ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊА

Истражување, комуникација, почит - како да фотографирате со почит додека патувате

Документирањето на различните култури ги прави приказните од вашите патувања поинтересни, но мора да ги почитувате луѓето кои ги фотографирате. Фоторепортерката Gulshan Khan споделува неколку совети.
Млада муслиманка вика од задоволство додека јава коњ на вртелешка во Јоханесбург во Јужна Африка.

Раце кои цврсто се држат за коњот во шеќерна боја на вртелешката, лице кое е облеано со возбуда, хиџабот се вее како наметка на некој суперхерој. Ова не е типична слика од млада муслиманка - и токму поради тоа ѝ е една од омилените на Gulshan Khan, амбасадорката на Canon. „Нас муслиманите, а посебно жените и девојките, не секогаш нè прикажуваат како скапоцени човечки суштества. Велам „нас“ бидејќи ова е и моја заедница“ - објаснува јужноафриканската фоторепортерка. „Сведоци сме на премногу страдања и „етикетирање“ во сликите од Африканскиот континент. А овде имате радосна девојка која е фотографирана достоинствено“.

Примерот на Gulshan нè потсетува дека фотоапаратот е моќна алатка. Сликите што ги создавате можат да овековечат еднодимензионални начини на гледање на светот, но можат и да откријат многу повеќе. Ова е особено точно кога станува збор за фотографирање култури или заедници што се различни од вашите, независно дали се наоѓаат во непосредното соседство или некаде каде што сте отпатувале илјадници километри. За Gulshan, ова е составен дел од работата. Како независна фоторепортерка која објавувала содржини во National Geographic, The New York Times и The Guardian, но и поранешен хонорарец за Agence France Presse (AFP), Gulshan редовно фотографира луѓе и места во нејзината земја и подалеку. Тука ќе ни објасни како да снимате прекрасни, но чувствителни културни слики.

Земете ја предвид историјата

Јужноафрикански ренџер за борба против ловокрадство држи факел и проверува дали има некакво движење навечер околу надворешната конструкција.

Јужноафрикански ренџер за борба против ловокрадство проверува дали има некакво движење навечер околу конструкцијата за животни. „Сè уште учам како да се справувам со различните ситуации. Преиспитувајте се секогаш“ - советува Gulshan. Снимено со EOS 5D Mark III од Canon (сега е заменет со новиот EOS 5D Mark IV од Canon) и објектив EF 35mm f/1.4L USM од Canon (сега е заменет со новиот EF 35mm f/1.4L II USM од Canon) со избрани 1/80 сек., f/1,4 и ISO3200. © Gulshan Khan

Во 19 век, кога фотографијата била нова технологија, европските колонисти го сметале фотоапаратот за научна алатка со која ги класифицирале и угнетувале домородните луѓе. Тоа наследство сè уште е присутно, верува Gulshan, и ја поткрепува перцепцијата дека фотоапаратот е непристрасен медиум.

„Фотографиите се корисни и информативни. Тие нè учат како да се гледаме себеси и другите“ - вели таа. „Една идеја вели дека сликата е објективна вистина, но тоа е погрешно. Секогаш сте дел од вашите слики. Вашата идеологија, вашите искуства и вашите вредности ќе дојдат до израз во тоа што ќе одлучите да опфатите или изоставите од кадарот“.

Gulshan го посочува и правото што сметаат дека туристите и фотографите од западните земји го имаат за истражување на „егзотичните“ земји. „Не е проблем да посетувате места и да фотографирате“ - нагласува Gulshan. „Проблем е кога го правите тоа под претпоставка дека сте подобри од другите и дека знаете подобро од луѓето кои ги фотографирате“.

Направете истражување

Двајца играат салса на танцувачки подиум на покрив, ги гледа група луѓе кои седат зад нив и од страна.

Луѓе танцуваат на салса забава на покрив во Мабоненг, Јоханесбург, Јужна Африка. „Кога фотографирате некој фестивал или настан, треба да знаете што дошле да видат луѓето таму, зошто се случува настанот“ - вели Gulshan. Снимено со EOS 5D Mark III од Canon и објектив EF 35mm f/1.4L USM од Canon со избрани 1/320 сек., f/2,8 и ISO50. © Gulshan Khan за Washington Post

Кога ќе го слушнете зборот „култура“, веднаш помислувате на националност, раса или религија, но овој концепт за Gulshan е многу поширок. „Може да биде група со специфичен систем на вредности, работна култура или луѓе кои припаѓаат на одредена социјална класа или, пак, се дел од музичка под-култура, на пример,“ - вели таа.

Што и да е, треба да бидете сигурни дека сте направиле соодветно истражување пред да се појавите со фотоапаратот. На тој начин ќе можете да ги препознаете невообичаените локации или важни настани - фестивал или можеби протест - кои ќе ви пружат можност да снимите одлични слики.

Важно е и да ги разберете нормите и обичаите, но и проблемите со кои се соочуваат различните луѓе, а тоа ќе ви помогне да одлучите на кој начин ќе фотографирате. Следете ги медиумите, читајте книги, гледајте документарни емисии, запознајте се со местата преку Google Maps и, најважно од сè, разговарајте со луѓето, советува Gulshan. Ако сте во странство и престојувате во хотел, разговарајте со персоналот. Или, пак, ако присуствувате на некој настан, прашајте ги присутните што им значи настанот и зошто се таму. Почитувајте ги, сочувствувајте со нив и подгответе се да научите нешто.

Избирајте и користете ја опремата внимателно

Жена носи долг бел фустан и прекрасен накит, седи на клупа пред својот дом во Јоханесбург.

Gulshan сака да снима сценирани портрети во секоја можна прилика. Во оваа фотосесија за стил на накит во Јоханесбург, таа фотографираше луѓе од различно културно потекло - Netsanet Abera Tumssa, сопственичката на етиопскиот ресторан Netsi's, е фотографирана како седи пред својот дом. Снимено со EOS R5 од Canon и објектив RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon со избрани 1/1000 сек., f/2 и ISO250. © Gulshan Khan за The New York Times

Мора да пронајдете рамнотежа помеѓу снимање одлични слики и однесување кон луѓето со почитта која ја заслужуваат. Воглавно, Gulshan не користи долги објективи, но сака да ги користи своите фотоапарати EOS R и EOS R5 од Canon заедно со објективот RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon за да се доближи до тоа што го фотографира и да ужива во случувањата. „Мора да разговарате со луѓето кога сте толку блиску до нив и вашите слики неизбежно ќе бидат поинтимни“ - објаснува таа.

Исклучок на ова се приликите кога работи на свети места и веќе добила дозвола да фотографира таму, но не сака да пречи. „На духовните места треба да внимавате на културата и најдобриот начин да бидете сигурни дека не сте некултурни или дека не пречите е да прашате дали е ВО РЕД да бидете таму“ - советува таа. „Прашајте каде смеете и каде не смеете да одите и кои се правилата. Во многу џамии и храмови, на пример, мора да ги соблечете обувките, треба да сте облечени соодветно, а не е културно ниту да се движите пред луѓето кои се молат ниту да се обидувате да разговарате со нив.

„Во такви случаи го користам објективот RF 70-200mm F2.8L IS USM од Canon“ - додава таа. „Секогаш се обидувам да користам тивка бленда за да не пречам никому и да не бидам некултурна во ситуации каде што треба да се демонстрира тишина и дискретност“.

Не се само професионалните фотоапарати како EOS R5 кои нудат опција за бесшумно фотографирање. Избирањето на режимот за бесшумно фотографирање кај фотоапаратот без огледало EOS R10 од Canon ги прилагодува сите потребни поставки истовремено и го спречува фотоапаратот да генерира каков било звук или светлина. Користењето на EOS R10 со повеќенаменскиот објектив RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM од Canon ќе ви понуди поголем дострел за уште помало вознемирување.

Вклучете ги луѓето кои ги фотографирате во вашиот процес

Постар маж со раката допрена на лицето, потпрен на ѕид. Зад него има куќа во светли бои и планина обвиткана со магла.

Jean Rene, на возраст од 56 години, фотографираше во својот град Hell-Bourg на островот Réunion кој ѝ припаѓа на Франција и се наоѓа во Индискиот Океан. „Добрата културна слика произлегува од длабока емпатија кон тоа што го фотографирате. Во спротивно, само работите механички“ - вели Gulshan. Снимено со EOS 5D Mark IV од Canon и објектив EF 16-35mm f/2.8L II USM од Canon (сега е заменет со новиот EF 16-35mm f/2.8L III USM од Canon) со избрани 35 mm, 1/250 сек., f/2,8 и ISO100. © Gulshan Khan за The New York Times

Група жени седат на долга маса полна со храна и шишиња со сок.

Група жени ги завршуваат своите рамазански пости во џамијата Nizamiye Mosque во Јоханесбург - слика од серијата The Things We Carry With Us од Gulshan, за заедниците во Јужна Африка. Снимено со EOS 5D Mark III од Canon и објектив EF 35mm f/1.4L USM од Canon со избрани 1/2500 сек., f/1,4 и ISO10000. © Gulshan Khan

Треба да правите разлика помеѓу јавни настани, каде што луѓето очекуваат да бидат фотографирани, и прилики во кои фотографирате додека пешачите по споредни улички или работите на личен проект со одредена група на луѓе, „Мора да добиете согласност за да фотографирате“ - вели Gulshan. Тоа значи дека мора добро да им објасните на луѓето зошто сте заинтересирани да ги фотографирате и што планирате да правите со сликите во иднина.

Како ќе го изведете тоа зависи од самата ситуација. Ако работите на проект во некоја заедница, прво побарајте дозвола и запознајте се со луѓето, а потоа почнете да ги фотографирате кога ќе се опуштат во вашето присуство. Ако работите на улица во некој град, поразговарајте со некој продавач на тезга, а потоа снимете портрет од него. Ако не го говорите јазикот, тогаш најдете некој што ќе ви преведува. Треба постојано да внимавате како реагира човекот кој го фотографирате. Како штоп вели Gulshan: „Може да оцените ако придонесувате некој да се чувствува неудобно“. Во тој случај, време е да го спуштите фотоапаратот.

Работете од позиција на почит

Толпа луѓе од различна возраст пеат, танцуваат, се смеат и пијат додека гледаат нешто пред нив.

„Секогаш прашувајте се што ја создава оваа длабочина? Каде приказната?“ - вели Gulshan. Снимено со EOS 5D Mark III од Canon и објектив EF 35mm f/1.4L USM од Canon со избрани 1/400 сек., f/1,4 и ISO1600. © AFP Photo/Gulshan Khan

Иако сега Gulshan го користи својот фотоапарат „инстинктивно“, таа вложила многу време во гледање на сликите и размислувала за начинот на кој се претставени луѓето. „Многу е важно да биде визуелно писмени и свесни“ - вели таа. „Помислете на работи како аглите од кои фотографирате и што ќе им значи тоа на луѓето кои ќе ги гледаат сликите“. Заследете различни профили на Instagram за да добиете поголемо разбирање како фотографите одлучуваат да ги претстават своите заедници. Понекогаш е потребна серија слики за да се долови значењето, вели Gulshan, „но можете и со една слика да кажете нешто важно за луѓето или културата. Само запомнете дека тоа не е целата приказна“.

Напишано од Rachel Segal Hamilton

Слични производи

Слични статии

  • Патнички дневник лежи отворен на маса од темно дрво, крај него има отпечатени фотографии, пенкало, лента од украсна хартија и печати. Страниците се преполни со разнобоен текст, цртежи и фотографии.

    КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Патнички дневник како на професионалец

    Претворете ги сликите од одморите направени со Zoemini S2 од Canon во уникатен креативен дневник.

  • Страничен портрет од маж без маица во слабо осветлена соба кој гледа кон фотоапаратот.

    ФОТОГРАФИРАЊЕ ПОРТРЕТИ

    Совети и техники за фотографирање портрети

    Подобрете го вашето фотографирање портрети со овие врвни совети и техники.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊА

    Најдобра опрема за патувања

    Опрема за фотографирање при патувања за почетници, креатори на содржини и ентузијасти.

  • Жена што носи црвен фустан без прерамки клечи за да фотографира со EOS R10 од Canon.

    ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊА

    10 совети за фотографирање при патувања

    Фотографот за патувања и блогерка Diana Millos ги споделува своите најдобри совети за извонредни фотографии при патувањата.