Двајцата фотографи Cat и Michael, кои се сопственици на CatsDog Photography, создаваат слики за паметење од кучиња, мачки, зајаци и други животни. Cat е зад објективот, а Michael има улога да го привлекува вниманието на животното, а заедно ги планираат фотосесиите и композициите.
Фотографиите можат да влијаат врз одлуката на луѓето кои сакаат да посвојат домашно милениче, особено за животните кои не се толку фотогенични или не изгледаат добро на фотографиите. За оваа фотосесија, Cat и Michael отидоа во центарот за згрижување животни RSPCA во Престон, Англија, за да снимат убави портрети со цел да им помогнат на неколку животни да го пронајдат својот нов дом.
За време на фотосесијата, ја прашавме Cat да ги сподели своите совети за доловување на карактерот на домашните миленичиња, почнувајќи од користење соодветна опрема и поставки на фотоапаратот па сè до начинот за успешно позирање на палавите животни.