ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРОИЗВОДИ

Основни совети за фотографирање производи за вашите мали компании

Дознајте како Sophie Sellu, наградена сопственичка на мала компанија и резбар, го искористи фотографирањето производи во нејзина корист.
Жена користи EOS 850D за да фотографира дрвена вазна на маса, осветлена со LED-светилка.

Никогаш досега не било толку лесно да започнете бизнис од дома. Развојот и сè поголемата популарност на купувањето од интернет значи дека може да допрете до потрошувачите без потреба од физичка продавница. И иако ова се многу добри вести за луѓето кои сакаат да го претворат своето хоби во кариера, станува сè потешко да бидат забележани.

Во преполниот пазар, вашите фотографии од производи мора да бидат уникатни. „Ова е еден од најважните фактори“ - вели Sophie Sellu, која рачно резба предмети од одржливо и преработено дрво за нејзината компанија Grain and Knot. „Instagram е еден од главните начини на кои ја рекламирам мојата работа и ако сликите не се добри, тие нема да им го привлечат вниманието на луѓето“.

Жена стои во нејзината работилница и држи дрвена вазна.

Sophie Sellu изработува производи рачно уште од 2014 година и се рекламира преку нејзиниот веб-сајт и профил на Instagram.

Откако ќе инвестирате време и труд за да создадете нешто специјално, ќе сакате правилно да ги фотографирате вашите производи.

Следете ги овие основни совети за фотографирање производи и откријте како да добиете најдобри можности за успешен развој на вашата компанија.

1. Користете статив за доследни слики

Жена позиционира рачно изработена вазна за да ја фотографира со нејзиниот EOS 850D поставен на статив.

Sophie користи статив со EOS 850D од Canon бидејќи ѝ овозможува да ја приспособи сцената по нејзина желба, а притоа да добива доследни кадри за сите слики што ги снима.

Жена го прилагодува својот EOS 850D поставен на статив.

Стативот е идеален за снимање одлични слики од вашите производи со доследен кадар, што создава професионален изглед на вашиот веб-сајт и социјални медиуми.

Користењето статив ќе ви помогне да добивате доследна заднина за вашите слики. „Кога фотографирам само еден производ, сè подготвувам однапред“ - вели Sophie. „Кога користам статив можам да снимам слики со ист кадар и со иста заднина“.

Тоа значи дека може да се фокусирате на позиционирањето на производот и прилагодувањето на светлината. Исто така, ви овозможува лесно прегледување на сликите преку LCD-екранот на фотоапаратот и прилагодување во зависност од потребите. Стативите помагаат во елиминирање на ризикот од тресење на фотоапаратот што може да ги уништи вашите слики - особено ако ја користите апликацијата Canon Camera Connect за далечинско активирање на блендата.

2. Размислете какви реквизити и заднини ќе користите

Две дрвени вазни наполнети со бели цвеќиња, со дрвени струготини покрај нив.

Ако фотографирате некој производ, внимавајте на реквизитите и заднината. Најважно е да ги усложнувате работите премногу. Снимено со EOS 850D од Canon и објектив EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS USM од Canon со избрани 29 mm, 1/125 сек., f/11 и ISO640.

Бел шатор ставен на маса, со LED-светилки на двете страни.

Фотографирањето производи во шатор за светлина ќе резултира со слики без сенки што ќе бидат совршени за рекламирање производи на вашиот веб-сајт.

Кога фотографирате производи за вашиот веб-сајт или социјални платформи, треба да размислите какви реквизити ќе користите.

„Сакам сè да изгледа едноставно. Постојано мислам на ризикот од пренатрупани сцени“ - вели Sophie. „Честопати започнувам со само еден предмет, а потоа одлучувам дали ќе додадам или одземам нешто, наместо да ставам сè одеднаш“. Едноставните сцени не го одвлекуваат вниманието од производот.

