Наградуваната фотографка Verity Milligan обожава да фотографира пејзажи. Таа често станува пред изгрејсонце за да ја истражува прекрасната природа. „Ги обожавам утрата, а особено магливите утра“, вели таа. „Тие се многу мистични. Сакам да излезам пред зори и да почнам да фотографирам во „синиот час“ кога сонцето сè уште е под хоризонтот“.
Verity има завиден избор на фотоапарати од Canon и објективи од серијата L во нејзината торба со опрема, но за да демонстрира што може да направи со само пар компактни и лесни објективи, таа го прифати предизвикот за фотографирање пејзажи од различни перспективи со само еден објектив со зум и еден примарен објектив – RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM од Canon и RF 24mm F1.8 MACRO IS STM – во прекрасниот регион Лејк Дистрикт во Камбрија, Англија.
„Квалитетот и перформансите на овие поевтини објективи значително се подобрија откако почнав да се занимавам со фотографирање“, вели Verity. „Стаклото е многу добро и двата објектива имаат навистина брз одзив. Меѓутоа, тоа што најмногу ми се допадна се нивните мали димензии и нивната практичност. Го земам фотоапаратот и овие два објектива и се упатувам кон пејзажот“.
ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ
Два објектива, два погледа на фотографирањето пејзажи
Два објектива, две гледни точки
„Голем предизвик во фотографирањето пејзажи е да имате поинаква перспектива на работите за да можете да снимите слики кои се разликуваат од другите“, објаснува Verity. „Токму затоа користењето објективи со различен опсег на прикази може да биде мошне корисно“.
RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM од Canon е идеален за ентузијастите кои сакаат да додадат повеќенаменски зум со извонредно широк агол во нивниот фотоапарат EOS R. Овој објектив е совршен за фотографирање широки прикази и има оптичка стабилизација на слика со 5,5 чекори за слики без тресење на фотоапаратот, дури и кога фотографирате пејзажи рачно или при слаба осветленост. Компатибилниот фотоапарат со систем EOS R, како што е EOS R5, нуди стабилизација на слика со максимум 7 чекори. Овој објектив е одличен и за фотографирање одблиску, со режим на рачен фокус што нуди извонредни нивоа на детали и неверојатна острина на растојание до 12,8 cm (зголемување од 0,52x).
Со тежина од само 270 g, малиот и лесен објектив RF 24mm F1.8 MACRO IS STM од Canon нуди комбинација од широк агол и брза решетка за креативно фотографирање, дури и при слаба осветленост. Оптичката стабилизација на слика со 5 чекори овозможува помали брзини на блендата за рачно фотографирање, зголемувајќи се до 6,5 чекори кај компатибилниот фотоапарат со систем EOS R. Одличен е и за снимање слики одблиску со минимално фокусно растојание од 14 cm (зголемување од 0,5x или половина од реалната големина) за да можете да го прикажете субјектот во неговата средина.
Пространи пејзажи со RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM од Canon
Verity го користи RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM од Canon за да сними неверојатни фотографии од идиличното езеро Батермир и широките падини на Северен Фелс. „Овој објектив е најефективен за навистина пространи пејзажи“, објаснува таа. „Поширокото видно поле е најпогодно за доловување на пространи пејзажи и огромно, живописно небо“.
Врската помеѓу далечната глетка и интересот во преден план е најважна кога станува збор за снимање слики со пејзажи. „Сакам да го насочам погледот на гледачот низ кадарот без сликата да биде пренатрупана со детали“, вели таа. „Важно е да се најде рамнотежа помеѓу предниот план и заднината. Тоа им дава длабочина на сликите."
Verity беше навистина импресионирана од можноста за креативност и разновидните опции што објективот RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM ги нуди за фотографирање пејзажи. „Има огромен опсег на фокусни должини за фотографирање пејзажи. Опсегот на зумирање опфаќа сè што ми е потребно и е одличен за непристапен терен кога физички не можам да стигнам до местото од кое сакам да фотографирам со примарниот објектив.
„Нуди и комбинација од извонредно широк агол на гледање и кратко фокусно растојание. Успеав да се доближам прилично блиску и да фотографирам неколку лутичиња во средината на кадарот, со опкружувањето заматено во заднината за да го доловам контекстот“.
