Големина на сензор
Максимална резолуција
Оптички зум
Систем за фокусирање
Излез за видео I/F
Влез за микрофон I/F
Надградете ја вашата PTZ-камера на квалитет на слика со 4K60P1 HDR, плус 12G-SDI, 40x напреден зум со целосна висока дефиниција и автоматско следење – идеален избор за продукции во живо.
Снимајте продукции во живо со извонредни содржини од 4K60P1 HDR и зумирајте до 20x со оптички – или 40x со напреден зум со целосна висока дефиниција – придружено со непречено автоматско следење на субјектите и беспрекорна интеграција со 12G-SDI, временски код, Genlock и Dual XLR.
Погледнете ги сите спецификацииСнима со извонреден квалитет на слика за емитување, со резолуција до 4K UHD со 60P1, 4:2:2 и 10 бита
Оптички зум до 20x со 4K-резолуција или напреден зум до 40x со целосна висока дефиниција
Моќна обработка на слика за извонредни резултати
Извонредни 4K HDR-содржини за форматите PQ или HLG, како и Canon Log 3 и широк динамички опсег
Интелигентното отсекување на сликата од излезниот видеосигнал овозможува една камера да создава три видеозаписи до FHD-резолуција
За брзо и прецизно фокусирање дури и при слаба осветленост
NDI|HX2, SRT, FreeD, RTP/RTSP, RTMP/RTMPS, Canon XC и протокол за стандардна комуникација
Широкиот спектар на излези и интерфејси вклучува 12G-SDI, 3G-SDI, HDMI, UVC, временски код, Genlock и Dual XLR аудио влезови
Користете ја апликацијата за автоматско следење RA-AT001(Lite) за автоматско следење на субјектите. Верзијата што се плаќа (RA-AT001) нуди дополнителни опции
Програмирајте повторени движења со поместување, закосување и зумирање на камерата преку дополнителна апликација што се плаќа
Најголемата изложба во светот за професионалци за интеграција на системи и AV.
Снимете го секој агол во 4K HDR до 60P1 со 40x напреден зум со целосна висока дефиниција и непречено автоматско следење.
4K-јасност подготвена за емитување со професионално поврзување за беспрекорно интегрирање во постоечки системи.
Следете ја акцијата со автоматското следење и откривање лица и глави благодарение на обработката со DIGIC DV7.
Испорачувајте неверојатни видеа со 4K60P1 и уживајте во ултра-остри детали со непречено движење што ги прават настаните со брзи акции, спортските преноси во живо и филмските сцени реалистични и впечатливи.
Откријте ги сите светли и темни делови со HDR-содржините благодарение на процесорот DIGIC DV7 кој обезбедува остра јасност, живописен контраст и реалистични бои, без оглед на тоа колку се сложените условите во поглед на осветлувањето.
Направете беспрекорна интеграција со 12G-SDI, временски код, Genlock и Dual XLR влезови. Создадена за професионални работни процеси, овозможува брза инсталација, сигурни перформанси и целосна компатибилност со студиски системи.
Приближете ја акцијата со најдолгиот 40x напреден зум во рамките на серијата, којшто е со целосна висока дефиниција. Совршена за арени, стадиони и аудиториуми, овозможува кристално јасни снимки дури и од најоддалечените седишта.
Потпрете се на напредно автоматско следење со откривање лица и глави, прецизно следење на движење, непречени движења со поместување/закосување и подобрен погон за поместување/закосување за да го задржите секој субјект во кадар и во фокус – без потреба од оператор на камерата.
Со леснотија постигнете конзистентни бои коишто се подготвени за емитување. Подобрената апликација за усогласување на бои на камерата брзо ја усогласува CR-N400 со вашите постоечки камери за добивање конзистентни професионални резултати.
Камера CR-N400
Држач за монтирање, со завртка
Безбедносна жица, со завртка
Безбедносна жица за прицврстување на камерата со држачот, со завртка
AC-адаптер
Далечински управувач (WL-N01)
PTZ-камера (Поместување-закосување-зумирање) е тип на роботизирана камера која овозможува далечинска контрола на движењето и зумирањето за флексибилно покривање. PTZ-камерите на Canon се издвојуваат со напредниот автофокус, исклучителниот квалитет на слика (до 4K UHD) и непречената контрола на движење, што ги прави идеални за продукција во живо, конференции, образование и верски објекти.
Canon нуди низа PTZ-камери, вклучувајќи ги CR-N100, CR-N300, CR-N500, CR-N700, CR-X300 и CR-X500. Овие модели се разликуваат според карактеристики како што се големина на сензорот, оптички зум, опции за излез и поврзување, така што корисниците можат да го изберат соодветниот модел според своите потреби.
PTZ-камерите на Canon можат да се контролираат на повеќе начини:
1. Бесплатната апликација Remote Camera Control на Canon (Windows/Mac)
2. Хардверски контролери како Canon RC-IP100, RC-SK5 или RC-IP1000
3. Интерфејс за веб-прелистувач
4. Системи за контрола од трети страни (преку протокол Canon XC, NDI|HX,2, стандардна комуникација)
Да. Сите PTZ-камери на Canon поддржуваат 4K UHD резолуција за професионален видео излез.
PTZ-камерите на Canon поддржуваат различни опции за поврзување, вклучувајќи 12G-SDI, 3G-SDI, HDMI, USB и IP-протоколи за проследување (RTMP/RTMPS, RTP/RTSP, SRT, NDI|HX2), што овозможува непречена интеграција во постоечки AV-системи.
Да. Многу модели на PTZ-камери од Canon поддржуваат директно проследување во живо преку IP-протоколи, што ги прави погодни за вебинари, виртуелни настани и емитување без потреба од дополнителни енкодери.
Да. Повеќето PTZ-камери на Canon поддржуваат PoE+ или PoE++, што значи дека напојувањето, видеото и контролата можат да се вршат преку еден Ethernet-кабел, поедноставувајќи го инсталирањето.
Да. Кога се поврзани преку USB или преку компатибилни енкодери, PTZ-камерите на Canon можат да се користат со популарни платформи за конференции, нудејќи висококвалитетно видео за хибридни состаноци и училници.
Корисниците можат да зачуваат повеќе позиции за поместување, закосување и зумирање и поставки на камерата како однапред поставени параметри преку контролерот, софтверот на Canon или веб-интерфејсот. Ова овозможува брзо повикување на агли и поставки на камерата за време на продукции во живо.
Canon нуди додатоци како што се контролери RC-IP100, RC-SK5, RC-IP1000, како и држачи за монтирање на таван и на ѕид. Исто така, има широка компатибилност со контролери со џојстик, системи, апликации и држачи за монтирање од трети производители.
Дознајте како PTZ-камерите, хардверските контролори и апликациите од Canon можат да ги трансформираат вашите далечински системи со повеќе камери.
Снимателот Max Elgar објаснува како користел PTZ-камера CR-N700 од Canon со автоматско следење за да сними клучна порака за климатските промени.
Подигнете ги вашите поткасти на повисоко ниво - најдобрите камери и објективи за видеопоткасти кои може да ги користат сите, почнувајќи од креатори со празна соба, па сè до студија со повеќе камери.
Дознајте за технологијата за проследување во живо на камерите од Canon со која ќе снимате емитувања во живо што ќе ви донесат огромен успех.