A table display with cakes, meringue, iced donuts and pastries.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ХРАНА

Превкусни уметнички дела: вештините за фотографирање храна

Благодарение на Instagram, фотографирањето храна доживеа ренесанса во последните години, но сите кои се обиделе да снимат слика од својот ручек ќе ви кажат дека тоа е уникатен предизвик. Шведскиот фотограф за храна Линда Ломелино (Linda Lomelino) ја усоврши уметноста - нејзините слики од храна, збогатени со волшебен шарм и пријатна атмосфера, привлекоа повеќе од 750 илјади следбеници на Instagram.

„Открив дека имам страст за печење пред приближно 11 години“ - вели Линда, која студираше фотографија. „Колачињата беа најпопуларни во тоа време, па затоа снимив неколку фотографии и ги споделив на Facebook. На луѓето им се допаднаа, па си помислив, „зошто да не започнам блог?““ Благодарение на тој блог наречен „Call Me Cupcake“, превкусните уметнички дела на Линда сега сочинуваат четири книги што се преведени на повеќе јазици.

Тука таа ќе сподели дел од нејзините тајни за сладок успех...

1. Искористете ја максимално природната светлина

Природната светлина ги нагласува наборите на мекиот и розов сладолед, а потемната заднина создава подобра атмосфера. Линда ви препорачува да експериментирате со светлината за да добиете различни атмосфери.

Ако имате можност, користете Speedlite-блицови од Canon во студио за да можете да го контролирате осветлувањето во опкружувањето. Или, пак, може да ја користите природната светлина што малку потешко се контролира, но може да го разубави вашиот субјект доколку ја насочите правилно. „Експериментирајте со светлината каде што живеете“ - вели Линда. „Големината на прозорецот, насоката во која е насочена, периодот од денот и временските услови можат да влијаат врз изгледот на светлината“ - вели таа. „Прозорците свртени кон север вообичаено овозможуваат најлесна работа - светлината не се менува многу во текот на денот и никогаш нема да фотографирате при директна сончева светлина“.

Облачните денови што не се премногу темни се идеални за Линда, која претпладне фотографира со странично осветлување во нејзиното студио што гледа кон запад, а доцна попладне и навечер фотографира во нејзината кујна што гледа кон исток. За да го постигне нејзиниот препознатлив „амбиентален“ изглед, таа го прекрива прозорецот со две темни завеси.

„Може да работите покрај секакви прозорци доколку експериментирате и вежбате, но ако живеете во земја со претежно сончево време и имате само прозорец насочен кон југ, тогаш предизвикот ќе биде поголем“ - вели таа. „Во вакви околности може да користите тенка бела завеса за да ја омекнете светлината“.

2. Користете бои и текстура за да ја обликувате сцената

Користењето реквизити во слична нијанса и внесувањето повеќе бои можат да ја подобрат композицијата.

Еден од начините да бидете оригинални е преку обликување на кадарот, а тајната на Линда е тоа што се фокусира на боите. „Вообичаено користам само две или три бои кога фотографирам“ - објаснува таа. Таа користи нијанси од истата боја, а потоа додава други бои - бои што се спротивни на тркалото на боите - за да создаде визуелен контраст. „На пример, при филување торта со виолетов прелив, се обидувам да вметнам нешто жолто или жолто-зелено во фотографијата. Портокаловата и зелено-сината боја е уште една од моите омилени комбинации - ја прави фотографијата навистина живописна!“

Освен бои, Линда препорачува да експериментирате и со текстурите за да ги направите фотографиите поинтересни. „Ако фотографирам торта со многу текстура или прелив со шема, можно е да се одлучам за мазна заднина за да ја истакнам тортата. Во други ситуации може да одлучам сè да има мазна текстура или да додадам многу различни текстури - тоа е едноставно како да додадете ленена салфета со набори“.

3. Создадете чувство на длабочина

Слични написи
A plate of pea fritters garnished with peas and rocket leaves.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ХРАНА

Најдобри објективи за фотографирање храна

Снимајте прекрасни фотографии од храна со нашиот избор на објективи за снимање одблиску.

