Широкоаголен примарен објектив

Canon RF 24mm F1.8 MACRO IS STM

Овој мал, лесен и примарен објектив од 24 mm нуди комбинација од широк агол и брза решетка за креативно фотографирање, дури и при слаба осветленост. А благодарение на оптичката стабилизација на слика со 5 чекори1 и тивкиот автоматски фокус, тој е одличен и за снимање јасни и висококвалитетни видеоснимки.

Дознајте како овој компактен и лесен RF-објектив од 24 mm, со своето широко видно поле и брза решетка, инспирира креативно фотографирање - дури и при слаба осветленост.

  • ДОЛОВУВАЈТЕ НЕВЕРОЈАТНИ СЦЕНИ

    Извонредни пејзажи

    Прекрасни слики исполнети со неверојатно остри детали

  • ИДЕАЛЕН ЗА ВИДЕО

    Разни опции за снимање видеоблогови

    Широк приказ за да бидете и вие во кадарот

  • СОВРШЕН ПРИ СЛАБА ОСВЕТЛЕНОСТ

    Бидете креативни со длабочината на полето

    Осветлена решетка од f/1,8 за неверојатно рамномерни ефекти за дефокусирање дури и при слаба осветленост

  • ПРИБЛИЖЕТЕ СЕ

    Прекрасни макро слики

    Фотографирајте на растојание дури до 14 cm и прикажете го субјектот со врвни детали во неговото опкружување

Појасни широкоаголни слики

Овој широкоаголен примарен објектив од 24 mm е создаден благодарение на супериорноста на RF-приклучокот од Canon. Компактен и лесен објектив со асферичен елемент и напредни слоеви кој снима висококвалитетни слики.

RF24mm F1.8 MACRO IS STM
RF24mm F1.8 MACRO IS STM

Брза и осветлена решетка, одлични резултати при слаба осветленост

Максималната решетка f/1,8 има кружен дизајн со 9 сечила што нуди врвни перформанси при слаба осветленост и создава прекрасни дефокусирани површини и заматени заднини.

Одлична острина, одлична стабилност

Оптичката стабилизација на слика со 5 чекори1 ви овозможува да користите помали брзини на блендата за рачно фотографирање, како и да снимате одлични видеозаписи со поголема стабилизација (6,5 чекори) доколку користите фотоапарат од серијата EOS R што има вградена стабилизација на слика.

RF24mm F1.8 MACRO IS STM
RF24-105mm F4-7.1 IS STM

Фокусирајте брзо и тивко, добијте остри слики и јасен звук

Тивкиот STM (чекорен мотор) на RF 24mm F1.8 MACRO IS STM брзо го фокусира вашиот субјект, дури и кога фотографирате субјекти кои се движат брзо.

Доближете се и прикажете ја целата сцена

Минималното фокусно растојание од 14 cm (зголемување од 0,5x или половина од реалната големина) е голема придобивка за снимање креативни широкоаголни слики и ви овозможува да се доближите многу блиску до субјектот и да го прикажете во неговата средина.

RF24mm F1.8 MACRO IS STM
intuitive-control-at-your-fingertips

Интуитивна контрола на дофат на вашите прсти

RF 24mm F1.8 MACRO IS STM има приспособлив прстен за контрола на објективот што овозможува прецизно прилагодување на ISO, решетката и менување на методот за AF, а има и наменски прстен за фокусирање наменет за прецизно рачно фокусирање.

Спецификации

  • Фокусна должина од 24 mm

    Наменски примарен објектив за ентузијастите кои фотографираат пејзажи и имаат потреба од поквалитетни слики со помало изобличување.

  • Брза максимална решетка од f/1,8

    Кружната решетка со 9 сечила ви овозможува да фотографирате при слаба светлина и да добивате прекрасни и дефокусирани светли тонови.

  • Оптичка стабилизација на слика со 5 чекори1

    Нуди 5 чекори на заштита од заматување на сликата поради тресење на фотоапаратот, за да добиете остри резултати при слаба осветленост и јасни рачно снимени видеозаписи.

