Децата, исто како и возрасните, обожуваат да ја изразат својата креативност и личност во своето опкружување. Кога сте млади, вашата спална соба претставува повеќе од просторија во која заспивате на крајот на долг ден. Таму пишувате домашно, таму си играте, таму преспиваат вашите пријатели – тоа е ваш личен мал универзум. Дали има подобар начин да го направите тој простор навистина ваш отколку да изработите нешто што го сакате? Поради Creative Park од Canon, печатач PIXMA, хартија и ножици, никогаш не било поедноставно.
Создадете спална соба со мотиви од диносауруси со хартиени украси што може да се рециклираат
Изберете тема
Таткото Chee и постариот син Okkie уживаа во сечењето на диносаурусите. „Уживавме како семејство, а големиот избор од диносауруси се движеше од доволно едноставни за Elon да може да се справи со нив, сè до многу тешки кои ни го задржаа вниманието“ - вели Chee.
Има многу начини за приспособување на украсите за детска спална соба – како што се завеси или постелнини со текстура и насликани мурали или врамени отпечатени материјали. Но, понекогаш е тешко да останете во чекор со интересите на децата, кои постојано се менуваат. Во еден миг се заинтересирани за вселената и астронаути, во друг за пирати и потоа, пред да трепнете, за диносауруси. Пребојувањето и купувањето нови постелнини или уметнички дела може да е скапо, но, сега можете да ја преуредите собата на вашето дете на праисториски и подостапен начин.
Зошто да не пробате хартиени украси? Кога интересите на вашето дете ќе се сменат, едноставно можете да ги рециклирате украсите и да направите уште. На веб-страницата Canon Creative Park има илјадници бесплатни шаблони, вклучувајќи и секакви идеи за хартиени модели наменети за деца, но надежните палеонтолози ќе бидат особено возбудени кога ќе ги видат достапните дизајни од диносауруси. Изберете маска за цела глава, како на птеранодон или трицератопс, или хартиен модел од апатосаурус. А ако вашите деца сакаат да ја изработат совршената релјефна картичка како подарок за роденден на нивен пријател, зошто да не создадете картичка со тирекс? Chee-Chiu Lee и неговите синови Elon (7) и Okkie (11) испробаа неколку дизајни од веб-сајтот.
Подгответе се да создадете ѕидна уметност со диносауруси
Печатачот од серијата PIXMA TS5350a од Canon е идеален за изработување модели од хартија, како и за создавање ознаки, а исто така ви овозможува да печатите директно од вашиот паметен телефон.
Изработувањето модели носи вистинско задоволство, а со тоа што ќе им покажете на вашите деца од најмала возраст како да изработат нешто самите, можеби им пренесувате независност и отпорност која ќе им служи понатаму во животот.
Една од најголемите предности на изработувањето хартиени модели од диносауруси е тоа што не ви е потребна нова или комплицирана опрема. Проверете ги упатствата за секој шаблон – за некои може да се потребни дополнителни материјали, како што се конци, ластици, лепило или боички – но, општо, ќе ви бидат потребни:
- Печатач Canon PIXMA, како што е серијата PIXMA TS5350a.
- Веб-страница Canon Creative Park.
- Се препорачува мат фотохартија од Canon, особено за посветли дизајни со повеќе детали, но, каква било хартија за печатење во A4-формат е соодветна за поедноставни дизајни.
- Ножици – безбедносни ножици се најсоодветни за помладите изработувачи на модели.
Изберете украси во форма на диносауруси
Шаблони од диносауруси наменети за боење се исто така достапни на Creative Park, коишто можат да претставуваат одличен начин за одржување на креативноста на децата, додека возрасните ги преземаат посложените дејства поврзани со градење и монтирање. Седумгодишниот Elon ужива во разубавувањето на отпечатен диносаурус.
Дали знаевте дека фосили од диносауруси биле пронајдени на сите седум континенти? А дали знаевте дека мозокот на стегосаурус наводно бил мал колку орев? Создавање украси во форма на диносауруси за спалната соба ви овозможува да споделувате вакви забавни факти со вашите деца.
Штом ги соберете потребните алатки, време е да изберете дизајни од Canon Creative Park, да ги преземете шаблоните и да ги отпечатите со печатач PIXMA. На единаесетгодишниот Okkie, изработката на модели му беше особено интересна – „особено начинот на кој хартиените рабови работат заедно за да создадат магија во 3D!“ - додава Chee.
Разговарањето за тоа што да се одбере е одличен начин да започнете разговор со вашите деца за различни видови диносауруси, за тоа кои им се допаѓаат и зошто. Ќе се изненадите од тоа колку можете да научите од нив!
Поради оваа активност, децата можат на креативен начин да размислуваат за боите. Можеби би сакале да изберат своја комбинација на бои или да ги збогатат боите кои веќе ги имаат на ѕидовите и завесите. Можете да ја искористите оваа прилика за да разговарате за тркалото во боја и дека спротивните бои, како на пример сина и портокалова, изгледаат добро заедно. Кој би го одбил можното постоење на светкав диносаурус во сите бои на виножитото?
Ако вашите деца не одбиваат можност за автопортрет, можете да отпечатите комплет фото-реквизити од периодот Јура, да ги натерате да позираат и да создадете свои разиграни праисториски портрети коишто можат да ги изложат на ѕидовите или на табла со белешки.