A father and son flick through the pages of a homemade recipe book.

СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

Дознајте како да отпечатите сопствена книга со рецепти

Наташа Алипур-Фаридани ги споделува своите најдобри совети за фотографирање храна и открива како да печатите слики што ќе изгледаат толку убаво, што ќе посакате да ги изедете.

A boy stands looking at a photographer with a softbox made from a cardboard box to one side.

ПРОЕКТИ

3 додатоци за фотоапарати што можете сами да ги направите

Направете сопствен придушен рефлектор, долгнавест рефлектор за фокусирана светлина и мека подлога за да го стабилизирате вашиот фотоапарат.

Реквизитите ставени зад субјектот помагаат во создавање поголемо чувство на длабочина, а шеќерниот прелив што е замрзнат во движење ја прави сликата подинамична.

Освен бои и текстура, Линда предложува да експериментирате со детали за да ја разубавите едноличната сцена, а воедно да внесете чувство на размер и длабочина. „Дефокусираните предмети во преден план и во заднината се одличен пример“ - вели таа. „Понекогаш ставам вазна со цвеќе зад храната, а потоа, во непарни броеви, ги распределувам состојките за рецептот како што е брашното, бобинките и лисјата околу нив“.

За поголема прецизност, доколку е можно со нивниот фотоапарат, Линда им препорачува на почетниците да фокусираат преку екран на допир со променлив агол. „Фотоапаратите како EOS 850D од Canon и EOS 250D од Canon, со нивните подвижни екрани на допир, се идеални за фотографирање храна. Екраните на допир се особено практични за фотографирање одозгора - ако фотоапаратот е поставен многу високо, може да го закосите екранот и да изберете каде сакате да фокусира. Истото важи и кога фотографирате од многу низок агол - нема да биде потребно да легнувате на подот, треба само да го закосите екранот“.

4. Изберете реквизити и заднина за да создадете приказна

Лисјата, цвеќињата, внимателно обмислените реквизити и ограничената палета на бои создаваат волшебна рурална идила.

Сите кои ги погледнале делата на Линда можат да ја потврдат љубовта за реквизити на овој скандинавски фотограф, кои се неопходни за внесување дополнителни текстури и бои, а помагаат и да се воспостави целокупниот амбиент на сликата. „Имам многу реквизити“ - вели таа. „Повеќето се стари предмети што сум ги набавила од продавници на попуст и од антикварници - тие ми помагаат во раскажувањето на приказните. Ако се одлучам за рустикален и амбиентален изглед, тогаш ги користам реквизитите од антикварниците, а ако сакам светол и модерен изглед, тогаш избирам реквизити со почисти линии и помалку шеми и бои“.

Арсеналот на заднини на Линда е обемен како и нејзината колекција на реквизити и содржи најразлични материјали како тапети, украсни хартии, ленени завеси, дрвени кутии, стари врати и столици, па дури и старомодни куфери. „Не мора секогаш да користите дрвена маса“ - вели таа. „Заднината може да ја направите од било што. Зошто не бојадисате неколку парчиња дрво? Секоја страна може да ја бојадисате во различна боја и одново да ја бојадисате со друга боја кога ќе сакате да го промените изгледот“.

5. Експериментирајте со објективите за да го утврдите вашиот стил

Изберете објектив во зависност од композицијата на сликата.

Линда најчесто го користи својот EOS 5D Mark II од Canon (сега е заменет со новиот EOS 5D Mark IV од Canon) заедно со еден од нејзините четири омилени објективи - EF 50mm f/1.2L USM од Canon, EF 85mm f/1.2L II USM од Canon, EF 100mm f/2.8 Macro USM од Canon и EF 24-70mm f/2.8L II USM од Canon. Објективот што го избира зависи од приказната што сака да ја создаде.