  • STM-мотор

    Рамномерно и тивко фокусирање со голема брзина и прецизност; совршено и за фотографии и за видео

  • Функции за макро

    Доближете се на 14 cm (зголемување од 0,5x) до вашиот субјект за да го исполните кадарот со детали

  • Компактен и лесен

    Идеален за патување со торба во која слободниот простор е ограничен

  • Прстени за контрола на фокусот и објективот

    Приспособливиот прстен за контрола на објективот овозможува контрола на поставките преку посебен прстен за фокусирање наменет за прецизно прилагодување на фокусот.

  • RF-приклучок

    Објективот RF 24mm F1.8 MACRO IS STM може да се прикачи директно на вашиот фотоапарат од серијата EOS R без адаптер, овозможувајќи ви да ги искористите придобивките од неговиот напреден квалитет на слика

ОБЈЕКТИВИ

Споредба

Погледнете споредба помеѓу RF 24mm F1.8 MACRO IS STM и стандарден објектив со зум

RF 24mm F1.8 MACRO IS STM

RF 24mm F1.8 MACRO IS STM

RF 24-105mm F4-7.1 IS STM

RF 24-105mm F4-7.1 IS STM

Опсег на фокусна должина

24 mm,
24-105 mm

Тип на AF

STM
STM

Оптичка2 / комбинирана стабилизација на слика3

5 чекори / 6,5 чекори
5 чекори / 8 чекори

Сечила на дијафрагмата

9
7

Специјална оптика

1x PMo-асферична, 1x UD
3 x асферични 1 x UD

Слоеви

Super Spectra
Super Spectra

Минимална решетка

f/22
f/22-40

Најмало фокусно растојание (M)

0,14
0,2 (24 mm) (MF: 0,13)

Максимално зголемување (X)

0,5
0,40 (105 mm) (MF: 0,5 при 24 mm)

Големина на филтерот

52 mm
67 mm

Тежина

Прибл. 270 g
Прибл. 395 g

Дополнителна опрема

Сенило за објектив EW-65B Футрола LP1016
Сенило за објектив EW-73D Футрола LP1116

RF24mm F1.8 MACRO IS STM

Што содржи кутијата

Сè што ви е потребно за да го доловите светот со поширока перспектива.

  • RF 24mm F1.8 MACRO IS STM

  • Капаче за објектив E-52 II

  • Задно капаче

  • Упатство за користење

Слична дополнителна опрема

  • RF24mm F1.8 MACRO IS STM

    Сенило за објектив EW-65B

    Спречете ја залутаната светлина да навлезе во објективот, за да не ги уништите фотографиите со несакани одблесоци.
  • RF24mm F1.8 MACRO IS STM

    Мека торбичка за објектив LP1016

    Заштитна мека торбичка за одредени RF-објективи

Слични производи

  • Широкоаголен објектив

    RF 16mm F2.8 STM

    Компактен, достапен и извонредно широкоаголен објектив за целосна слика со фокусна должина од 16 mm што е наменет за серијата EOS R и дизајниран за видеоблогери и креатори на креативни содржини.
  • Објективи RF

    RF 35mm F1.8 MACRO IS STM

    Макро објектив f/1,8 од 35 mm со брза решетка за широкоаголна перспектива, кратко растојание на фокусирање и хибридна стабилизација на слика.
  • Стандарден објектив

    RF 50mm F1.8 STM

    Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла.
  • Објективи RF

    RF 85mm F2 MACRO IS STM

    Објективот RF 85mm F2 MACRO IS STM нуди разновидни опции за фотографирање одблиску со дискретна телефото компресија и стабилизација на слика со 5 чекори, вградени во компактно и лесно куќиште.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R

    Фотоапарат без огледало за целосна слика кој отвора нови креативни можности за фотографите и снимателите.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS RP

    Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R6

    Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R7

    Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината.
  1. До 6,5 чекори при користење на фотоапарат од серијата EOS R со вградена стабилизација на слика. И оптичката и комбинираната стабилизација на слика се мерат врз основа на стандардите CIPA.
  2. Измерено со стандардите CIPA.
  3. Кога се користи со фотоапарат од серијата EOS R со вградена стабилизација на слика, измерено со стандардите CIPA.