Одликувајќи се со импресивна брзина, инстинктивни контроли и иновативни технологии, овој DSLR со Wi-Fi и разновидни опции е идеален за истражување нови области во фотографирањето и за добивање неверојатни резултати какви што заслужува вашата креативност.
Подетално разгледување на Canon EOS 80D
Брзите и инстинктивни контроли и иновативните технологии ќе ви помогнат да ги подобрите вашите вештини во секоја област на фотографирањето и снимањето. Снимајте движења што траат само дел од секундата со брзината на континуирано фотографирање од 7 fps и AF системот со 45 точки од вкрстен тип со брз одзив кој нуди голема прецизност во различни услови на осветлување и може да се користи со голем избор на објективи.
Снимајте амбиентални, живописни и детални слики во секоја прилика благодарение на APS-C CMOS сензорот со 24,2 MP и RGB+IR сензорот за мерење со 7.560 пиксели кои овозможуваат прецизни експозиции. Големиот опсег на чувствителност со ISO вредности од 100 до 16.000 и функцијата за откривање на треперење создаваат одлични резултати при слаба осветленост и непроменета експозиција под вештачка треперечка светлина.
Преземете ја контролата и подобрете ги вештините за фотографирање
Интелигентниот визир со 100% покриеност на кадарот ви овозможува да видите сè што има во вашата слика додека го обликувате кадарот и веднаш ги прикажува поставките за фотографирање. Фотографирајте од креативни агли и уживајте во интуитивна контрола преку големиот LCD екран на допир од 7,7cm со променлив агол кој може да се користи и за обликување на кадарот и за снимање движења во режимот за прегледување во живо кога фотографирате со брзина од 5fps со континуиран автоматски фокус.
Снимајте Full HD 60p видеоснимки со опција за создавање јасни динамични движења или ефекти со забавени движења во MP4 формат со избор од повеќе стапки на слики. Dual Pixel CMOS AF нуди моќен систем за автоматско фокусирање за следење на објектите во движење, а видеоснимките со забрзани движења, режимот HDR и креативните филтри ви овозможуваат да создавате специјални ефекти во самиот фотоапарат.
NFC* и Wi-Fi* овозможуваат едноставно поврзување и контролирање на фотоапаратот, како и далечинско снимање видеоснимки и фотографии преку апликацијата Camera Connect за компатибилни паметни телефони и таблет-уреди. Или, пак, користете го софтверот EOS Utility на вашиот Mac или PC за фотографирање од далечина. Користете Wi-Fi и NFC за префрлување содржини во Canon Connect Station или печатете ги вашите слики со компатибилни печатачи.
* Кога се користи со компатибилни уреди
Дознајте повеќе за Canon EOS 80D, неговите функции и можности.
Моќен фотоапарат со разновидни опции и брз одзив за експериментирање со вашата креативност. EOS 80D е одличен за фотографирање спорт, портрети, пејзажи, улици, патувања и за фотографирање при слаба осветленост, но и за сериозно снимање видеоснимки, благодарение на иновативните технологии кои ќе ви помогнат да добиете неверојатни резултати во секоја прилика.
Снимајте спортски моменти кои траат само дел од секундата со извонредно остри слики, дури и под рефлектори, благодарение на прецизниот систем за автоматско фокусирање со брз одзив кој може да се постави на -3EV за да функционира во услови со лошо осветлување. AF системот со 45 точки од вкрстен тип ви нуди слобода за избор на AF точка или површина според вашиот кадар и ви нуди поголема прецизност и контрола на поширока површина за фокусирање за да добиете неверојатни резултати без разлика каде е поставен вашиот објект во кадарот.
Овозможете си ги најдобрите услови за доловување ан краткотрајните моменти со континуираното фотографирање со максимална брзина од 7 fps и максимална резолуција. Идеален за спонтани снимки од спортот или дивината.