CANON CLUB
Целото семејство може заедно да изработува модели
Creative Park од Canon нуди избор од едноставни дизајни од оригами диносауруси што се идеални за помали деца, бидејќи не е потребно лепење или внимателно сечење. Ова им дава слобода на возрасните да работат на понапредните структури, како што е оваа глава на тирекс, покрај нивните деца.
На Creative Park од Canon е достапен голем избор од посложени дизајни кои го носат изработувањето диносауруси чекор подалеку за да создадат собни украси што влеваат инспирација. Оваа глава на тирекс може да се монтира на ѕидот за да создаде ноќно светло што се напојува преку батерии. „На Elon многу му се допаѓа главата на диносаурусот во неговата соба бидејќи во неа има светилка“ - вели Chee. „Им ја покажува на сите пријателчиња кога доаѓаат во посета“.
Секој шаблон доаѓа со упатства коишто ве водат чекор по чекор и можете да ги отпечатите и да ги гледате како што напредувате, со оценка со ѕвездички за да го прикаже нивото на тежина, како и информации за приближното време потребно за изработување. Некои дизајни се полесни за склопување од други, што значи дека има нешто за секого – почнувајќи од деца кои само што тргнале во училиште, до деца на предтинејџерска возраст, па сè до баби и дедовци. „Нешто во врска со избирањето и печатењето на диносаурусите ги натера момчињата да се чувствуваат дека изработуваат нешто од почеток“ - вели Chee.
Дозволете им на вашите деца независно да се справат со поедноставните шаблони, како што е слаткиот лесен мини диносаурус, а вие можете да им помогнете со потешките, како што е 3D-стегосаурусот. Лесно е да приспособите различни дизајни на нивото на вештина на вашите деца. "Okkie беше доволно умешен за некои комплицирани шаблони и за да спои сè" - вели Chee.
Некои од моделите, како што е стегосаурусот со напојување од ластици, имаат подвижни делови кои вмешуваат инженерство и физика во образовниот процес.
Украсете ја собата и споделете ги вашите креации
Изработувањето на хартиени модели од диносауруси е прилика за започнување интересни разговори на теми поврзани со историја, наука и климатски промени — одличен начин за надополнување на знаењето стекнато во училиште.
Наоѓањето играчки и украси без пластика може да е тешко. Овие хартиени дизајни од диносауруси ви овозможуваат да преобразите некоја соба без да се грижите за влијанието врз животната средина, како и да ги рециклирате доколку се скинат при играње. Би можеле и да ги ставите во домашните растенија за на вашите хартиени тревојадци да им пружите живеалиште во кое ќе се чувствуваат како дома.
Прашајте ги вашите деца како замислуваат да ги изложат своите хартиени модели од диносауруси во најдобро светло. Можеби би сакале да создадат ѕидна галерија од интересни отпечатени диносауруси? Заедно би можеле да испланирате каде секој од нив би изгледал најдобро. Можеби направиле многу модели од диносауруси или создале своја мини-диорама од диносауруси. Тие изгледаат фантастично наредени на полица, на биро, или на комода, за децата да можат лесно да ги грабнат кога сакаат да си играат. „На момчињата им беше интересно да ги стават диносаурусите во саксиите“ - вели Chee.
Наместо да го вклучите телевизорот или некоја конзола за видеоигри кога на вашето дете му е здодевно, дајте ѝ шанса на изработката на модели од хартија. Не само што може да ве зближи, туку и може да ви помогне да се опуштите, може да ја подобри концентрацијата и да ви помогне да ги изразите чувствата, а е исто така и позитивно искуство на свој начин.
Следниот пат кога надвор ќе истура дожд или барате идеи за нешто што можете да го правите во попладневните часови за време на викендот, нема потреба да трошите пари на скапи активности. Оваа активност за изработување хартиени модели од диносауруси, освен што е забавна, исто така им овозможува на вашите деца да развијат секакви вештини, како што се креативност, концентрација, следење упатства и тимска работа. Ќе бидат пресреќни кога ќе ги видат резултатите – уникатна спална соба или простор за играње за кој со гордост можат да кажат дека го направиле свој. А кога ќе им се сменат вкусовите, повторно упатете се кон Creative Park од Canon за да откриете уште повеќе хартиени шаблони за дизајни што се поврзуваат со нивниот следен интерес.
Никогаш немало подобар начин да ја украсите спалната соба на вашето дете на достапен начин отколку со праисториските модели од хартија од Creative Park од Canon. Штом завршите, сликајте и споделете ја фотографијата со хаш-ознаката #MadeWithPixma за да ги инспирирате другите заинтересирани да се обидат. Сега, само треба да одлучите кој диносаурус ќе го оживеете!
Слични производи
-
PIXMA TS5350a (црна боја)
Покажете ги вашите креативни дизајни со можноста за користење различни медиуми, одличните креативни апликации и опциите за беспрекорно поврзување со паметни телефони што ги нуди серијата PIXMA TS5350a -
PIXMA TS7450a (црна боја)
Стилски сè-во-еден уред за љубителите на модерна технологија со многубројни креативни опции за печатење, како и технологија ADF за полесно копирање и скенирање врз различни видови хартија. -
PIXMA G3420
Сè-во-еден уред за голем обем на печатење со мали трошоци и Wi-Fi што нуди постојана сигурност и импресивна креативна флексибилност -
Matte Photo Paper MP-101D
Реализирајте ги вашите идеи со овој медиум со разновидна примена. Тој е идеален за луѓе со различни хобија и оние кои изработуваат модели од хартија и затоа претставува совршен избор за изработка на сопствени честитки, колажи или проекти со модели од хартија од Creative Park.