Создаден за оние кои сакаат брзина. Бидете први кои ќе го доловите невообичаеното и снимете ги моментите кои ќе ги пропуштат другите фотографи. Независно дали се фотографии или видео снимки, изразете ја вашата креативна страна како никогаш досега.
Следете и фокусирајте објекти кои се движат брзо.
Изразете ја вашата креативност
Доловете го саканиот момент, без разлика колку се брзи случувањата
Снимајте групи на слики со брзина до 10 слики во секунда, со целосен автоматски фокус и автоматска експозиција. Ракувањето со брз одзив ќе ви овозможи да ги доловите моментите кои траат дел од секундата, а големиот бафер ќе ви овозможи да продолжите со фотографирањето без намалување на перформансите.
EOS 7D Mark II користи два процесори на слика DIGIC 6 за да овозможи врвни перформанси. Минималното време на доцнење при фотографирањето ви овозможува да ги доловите краткотрајните моменти со неверојатна прецизност.
EOS 7D Mark II нуди 65 фокусни точки кои ги следат динамичните објекти за неверојатно остар фокус додека фотографирате. Секоја точка за фокусирање е од вкрстен вид*, што значи дека може да фокусираат и хоризонтални и вертикални детали на брз и прецизен начин. За да го олесни фотографирањето во услови со многу слаба светлина, 7D Mark II може да фокусира дури и во услови со светлина само од месечината, при што нивоата на светлина се спуштаат и до -3EV.
* Бројот на достапни AF точки, вкрстени точки и двојно вкрстени AF точки е различен во зависност од објективот
Користете ги сите 65 AF точки заедно или групирајте ги во подвижни зони кои ќе ги опфатат објектите кои се далеку од центарот. Или, пак, изберете само една AF точка за прецизно фокусирање на одреден дел од сцената.
Системот за фокусирање iTR AF на EOS 7D Mark II користи информации за бои и лица за да ги препознае и следи објектите кои се движат во кадарот. Брзиот одзив на AF може да се прилагоди преку едноставна алатка која го прилагодува следењето со фокусот во зависност од опкружувањето во кое фотографирате и објектот, така што другите предмети кои поминуваат пред фотоапаратот нема да пречат на фокусирањето.
Од животот во дивината до моторни спортови и улично фотографирање, новодизајнираниот сензор со 20,2 мегапиксели нуди резултати со кои ќе се гордеете кога ќе ги изложите. Дури и при слаба осветленост, EOS 7D Mark II снима фотографии и видео записи кои се полни со детали.
За да обезбеди непроменето и прецизно мерење на експозицијата, EOS 7D Mark II користи сензор со 150.000 пиксели и ја дели сцената во 252 зони. Секоја од нив се анализира, а потоа на фотографот му се препорачуваат или автоматски се поставуваат соодветни поставки за експозиција. Инфрацрвената светлина се мери, а исто така и светлината во видливите делови во спектарот, за да се добие поголема прецизност во услови со недоволно осветлување.
Кога нивото на осветленост ќе се намали, продолжете да фотографирате без да ја ограничувате вашата креативност. EOS 7D Mark II нуди слики со врвен квалитет при ISO чувствителност до ISO 16.000 (може да се прошири до еквивалент од ISO 51.200) - совршено за дискретно улично фотографирање, замрзнување на случувањата во тешки услови, па дури и рачно макро фотографирање.
Светлината која трепери, како што е светлината од флуоресцентните светилки, може да предизвика променлива светлина и бои за време на фотографирањето. EOS 7D Mark II може да ги открие таквите услови и да ја темпира секоја снимка со цел да ја долови најсилната светлина од изворот на треперечка светлина, за да добиете доследни резултати.
Како ќе го користите вашиот EOS 7D Mark II? Поставете ги контролите за фотографирање, системот за фокусирање и многу други прилагодливи контроли на начин кој ви одговара. Дури и 100% визир на фотоапаратот може да се прилагоди со неговиот електронски приказ во реално време.
Повеќето контроли на EOS 7D Mark II се прилагодливи и ви овозможуваат да го поставите фотоапаратот според условите за фотографирање. Зачувајте ги прилагодувањата како однапред поставена опција за да можете брзо да ги употребите во иднина.
Уживајте во природен приказ преку визирот на EOS 7D Mark II, со приближно 100 проценти покриеност и зголемување од 1,0x. LCD екранот прикажува транспарентни информации за фокусот и фотографирањето, како и електронска либела со две оски за прави хоризонти.
Системот за автоматско фокусирање на EOS 7D Mark II може прецизно да се прилагоди во зависност од тоа што фотографирате или начинот на кој фотографирате. А кога треба брзо да работите, само изберете една од шесте однапред подесени комбинации за AF за да го промените начинот на работа на фотоапаратот.
