Кога не се во фокус, точките светлина како што се новогодишните светилки ќе се претворат во прекрасно кружно заматување. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/10 сек., f/1,8 и ISO 100.
Терминот „bokeh“ е јапонски збор што значи „заматување“ и се користи за да се опише изгледот на деловите од фотографиите што не се во фокус. „Bokeh“ - што најчесто се изговара за да се римува со OK, иако вториот слог во јапонскиот јазик се изговара кратко - најмногу може да се забележи во фотографии со многу мали светилки, како што се уличните светилки навечер. Но, не се однесува само на кружни светли тонови, туку и на квалитетот на сите заматени делови на сликата.
Фотографирањето со опфаќање на овие заматени површини е еден од најатрактивните ефекти што можеме да ги примениме во фотографирањето. Тој ни овозможува да го прикриеме нередот што го одвлекува вниманието, да го насочиме вниманието кон важните делови од сликата и да ги претвориме непотребните детали во прекрасни и кремасти бои и тонови.