ДИВИ ЖИВОТНИ

Најдобри совети и најдобрата опрема: започнување со фотографирање птици

Птиците се прекрасни суштества кои може да бидат тешки за фотографирање. Видете ја нашата препорачана опрема за доловување прекрасни снимки и научете од фотографот на диви животни Aaron Sterling.
Птица со светло портокалово перје е фотографирана на гранка, заднината е дефокусирана во слика снимена со Canon EOS R6 од фотографот на диви животни Aaron Sterling.

Фотографирањето на животните и птиците во природно живеалиште може да ве предизвика и исполни. Птиците се особено непредвидливи и можат да избегаат кога ќе почувствуваат и најмало движење, но тие се фантастични субјекти за фотографирање.

Како успешно да фотографирате птици? Трпението, упорноста и основното разбирање на однесувањето на птиците се многу важни, а исто така, важна е и соодветната опрема за снимање на овие релативно мали суштества што се движат брзо.

Фотографот на диви животни Aaron Sterling отсекогаш набљудувал и фотографирал птици. Овде, тој споделува совети за фотографирање птици без да ги вознемирите, како и кои функции да ги барате кога избирате фотоапарати и објективи за да го започнете вашето патување кон фотографирањето птици.

Знајте каде да одите и што да барате

Двајца фотографи седат заедно во куќичка за птици.

Aaron вели дека можете да изберете еден од два пристапи кон фотографирањето птици. „Можете да чекате дивите животни да ви пријдат, што ви дава поголема можност да забележите нешто ретко. Или, можете да се движите, со што ќе видите многу повеќе, но ризикувате да ги исплашите птиците додека се движите“. Скривалиште за фотографи е идеална опција ако сакате да останете на едно место.

Снимен одозгора, фотоапарат Canon PowerShot SX740 HS поставен врз син ранец покрај пешачки столпчиња.

Важно е да сте добро подготвени кога тргнувате да фотографирате птици. Носете удобни чевли, носете чадор и спакувајте ужинки во ранецот за да си ја одржите енергијата.

Стигнување рано до избраната локација е клучно, вели Aaron. „Пронајдете место каде што животните се навикнати на луѓе, за да не се плашат повеќе од вообичаено“, предлага тој. „Ако започнувате, одете во природен резерват и навикнете се на тоа опкружување“.

Снимање од скривалиште е идеално за да не ги исплашите субјектите. „Користам мал шатор со дезен на камуфлажа во кој има дупки“, продолжува тој. „Седам трпеливо. Колку повеќе време сте надвор, толку подобро сфаќате каде се добрите места“.

Ако немате пристап до природен резерват, можете да фотографирате птици во локалниот парк или во сопствената градина. „Монтирајте хранилка за птици“, советува Aaron. „Совршени се бидејќи привлекуваат различни птици. Ставете стапче до хранилката за да изгледа природно, а птиците ќе слетаат на него, што ќе изгледа како да сте биле во движење“. Играјте си со кадарот за хранилката да не се гледа во крајниот резултат.

Морате да се приспособите на променливи временски услови, а исто така, треба да се запознаете со основните принципи на фотографирањето. „Научете сѐ што можете за брзина на бленда, решетка, ISO и што е најдобро за снимката којашто ја барате“, вели Aaron.

Потребно е и да го запознаете вашиот субјект, но ова не мора да биде застрашувачко. „Колку повеќе набљудувате птици, толку повеќе ќе бидете заинтересирани да дознаете повеќе“, вели Aaron. „Почнувате да препознавате различни повици на птици и дознавате дека помалите птици најчесто се наоѓаат во грмушки, а птиците грабливки претпочитаат да стојат на високи дрвја“.

Функции на фотоапарат кои ви се потребни при фотографирање птици

Тежина и преносливост

Фотоапарат Canon PowerShot ZOOM стои врз стебло на паднато дрво, а во заднината има дефокусиран пејзаж со дрвја.

Canon PowerShot ZOOM е помал од мојот телефон, го собира во мојот џеб и ја врши работата на вистински фотоапарат, што ми овозможува да уживам без напор“, вели Aaron.

Рака ја користи апликацијата Canon Camera Connect на паметен телефон за прегледување и споделување на сликите од дивите животни снимени со фотоапарат од Canon.

