Паметни начини на кои може да го користите безжичниот печатач

Со безжичен печатач и апликациите од Canon може да отпечатите сè што ќе посакате, од секое место со Wi-Fi-врска, а ќе можете да печатите и сè што ви треба за работа, за на училиште и во домот преку вашиот телефон. Откријте ги многубројните можности.
Човек ја користи апликацијата Easy-PhotoPrint Editor на таблет-уред за безжично да отпечати слика од семејство, користејќи печатач PIXMA од Canon на работна маса.

На секој дом му треба печатач. Независно дали работите далечински, управувате со мала компанија или студирате од дома, животот е полесен ако имате сигурен безжичен печатач.

Најдобрите печатачи за домашни канцеларии се флексибилни. Печатењето, скенирањето и копирањето се дел од секојдневната работа за моќните уреди во хибридните работни места, но тие треба да бидат подготвени и за најразлични потреби во секојдневниот живот. Веројатноста е голема да бидат користени за секакви задачи, почнувајќи од печатење семејни фотографии и поштенски етикети од паметен телефон, па сè до скенирање сертификати од семејното дрво и создавање честитки.

Но, тоа не значи дека печатачите треба да бидат големи функционални кутии. На пример, погледнете го Canon PIXMA TS7550i. Овој безжичен печатач има елегантен и компактен дизајн, кој лесно може да се постави на тесни полици или мали работни маси. Сите фахови за хартија се достапни од предната страна, што значи дека може да го ставите на тесно место без да оставате дополнителен простор за ракување со хартијата. Но, не е важен само изгледот - тој нуди големи брзини за печатење во боја и црно-бел формат и неверојатно остар текст, благодарение на употребата на мастило со црн пигмент.

Корисник држи паметен телефон на чиј екран се гледа поврзување на печатачот од серијата PIXMA G3570 на Canon преку Wi-Fi.

Безжичните печатачи од Canon се лесни за поставување и лесни за користење. Со опциите за поврзување преку Wi-Fi и апликациите како што е апликацијата Canon PRINT, може да ги контролирате функциите на печатачот преку вашиот паметен телефон или таблет-уред - но повеќе информации за тоа подоцна. Поставувањето е едноставно со помош на апликацијата за паметни телефони или со онлајн водичот за поддршка од Canon - треба само да го пронајдете бројот на моделот на вашиот печатач и да ги следите чекорите во водичот.

Безжично печатење за паметни домови

Маж држи паметен телефон и седи на работна маса во модерен дом, со безжичен печатач од Canon кој печати фотографија која може да се види на екранот на лаптопот покрај него.

Компактниот и повеќенаменски Canon PIXMA TS6550i е одличен избор за безжично печатење, скенирање и копирање во домот. Неговиот елегантен дизајн се усогласува со модерните ентериери и овозможува лесно печатење фотографии и документи од паметен телефон, со помош на апликацијата Canon PRINT.

Печатач Canon MegaTank ставен на дрвена маса во пространо модерно студио со големи прозорци во заднина.

Подеднакво наменет за во домот, во малите канцеларии и во домашните канцеларии, MAXIFY GX6140 е печатач MegaTank со резервоари за мастило со голем капацитет, кој нуди извонредно мали вкупни трошоци за користење, во споредба со стандардните ласерски и инк-џет печатачи. Резервните шишиња со мастило што имаат уникатни приклучоци и не треба да се притискаат овозможуваат брзо, едноставно и уредно дополнување мастило.

Во денешните паметни домови, сите уреди се поврзани - паметни телефони, таблет-уреди, лаптопи, паметни телевизори и многу повеќе - и вашиот печатач треба да биде дел од таа група. Поврзете печатач со Wi-Fi од Canon во вашата домашна мрежа и ќе може да печатите сè што ви е потребно од секоја соба. Печатењето од паметен телефон не е веќе новитет, туку новиот стандард, а со помош на апликациите за печатачи од Canon ќе може да печатите или скенирате директно од вашиот телефон или таблет-уред - и многу повеќе. Со Cloud Link од Canon може да праќате скенирани содржини кон, или да печатите од, популарните Cloud-услуги како Dropbox, Google Drive и Microsoft OneDrive.1 Исто така, може да ги печатите омилените фотографии директно од социјалните мрежи како Facebook и Instagram.

Ако работењето од дома е дел од вашите потреби, тогаш печатачите со Wi-Fi лесно ќе ги задоволат и вашите потреби за печатење од домашната канцеларија. Освен тоа што е корисен за печатење писма и етикети за секојдневни потреби, печатачот може да ви помогне и да бидете попродуктивни и ефективни. Со читање на отпечатен материјал помала е веројатноста вниманието да ви го одвлечат известувања на екранот или дојдовни е-пораки. Исто така, не треба да заборавите дека на вашите очи им требаат чести паузи за одмор од екранот. Нудејќи поголеми брзини на печатење и врвен квалитет на печатење, печатачите Canon PIXMA TS7550i, TS6550i и TS4150i ќе ви помогнат и за важните документи за работа и за семејните проекти.