„Ако сте нови во областа на фотографирање, тогаш EF 50mm f/1.8 STM од Canon е одличен објектив за почеток“ - вели таа. „Има достапна цена, а фактот што може да фотографира со мал f-број и голема решетка ќе ви помогне да добиете одлични резултати при слаба осветленост, што е многу важно доколку живеете во земја каде што зимите се долги и темни. Освен тоа, тој нуди совршена фокусна должина за снимање сцени без да се доближувате премногу. Друга добра алтернатива е EF-S 60mm f/2.8 Macro USM од Canon - сличен е на мојот макро објектив што нуди неверојатна острина“.

За фотографирање од далечина, Линда препорачува поширок објектив. „За да ја фотографирате целата маса, изберете објектив како што е EF-S 35mm f/2.8 IS Macro STM од Canon што јас би го избрала и за фотографирање одозгора“. Не заборавајте дека ако фотографирате со фотоапарат со APS-C-сензор или сензор што ја отсекува сликата, како што е EOS 850D од Canon, тогаш објектив од 35 mm со фактор на отсекување од 1,6x ќе ви понуди сличен приказ како објектив од 50 mm со фотоапарат за целосна слика.

6. Фотографирајте од различни агли

Линда го избира аголот на фотографирање во зависност од тоа што сака да го истакне кај храната. На оваа слика сакаше да ја истакне црвено-зелената шема на горниот дел од тортата, па затоа се одлучи да фотографира одозгора.

Повеќето луѓе го поврзуваат фотографирањето храна со слики на Instagram снимени одозгора, но Линда вели дека е важно да се земат предвид и други агли. „Аголот од кој фотографирам зависи од тоа што сакам го да нагласам. Висока повеќеслојна торта на подлога би сликала странично, а пресечени парчиња торта во чинија би слика одозгора“.

Бидејќи повеќето дела на Линда се објавени на нејзиниот блог, таа вели дека квантитетот е подеднакво важен како и квалитетот. „Објавувам многу слики, па затоа се трудам да фотографирам од различни агли за да внесам разновидност во содржините“.

7. Поставете широка решетка и мала вредност за ISO

Недоволната експозиција на сликата овозможува затемнување на околните реквизити и создава слика со амбиентално и есенско чувство.

За да го добие својот волшебен и амбиентален стил, Линда најчесто фотографира со широка решетка и мала вредност за ISO. „Претежно користам решетка од f/1,8 до f/3,2 и многу ретко го надминувам тој опсег“ - вели таа. „Помала решетка користам само кога снимам слики одозгора со многу предмети на различна висина што сакам да бидат во фокус, но многу ретко надминувам f/5“.

„Исто така, ви препорачувам да фотографирате со мала вредност за ISO без да ја намалувате премногу брзината на блендата. Се обидувам да се задржам на брзина од приближно 1/125 сек. кога фотографирам рачно, но ако користите статив и фотографирате субјект што не се движи, тогаш може да изберете помала брзина“. Опсегот за ISO е различен во зависност од фотоапаратот, но препорачливо е да фотографирате со најмала можна вредност за ISO. Малите вредности за ISO предизвикуваат помалку зрнеста текстура, што е особено важно ако планирате да ги зголемувате или печатите вашите слики.

Поамбиенталните слики на Линда се слики што се нарекуваат „слики со потемни тонови“, а тоа значи дека се користи правилна експозиција за субјектот, а предметите во опкружувањето се потемни. Линда ги уредува своите слики за да ја добие саканата естетика, но вели дека на почетниците не им треба скап софтвер. Софтверот Digital Photo Professional од Canon е бесплатен за сите корисници на фотоапарати од Canon, а достапни се и многу бесплатни апликации за уредување наменети за паметни телефони. Искористете ги максимално можностите за поврзување на вашиот фотоапарат преку Wi-Fi и префрлувајте фотографии во вашиот телефон или компјутер со помош на image.canon за да може да ги уредувате и споделувате веднаш.



Напишано од Natalie Denton

Слични производи

Слични написи

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники