се обидува да блокира друг, а во следниот момент ќе се обидувате да снимите случка до голот. Менувањето помеѓу телефото и широкоаголни објективи може да биде причината поради која ќе ги пропуштите важните моменти.
Поради огромниот опсег на зумирање до 10х на Canon RF 24-240mm F4-6.3 IS USM, тој е идеален за вакво фотографирање бидејќи нуди секакви резултати, почнувајќи од широкоаголни фотографии па сè до моќен телефото зум. Ако го користите овој објектив за целосна слика со фотоапарат со APS-C како Canon EOS R7, ќе го зголемите тој дострел и ќе добиете еквивалентен приказ како со објектив со зум од 38.4-384 mm на фотоапарат за целосна слика.
Покрај тоа што објективот го следи движењето со својот голем опсег на зумирање, тој исто така има неверојатно брз механизам со Nano USM за автоматски фокус и стабилизатор на слика со 5 чекори, уредно спакувани во компактно и лесно куќиште.
Моделите што ги дискутиравме овде се совршени за фотографирање движења бидејќи се лесни, едноставно се ракуваат и одговараат на широк опсег на буџети. Затоа, независно дали планирате да стоите покрај теренот на аматерски фудбалски натпревар или да фотографирате спортист кој брзо трча по патека, во понудените опции сигурно има објектив што ќе одговара на вашите потреби. Сè што останува е да излезете, да се обидете да фотографирате и да ги откриете сите можности.
Напишано од Matthew Richards и Marcus Hawkins
Слични производи
-
EOS R6 Mark III
Доловете ги дејствата со оптимална рамнотежа на резолуција, брзина и практичност - идеален за диви животни, спорт и портрети. -
EOS R7
Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината. -
RF-S 55-210mm F5-7.1 IS STM
Зумирајте со овој лесен објектив со повеќенаменски телефото зум и APS-C-сензор и откријте нова димензија за фотографирање патувања, спорт, семејства и домашни миленичиња. -
RF 75-300mm F4-5.6
Достапен и лесен стандарден објектив со телефото зум за фотографирање диви животни, спорт и семејни авантури. -
RF 100-400mm F5.6-8 IS USM
Повеќенаменски, компактен и лесен RF-објектив со зум од 100-400 mm и стабилизација на слика со 5,5 чекори за фотографирање диви животни и движења. -
RF 24-240mm F4-6.3 IS USM
Објектив со зум до 10x и разновидна примена што е наменет за системот EOS R и што нуди огромна флексибилност за еден пренослив објектив.
Слични статии
Доближете се со телефото објектив
Снимете далечни пејзажи, диви животни и движења со овие достапни телефото објективи.
Доловување движење со фотографии
Научете како да снимите движење и како да внесете чувство на движење во вашите слики.
Фотографирање со поместување за почетници
Научете како да го користите поместувањето за да снимите подобри фотографии од движење со помош на следните врвни совети.
Најдобри објективи за надградување од стандарден објектив
Сакате да се надградите од стандардниот објектив кој дојде испорачан со вашиот фотоапарат? Еве што треба да барате, како и пет одлични објективи со зум за покреативни опции.