ПОРТРЕТИ

Подобрувањето што го нуди објективот за портрети

Употребата на специјализирани објективи ќе ги подобри вашите портрети, без разлика дали фотографирате портрети што го исполнуваат кадарот или улични портрети со широк агол.
Фотограф фотографира модел заплискан со виолетова светлина којшто држи стебленце од растение.

Повеќето EOS-фотоапарати се испорачуваат со објектив за општа намена што може да се користи за повеќе видови на фотографирање. Сепак, за подигнување на нивото на вашата фотографија, ви препорачуваме да инвестирате во палета објективи коишто ќе ви користат во избраниот жанр, како на пример во фотографирањето портрети. Од фокусна должина и максимална решетка до тежина и големина, објективот може да биде пресуден за вашите фотографии.

Со што се карактеризира добриот објектив за фотографирање?

Иако фокусната должина и максималната решетка се пресудни за добар објектив за снимање портрети, предвид треба да се земат и други аспекти кога избирате објектив од Canon според вашите потреби.

Компатибилност со објективи

Најпрво, разгледајте го фотоапаратот што веќе го имате и објективите со коишто е компатибилен. Системот EOS R од Canon ви нуди голем избор на објективи. Благодарение на адаптерите за монтирање RF-објективи, можете да снимате и со RF и со ЕF-објективи.

RF-приклучокот од Canon е одлична појдовна точка во потрагата по објектив за фотографирање портрети. RF-објективите коишто се достапни со фотоапаратите без огледало од Canon, како што се EOS R6 и EOS RP од Canon, вклучуваат 12-пински приклучок помеѓу објективот и фотоапаратот за да овозможат неверојатна брзина на автоматско фокусирање и извонредна сигурност. Благодарение на креативните можности што ги нуди технологијата без огледало, RF-приклучокот е и одлична инвестиција во поглед на идни хардверски елементи во вашата фотографска кариера.

Повеќе траги од светлина во различни бои околу главата и торзото на манекенка, наспроти црна заднина.

Со должина од само 88,8 mm, објективот RF 24-105mm F4-7.1 IS STM со стабилизација на сликата од Canon нуди многу можности кога станува збор за снимањето портрети. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon со избрани 44 mm, 8 сек., f/16 и ISO 100.

Стабилизација на слика

Понатаму, имајте предвид дека можеби нема секогаш да сакате или да можете да користите статив кога ќе снимате прекрасни портрети. Во овие случаи ќе ви биде потребна стабилизација на сликата. Објективите како RF 35mm F1.8 MACRO IS STM, RF 85mm F2 MACRO IS STM и RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon содржат стабилизација на сликата, што придонесува за острина на сликите кога фотографирате со фотоапаратот в раце. Зголемената стабилизација ви овозможува да користите помала брзина на блендата за да внесете повеќе светлина во сликите, со што имате слобода да снимате во сценарија со различно осветлување. Ефектот е уште поголем кога користите објектив со стабилизатор на сликата во комбинација со вграден систем за стабилизација на сликата (IBIS), како EOS R6 од Canon, којшто овозможува стабилизација од 8 чекори.

Големина и тежина

Треба да се земат предвид и големината, тежината и изборот на можности. Мал и лесен објектив е одличен избор за фотографи на портрети коишто сакаат да бидат подвижни или да ги користат објективите во повеќе жанрови. RF 50mm F1.8 STM и RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon се неверојатно компактни објективи, поради што се одлични и економични додатоци во опремата на фотографите на улични портрети. Притоа, го задржуваат потенцијалот за снимање класични портрети благодарение на широките максимални решетки од f/1,8 за создавање прекрасен ефект на заматена позадина и флексибилност со длабочина на поле. За најголем избор на можности, тука е RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon. Со широкиот фокусен опсег, објективот е совршен сенаменски додаток за секојдневно фотографирање и идеален за употреба во сите жанрови на фотографија, од слики од архитектура со извонредно широк агол од 24 mm, до портрети снимени во студио од 85 mm и портрети со телефото објектив од 105 mm.

Максимална решетка

Друг важен фактор при избирањето објектив што е наменет за снимање портрети е неговата максималната решетка. Решетката ја претставува големината на отворот на блендата кој пропушта светлина до сензорот на фотоапаратот.

Сите објективи имаат ознаки за решетката како f/2,8 или f/4. Кај некои објективи со зум, ознаката на решетката се менува во зависност од избраната фокусна должина; овие објективи имаат опсег на повеќе вредности за решетката, како на пример, f/4-7,1. Други објективи за зумирање, пак, вклучувајќи ги и
RF 24-105mm F4L IS USM и RF 24-70mm F2.8L IS USM од Canon, нудат фиксна максимална решетка за постојана експозиција во рамките на целиот опсег на зумирање. Овие објективи, со константна максимална решетка и квалитет на градба со заштита од временски услови од серијата L, се совршени за фотографи коишто бараат понапредна замена за RF 24-105mm F4-7.1 IS STM или за оние коишто се во потрага по објектив со професионален квалитет.