Ако сакате чиста заднина, тогаш земете предвид да купите шатор за осветлување или направете си сами од картон на кој ќе му направите дупки и што ќе го обложите со памучен материјал одвнатре. Штом набавите шатор, сè што треба да направите е да го ставите производот во шаторот, а белото платно/ткаенина што се протега околу кадарот ќе ви помогне да добиете фотографии без сенки. Започнете со бела заднина за да го истакнете вашиот производ, а потоа променете ја бојата на заднината со обична картичка во боја за да го разубавите вашиот дизајн.

3. Користете ја светлината за да ги разубавите вашите производи

Дрвена вазна полна со суви цвеќиња, наспроти бела заднина со природна светлина.

Не ви треба специјални светилки за фотографирање производи - природната светлина може да создаде прекрасни ефекти. „За да си го олеснам животот, сè ставам покрај прозорец“ - вели Sophie. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM со избрани 1/640 сек., f/2 и ISO100.

Резбана дрвена вазна со сува трева во неа, осветлена со сончева светлина што навлегува низ прозорец.

Во повеќето случаи, најдобро е да фотографирате кога е облачно за да добиете убави и меки сенки, но потрудете се да го искористите и сонцето во ваша полза. Светлината тука ги прикажува слоевите на текстура во производот. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM со избрани 1/800 сек., f/2 и ISO100.

За да ги истакнете деталите и квалитетот на вашите производи, неопходно ви е добро осветлување. Не треба да инвестирате во скапо осветлување - природната светлина од некој голем прозорец може да создаде прекрасни ефекти бидејќи воглавно е мека и дифузирана.

За да започнете, ставете го производот покрај прозорецот и поставете го кадарот. Ако некоја страна на производот е премногу темна, тогаш додадете рефлектор или големо парче картон во бела боја за да одбиете мал дел од светлината што навлегува низ прозорецот врз производот што го фотографирате.

EOS 850D од Canon ставен на маса, покрај дрвена вазна, со вертикална лента со LED-светилки ставена во заднина.

Ако не може да ја поставите сцената покрај голем прозорец или ако временските услови се лоши, тогаш е добро да имате компактна LED-светилка при рака.

Темна дрвена вазна врз дрвена маса, наполнета со три снопа сува трева.

Двете LED-светилки позиционирани од двете страни на дрвената вазна создадоа доволно светлина за нежно осветлување на нејзините рабови, што ја истакна од заднината. Снимено со EOS 850D од Canon и објектив EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS USM од Canon со избрани 35 mm, 1/200 сек., f/6,3 и ISO1250.

Во некои случаи може да ви треба и вештачко осветлување. Иако може да бидете во искушение да употребите столна ламба за да го осветлите вашиот производ, најдобро е да не го правите тоа. Тоа не се препорачува бидејќи температурата на боите на двата светлосни извори ќе биде различна - светлината од столната ламба ќе биде пожолта од природната светлина, поради што тешко ќе можете да го прилагодите балансот на белата боја во конечната слика.

Многу подобро е да користите блиц Speedlite, како Speedlite 430EX III-RT од Canon кој генерира светлина чија температура на бои е слична со дневната светлина и нема да влијае врз балансот на белата боја. Монтирањето голем придушен рефлектор на блиц Speedlite што е поставен подалеку може да ви помогне да добиете одлични резултати.

Ако немате доволно простор или сакате нешто поедноставно, LED-светилките за на работната маса се одлична алтернатива. Кога избирате LED-светилка, проверете дали може да ја поставите температурата на боите на приближно 5.600K (Kelvin), што значи дека топлината на светлината ќе одговара на природната дневна светлина. Исто така, треба да изберете LED-светилка со висока вредност на CRI (Colour Rendering Index) - 95 е најдобрата вредност, а сите помали вредности ќе влијаат негативно врз изгледот на боите во вашите слики.

4. Изолирајте го субјектот

Дрвена вазна полна со мали бели цвеќиња ставена на маса, покрај дрвено длето.

