Woman Portrait Photography

Објективи за фотографирање портрети

Разбирање на портретите

Како фотограф за портрети ќе се соочите со многубројни предуслови, почнувајќи од природни групни снимки од семејството па сè до професионални портрети. На крајот, секоја снимка е различна и стилот ќе влијае врз опремата што ќе треба да ја изберете.


За да бидете сигурни дека ќе го изберете вистинскиот објектив за тоа што сакате да го снимите, треба да ги разгледате различните стилови на портрети што може да ги снимите.

Man Portrait Photography

Класични портрети

Класичен портрет е композиција од глава и рамења, но може да се однесува на повеќе различни ситуации, почнувајќи од професионални снимки од глави па сè до доловување на карактерот на вашиот субјект. Меѓутоа, класичните портрети вообичаено се снимаат на одредено растојание од субјектот за да не се чувствува непријатно. Идеален објектив за ваков вид на фотографирање би требало да има приближна фокусна должина од 85 mm со широка решетка (f/l.2 до f/2.8). Објективите со таква фокусна должина ви овозможуваат да работите на доволна оддалеченост и создаваат прекрасна перспектива за вашиот субјект. Широката решетка ви овозможува да работите и во услови со слаба осветленост, така што ќе можете да го одделите субјектот од заднината користејќи мала длабочина на полето. Ова може да се постигне и со стандардни објективи за зумирање со широка решетка.

Man Portrait Photography

Спонтани моменти

Ако сакате да снимате моменти во кои луѓето се однесуваат природно, тогаш ви треба објектив што ќе ви овозможи да снимате слики одблиску од поголема оддалеченост. Идеален објектив за тоа би бил објектив за зумирање со опсег од 70-200 mm (фотографирање со телефото), бидејќи тој може да ве доближи поблиску и да ви овозможи да го снимите субјектот во неговото природно опкружување без да дознае за тоа.

Natural Moment Capture

Мода

Модното фотографирање е исполнето со разновидни прилики, па затоа е важно да знаете што сакате да фотографирате. Ако сакате да ја доловите целата облека на вашиот модел, а притоа да имате на располагање опција за снимање портрети, тогаш идеалниот избор за вас е објектив за зумирање со фокусен опсег од 24-70 mm. Овој вид на објектив има доволно голем фокусен опсег за портрети, како и доволно широк агол за да го долови субјектот во неговото опкружување. Објективите со поголеми фокусни должини, на пр., 70-200 mm, се одличен избор за снимки од модната писта, а макро објективите може да се користат за доловување ситни детали од накитот или облеката.

Fashion Woman Photography

Групи

Групните снимки можат да опфатат од три до триста луѓе во различни средини. Бројот на луѓето што се обидувате да ги опфатите во кадарот ќе го одреди објективот што ви е потребен. Колку е поголема групата на луѓе, толку поширок објектив ќе ви биде потребен. Широкоаголен објектив со опсег од 16-35 mm (целосна слика) ќе ви помогне лесно да ги опфатите сите во кадарот, а за многу помали групи може да користите стандарден објектив за портрети со фиксна фокусна должина и опсег на фокусирање од 30 mm-85 mm.

Girls Group Photography

Портрети во различни опкружувања

Кога сакате да доловите повеќе детали од приказната на вашиот субјект додека го фотографирате во неговото опкружување, тогаш треба да користите широкоаголен објектив за да го зголемите видното поле и да опфатите поголем дел од опкружувањето на вашиот субјект во кадарот. Меѓутоа, широкоаголните објективи можат да ги изобличат физичките врски помеѓу предметите, но сè додека сте свесни за тоа и за начинот на кој тие влијаат врз вашата снимка, може да ги користите за создавање стилистички слики што не може да се добијат на ниту еден друг начин.

Environmental Portrait Photography

Како вашиот фотоапарат може да влијае врз вашиот избор на објективи

Објективите EF-S од Canon се специјално дизајнирани за фотоапаратите со APS-C сензор како што е EOS 760D и не се компатибилни со моделите за целосна слика како што се фотоапаратите од серијата EOS 5D.


EF објективите може да се користат со сите EOS фотоапарати, но ако користите EF објектив со EOS фотоапарат од тип APS-C, тогаш ќе добиете агол на видливост кој е еднаков како и кај објективите со 1,6x поголема фокусна должина кај фотоапаратите за целосна слика. На пример, кога објективот EF 50mm f/1.8 STM се користи со EOS 760D тој создава агол на видливост кој е еднаков како и кај објективите од 80 mm кај фотоапаратите за целосни слики.

