Кај макро фотографирањето не е важно колку блиску се наоѓате до субјектот, туку важни се нивоата на зголемување. „Ако сакате да фотографирате одблиску, но немате буџет за макро објектив, можете да го искористите ова зумирање и да снимите навистина интересни фотографии“, вели Pierre. Снимено со EOS 90D и објектив EF-S 18-55mm f/4-5.6 IS STM со избрани 55 mm 1/3200 сек., f/5,6 и ISO640. © Pierre Anquet
„Пред да започнам со макро фотографирањето не бев голем љубител на инсекти“, вели францускиот фотограф Pierre Anquet. „Но, сега мислам дека се многу убави ако одвоите време да погледнете одблиску“.
„На почетокот фотографирав пејзажи и портрети, но видов видеоснимка од американскиот макро фотограф Thomas Shahan и тоа беше тоа: се заљубив во макро фотографирањето“, вели тој.
Неверојатните слики одблиску може да изгледаат како област на искусните фотографи со најскапа опрема, но тие всушност може да се постигнат со различни буџети. Можете да експериментирате со фокусирањето одблиску користејќи го објективот што се испорачува со фотоапаратот пред да го надградите со наменски макро објектив.