АПЛИКАЦИЈА

Content Transfer Mobile од Canon

Апликација за iOS што го поврзува вашиот iPhone со XF605 за непречено префрлање видеоматеријали од камерата на FTP-сервер.

Ќе ви бидат пресметани трошоци за претплата

Побрзи и поедноставни работни процеси за вести

Content Transfer Mobile (CTM) е апликација за iOS што ви овозможува да преземате видеоматеријали од вести на вашиот iPhone и да ги префрлате директно на FTP-серверот на станицата за емитување преку 4G/5G или Wi-Fi. Исто така ви овозможува напредно управување со метаподатоци.

XF605

Преземајте содржини од камерата во телефонот

Користете ја апликацијата CTM за да го поврзете XF605 со iPhone преку Wi-Fi или компатибилен USB-C-кабел и преземајте MP4-датотеки, XML-датотеки, датотеки со метаподатоци и прокси аудиодатотеки на вашиот iPhone.

Префрлајте содржини од телефонот на FTP-сервер

Освен управување со тоа кои локално складирани датотеки се префрлаат на FTP-серверот, CTM ви овозможува и да преземете содржини од камерата и веднаш да ги префрлите на серверот со една операција за поефикасен работен процес.

XF605
XF605

Уредување метаподатоци на вести

Значајна предност на CTM е тоа што овозможува уредување и увезување метаподатоци пред и по снимањето на видеозаписот. Оваа апликација го поддржува стандардот NewsML-G2, овозможувајќи доследност и лесна интеграција во работниот процес на емитување, како и управување со датотеки. XML-датотеките може да се уредуваат во CTM и да се запишуваат на камерата или, пак, метаподатоците што се снимени на камерата може да се изменат во CTM, овозможувајќи им на корисниците да ги ажурираат информациите за содржината пред да ги префрлат на серверот.

Слични производи

  • Професионални видео камери

    XF605

    Повеќенаменска 4K-видеокамера со квалитет за емитување што нуди напреден AF, опции за поврзување и проследување за големи продукции.
  1. Поддржани јазици

    Достапно на англиски, француски, италијански, германски, шпански, руски, турски, португалски.

    Компатибилност - XF605* од Canon

    *Надворешниот изглед на XF605 од Canon што е прикажан на овие фотографии и видеосодржината може да се разликува од комерцијалниот производ.