За да го активирате надворешниот блиц треба да користите втор блиц Speedlite од Canon, уред за безжично активирање на блицот или (доколку е компатибилен) вградениот блиц на вашиот фотоапарат.
ДОМАШНИ ПРОЕКТИ
За да почнете да се занимавате со фотографирање во домашно студио ви треба едноставна опрема - тука имаме два Speedlite-блицови од Canon - 470EX-AI и 600EX II-RT, фотоапарат EOS RP од Canon со објектив RF 85mm F2 Macro IS STM, статив за светло, бел чадор што пропушта светлина и држач за чадор.
За да го активирате надворешниот блиц треба да користите втор блиц Speedlite од Canon, уред за безжично активирање на блицот или (доколку е компатибилен) вградениот блиц на вашиот фотоапарат.
Изберете простор со голем и светол ѕид или користете импровизирано платно во заднина за да добиете едноставна и чиста заднина.
Објективот од 85 mm, како RF 85mm F2 Macro IS STM што го користиме тука, е идеален за портрети бидејќи фокусната должина нуди пријатна перспектива за лица.
Белите чадори што пропуштаат светлина се евтини, разновидни и идеални за почетници кои сакаат да ја омекнат светлината кога снимаат портрети.
Сенките се понагласени во оваа слика бидејќи блицот Speedlite е користен директно врз субјектот. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 85mm F2 Macro IS STM со избрани 1/100 сек., f/11 и ISO100.
Користењето блиц нуди помека завршна обработка. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 85mm F2 Macro IS STM со избрани 1/100 сек., f/5,6 и ISO100.
Прво поставете ја експозицијата рачно, а потоа прилагодувајте ја јачината на блицот според потребите.
Поставете го вашиот блиц Speedlite од Canon во рачен режим (M) - ќе треба да експериментирате со различни јачини, но започнете со ¼.
Поставувањето светло од една страна на субјектот создава „половично“ осветлување и ја прекрива спротивната страна со сенка. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 85mm F2 Macro IS STM со избрани 1/100 сек., f/8 и ISO100.
Насочувањето на блицот надолу од горниот лев агол резултира со „Рембрантово осветлување“, создавајќи привлечен триаголник од светлина на десниот образ. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 85mm F2 Macro IS STM со избрани 1/100 сек., f/8 и ISO100.
Активирањето на блицот директно над лицето нуди гламурозно и меко осветлување на лицето и ги нагласува јаболчиците. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 85mm F2 Macro IS STM со избрани 1/100 сек., f/8 и ISO100.
Осветлувањето одоздола изгледа неприродно, бидејќи сме навикнати да ја гледаме сончевата светлина што паѓа одозгора. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 85mm F2 Macro IS STM со избрани 1/100 сек., f/8 и ISO100.
Осветлувањето на субјектот со светлина одзади ви овозможува да создавате амбиентални портрети со темни тонови. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 85mm F2 Macro IS STM со избрани 1/100 сек., f/8 и ISO100.
Користејќи втор блиц поставен зад субјектот може да создадете кружна светлина врз платното во заднина. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 85mm F2 Macro IS STM со избрани 1/100 сек., f/5 и ISO100.
Втор блиц поставен зад вашиот субјект може да го надополни првиот блиц за да добиете слика со посветли тонови. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 85mm F2 Macro IS STM со избрани 1/100 сек., f/5 и ISO100.
Ако користите втор блиц што ќе биде поставен зад вашиот субјект, тогаш може да го насочите блицот кон задната страна на субјектот за да му ја осветлите косата или работ зад него. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 85mm F2 Macro IS STM со избрани 1/100 сек., f/4,5 и ISO100.
Speedlite-блиц со прикачена розова фолија што е поставен на статив директно зад субјектот и насочен кон платното во заднина.
Користењето фолија во боја претставува едноставен и ефикасен начин за внесување поживописни бои во вашите слики. Таа може да го зголеми и контрастот на сликата, доколку користите бои што се контрастни во однос на вашиот субјект. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 85mm F2 Macro IS STM со избрани 1/100 сек., f/5 и ISO100.
Професионален блиц
Додајте динамично осветлување со моќност и прецизност на вашите EOS слики.
Фотоапарати без огледало
Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања.