DSLR-фотоапарати

Canon EOS-1D X Mark II

Сензор од 20,2 мегапиксели за целосни слики. AF систем со 61 точка. До 14fps. ISO до 409.600.

Придобивки

  • Доловувајте ги објектите со исклучителен квалитет на слика

  • Снимајте остри слики со неверојатно прецизен AF

  • Извонредно голема брзина и сигурни перформанси за доловување на сите моменти

  • Напредното снимање на 4K видеоснимки внесува реалистичност во вашите приказни

  • Снимање и управување со слики со голема брзина

Детални карактеристики

  • CMOS сензорот со 20,2 мегапиксели од Canon со голем динамички опсег, голема ISO чувствителност и вградени опции (како корекции на објективот и напредна обработка на RAW), заедно со стилот на слика со врвни детали и подобрените поставки за баланс на белата боја, му овозможуваат на фотоапаратот EOS-1D X Mark II да снима слики со извонреден квалитет во моментот кога ќе го притиснете копчето за блендата.Напредното интелигентно фокусирање со AF системот, кој го користи алгоритамот AI Servo AF III+ и подобрениот EOS систем за интелигентно следење и препознавање (EOS iTR), овозможува брзо и прецизно фокусирање. Дури и при f/8 се достапни 61 осветлена AF точка, па поради тоа прецизноста на фокусот се зголемува при користење телеконвертори и долги објективи.Надминувајќи ги границите на фотографирањето со голема брзина, EOS-1D X Mark II може да снима со брзина од 14 fps со AF / AE со следење или со брзина до 16 fps во режим за прегледување во живо, благодарение на процесорите DIGIC 6+ и новиот систем за придвижување на огледалото. Со следната генерација на медиумите CFast 2.0™, фотоапаратот може да обезбеди континуирано фотографирање до XXX некомпресирани 14-битни RAW слики. Цврстото магнезиумско куќиште и конструкцијата која нуди заштита од временските услови ќе ви овозможат да го користите уредот дури и во опкружувањата со најлоши услови.Моќта на 4K резолуцијата внесува реалистичност во вашите приказни. Снимајте на CFast 2.0™ медиуми во 4K (4096 x 2160) со максимум 60p или во Full HD со максимум 120p за да добиете креативни забавени движења. Фокусирајте лесно и прецизно со LCD екранот на допир и Dual Pixel CMOS AF, кои нудат извонредно автоматско фокусирање со следење при снимање видеоснимки и во режимот за прегледување во живо, а функционираат со сите EF објективи од Canon.Вградениот GPS и поврзувањето преку SuperSpeed USB 3.0 и гигабитниот мрежен приклучок преку етернет или адаптерот WFT-E8 WiFi овозможува извонредна флексибилност во работните процеси насекаде во светот. Поддршката за IPTC овозможува вметнување текст во EXIF податоците на сликата, поради што се овозможува додавање прецизни и сигурни податоци.

Објективи

EOS-1D X Mark II ви отвора нови можности со EOS како никогаш досега. Пронајдете го соодветниот објектив кој ќе одговара на вашиот стил и изберете дополнителна опрема дизајнирана за врвни перформанси.

  • Објективи за DSLR

    EF 24mm f/1.4L II USM

    Широкоаголен објектив за професионалци со оптика од серијата L и брза решетка од f/1.4, кој е идеален за фотографирање при слаба осветленост.
  • Објективи за DSLR

    EF 35mm f/1.4L II USM

    Широкоаголен објектив од професионална класа со природна перспектива, решетка од f/1.4 и можност за фотографирање при слаба осветленост.
  • Објективи за DSLR

    EF 16-35mm f/2.8L II USM

    Професионален објектив за зумирање од серија L со извонредно широк агол и f/2.8, кој е идеален за фотографирање при слаба осветленост и репортажи.
  • Објективи за DSLR

    EF 24-70mm f/2.8L II USM

    Професионален објектив за зумирање од серија L за секојдневно користење кој нуди висок квалитет на слика и фиксна решетка од f/2.8.
  • Објективи за DSLR

    EF 70-200mm f/2.8L IS II USM

    Професионален објектив за зумирање од серија L со среден телефото опсег, моќна стабилизација на слика и решетка од f/2.8.
  • Објективи за DSLR

    EF 100-400mm f/4.5-5.6L IS II USM

    Професионален објектив за зумирање од серија L за фотографирање спорт и животот во дивината, со стабилизација на слика и ASC слој за извонредна острина.