Страничен профил на манекенка со темноцрвен кармин којашто се врти кон фотоапаратот, а во заднината се гледаат низи од заматени светла.

Фокусната должина од 50 mm може да се користи во многу жанрови на фотографија, а широката максимална решетка е совршена за постигнување мека заматена заднина во портретите. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/125 сек., f/1,8 и ISO1250. © Ejiro Dafé

Колку е помал бројот на решетката, толку е поголем максималниот отвор на блендата, а снимањето портрети со објектив што има поголема максимална решетка нуди многубројни предности.

Поголема решетка пропушта повеќе светлина низ објективот во фотоапаратот, па објективите со голема решетка како што се RF 50mm F1.8 STM и RF 85mm F2 MACRO IS STM од Canon се одлични за фотографирање во услови на слабо осветлување (на пример, портрети во затворено) и кога ви е потребна флексибилност за да експериментирате со светлината, како при снимањето црно-бели или апстрактни портрети. Покрај тоа, фотографирањето со максимална вредност на решетката, позната и како „најширок отвор на блендата“, создава поголем ефект на дефокусирање на заднината којшто го претпочитаат фотографите за портрети.

Да погледнеме неколку примери за снимање портрети со различна решетка.

Комбинирана слика од три портрети од фигура со светлоцрвен кармин и жолта ролка. Левата фигура е јасна, со заматена заднина, средната фигура е во средината, додека десната фигура е јасна, со јасна заднина.

Трите слики се снимени со истата фокусна должина со објектив RF 50mm f/1.8 STM од Canon и прикажуваат варирање на решетката од широка (низок f-број) во првата фотографија, кон потесна (повисок f-број) во третата фотографија. За отстранување или заматување на непривлечната заднина во портретите што ги снимате, корисно е да имате објектив со голема решетка. Во првата слика, вниманието на гледачот се насочува кон субјектот наместо кон непривлечната заднина за да се добие поефективен портрет. © Ejiro Dafé

Сепак, ова не значи дека објективите со малку потесна максимална решетка, како решетката f/4 на RF 24-105mm F4L IS USM од Canon, не може да создадат прекрасно заматување, особено со фокусната должина на телефото објективи. Ова се должи на компресијата на сликата, којашто е поголема при поголема фокусна должина, при што објективот го компримира растојанието, со што ефективно ја приближува заматената заднина поблиску до субјектот за да постигне посилен ефект на заматување зад него.

Најдобрите објективи од Canon за снимање портрети и традиционални портрети

Фигура на забраден маж стои во висока трева и држи мало дете во рацете.

RF 85mm F2 MACRO IS STM од Canon е исплатлива опција за фотоапарати без огледало доколку сакате наменски објектив за снимање портрети. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 85mm F2 MACRO IS STM од Canon со избрани 1/800 сек., f/2 и ISO 400. © Ilvy Njiokiktjien

Портрет од постар човек со кратка коса, облечен во бледо зелено-сина облека.

Со својата фокусна должина за телефото, RF 85mm F2 MACRO IS STM создава прекрасни портрети. Нуди и брзо, сигурно автоматско фокусирање, дури и во услови на слабо осветлување. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 85mm F2 MACRO IS STM од Canon со избрани 1/800 сек., f/2 и ISO 400. © Ilvy Njiokiktjien

Фокусната должина е растојанието помеѓу објективот и сензорот на фотоапаратот кога субјектот е во фокус, а се изразува во mm. Објективите со зум имаат опсег на фокусна должина што се запишува како минимум и максимум, на пример, 24-105 mm. Начелно, под објектив за снимање портрети се подразбира објектив со фокусна должина над 85 mm, како што е RF 85mm F2 MACRO IS STM од Canon, којшто се одликува со лесна конструкција и стабилизација на сликата од 5 чекори за снимање идеални портрети со фотоапаратот в раце.

Објективот за портрети од 85 mm нуди поголема фокусна должина при снимањето класични композиции од глава и раменици, со што се постигнува природен изглед и се одвојува моделот од заднината. На фотоапарат со сензор APS-C, објективот од 50 mm ќе го создаде речиси истото видно поле како и објективот од 85 mm на фотоапарат за целосна слика.

За споредба, ако користите помала фокусна должина, на пример 24 mm, тогаш ќе го изобличите лицето на субјектот со тоа што ќе му ги промените пропорциите. Исто така, заднините вообичаено се позабележливи при помали фокусни должини.

Приказ на дефокусиран портрет од фигура со кратка, руса, виткана коса низ стакло коешто е покриено со капки вода.

RF 50mm F1.8 STM од Canon е одличен објектив за оние коишто се во потрага по својот прв примарен објектив како замена за стандардните објективи. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 50 mm, 1/200 сек., f/2,8 и ISO 320.