Aaron ужива во споделувањето на неговите фотографии на социјалните медиуми, а апликацијата Canon Camera Connect го олеснува процесот. Со неа, можете да префрлите слики меѓу вашиот фотоапарат од Canon и паметен телефон. Можете да додадете географски ознаки на вашите слики, така што никогаш нема да заборавите каде сте ја виделе црвеногушката или трскарот.

Ако планирате да сте во движење цел ден, потребна ви е опрема што е практична за носење. Canon PowerShot ZOOM е монокуларен фотоапарат со џебна големина и неверојатен зум што е идеален за фотографирање птици ви овозможува да снимате фотографии при 12,1 MP и Full HD-видеозаписи. Компактното куќиште го намалува ризикот од тоа птица да се исплаши и се одликува со зум со 3 чекори, со фокусни должини од 100 mm, 400 mm и 800 mm, така што можете да исполните поголем дел од кадарот со вашиот субјект. PowerShot ZOOM е целосно автоматски, поради што не мора да трошите време на менување на поставките.

Aaron го проба Canon PowerShot ZOOM во мочуришниот резерват Christopher Cadbury на периферијата на Бирмингем, Обединето Кралство, каде што му се допадна леснината со која може да го стави фотоапаратот во џеб и да го извади штом ќе види птица. „Ми се допаѓа ременот бидејќи го олеснува носењето“, вели тој. „Не мора да се грижите дали ќе ви падне, особено кога се брзате“.

Алтернативна опција за фотоапарат со компактна големина е Canon PowerShot SX740 HS, којшто се одликува со вграден оптички зум до 40x и CMOS-сензор од 20,3 MP, така што можете лесно да снимате фотографии со висока резолуција.

Ако барате фотоапарат со променливи објективи, Canon EOS R50 со 24,2 MP е мал и дискретен - со тежина од само 375 g.


Голема брзина, бесшумно фотографирање

Две мали птици на гранка, една става храна во устата на другата во фотографија снимена од Aaron Sterling.

Aaron знае дека тој момент што се истакнува мора да се долови за милисекунда. Кога се појавува птица, најдобро е да снимите серија фотографии за да си ги подобрите шансите за добивање совршена слика, поради што можете да го пробате секвенцијалниот режим за RAW-формати на вашиот фотоапарат од Canon. Фотографирано со Canon EOS R6 и објектив Canon RF 600mm F11 IS STM, со избрани 1/320 сек., f/11 и ISO 2500. © Aaron Sterling Photography

Секвенцијалниот режим е најдобриот пристап за фотографирање субјекти што се движат брзо, како што се птиците. Canon EOS R50 доловува моменти при 12 fps (15 fps со електронска бленда), а EOS R10 може континуирано да фотографира до 15 fps (23 fps со електронска бленда).

За да не го вознемирите субјектот, бидете многу тивки кога работите одблиску, а фотоапаратите со режим на бесшумна електронска бленда ви овозможуваат да снимате без звук.

Секвенцијалниот режим за RAW-формати со пред-фотографирање, што се наоѓа во фотоапарати како што е Canon EOS R7, е уште една корисна функција при фотографирање непредвидливи субјекти. Фотоапаратот започнува да снима RAW-датотеки при половично притиснување на копчето за блендата, а потоа ги зачувува сликите што биле снимени половина секунда пред целосното притиснување на копчето во меѓумеморијата. „Тоа е многу важно при фотографирањето птици бидејќи не знаете кога ќе одлетаат“, вели Aaron.

Одличен начин за фотографирање птици во домашни услови е да поставите фотоапарат на статив покрај хранилка за птица, да излезете надвор од видното поле и да фотографирате далечински. Голем број фотоапарати од Canon имаат опција за поврзување со Wi-Fi, а сите фотоапарати од палетата EOS R исто така се одликуваат и со Bluetooth. Со апликацијата Canon Camera Connect можете да контролирате широка палета на поставки и да ја активирате блендата од вашиот паметен телефон или таблет-уред. EOS Utility од Canon, што е вклучен во првичното поставување на софтвер со сите EOS-фотоапарати, ви овозможува да ракувате со фотоапаратот од вашиот компјутер и да ги прегледате сликите на поголем екран.