Серијата PIXMA G3470 (погледнете го видеото погоре) поддржува Wi-Fi и е идеална за паметни домови, а нуди комбинација од печатење, скенирање и фотокопирање со резервоари за мастило со голем капацитет, со кои може да отпечатите до 6.000 црно-бели документи и 7.700 документи во боја.2 Системот MegaTank од Canon овозможува и лесно дополнување мастило, со практични и високоефикасни шишиња со мастило кои не создаваат неред. PIXMA G4470 има автоматски механизам за снабдување со документи за скенирање и фотокопирање повеќе страници без напор.

Паметно печатење за ученици и студенти

Тинејџер седи на кревет со прекрстени нозе, чита книга. На масата покрај креветот има печатач Canon PIXMA.

Безжичниот печатач е неопходна алатка за учениците и студентите кои можат да го користат за печатење задачи или за крајна проверка на нивната работа. Cloud Link, услугата на Canon за интеграција со Cloud, нуди поддршка и за Google Classroom, што им овозможува на студентите полесно да контактираат со нивните професори додека студираат од дома.

Професионалците не се единствените што може да уживаат во придобивките од користењето безжичен печатач во домот. Услугата Cloud Link на Canon нуди поддршка и за Google Classroom1, што значи дека е корисна и за ученици и студенти. Google Classroom е наменет да ја олесни комуникацијата помеѓу професорите и студентите. Користењето на Cloud Link со Google Classroom им овозможува на студентите да печатат листи од предметите кои ги студираат и да печатат задачи директно од екранот на печатачот или од нивниот паметен уред преку апликацијата Canon PRINT. Дополнителна придобивка за професорите е тоа што може лесно да ги печатат списоците на ученици во класовите.

Ако сте студент кој е навикнат да користи паметни звучници, како Alexa3 или Google Home1, за да го контролира осветлувањето, телевизорите или собната температура со гласовни команди, тогаш ќе се воодушевите од палетата на безжични печатачи од Canon кои се компатибилни со гласовна контрола. Може да им кажете да печатат содржини како листови со линии, листови со петолиние, страници за боење и многу повеќе. Треба само да кажете: „Alexa, ask Canon printer to print a checklist“,4 и тоа е сè. Не треба да бидете во истата соба со печатачот - може да бидете во кујната и да подготвувате појадок, да ги миете забите во бањата или да лежите во кревет...

Пронајдете повеќе информации за печатење преку гласовни команди со помош на Alexa и со помош на Google Home.

Печатење од мобилни телефони преку апликации од Canon

Човек зема отпечатен материјал што излегува од печатач Canon PIXMA. На масата покрај печатачот има и други отпечатени материјали.

Апликацијата Canon PRINT е совршена алатка за печатење и за семејствата и за канцелариските работници. Може да скенирате, печатите, копирате, па дури и да се поврзувате со Cloud.

Човек држи таблет-уред што прикажува фотографија од група пријатели на екранот. Во заднина има печатач Canon PIXMA што ја печати истата слика.

Апликациите од Canon, вклучувајќи ги Easy-PhotoPrint Editor и софтверот PosterArtist основан врз интернет, го олеснуваат печатењето и ви овозможуваат да ја разбудите вашата креативна страна.

Ако сакате најголема практичност, разновидност, ефикасност и креативност, Canon нуди многубројни бесплатни апликации и софтвери кои ќе ви обезбедат подобро безжично печатење. Со апликацијата Canon PRINT може да печатите, копирате и скенирате безжично од паметните уреди, како и да ги менувате поставките за печатење, да вршите рутинско одржување, да ги проверувате нивоата на мастилата и да нарачувате нови мастила без напор. Исто така, може да се претплатите на услугата PIXMA Print Plan (достапна за одредени модели на печатачи во одредени региони) - плаќате фиксна месечна претплата врз основа на бројот на страниците кои ги печатите месечно, а печатачот ги следи нивоата на мастилата и автоматски нарачува соодветни мастила кога тие ќе достигнат ниско ниво, а ќе ви бидат испорачани до вашата врата.

Како што веќе видовме, апликациите од Canon за печатење од мобилни уреди овозможуваат полесно печатење - директно од вашиот телефон кон безжичниот печатач. Кога работите од дома или на терен, ако ја користите апликацијата Canon PRINT со услугата Cloud Link на Canon, ќе можете да се поврзете безжично со печатачот во канцеларијата за да ги споделувате документите со другите членови од персоналот. Исто така, ќе можете далечински да ги скенирате документите со помош на камерата на вашиот паметен телефон и потоа да ги отпечатите во канцеларијата или, пак, да ги скенирате документите преку печатачот и да ги испратите кон паметен телефон. Може да работите и на двата начини.