Објективите коишто се наоѓаат на средина во поглед на фокусниот опсег, како RF 35mm F1.8 MACRO IS STM и RF 50mm F1.8 STM од Canon, исто така може да се користат за снимање одлични портрети. Овие фокусни должини помалку ја изобличуваат сликата отколку објективите со широк агол и создаваат слики со природен изглед, поради што се одлични за снимање портрети од целото тело, што особено им користи на модните фотографи.

Најдобрите објективи од Canon за групни и улични портрети

Портрет од насмеана цвеќарка којашто држи букет црвени рози.

Со максимална фокусна должина од 105 mm, RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon нуди голем број разновидни опции за телефото за снимање улични портрети или групни фотографии. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon со избрани 54 mm, 1/160 сек., f/5,6 и ISO 400.

Употребата на објектив за зумирање со различни можности како RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon ќе ви ги овозможи најголемите предности на широката фокусна должина и фокусната должина за телефото и многу повеќе. При најшироката фокусна должина од 24 mm, видното поле на објективот овозможува снимање и на најголемите групни портрети и снимање улични портрети во најразличен контекст, додека поголемите фокусни должини се идеални за снимање класични портрети и портрети одблиску.

Широките агли имаат успешна употреба во контекстуалните портрети во коишто опкружувањето на субјектот игра клучна улога во приказната, како и во групните портрети, во коишто еден кадар треба да вклучи повеќе субјекти.

Идеалниот избор за снимање групни портрети еRF 16mm F2.8 STM од Canon. Користете го овој објектив со извонредно широк агол за да снимите одлична фотографија од голема група на луѓе во тесен простор.

Најдобрите објективи од Canon за фотографии на тема убавина

Портрет одблиску од страничен профил на манекенка со сјаен кармин и розова шминка.

Доближете се и откријте прекрасни детали во вашите портрети со широкоголниот објектив RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon. Снимено со EOS R од Canon и објектив RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon со избрани 1/200 сек., f/2,8 и ISO 200. © Guia Besana

Иако макро објективите ги поврзуваме со фотографии од фасцинантни инсекти или вкусна храна снимени одблиску, нивната способност за доловување неверојатни детали наоѓа одлична примена и при снимањето портрети. Всушност, макро објективите често се користат при снимањето портрети од областа на мода и убавина за нагласување на цртите на лицето и конкретни производи за убавина.

RF 85mm F2 MACRO IS STM од Canon нуди минимално фокусно растојание од 35 cm, додека RF 35mm F1.8 MACRO IS STM може да фокусира и на близина од 17 cm. Употребата на макро објективи и фокусирањето на субјектот ќе ви овозможат да доведете извонредни детали во преден план, со што ќе ја прикажете убавината на секој ваш субјект.

Напишано од Peter Wolinski

Слични производи

  • Објективи RF

    RF 24-105mm F4-7.1 IS STM

    Идеален објектив за секојдневна употреба за фотоапарати за целосна слика без огледало наменет за ентузијасти. Практичниот објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM е лесен, компактен и подготвен да го однесе вашето фотографирање на повисоко ниво.
  • Објективи RF

    RF 35mm F1.8 MACRO IS STM

    Макро објектив f/1,8 од 35 mm со брза решетка за широкоаголна перспектива, кратко растојание на фокусирање и хибридна стабилизација на слика.
  • Објективи RF

    RF 85mm F2 MACRO IS STM

    Објективот RF 85mm F2 MACRO IS STM нуди разновидни опции за фотографирање одблиску со дискретна телефото компресија и стабилизација на слика со 5 чекори, вградени во компактно и лесно куќиште.
  • Стандарден објектив

    RF 50mm F1.8 STM

    Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла.
  • Објективи за EOS R

    RF 24-105mm F4L IS USM

    Лесен и разновиден објектив за зумирање од 24-105 mm со f/4 од серијата L со брз и тивок автоматски фокус и 5 чекори за стабилизација на сликата.
  • Објективи RF

    RF 24-70mm F2.8L IS USM

    Внесете професионалност во вашето фотографирање со објектив без огледало за целосна слика со зумирање од 24-70 mm кој се одликува со брза решетка и стабилизација на слика со 5 чекори.
  • Слични статии

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ПОРТРЕТИ

    Совети за фотографирање портрети

    Подобрете го вашето фотографирање портрети со овие врвни совети и техники.

  • ДОМАШНИ ПРОЕКТИ

    Инспиративни слики во домот

    Претворете го вашиот дом во студио со советите од ѕвездата на TikTok, Michaela Efford.

  • ДОМАШНИ ПРОЕКТИ

    Направете сопствено студио во домот

    Дознајте како да бидете креативни со блицот и да фотографирате извонредни портрети со мал буџет.

  • УЛИЧНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Совети за фотографирање улични портрети

    Најдобрите совети за снимање извонредни улични портрети од професионалниот фотограф Julian Love.