PTZ-камери

Canon CR-X500

Снимајте неверојатни 4K UHD-снимки во различни услови со оваа надворешна PTZ-камера со ознака IP55 за заштита од лоши временски услови, 15x оптички зум и поврзување преку 12G-SDI.

  • Слики со врвна 4K-резолуција

    Сензорот од тип 1,0 и двата процесори DIGIC DV6 создаваат врвни 4K UHD-слики. Прилагодете ги поставките за квалитет на слика како ниво на црна боја, гама, детали при силна осветленост и баланс на белата боја за да добиете оптимален квалитет.

  • UHD-оптички зум до 15x или Full HD-зум до 30x

    Доловете ги сите детали со стабилизираниот зум до 15x (25,5-382,5 mm, еквивалент на 35 mm) што овозможува зумирање во 4K-резолуција, а може да зумирате уште повеќе во Full HD-резолуција со напредниот зум до 30x.

  • Цврсто и издржливо куќиште

    Куќиштето има целосна заштита и ознака IP55 за отпорност на вода и прав со дополнителна отпорност на сол за да може да работи на температура од -15° до +40°C со влажност до 90%, а има и вграден бришач за јасен приказ.

  • Dual Pixel CMOS AF за врвна острина

    CR-X500 нуди континуиран AF на 80% од површината на сензорот. Ова е брз и прецизен систем што нуди флексибилно фокусирање на различни субјекти, вклучувајќи предмети и луѓе.

  • Висококвалитетно поврзување

    Опремена со 12G-SDI-излез што поддржува 4K UHD-резолуција со 60P и 4:2:2 со 10-бита, камерата CR-X500 создава неверојатни слики и може да се интегрира непречено во голем број работни процеси.

  • Прецизна контрола за извонредни видеозаписи

    CR-X500 има напреден механизам за придвижување што овозможува бавно поместување налево и надесно со брзина од 0,5°/s. Камерата е компатибилна и со контролорот RC-IP100 преку сериска врска, за да бидете сигурни дека ќе добиете совршени снимки.

  • HDR и широка палета на бои за неверојатни резултати

    Снимајте и пренесувајте моќни HDR-видеозаписи преку режимот за широк динамички опсег или Canon Log 3. А благодарение на широкиот простор на бои BT.2020, ќе добиете одлична флексибилност.

  • Истовремено функционирање по 3 оски

    CR-X500 може да се поместува, врти и зумира во исто време кога извршува однапред поставени параметри, што придонесува за порамномерно движење на камерата. Брзината на сите три движења се прилагодува независно со цел поместувањето, вртењето и зумирањето да завршат во исто време и да обезбедат навистина професионално доживување.

Спецификации

  • 4K UHD

    CMOS-сензор од тип 1.0 за неверојатен квалитет

  • 15x оптички зум

    Од широки агли до телефото

  • Конструкција отпорна на сите временски услови

    Ознака IP55 за отпорност на прав и вода

  • Два процесори DV6

    Моќна обработка на слика што гарантира фантастични резултати

  • Професионални опции за поврзување

    Поддржува 12G-SDI-интерфејс за видео и сериска комуникација RS-422 за контрола

  • Dual Pixel AF

    За рамномерно, брзо и прецизно фокусирање

  • Оптички стабилизатор на слика

    Исклучителна стабилност за пријатно ракување со PTZ

  • Истовремено функционирање по 3 оски

    Поместување, вртење и зумирање во исто време за рамномерен премин од една на друга снимка

Големина на сензор

CMOS-сензор од тип 1 инч
CMOS-сензор од тип 1/2,3 инчи
CMOS-сензор од тип 1 инч
CMOS-сензор од тип 1/2,3 инчи

Оптички зум

15x оптички зум
20x оптички зум
Оптички зум до 15x (напреден зум до 30x)(1)*
20x оптички зум

Систем за фокусирање

Автоматски фокус со Dual Pixel CMOS
Хибриден автоматски фокус
Автоматски фокус со Dual Pixel CMOS
Хибриден автоматски фокус

Излезна слика со максимална резолуција

4K UHD 30p
4K UHD 30p
4K UHD 60p
4K UHD 30p

На отворено/во затворено

Во затворени простории
Во затворени простории
Надворешна (IP55 за отпорност на вода и прав)
Надворешна (IP65 за отпорност на вода и прав)

Сите податоци се основаат врз стандардните методи за тестирање од Canon, освен ако не е поинаку назначено. Подлежи на промена без претходно известување.

  1. * 30x напреден зум во FHD
CR-X500

Што содржи кутијата

  • Главен уред CR-X500

  • Водоотпорна цевка

  • Приклучок за контрола

  • Феритно јадро

  • Важни информации

  • Леток за претпазливост

Слични производи

  • PTZ-камери

    CR-N500

    Опремена со оптички зум до 15x, можности за снимање во 4K UHD и автоматски фокус со Dual Pixel со опција за интелигентно автоматско следење, CR-N500 овозможува прецизна контрола и беспрекорно проследување преку IP со исклучителни резултати.
    Погледнете детали CR-N500
  • PTZ-камери

    CR-N300

    Благодарение на 4K UHD-резолуцијата, оптичкиот зум до 20x, хибридниот автоматски фокус со опција за интелигентно автоматско следење и бројните протоколи за проследување и контрола преку IP, можете да ѝ понудите поинаква содржина на вашата публика.
    Погледнете детали CR-N300
  • PTZ-контролор

    RC-IP100

    Висококвалитетен контролор со повеќефункционална палка и интуитивен екран на допир за лесна контрола на максимум 100 поврзани камери.
  • Софтверски PTZ-контролор

    Апликација Remote Camera Control Application од Canon

    Преземете го бесплатно софтверот од Canon преку којшто ќе можете да ги контролирате и прилагодувате поставките на вкупно 20 PTZ-камери од вашиот компјутер или таблет.