Осаменоста и потребата за припадност се емоции што повеќето луѓе ги искусуваат во текот на нивните животи, а справувањето со нив може да биде тешко. Во денешно време, застапеноста и видливоста се поважни од кога било досега, а притоа, да се видите во туѓо дело може да ве усреќи и да ви донесе чувство на олеснување бидејќи сте препознаени како личноста што навистина сте.
Фотографирањето може да игра значителна улога во истакнувањето на разновидноста, а небинарниот, квир и аутистичен фотограф Louis Painter, што ги користи заменките тие/нив, доловува портрети што имаат чувство на човечност и ранливост, а притоа задржуваат филмски квалитет. Во еден кадар, сликите спојуваат впечатлив идентитет и длабоки емоции.
„Постои одреден вид осаменост што ја искусуваат квир луѓето“, објаснува Louis, што живее во Бирмингем, ОК. „Квир фотографирањето ми е сѐ. Бидејќи и јас сум квир, сакам тоа да се прикаже низ моите дела. Во овој проект станува збор за тоа како јас се чувствувам повеќе како јас околу луѓе што се декларираат како квир и моите пријатели - нешто со кое и други квир луѓе може да се поистоветуваат“.
Што е мотивацијата на Louis и колку далеку дотуркале за време на својата авантура во квир фотографирањето?