Продолжете да снимате остри слики со помош на системот за автоматско фокусирање кога користите комбинации со различни објективи и додатоци за продолжување, благодарение на 27-те AF точки што поддржуваат фокусирање со f/8.
Уживајте во контрола и флексибилност во стил на EOS куќиште од средна класа благодарение на прилагодливите контроли, LCD екранот од горната страна и режимот за прегледување во живо кои овозможуваат лесно прегледување на поставките и брзо прилагодување на фотоапаратот според вашите потреби.
Доловете квалитет каков што заслужува вашата креативност. EOS 80D создава неверојатни слики во услови со различно осветлување што се исполнети со детали, бои и атмосфера - и веднаш можат да се уредуваат и прикажуваат - благодарение на APS-C CMOS сензорот со 24,2 мегапиксели и процесорот DIGIC 6.
Уживајте во прецизна и доследна експозиција во различни ситуации, благодарение на RGB+IR сензорот за мерење со 7.560 пиксели кој открива и инфрацрвена и видлива светлина.
Снимајте природни амбиентални слики при мали нивоа на осветленост со големиот опсег на чувствителност ISO од 100 до 16.000 (H:25.600), кој ја намалува потребата за користење блиц и ви нуди флексибилност за поголеми брзини на блендата.
Функцијата за откривање на треперење нуди доследна експозиција и бои кога фотографирате континуирано под вештачка треперечка светлина.
Гледајте ги сите детали дури до рабовите на кадарот, со моментален приказ на поставките за фотографирање, преку интелигентниот визир со покриеност на кадарот од прибл.100%. Фотографирајте подискретно со тивкиот режим за континуирано фотографирање со 3fps.
Откријте ги можностите за креативно осветлување со позиционирање на надворешни Speedlite блицови од Canon, контролирајќи ги преку вградениот Speedlite предавател на EOS 80D.
Откријте нови креативни можности со обемниот EOS систем на EF објективи и дополнителна опрема.
Звук со професионален квалитетУживајте во целосна контрола на нивоата на звукот преку менито на фотоапаратот и снимајте звук со професионален квалитет со помош на влезовите за слушалки и микрофон.
Избор на формати на датотекиСнимајте видеоснимки во MP4 и MOV формати со различни стапки на слики и кодеци за едноставно уредување и складирање.
Ако сакате најдобро решение за снимање видеоснимки, тогаш направете комбинација од EOS 80D и флексибилниот EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS USM објектив со високи перформанси и Nano USM технологија, кој нуди рамномерно и тивко фокусирање за видеоснимки и извонредно брз AF за фотографии. Користете го во комбинација со изборниот адаптер PZ-E1 за моторизиран зум кој овозможува прецизна контрола на зумот при снимање видеоснимки.
Нашата апликација Photo Companion е најдобриот партнер за сите корисници кои раскажуваат приказни преку видео бидејќи нуди пристап до прилагодени и професионални информации и содржини кога тоа најмногу ви е потребно, за да можете да внесете реалистичност во вашите приказни.
Создавајте фотографии со одличен квалитет кои се исполнети со мали детали.
Моќна обработка со DIGIC за брзи перформанси и прецизни бои.
Доловете ги сите движења со максималната брзина за фотографирање од 7fps
Фокусирајте ги и следете ги вашите објекти без разлика каде се наоѓаат во кадарот
Фотографирајте од високи и ниски агли.
Снимајте видео снимки со резолуција до 1080p и стапка на слики до 60fps.
Уживајте во рамномерно континуирано фокусирање при снимање видео снимки и фотографии во режимот за прегледување во живо.
Едноставно поврзување и споделување
Гледајте информации за фотографирањето и фокусирањето врз објектот додека фотографирате
Зачекорете подлабоко во снимањето на фотографии и видео записи и запознајте се со напредните функции кои ќе ви помогнат да снимате уникатни и прекрасни слики.
Регистрирајте го вашиот производ и добивајте ажурирања и поддршка за сите ваши производи од Canon.