RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE

RF-објектив за виртуелна реалност

Canon RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE

Доловете го светот во неверојатна виртуелна реалност со овој револуционерен објектив од серијата L што е дизајниран за беспрекорни и едноставни работни процеси со виртуелна реалност.

Разгледајте

Објектив RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE од CANON

Објектив за виртуелна реалност што ги поедноставува снимањето и постпродукцијата на професионални содржини од типот 180° VR. Доживејте го видеото подолу со помош на систем за виртуелна реалност што се поставува на глава (за сеопфатно и стереоскопско доживување), мобилен уред или компјутер. Инспиративна приказна снимена од режисерката на видеоматеријали за виртуелна реалност, Mary Matheson, и директорот на фотографија, Richard Stegmann.

ИСТРАЖУВАЈТЕ

Зад сцените со објективот RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE од Canon

Погледнете што се случуваше зад сцените на оваа инспиративна приказна снимена од режисерката на видеоматеријали за виртуелна реалност Mary Matheson и директорот на фотографија Richard Stegmann.
Canon_RF_Dual_Fisheye_Lens_BTS_MaryMatheson_H264_Final_MP4_6mins_EM.mp4

ДОБИЈТЕ ПОИНАКВА ПЕРСПЕКТИВА

Разгледајте ги придобивките од двојниот објектив со ефект на „рибино око“

VR LENS

Неверојатно практично снимање во форматот (3D) 180° VR

Компактниот дизајн со еден приклучок овозможува брзо поставување на фотоапаратот за снимање професионални стереоскопски содржини од типот 180° VR, доколку користите компатибилен фотоапарат за целосна слика со RF-приклучок и висока резолуција како што се EOS R51 и R5 C.

Ефикасен и едноставен работен процес

Двете кружни слики со ефект на „рибино око“ имаат стереоскопско видно поле од 190° и се совршено синхронизирани и снимени една покрај друга преку еден сензор за целосна слика, а со тоа се подготвени за моќниот софтвер EOS VR Utility2/дополнителната компонента2 од Canon што ќе ги обработи беспрекорно за конечно уредување, елиминирајќи ја потребата од дополнително спојување.

EOS VR Utility
EOS VR Utility - RAW controls crop

Работен процес со RAW-видео (8K / 60P)

Компатибилните RAW-видеодатотеки снимени со поддржани фотоапарати (вклучувајќи датотеки 8K / 60P RAW LT од EOS R5 C) се обработуваат автоматски во EOS VR Utility, што дополнително ги олеснува работните процеси со RAW-формати и поголеми стапки на слика.

Снимање висококвалитетни слики

Опремен со две совршено порамнети леќи со ефект на „рибино око“ што се насочени нанапред, објективот RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE користи по два UD-елементи за леќа за да ги коригира аберациите, а специјалните слоеви SWC од Canon ги намалуваат одблесоците и отсјајот, дури и во услови со задно осветлување.

recording in vr
RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE

Брза решетка од f/2,8 за фотографирање при слаба осветленост

RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE нуди врвни перформанси при слаба осветленост поради брзата решетка од f/2,8 со правилно синхронизирана експозиција и прецизна контрола благодарение на дизајнот со две електромагнетни мембрани (EMD).

Изработка и отпорност на вода како серијата L

Поради тоа што е објектив од серијата L, RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE е создаден за професионална употреба. Отпорен е на прав и прскање со вода и опремен е со слоеви од флуор за заштита од вода и нечистотии на површината на објективот.

EOS R5 and RF 5.2mm lens
EOS VR System

Држач за филтри од желатин за прецизна контрола на експозицијата

RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE има држач за филтри од желатин на задната страна наменет за однапред отсечени ND-желатини што може да се користат за прецизна контрола на нивоата на светлина, доколку го користите објективот за снимање видеоснимки во форматот 180° VR.

Спецификации

  • Двоен објектив со ефект на „рибино око“

    Снимање совршено порамнети стереоскопски слики преку еден сензор за целосна слика

  • Видно поле од 190°

    Снимање со извонредно широк агол на гледање за пореално доживување

  • Основна должина од 60 mm

    За природно стереоскопско доживување

  • Решетка F2,8

    Исклучителни перформанси при слаба осветленост

  • UD-елементи и SWC-слоеви

    Професионален квалитет на слика за остри слики со голем контраст и помалку одблесоци и отсјај

  • Две EMD-мембрани

    Прецизната контрола и синхронизација на решетката овозможуваат еднаква експозиција помеѓу левите и десните слики

  • Квалитет на серијата L

    Дизајниран и создаден за врвни перформанси во лоши услови

  • Вграден држач за филтри од желатин на задната страна

    За поголема флексибилност при фотографирање во светли услови

Слушајте го поткастот

Дознајте како да ја истражите и доловите виртуелната реалност со врвни детали од нашите професионални сниматели.