AF со следење за субјекти во движење и AF со откривање на око на животно

Мало славејче стои на гранка од дрво, опколено со тенки гранчиња, наспроти светло сино небо. Фотографирано со Canon EOS R10.

AF со следење на субјектот ви овозможува да се фокусирате на птица, дури и низ лисја. Фотографирано со Canon EOS R10 и објектив Canon RF 100-500mm F4.5-7.1L IS USM со избрани 500 mm, 1/1000 сек., f/8 и ISO 400.

Мала птица стои на гранка наспроти темна и заматена заднина во фотографија снимена од Aaron Sterling.

Фотографирањето птици е одличен начин за подигање на свеста за нашето влијание врз животната средина“, вели Aaron. „Тоа е само една причина зошто го правам ова - обожавам птици и сакам да ја споделам нивната убавина со сите“. Фотографирано со Canon EOS R6 и објектив Canon RF 100-400mm F5.6-8 IS USM со избрани 400 mm, 1/250 сек., f/8 и ISO 1600. © Aaron Sterling Photography

Технологијата за автоматски фокус Dual Pixel CMOS AF II во палетата на фотоапарати EOS R како што се EOS R50 и EOS R10 функционира во комбинација со процесор DIGIC X за обезбедување брзо следење на субјекти, што ви овозможува веднаш да се фокусирате на птица во движење. AF со откривање на око на животно е една од многубројните напредни функции за автоматски фокус што се наменети да ви помогнат да снимите остри снимки од птици во лет. AF ќе бара птици во кадарот и ќе ги приоретизира како главните субјекти што треба да се следат и ќе се заклучи на нивните очи ако може да ги открие. Ова значи дека не мора да ја жртвувате острината на фокусот кога снимате птица во движење.


Можности при слабо осветлување

Сива чапја стои на делумно потопена гранка на работ на слабо осветлена река, фотографирана со Canon EOS R10.

Aaron претпочита снимање во текот на денот, кога светлината е поповолна, но фотоапарат како што е Canon EOS R10 може да ви помогне да доловите неверојатни слики од птици при слабо осветлување. Фотографирано со Canon EOS R10 и објектив Canon RF 100-500mm F4.5-7.1L IS USM со избрани 343 mm, 1/800 сек., f/5,6 и ISO 100.

Многу птици - како бувови - се движат само навечер или рано наутро кога условите за осветлување не се идеални за фотографирање. Canon EOS R10 со 24,2 MP е опремен со фокусирање при слаба осветленост од -4 EV, а максималната чувствителност на ISO 32.000 што се проширува до ISO 51.200 ви овозможува да фотографирате дури и при месечева светлина.

Што ви е потребно во објектив за фотографирање птици

Свиларка на гранка меѓу заматени ливчиња трева, фотографирана со објектив Canon RF 800mm F11 STM.

Фотографирањето од куќичка за птици ви обезбедува безбедно растојание од вашите субјекти, поради што е корисно да се има поголем објектив. Canon RF 800mm F11 IS STM може да се продолжи до 1600 mm со додаток за продолжување RF 2x од Canon. Фотографирано со Canon EOS R и објектив Canon RF 800mm F11 IS STM, со избрани 1/40 сек., f/11 и ISO 1600.

Мала птица на гранка со дефокусирана заднина, фотографирана со објектив Canon RF 100-400mm F5.6-8 IS USM од Aaron Sterling.

Тесниот агол на гледање што го обезбедува телефото објектив како што е Canon RF 100-400mm F5.6-8 IS USM го олеснува избирањето на совршената мека заднина за врамување на птица. Фотографирано со Canon EOS R6 и објектив Canon RF 100-400mm F.5.6-8 IS USM со избрани 400 mm, 1/250 сек., f/8 и ISO 1600. © Aaron Sterling Photography

Птиците се помали и потешко може да се доближите до нив отколку до другите диви животни, па затоа ќе ви треба поголема фокусна должина за да ги фотографирате. Canon RF 600mm F11 IS STM – претпочитаната фокусна должина на Aaron за фотографирање птици - е супер телефото објектив со мала тежина што ќе ви овозможи да го исполните кадарот со слики со прекрасни детали. Исто така, се одликува со оптичка стабилизација на слика (IS) со 5 чекори за да го спречи заматувањето предизвикано од тресењето на фотоапаратот.

