Туристички водич преку ден, фотограф за слики со траги од светлина преку ноќ - Piotr Skrzypiec го користи неговото знаење за прекрасни локации и техники за долга експозиција за да создаде неверојатни фотографии од пејзажи во Словенија и надвор од неа. Затоа не сме изненадени дека беше прогласен за победник на свечениот Redline Challenge на Canon.
Целта на натпреварот во фотографирање беше да ги тестира вештините на аматерските фотографи на темата „светлина во темнината“. Три од сликите на Piotr влегоа во конечниот потесен избор на судиите, а неговата амбиентална фотографија од вијадукт прекриен со магла беше избрана како победник.
Piotr употребил долга експозиција за да ги претвори острите фарови на возилата што се движеле во заоблени ленти во боја. Долга експозиција значи фотографирање со мали брзини на блендата, почнувајќи од неколку секунди па сè до неколку часа, што резултира со заматување на предметите во движење. За оваа техника не е потребен специјален фотоапарат или објектив, а резултатите може да изгледаат неверојатно. Освен за заматување на движењата, долгите експозиции се одлични и за максимално искористување на светлината што навлегува во фотоапаратот со цел намалување на вредноста на ISO, што резултира со поголем квалитет на слика.
Тука, Piotr ги разгледува локациите кај што ги снимил своите слики и ви нуди совети како да снимате слични фотографии со траги од светлина.
ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ
Доловување моменти со долга експозиција: совети од победникот на Redline Challenge
1. Не фотографирајте во темнина
Самракот е многу подобар период за снимање фотографии со траги од светлина отколку во текот на ноќта, бидејќи небото е темно, но содржи доволно боја за да добиете поинтересни резултати. Ако небото е само црно, тогаш фотографиите ќе изгледаат како да се „празни“, па затоа фотографирајте додека сè уште има амбиентална светлина за да може да доловите згради, ридови и други делови од сцената. „Најважни се оние 20 минути на крајот од „синиот час““ - вели Piotr. „Штом изминат тие минути, сенките ќе станат премногу темни, а светлата премногу светли за да се добие балансирана слика“.
2. Направете истражување
Можеби звучи очигледно, но уверете се дека патот што сте го избрале ќе биде видлив во периодот од годината кога сакате да го фотографирате. Некои сцени можеби изгледаат одлично во текот на зимата, но на лето може да има дрвја што ќе го блокираат најдобриот поглед.
„Секогаш е добро да најдете повисоко место од каде што ќе фотографирате и од каде што патот ќе се гледа јасно“ - предложува Piotr. „Пред неколку години, се вратив на оваа локација во средината на летото. И покрај тоа што можеше да се долови формата на патот во вид на срце во темнина благодарение на трагите од светлина, патот не се гледаше целосно поради лозјето. Оттогаш се направени многу подобрувања. Има нова платформа за фотографи која нуди доволно простор за поставување најмалку 10 стативи. Исто така, лозјето што беше во преден план е скратено за да може подобро да се гледа прекрасната форма на патот“.
3. Испланирајте го кадарот
И покрај тоа што ќе фотографирате додека се стемнува, поставете ја опремата во текот на денот за да имате повеќе време да го обликувате кадарот на вашата слика. „Ако сакате да снимите добра слика, тогаш мора да размислите како ќе ја исполните заднината и предниот план на сликата“ - советува Piotr.
„Добра идеја би било да ги замислите трагите од светлина како линија што ќе го насочи вниманието на публиката од предниот план кон заднината. Најдобар случај за ова е да бидете доволно среќни за да пронајдете пат во форма на Ѕ што ќе минува низ сцената и ќе води кон некоја црква или планина или, пак, некоја друга подеднакво забележлива фокусна точка“.
4. Сликите треба да бидат остри
За да бидете сигурни дека стационарните делови на вашата слика ќе бидат остри во конечната слика, треба да го прицврстите фотоапаратот во соодветна положба со тоа што ќе го поставите на статив и не треба да го допирате за време на експозицијата. „Јас користам тајмер од две секунди на мојот фотоапарат“ - открива Piotr. „Го проверувам кадарот, го притискам копчето и по две секунди започнува експозицијата“.
Палетата на фотоапарати без огледало и DSLR-фотоапарати од Canon нудат функција за тајмер. Piotr ја користи и функцијата за заклучување на огледалото кога фотографира со DSLR-фотоапарати што ја имаат оваа функција. Штом ја активирате, функцијата го заклучува огледалото и го одложува почетокот на експозицијата, со што се намалува веројатноста за појава на вибрации во внатрешноста на фотоапаратот што може да ја намалат острината на сликата. „Со фотоапаратите без огледало нема да имате ваков проблем“ - вели Piotr, „бидејќи тие немаат огледало!“
5. Фотографирајте подолго
Можноста за контролирање на должината на експозицијата е неопходна. Сите фотоапарати EOS - почнувајќи од EOS 4000D од Canon па сè до EOS 5D Mark IV од Canon - овозможуваат снимање со експозиција што може да трае до 30 секунди. Режимот за приоритет на блендата (Tv) ви овозможува да поставите прецизно време на експозиција (брзина на блендата), а фотоапаратот автоматски ќе ја прилагоди решетката. Потоа може да поставите вредност за ISO што ќе одговара за сцената.