Галерија

EOS VR Lens

Што содржи кутијата

RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE се испорачува со сè што ви е потребно за подготовка и користење со вашиот компатибилен фотоапарат.

  • RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE

  • Капаче за објектив 5.2

  • Мека торбичка за објектив LS1014

  • Имбус

  • Капаче за заштита од прав за објективи RF

Слични апликации и софтвер

  • СОФТВЕР

    EOS VR Utility

    Моќна и ефикасна апликација, а сепак едноставна за користење, што е потребна за конвертирање кружни слики со ефект на „рибино око“ за виртуелна реалност од Canon снимени со компатибилни фотоапарати во стандардни слики со правоаголна конверзија на еднакво растојание, наменети за гледање во виртуелна реалност и за постпродукција.

  • СОФТВЕР

    Дополнителна компонента EOS VR за Adobe Premiere Pro

    Користете ја оваа дополнителна компонента наместо софтверот EOS VR Utility за автоматско конвертирање на датотеките со кружни слики со ефект на „рибино око“ за виртуелна реалност од Canon и нивно увезување во добро познатата апликација на Adobe.

  • СОФТВЕР

    EOS Utility

    Контролирајте го вашиот фотоапарат далечински со компјутер преку USB, со можност за прегледување во живо.

  • СОФТВЕР

    Camera connect

    Поврзете го вашиот фотоапарат со вашиот уред од Apple или уред со Android за да фотографирате од далечина и полесно да ги преземате вашите фотографии за практично споделување.

  • Слични производи

    • Фотоапарати без огледало

      EOS R6 Mark II

      Фотографии или видео, акција или портрет - комбинацијата од перформанси и квалитет на слика што ја нуди EOS R6 Mark II ви овозможува да бидете максимално креативни
    • Систем Cinema EOS

      EOS R5 C

      Снимајте прекрасни видеоснимки со резолуција од 8K и фотографии со 45 MP со најмалата камера Cinema EOS којашто ќе одговори на сите предизвици.
    • Фотоапарати без огледало

      EOS R5

      Променете ја вашата перспектива за фотоапаратите без огледало. Беспрекорните перформанси на EOS R5 ќе го подобрат начинот на кој фотографирате и снимате.

    АЖУРИРАЊЕ НА ФИРМВЕРОТ

    Ажурирање на фирмверот на EOS R5 од Canon

    Фирмверот е постојан софтвер што е инсталиран во вашиот производ и му овозможува да работи правилно. Canon објавува ажурирања за овој фирмвер и ако има достапно ажурирање, тоа може да се преземе со кликнување тука.
    1. Може да биде потребно ажурирање на фирмверот.
    2. EOS VR Utility и дополнителната компонента EOS VR за Adobe Premiere Pro се потребни за проекција со правоаголна конверзија на еднакво растојание на сликите од типот 180° VR снимени со компатибилен фотоапарат од Canon. Верзијата 1.2 или поновите верзии на EOS VR Utility овозможуваат конверзија на поддржани RAW-датотеки од Canon, вклучувајќи го форматот 8K RAW LT/60P од EOS R5 C (компатибилните RAW-формати може да се разликуваат во зависност од фотоапаратот), а нудат и поддршка за Apple Silicon и користење GPU. За конверзија на видеозаписи подолги од 2 минути можеби ќе треба да се претплатите на соодветна услуга, поради што ќе ви треба Canon ID-сметка. Исто така, ќе треба да инсталирате соодветен софтвер „HEVC Activator“ за фотоапаратот што го користите.
    3. ВЕ МОЛИМЕ ИМАЈТЕ ГО ПРЕДВИД СЛЕДНОТО: ОВОЈ СИСТЕМСКИ СОФТВЕР ЗА ВИРТУЕЛНА РЕАЛНОСТ МОЖЕ ДА СЕ РАЗЛИКУВА ОД КОМЕРЦИЈАЛНИОТ ПРОИЗВОД.