Shot On A Full Frame Sensor

Снимено на растојание од 100 mm со сензор за целосна слика

Shot On An Aps-C Sensor

Снимено на растојание од 100 mm со APS-C сензор

Важната улога на фокусната должина

Неверојатни портрети може да снимате или со објектив за зумирање или со примарен објектив доколку користите телефото опсег. Фотографирањето со поголема фокусна должина ќе ви овозможи да создадете поголема работна оддалеченост помеѓу вас и вашиот субјект, а воедно да го исполните и кадарот.


EF објективите може да се користат со сите EOS фотоапарати, но ако користите EF објектив со EOS фотоапарат од тип APS-C, тогаш ќе добиете агол на видливост кој е еднаков како и кај објективите со 1,6x поголема фокусна должина кај фотоапаратите за целосна слика. На пример, кога објективот EF 50mm f/1.8 STM се користи со EOS 760D тој создава агол на видливост кој е еднаков како и кај објективите од 80 mm кај фотоапаратите за целосни слики.

Focal Length Photography

24mm

Focal Length Photography

85 mm

Важната улога на решетката

Портретите изгледаат најдобро кога имаат мала длабочина на поле, бидејќи тоа помага во одделувањето на субјектот од заднината. Ако користите објектив со широка решетка (помал број за чекорот f) тогаш ќе добиете помала длабочина на полето, а заднината ќе изгледа позаматена.


Погледнете подолу како заднината на левата слика е многу помека, поради што уште повеќе се нагласуваат карактеристиките на девојката. Особено во споредба со десната слика.

F/1.8 Aperture F/2.8 Aperture F/5.6 Aperture

Снимањето портрети во услови со слаба осветленост внесува стилистички елемент во вашата слика и може да го нагласи карактерот на вашиот субјект. Без разлика дали користите примарен објектив или објектив за зумирање, треба да го изберете објективот со најширока можна решетка за да извлечете максимум од достапната светлина и да добиете најдобри резултати. Колку помалку светлина имате на располагање, толку поширока решетка ќе ви биде потребна. Со избирање f/1.8 за објективот, доколку е можно, ќе добиете приближно 4 пати повеќе светлина од f/3.5, што претставува огромна разлика.

Избирање на вистинскиот објектив

Откако ќе ги земете предвид овие информации, треба да размислите што ви е најважно да снимите.


  • Дали ви треба флексибилност за брзо менување на композицијата на вашата снимка? Во тој случај би ви препорачале објектив за зумирање.
  • Дали фотографирате во услови со слаба осветленост? Тогаш ви треба најшироката можна решетка за да можете максимално да ја искористите достапната светлина. Најшироките решетки најчесто се достапни кај примарните објективи, но објективите за зумирање со фиксна решетка како што е EF 24-70mm f/2.8L II USM можат да понудат одличен еквивалент во форма на објектив за зумирање со уште поголема флексибилност.
  • Дали сакате да добиете заматена заднина со мека текстура? Тогаш ви треба објектив со поширока решетка за да создадете мала длабочина на полето, со што дополнително ќе ја заматите заднината.

Уметноста на доловување неверојатни портрети

Најдобрите портрети нудат чувство на опуштеност и удобност, независно од нивната намена. Меѓутоа, за снимањето не се потребни само фотогеничен модел или одлична локација. Ако ја земете предвид следната комбинација на фактори, тогаш може да бидете сигурни дека секогаш ќе добивате одлични резултати.

Осветлување

Без разлика дали сте во студио или на друга локација, користете различни стилови на осветлување за да го разубавите вашиот модел. Тука спаѓа фотографирање во различни периоди во денот, па сè до користење на рефлектор за истакнување на карактеристиките на субјектот.

Lighting Photography

Обликување на кадарот

Треба да испланирате како ќе го исполните кадарот со субјектот. Тоа не ве ограничува да користите само една третина од кадарот, особено при снимање слики одблиску. Експериментирајте за да дознаете како може да го исполнувате кадарот на интересни начини.

Composition Photography

Заднина

При планирањето на портретот треба да ја земете предвид заднината на секоја сцена. Најдобро е да користите заднини со структури и бои што ќе го надополнат вашиот субјект, но кои нема да го одвлечат вниманието од него.

Background Portrait
Girl Making Bubbles

Професионален избор за снимање портрети

EF 85mm f/1.2L Il USM

Овој објектив од серијата L, како избор на професионалците за снимање портрети, нуди исклучителни перформанси особено при слаба осветленост, благодарение на неговата решетка од f/ 1.2. Овој специјален објектив за портрети има асферичен елемент со голема прецизност и отвор на блендата со 8 сечила и создава неверојатно остри слики со прекрасно заматени заднини и екстремно мала длабочина на полето - идеално за креативни портрети.

Погледнете ги деталите

Ef 85Mm F/1.2L Ii Usm

Може да ви се допадне и следното…