ФОТОГРАФИРАЊЕ МИЛЕНИЧИЊА

Како да снимате успешни портрети на миленичињата овој Божиќ

Откријте како да снимате прекрасни фотографии од вашите миленичиња овој Божиќ со помош на овие едноставни совети, трикови и техники за фотографирање.
Canon Camera

Домашните миленичиња знаат да бидат многу слатки – многумина од нас честопати посегнуваме по фотоапаратот за да ги доловиме нивните лудории, смешни изрази и чудни навики. Но, Божиќ е совршениот период за да направите портрет од вашето омилено домашно милениче. Сликата од вашата мачка, куче или хрчак како позираат во празнична облека можете да ја претворите во забавна домашно отпечатена честитка или пак да ја врамите како подарок.

Предизвикот е во тоа што повеќето животни се целосно незаинтересирани да се сликаат. Всушност, некои суштества ќе направат сè во рамките на нивните можности да ве исфрустрираат и да ве надмудрат. Така што, ќе ви треба по некој трик за да им го привлечете вниманието. Комбинацијата од фотографските вештини, триковите при позирањето и џебот полн со вкусни награди треба да ви даде предност во битката на волјите.

1. Стилизирајте ја сцената

Човек во кафеав џемпер украсува новогодишна елка.

Новогодишната елка може да биде светла, богата заднина за вашите празнични фотографии од миленичиња, особено ако користите дефокусирање.

Портокалова домашна мачка ѕирка од под црвено-бела божиќна капа.

Реквизитите, капите и шаловите може да внесат бои и да ја збогатат фотографијата, а во овој случај, да додадат и празнична атмосфера.

Новогодишната елка е совршена заднина за божиќните портрети на вашите миленици. Таа ви дава нагласени бои, како и светли површини. Реквизитите како што се дедомразовските капи и шалови исто така изгледаат одлично, сè додека вашето милениче сака да ги носи. За идеално фотографирање, изберете просторија со големи прозори. Природната светлина е идеална за портрети на домашни миленичиња бидејќи меко и нежно ги пополнува сенките, додека користењето на блиц може да го исплаши животното. Поставете го миленичето завртено кон прозорецот, со новогодишната елка и светилките зад него.

2. Натерајте го миленичето да позира

Жена мавта со играчка за да ѝ го одвлече вниманието на портокаловата домашна мачка што ја фотографира во божиќно украсена соба.

Може да помогне ако имате помошник кој ќе држи играчка или ќе стои зад вас за да го привлече погледот на животното додека вие фотографирате.

Човек во кафеав џемпер држи сад со храна за мачки над својот EOS 850D од Canon.

Донесете ја омилената играчка, сад за храна или нешто што би го привлекло вниманието на животното. Во нашиот случај, доволно беше да тропнеме на садот што го држевме над објективот.

Кучињата полесно позираат од мачките, бидејќи не е потребно многу време за да ги заинтересирате. Кратко свиркање, прашање како „каде е мачката?“ или каков било смешен звук најчесто ќе им го привлече вниманието. Сите животни си имаат свој карактер, но објективно кажано, мачките обично помалку излегуваат во пресрет. Клучот е во трпението, а можно е да почекате подолго време додека се опушти мачката. Обидете се да ги сместите во една позиција, како на пример некоја удобна фотелја или столче (можете дури да го донесете и нивното креветче). Земете ја нивната омилена играчка или пак садот за храна во рака и нежно тропнете на него над објективот за да го привлечете вниманието на мачката. Ако ве игнорираат, тогаш треба да бидете подготвени да го смените пристапот - на крајот на краиштата, ако индиферентноста е дел од нивниот карактер, тогаш зошто да не го доловите тоа во фотографијата?

Портокалова домашна мачка во дедомразовска капа ја потпира главата на подот.

Корисно е ако можете да го наместите миленичето во една удобна положба. Ако не сака да соработува, приспособете ги вашите планови според неговото расположение.

3. Поставете ја експозицијата

Екран со поставки на EOS 850D од Canon.

Ако мислите дека миленичето ќе остане релативно мирно, брзината на бленда од 1/200 секунда е идеална. Препорачуваме и да изберете широка решетка и да го поставите ISO на Автоматски.

Поставка за континуирано фотографирање со голема брзина на EOS 850D од Canon.

Континуираното фотографирање со голема брзина ви овозможува да снимате по неколку брзи слики одеднаш - седум слики во секунда со EOS 850D - што ги зголемува шансите да ги доловите прекрасните, но краткотрајни изрази на миленичињата.

Изберете поставување на експозицијата кое ќе можете да го поставите и да го заборавите, бидејќи ќе ве ослободи да се сконцентрирате на позирањето и кадарот. Наједноставниот начин да го направите ова е да го поставите фотоапаратот во режим за рачна експозиција (M).

Брзината на блендата треба да остане доволно брза за да го долови случувањето. Идеално поставување би било 1/200 сек. доколку животните се прилично мирни, но ќе ви треба поголема брзина доколку многу мрдаат. Исто така, препорачуваме широка решетка (f/5,6 тука), бидејќи ова ќе го издвои објектот од заднината и ќе создаде убаво дефокусирање.

Поставувањето на ISO на Автоматски значи дека тоа ќе се адаптира на условите - во светла просторија со многу светлина од прозорците, вредноста на ISO би требало да се движи помеѓу 800-1600. При овие опсези, фотоапарат со високи перформанси при слаба осветленост, како EOS 850D од Canon, ќе ви овозможи да снимате фотографии без шум. Доколку - како EF-S 18-135mm f/3,5-5,6 IS USM од Canon којшто го користиме тука - вашиот објектив има стабилизација, тогаш најдобро би било да ја вклучите и оваа поставка.

4. Фокус

Точки за AF на лицето на портокалова домашна мачка во режим за прегледување во живо на EOS 850D од Canon.

Режимот за прегледување во живо може да биде корисен при фокусирањето - допрете го екранот за да ги поставите точките за фокусирање врз окото што е најблиску до вас.

Фокусирањето може да биде еден од најголемите предизвици во портретите кај домашните миленици, бидејќи треба да фокусирате директно кај очите на животното кое може да ја мрдне главата или да побегне во секој момент.

Затоа, неизбежно е дека некоја слика нема да биде остра, но ако имате фотоапарат што реагира веднаш на движењето на објектот, тогаш можете да си ги зголемите шансите. Поставете го режимот за фокусирање на вашиот Canon на AI Servo. Ова значи дека фотоапаратот ќе го следи движењето на објектите и ќе го прилагодува фокусот да се заклучува на нивните променливи положби. Прецизното фокусирање е од особено значење при фотографирањето одблиску, така што фиксирањето на лицето можно е да не биде доволно. Наместо тоа, префрлете се на една фокусна точка, а потоа насочете ја на окото што е поблиску до фотоапаратот.

5. Подобрете го дефокусирањето на заднината

Златен лабрадор на околу еден метар пред новогодишната елка.

Кучето е позиционирано на околу еден метар од елката, а заднината изгледа прилично натрупано.

Златен лабрадор позициониран подалеку од новогодишната елка, така што светилките на елката се заматени.

Поместувањето на кучето подалеку од дрвото создава посилен ефект на дефокусирање и попривлечна заднина.

Обично најдобро е да користите широка решетка за портретите на вашите домашни миленици, бидејќи ова значи дека фотографиите ќе имаат мала длабочина на полето, а заднината ќе биде заматена. За празнични фотографии како оваа, широката решетка има друга предност – дефокусираните светилки на новогодишната елка се претвораат во прекрасни заматени точки. Дефокусирањето ќе биде посилно доколку оставите одредено растојание помеѓу објектот и елката, така што оддалечете го домашното милениче од елката колку што е можно повеќе. Користењето на поголема фокусна должина исто така го зголемува заматувањето, така што зачекорете наназад и зумирајте со објективот.

6. Додајте дефокусирање во предниот план

Портрет на портокалова домашна мачка опкружена со празнични светилки.

Може да им додадеме ефект на дефокусирање во преден план на нашите портрети на миленичиња така што ќе поставиме неколку светилки блиску до објективот и ќе фотографираме низ празнината помеѓу жиците.

Маж фотографира портокалова домашна мачка низ бели божиќни светилки.

Оваа едноставна техника може да се изведе и со обоени светилки, па дури и со божиќни украси.

Покрај дефокусирањето на заднината, можете да го дефокусирате и предниот план. Држете ги новогодишните светилки пред објективот и пронајдете отвор низ којшто ќе можете да фотографирате. Под вистинскиот агол, ова може да резултира со прекрасни дефокусирани светли површини кои го опкружуваат објектот и додаваат дополнителен елемент на длабочина на сцената.

7. Спуштете се ниско

Маж лежи на подот на дневната соба за да фотографира портокалова домашна мачка што чекори пред кауч.

Спуштањето на земја при фотографирањето ги поставува објектот и гледачот на истото ниво.

Портокалова домашна мачка фотографирана на ниво на очите.

Ако сте на истото ниво со објектот, фотографијата веројатно ќе биде попривлечна.

Без разлика дали фотографирате портрети од вашите домашни миленичиња или од пријателите, доловувањето на објектот на ниво на очите помага во поврзувањето, бидејќи го става гледачот на исто ниво. Секако, кај портретите од домашните миленичиња тоа може да значи спуштање и ползење на подот, но тоа подобро ќе ја долови перспективата на миленичето.

Ќе ви биде многу забавно додека се обидувате да ја доловите совршената фотографија – дури и ако вашето милениче не е секогаш расположено да соработува. Без разлика дали се обидувате да снимите животински портрет за Божиќ или за кој било друг период од годината, тоа е секогаш одлична можност да ја вежбате вашата техника и да ги подобрите вашите фотографски вештини.

Напишано од James Paterson

Слични статии

  • Домашно отпечатена божиќна честитка покрај рачно изработени украси и двострана мат хартија од Canon поставени врз платно со новогодишна елка.

    ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

    Печатење божиќни честитки

    Направете сопствена празнична фотосесија и отпечатете уникатни божиќни честитки.

  • СЕМЕЈНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Снимете подобри божиќни фотографии оваа година

    Фотографот Lena Petrova дава совети за подобрување на вашите празнични фотографии.

  • ОСНОВИ

    Фотографирање слики за печатење

    Седум одлични совети за овековечување на спомените преку печатење.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ДОМАШНИ МИЛЕНИЧИЊА

    Најдобри совети за фотографирање домашни миленичиња

    Снимајте прекрасни фотографии од вашите домашни миленичиња со советите од фотографот за домашни миленичиња Cat Race.