Објективите со зум ви нудат повеќе опции за обликување на кадарот, овозможувајќи ви да преминете од широки слики за снимање на птиците во нивните природни живеалишта, до потесни портрети што истакнуваат специфични карактеристики. Со моќен опсег на зумирање (еквивалентен на 29-240 mm на фотоапарат за целосна слика), Canon RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM е компактен, лесен и тивок, со оптичка стабилизација на слика со 4,5 чекори. Уште еден компактен зум со опсег на фокусна должина поради кој е соодветен за фотографирање птици е Canon RF-S 55-210mm F5-7.1 IS STM. Неговата речиси кружна решетка со 7 сечила обезбедува пријатен изглед на дефокусираните области, изолирајќи го субјектот на повпечатлив начин. Дознајте повеќе во нашиот водич за најдобрите објективи од основна класа за фотографирање диви животни.

Не морате да бидете експерт за фотографирање птици за да уживате во тоа, а нема лоши страни. „Можете да станете зависни од набљудувањето птици“, вели Aaron. „Слично е на видеоигра, каде што завршувате едно ниво и веднаш сакате да го совладате следното. Гледате една птица, па сакате уште една, па уште една. Зграпчете ја приликата да се поврзете со природата и повеќе ќе ја цените нашата прекрасна планета. Запомнете, привилегија е да се гледаат птици“.


Напишано од Nikita Achanta

Слични производи

  • Компактни дигитални

    PowerShot ZOOM

    PowerShot што може да го држите во една рака и да снимате волшебни семејни моменти или диви животни со зум од 100 mm, 400 mm2 или со дигитален продолжен зум од 800 mm.
  • Компактни дигитални

    PowerShot SX740 HS

    Доловете ги сите детали со оптички зум до 40x и 4K Ultra High Definition со помош на овој компактен фотоапарат со џебна големина.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R50

    Снимете ги вашите најдобри содржини со овој фотоапарат без огледало EOS R, од остри фотографии до 4K-видеоснимки и проследување во живо. Сè во еден наменски уред.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R10

    Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R7

    Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината.
  • Објективи RF-S

    RF-S 55-210mm F5-7.1 IS STM

    Зумирајте со овој лесен објектив со повеќенаменски телефото зум и APS-C-сензор и откријте нова димензија за фотографирање патувања, спорт, семејства и домашни миленичиња.
  • Објектив со телефото зум

    RF 100-400mm F5.6-8 IS USM

    Повеќенаменски, компактен и лесен RF-објектив со зум од 100-400 mm и стабилизација на слика со 5,5 чекори за фотографирање диви животни и движења.
  • Објективи RF

    RF 600mm F11 IS STM

    Револуционерен објектив со извонреден телефото опсег што е компактен, лесен и идеален за фотографирање диви животни, патувања и сафари или фотографирање возови.
  • Објективи RF

    RF 800mm F11 IS STM

    Компактен, лесен и моќен објектив со извонреден телефото опсег што првично е наменет за ентузијастите кои фотографираат диви животни и на кои им треба огромен дострел.

Слични статии

  • ДИВИ ЖИВОТНИ

    Споредба меѓу монокулар и двоглед– што е најдобриот избор за набљудување птици?

    PowerShot ZOOM од Canon е монокуларен фотоапарат со џебна големина што е идеален за набљудување птици – но, како се споредува со двогледите од Canon?

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ

    Совети за фотографирање диви животни

    Професионалната фотографка Dani Connor споделува најголеми совети за успех во индустријата со млад и надежен фотограф на диви животни.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ

    Уживајте во природата

    Фотографот за диви животни Tolga Aktas говори како PowerShot ZOOM може да ви помогне да уживате во моментот.

  • ДИВИ ЖИВОТНИ

    Фотографирање птици со објективот RF 200-800mm F6.3-9 IS USM

    Професионален фотограф и ентузијаст се здружуваат за да го тестираат објективот RF 200-800mm F6.3-9 IS USM на терен.