Фотографирањето во речен (M) режим ви нуди контрола врз решетката за да добиете совршено ниво на острина. За уште поголемо прилагодување на поставките, фотоапаратите за целосна слика без огледало од Canon, како што е EOS RP од Canon, нудат и режим за флексибилни вредности (Fv). Тоа е всушност потполно автоматски режим што ви овозможува контрола врз брзината на блендата, решетката и/или ISO во секој момент.
За експозиции подолги од 30 секунди треба да го користите режимот за сијалица. Некои фотоапарати EOS имаат опција „B“ на вртливото копче за режим, но кај некои модели треба да изберете рачен режим и да изберете 30 секунди за брзина на блендата.
6. Поставете ја експозицијата
Иако е очигледно дека ви треба релативно долга бленда за да ги претворите светлата на автомобилите во долги траги од светлина што ќе се протегаат низ сликата, прецизната должина може да биде различна. Piotr објаснува: „Сè зависи од видот на патот и густината на сообраќајот. За автопатите вообичаено не треба експозиција од 30 секунди бидејќи има многу автомобили и многу траги од светлина. Но, има помирни места за кои ќе мора да користите многу долга експозиција.
„Секогаш се трудам да користам решетка од f/8 или f/11. Во повеќето случаи не е добро да избирате поширока бленда од f/8, бидејќи некои делови од сликата може да ја изгубат острината. Ако мора да ја зголемите вредноста за ISO, најдобро е да не надминувате повеќе од ISO800. Ако сликата има малку шум, тоа може да го коригирате кога ќе ја уредувате сликата. Кај најновите фотоапарати, како што е EOS R5 од Canon со која ја освоив мојата награда, вредноста ISO800 не предизвикува проблеми и не се создава шум во сликите“. EOS R5 има опсег за ISO од 100-51.200, што значи дека ISO800 е релативно мала чувствителност што нуди одличен квалитет на слика при слаба осветленост.
7. Изберете соодветна опрема
Нема потреба да користите професионален објектив од серија L за да снимате професионални слики со траги од светлина. Компактните и лесни објективи, како што се RF 24-105mm F4-7.1 IS STM или RF 35mm F1.8 Macro IS STM од Canon, се лесни за носење, а создаваат остри и детални слики.
„Во повеќето случаи ќе користите многу мала решетка за да добиете остри слики, па затоа нема да ви треба објектив со брза максимална решетка како f/1,8 или f/2,8“ - вели Piotr. „Јас секогаш користам објективи со зум бидејќи тие ми нудат повеќе опции за обликување на кадарот од сцената, но изборот на објектив навистина не е толку важен како некои други фактори, како користење статив и обемот на сообраќајот. Сликата треба да биде остра, тоа е сè!“
Тоа е сè што треба да знаете. Фотографирањето траги од светлина е одличен начин да научите како се контролира експозицијата и како да доловите нешто што не е видливо за голото око користејќи фотографии. Исто така, за овој процес не е потребна скапа опрема, а наградите можат да бидат извонредни - само прашајте го Piotr!
Посетете го нашиот центар за Redline Challenge за да ги видите сликите што влегоа во потесниот избор и да прочитате повеќе совети од професионалците.
Напишано од Marcus Hawkins
Слични производи
-
Фотоапарати без огледало
EOS R6
Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат. -
Објективи RF
RF 24-105mm F4-7.1 IS STM
Идеален објектив за секојдневна употреба за фотоапарати за целосна слика без огледало наменет за ентузијасти. Практичниот објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM е лесен, компактен и подготвен да го однесе вашето фотографирање на повисоко ниво. -
Објективи RF
RF 35mm F1.8 MACRO IS STM
Макро објектив f/1,8 од 35 mm со брза решетка за широкоаголна перспектива, кратко растојание на фокусирање и хибридна стабилизација на слика. -
DSLR-фотоапарати
EOS 5D Mark IV
Без разлика што фотографирате, бидете сигурни дека ќе добиете беспрекорен квалитет на слика и моќни професионални перформанси. -
Објективи за DSLR
EF 24-105mm f/4L IS II USM
Омилен кај оние кои сакаат да носат еден објектив со себе на локацијата, овој објектив нуди неверојатен квалитет на сликата со напредна стабилизација на сликата. -
Широкоаголен примарен објектив
RF 24mm F1.8 MACRO IS STM
Компактен и лесен примарен објектив од 24 mm што е идеален за фотографирање пејзажи, снимање видеоблогови и ентериери, но и за снимање одлични макро слики.