Заради поголема креативност, апликацијата Easy-PhotoPrint Editor ви нуди опција да ги претворите дигиталните фотографии во стилски отпечатени материјали и уникатни подароци, користејќи шаблони за календари, картички, постери и многу повеќе.

Тука е и онлајн услугата PosterArtist за создавање сопствени постери, реклами и летоци. MegaTank-печатачите MAXIFY GX3040 и MAXIFY GX4040 се особено добри за оваа намена, бидејќи имаат рамен влезен фах на задната страна што овозможува создавање реклами со должина до 1,2 m и печатење врз картонски медиуми со дебелина до 0,7 mm.

Наменет за компјутери со Windows, софтверот Easy-Layout Editor е практичен модул за драјверите на печатачот што нуди прегледување содржини на екранот заради подобро распоредување и печатење повеќе слики. Дури и ако не сакате да преземате апликации, печатачите од Canon што се компатибилни со Chromebooks, Apple AirPrint и Mopria® за Android ви овозможуваат да ги поврзете и да печатите безжично преку вградените протоколи за печатење на вашиот паметен телефон и таблет-уред.

Печатење преку Wi-Fi кое функционира одлично

Печатач PIXMA од Canon на маса печати шаблон од сончоглед, а во заднина се гледаат татко и ќерка како го прават истиот сончоглед.

Безжичното печатење ви овозможува да печатите без да седите до печатачот, да немате наменска домашна канцеларија и да работите - и да се забавувате - каде што ќе посакате.

Заклучокот е дека печатачите со Wi-Fi и апликациите од Canon се создадени да работат заедно беспрекорно. Од физичките контролни панели на печатачите до функциите и интерфејсите на апликациите - сè е дизајнирано да биде лесно и интуитивно за користење, а притоа да ви обезбеди слобода за извршување најразлични задачи за скенирање и печатење на најбрз и најлесен можен начин. Со Canon како ваш партнер, безжичното печатење е најлесно.

Angela Nicholson, Matthew Richards & Marcus Hawkins
  1. Опциите за скенирање кон Cloud и скенирање кон е-пошта се достапни само за корисниците на оригинални мастила од Canon. Dropbox е заштитен знак на Dropbox, Inc. Овој веб-сајт не е спонзориран или поврзан на кој било начин со Dropbox, Inc. Google, Google Classroom, Google Drive, Google Home, Google Home Mini и Google Home Max се заштитни знаци на Google LLC. OneDrive е заштитен знак на Microsoft, Inc.
  2. Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата ISO/IEC 24712 со резервен картриџ со мастило по почетното поставување.
  3. Amazon, Echo, Echo Plus, Echo Dot, Echo Spot, Echo Show, Amazon Tap, Alexa и сите други поврзани лого ознаки и подвижни знаци се заштитни знаци на компанијата Amazon.com, Inc. или нејзините подружници.
  4. Реалните гласовни команди може да бидат различни.

Слични производи

  • PIXMA TS7550i

    Печатете брзо и со пофини детали со овој сѐ-во-едно модел за печатење во домот што се одликува со автоматски механизам за снабдување со документи, за 35 листови.
  • PIXMA TS6550i

    За домови на кои им е потребен брз и квалитетен безжичен печатач со дизајн што заштедува простор и беспрекорно поврзување со паметни телефони.
  • PIXMA TS4150i

    Компактно и економично безжично решение за целото семејство кое ги елиминира маките со печатење, скенирање и копирање
  • MAXIFY GX6140

    Печатете документи со деловен квалитет и мали трошоци за кратко време со печатачот MegaTank со резервоари за мастило што се дополнуваат.
  • MAXIFY GX7140

    Печатете документи со деловен квалитет и мали трошоци за кратко време со печатачот MegaTank со резервоари за мастило што се дополнуваат.
  • PIXMA TS5150 (Black)

    Мал и достапен сè-во-едно уред за целото семејство со повеќе опции за поврзување наменет за едноставно печатење и скенирање во домот.
  • MAXIFY GX4040

    Малиот 4-во-1 деловен печатач што овозможува огромна заштеда
  • PIXMA G3470 (Black)

    Печатете, копирајте и скенирајте во вашиот дом со овој брз печатач што се одликува со Wi-Fi и мастило што се дополнува

Слични статии

Кој печатач е соодветен за вас?

Пронајдете го најдобриот печатач од Canon за вашите потреби, почнувајќи од семејства и студенти па сè до работници во домашни канцеларии.

Често поставувани прашања за печатачи, мастила и хартија

Експертот Suhaib Hussain од Canon одговара на често поставуваните прашања околу технологијата на печатачите, мастилата и хартијата.

Најдобрите печатачи за студенти

На секој студент му треба печатач - дознајте кои се најдобрите опции со пристапна цена што одговараат на вашите потреби.

Најсоодветната апликација за печатење од Canon за вас

Бидете креативни и организирани со апликациите за печатење од Canon – има апликација што соодветствува на секој проект.