Од улица до студио, EOS 7D Mark II нуди врвни перформанси во секоја прилика за фотографирање. Неговата брзина и прецизност го прават идеален за спортски случувања, а неговите можности за работа при слаба осветленост и вградениот GPS го прават одличен избор за фотографери кои патуваат. Единственото прашање е, како ќе го користите вашиот?
Кога условите ќе се влошат, продолжете да фотографирате безгрижно. Контролите со заштита од временски услови го заштитуваат EOS 7D Mark II од вода и прав, а конструкцијата од магнезиумска легура ја зголемува издржливоста.
EOS 7D Mark II може да додава географски ознаки во сликите и видео записите со вашата точна локација, без разлика каде се наоѓате во светот. Снимете ја географската должина, географската ширина, надморската височина и насоката на компасот, како и координираното универзално време.
Кога фотографирате во услови со голем контраст, фотографирањето со HDR помага во зачувување на деталите во темните сенки и осветлените површини. EOS 7D Mark II брзо снима три последователни слики со различни експозиции и ги спојува за да создаде резултати со природен изглед директно во фотоапаратот.
HDR
Создавајте композитни слики во самиот фотоапарат со користење на режимот со повеќе експозиции кој ги спојува сликите поставувајќи ги една врз друга.
EOS 7D Mark II има два отвора за SD мемориски картички, со што овозможува автоматско правење на резервна копија од фајловите кои ги снимате, а воедно го зголемува и капацитетот за складирање.
Вметнете го испорачаниот Wi-Fi адаптер W-E1 во отворот за SD картичка на фотоапаратот за безжично фотографирање и контролирање на фотоапаратот, како и далечинско прегледување во живо преку екранот на вашиот паметен телефон, таблет-уред или компјутер. Префрлувајте слики во вашиот паметен уред веднаш по фотографирањето за лесно да ги вчитате на социјалните медиуми и во услугите за споделување датотеки.
Подобрете ги вашите видео проекти со функциите со индустриски стандарди. Уживајте во неверојатни Full HD записи со забавени движења со 60fps и преземете ја контролата на звукот преку приклучоците за микрофон и слушалки.
За да овозможи брзо и рамномерно автоматско фокусирање со следење при снимање видео записи или при користење на режимот за прегледување во живо, EOS 7D Mark II е опремен со технологијата Dual Pixel CMOS AF. Секој пиксел има две фото диоди кои можат независно да се читаат за време на автоматското фокусирање или истовремено да се читаат за доловување на слики. Брзината и чувствителноста на следењето со фокусот при снимање видео записи може да се прилагоди за да овозможи бавни промени во фокусирањето.
За репродукција на Full-HD видео материјали преку надворешни снимачи може да користите HDMI врска, што го прави EOS 7D Mark II совршен избор за работни процеси со професионална обработка на видео записи. Приклучоците за слушалки и микрофон ви овозможуваат да снимате висококвалитетен дигитален звук, а тивките контроли овозможуваат менување на подесувањата на фотоапаратот без да создаваат шум кој пречи.
Нашата апликација Photo Companion е најдобриот партнер за сите корисници кои раскажуваат приказни преку видео бидејќи нуди пристап до прилагодени и професионални информации и содржини кога тоа најмногу ви е потребно, за да можете да внесете реалистичност во вашите приказни.
Дознајте повеќе за EOS 7D Mark II, неговите функции и можности.
Континуирано групно фотографирање со брзина до 10 слики во секунда.
Фотографирајте со голема стапка на слики и уживајте во врвна репродукција на бои.
Секоја сцена се дели и анализира за непроменето и прецизно мерење на експозицијата.
Фокусирајте објекти без разлика каде се наоѓаат, со 65-те AF точки од вкрстен тип распределени низ целиот кадар.
Снимајте видео снимки со резолуција до 1080p и стапка на слики до 60fps. Приклучоци за микрофон и слушалки за целосна контрола на звукот.
Двата отвора за мемориски картички овозможуваат автоматско правење на резервна копија додека фотографирате или, пак, зголемување на капацитетот за складирање.
Создавајте фотографии со одличен квалитет кои се исполнети со мали детали.
Уживајте во рамномерно континуирано фокусирање при снимање видео снимки и фотографии во режимот за прегледување во живо.
Ставајте географски ознаки со вашата тековна локација во секоја фотографија и видео снимка која ја снимате - одлично за фотографери кои патуваат.
Кажете ни повеќе за Вас и регистрирајте се за да го добивате списанието You Connect на Canon - исполнето со инспирации, новости и совети.