Доловување детали со RF 24mm F1.8 MACRO IS STM од Canon
При фотографирањето на сувоперката, во кадарот ненадејно влета вилино коњче, а функциите за макро фотографирање на RF 24mm F1.8 MACRO IS STM од Canon ѝ овозможија на Verity да се доближи прилично блиску за снимање фотографии со детали, фотографирајќи со решетка од приближно f/3 за да го истакне вилиното коњче со заматување на заднината, притоа задржувајќи ги прекрасните бои на пејзажот.
„Добро е да ја имате таа опција во вашата торба со опрема“, вели Verity. „Тоа ви овозможува да запомните дека фотографирањето пејзажи не значи само снимање на пространи глетки“.
Verity ја обожаваше фиксната фокусна должина на објективот и рече дека е навистина корисна за избегнување на пречките и за концентрирање на композицијата. „Фиксната фокусна должина ви овозможува да станете подобар фотограф“, додава таа. „Според мое мислење, овој објектив е за покреативни намени. И кога ќе се земат предвид сите опции, овозможува фотографирање на брилијантни пејзажи“.
Максимално искористување на креативните можности
Во идеален свет би носеле објективи што се соодветни за различни сценарија кога сакате да фотографирате пејзажи, но Verity откри дека меѓу нив, RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM од Canon и RF 24mm F1.8 MACRO IS STM ги задоволуваат речиси сите нејзините потреби за фотографирање. „Двата објектива нудат разновидни опции за сите што го совладале користењето на својот фотоапарат и сакаат нешто повеќе од тоа што може да го понуди стандардниот објектив“, вели таа. Тука спаѓаат корисниците на фотоапаратите APS-C во палетата на EOS R од Canon, кои ќе имаат корист и од поширокиот агол на објективот со зум и од пошироката решетка на примарниот објектив.
„Со своите широки агли на гледање, објективот RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM од Canon им овозможува на фотографите да го гледаат пејзажот на различни начини и вистински да ја развиваат својата креативност“, додава Verity“. Макро функцијата на RF 24mm F1.8 MACRO IS STM од Canon, во комбинација со осветлената решетка од f/1,8, нуди нови и возбудливи креативни можности“.
Verity беше особено импресионирана од функциите за AF на двата објектива и начинот на кој функционираше стабилизацијата на слика во објективите заедно со вградената стабилизација на слика во EOS R5. „Стабилизацијата на слика функционираше неверојатно добро“, вели таа. „Мислам дека не снимив ниту една матна слика во два дена фотографирање, дури и кога користев прилично тесни решетки и мали брзини на блендата при слаба осветленост. Понекогаш фотографирав рачно во речиси потполна темнина и сè уште снимав доследно остри слики. Навистина ми се допаѓа слободата на движење кога фотографирам и кога можам да направам суптилни промени за да видам како тоа ја менува перспективата на сликата. Користењето статив може навистина да ве ограничи во овој поглед, покрај тоа што е дополнителна опрема за носење“.
Сликите на Verity од предизвикот ги прикажуваат креативните опции кои ги нудат овие два компактни и лесни објективи. „Бев воодушевена од квалитетот и разновидните опции на овие објективи и од тоа колку блиску може да фокусираат“, вели таа. „Тие отвораат нови можности за сосема различни и невообичаени перспективи во фотографирањето пејзажи. Можете буквално да погледнете поблиску и да видите многу повеќе“.
Напишано од Matthew Richards
Слични производи
-
Широкоаголен примарен објектив
RF 24mm F1.8 MACRO IS STM
Компактен и лесен примарен објектив од 24 mm што е идеален за фотографирање пејзажи, снимање видеоблогови и ентериери, но и за снимање одлични макро слики. -
Фотоапарати без огледало
EOS R6
Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат. -
Извонредно широкоаголен објектив со зум
RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM
Компактен и лесен објектив RF со зум од 15-30 mm што е совршен за патувања, но и за фотографирање градски сцени, пејзажи, архитектура и снимање видеоблогови во движење.
Слични статии
-
ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ
Најдобри совети за пејзажи
Дознајте техники за фотографирање што ќе ви помогнат да снимате подобри пејзажи.
-
ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИРОДА
Документирање проект за обновување на природата
Фотограф и експерт за обновување на природата споделува како вдахнала нов живот во локалниот пејзаж.
-
ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ
Како рачно да снимате пејзажи
Дознајте како да снимате прекрасни пејзажи без статив.
-
ОСНОВИ НА УРЕДУВАЊЕ
Како да ги уредите сликите со пејзажи пред да ги отпечатите
Техники за уредување што ќе ги претворат вашите пејзажи во уметнички дела.