Фотографирањето со решетка f/8 ја направи заднината доминантна, а тоа го одвлекува вниманието од производот. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM со избрани 1/320 сек., f/8 и ISO5000.

Дрвена вазна полна со мали бели цвеќиња ставена на маса, наспроти заматена заднина.

Поставувањето на решетката на f/1,8 ја дефокусираше заднината и го истакна производот. Но, иако не е во фокус, сепак добиваме претстава какво е опкружувањето. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM со избрани 1/320 сек., f/1,8 и ISO250.

Не сакате заднината да изгледа подоминантна од субјектот, па затоа обидете се да користите брза решетка за да ја намалите длабочината на полето и да дефокусирате поголем дел од сцената.

Ова може да го постигнете со фотографирање во режимот за приоритет на решетката - изберете Av и користете ја најшироката достапна решетка. Ако користите објектив од 18-55 mm со EOS 850D, тогаш најверојатно ќе треба да изберете f/5,6 и 55 mm.

Фотографирањето со оваа решетка ќе ви овозможи да ја заматите заднината, но за навистина да ги истакнете вашите производи можеби ќе треба да користите „брз“ примарен објектив како што се EF 50mm f/1.8 STM или RF 50mm f/1.8 STM, доколку користите фотоапарат со системот EOS R. Иако мал дел од вашиот производ може да не биде во фокус кога фотографирате со најширока решетка, можноста за фотографирање со вредност до f/1,8 значи дека може да добиете прекрасно дефокусирање на заднината и да го истакнете вашиот производ.

Жена рачно изработува дрвена вазна во нејзината работилница.

Не брзајте кога фотографирате производи. Забавувајте се и ќе успеете да добиете одлични слики од производите.

Кога станува збор за фотографирањето производи, не треба да заборавите дека не треба да брзате. На почетокот, Sophie изјави дека тоа е тешка задача бидејќи има огромно значење. „Но, потоа сфатив дека треба да им покажам на луѓето што работам и заклучив дека времето поминато во фотографирање на производите е подеднакво важно како и времето поминато во нивната изработка“.

Следете ја авантурата на Sophie на нејзиниот профил на Instagram @grainandknot.


Напишано од Phil Hall

Слични производи

  • DSLR-фотоапарати

    EOS 850D

    Преземете го следниот чекор во креативната контрола за да снимате фотографии со прекрасни детали и неверојатни 4K-видеоснимки со помош на лесен DSLR-фотоапарат со различни опции за поврзување што ќе ве инспирира и ќе го награди вашиот труд.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R6

    Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат.
  • Стандарден објектив

    RF 50mm F1.8 STM

    Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла.
  • Објективи за DSLR

    EF 50mm f/1.8 STM

    STM објектив со достапна цена, брза решетка од f/1.8 за општо фотографирање, фотографирање при слаба осветленост и портрети.
  • Објективи за DSLR

    EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS STM

    Објектив за зумирање од 18-135mm за секаква намена со STM технологија. STM нуди рамномерно и тивко автоматско фокусирање при снимање видео, а динамичката стабилизација на слика ги намалува вибрациите во видеозаписите.

Слични статии

  • ДОМАШНИ ПРОЕКТИ

    3 додатоци за фотографирање што можете сами да ги направите

    Направете сопствен придушен рефлектор, долгнавест рефлектор за фокусирана светлина и мека подлога за да го стабилизирате вашиот фотоапарат.

  • ДОМАШНИ ПРОЕКТИ

    Направете сопствено студио во домот

    Дознајте како да бидете креативни со блицот и да фотографирате извонредни портрети со мал буџет.

  • КРЕАТИВНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Снимање слики одозгора за социјалните медиуми

    Шест професионални совети за снимање прекрасни слики одгоре од фотографот на производи и животен стил, Chris Priestley.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ХРАНА

    Како да станете инфлуенсер за храна

    Совети за фотографирање храна од Yasmin AlBatoul, инфлуенсерка на Instagram и амбасадорка на Canon.