УЛИЧНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

Предизвик за објектив за улично фотографирање

Откријте како фотографот од Глазгов, Andres McNeill, се снајде низ градот со само еден фотоапарат, Canon EOS R8 и еден објектив, Canon RF 28mm F2.8 STM.
Траги од автомобилски светла при рана вечерна светлина на градска улица со високи згради, снимени од Andres McNeill со објективот Canon RF 28mm F2.8 STM.

Сѐ е можно во уличното фотографирање. Неверојатни фотографски моменти може да се појават од никаде и да исчезнат за миг. За фотограф, тоа е врвниот предизвик. Треба да бидете подготвени за сѐ и да имате опрема што постигнува резултати.

Andres McNeill од Глазгов, ОК, има импресивен број на следбеници на социјалните медиуми поради својот уникатен стил на улично фотографирање, во кој појдовната точка е раскошната и историска архитектура на неговиот град. „Отсекогаш сум уживал во набљудување луѓе“, вели тој, поради што е јасно зошто го привлекле улиците кога почнал сериозно да навлегува во фотографирањето во 2020 година.

Andres шета по тротоарот додека не пронајде одличен кадар, а потоа чека да се појави вистинската личност - конечен, но неопходен елемент што ја исполнува композицијата.

Како и многу други современи улични фотографи, Andres не е приврзан за класичната и фиксна фокусна должина од 35 mm што била претпочитана во зачетоците на жанрот, туку експериментира со работите што функционираат за темата. Вообичаено, тој тргнува со неговиот Canon EOS R5 или EOS R6, како и адаптер за монтирање објективи од Canon EF-EOS R за објективите EF.

За да види дали е можно да го копира својот уникатен стил со минимално поставување, тој го комбинираше фотоапаратот без огледало за целосна слика EOS R8 од Canon со само еден широкоаголен примарен објектив – извонредно компактниот Canon RF 28mm F2.8 STM. Овде, дознаваме дали комплетот го совлада предизвикот.

Вклопување во опкружувањето

Рака која држи објектив Canon RF 28mm F2.8 STM над торба со опрема за фотоапарат.

Лесниот примарен објектив Canon RF 28mm F2.8 STM има разновиден опсег на фокусни должини и брза максимална решетка, а Andres откри дека впарувањето на овој компактен објектив со EOS R8 му овозможува да биде покреативен.

Фотографот Andres McNeill клечи за да фотографира со објективот Canon RF 28mm F2.8 STM на калдрма прекриена со мов.

Andres успеал да сними слики кои инаку би ги пропуштил бидејќи неговите субјекти можеле да забележат што прави и би се однесувале поинаку.

Најдобрите објективи за улично фотографирање се тие што ви овозможуваат да бидете досетливи, за да можете брзо да се прилагодите и да следите брзи движења, а клучна карактеристика на Canon RF 28mm F2.8 STM е неговиот тенок дизајн во вид на „палачинка“.

Со тежина од само 120 g, RF 28mm F2.8 STM е лесен во споредба со објективите со зум или побрзите примарни објективи, што е идеално кога брзо пешачите низ град како што е Глазгов. „Неверојатно е мал“, вели Andres. „Во комбинација со Canon EOS R8, големината е едноставно неверојатна. Се чувствувам речиси невидлив“.

За Andres, кој е висок над 1,8 m, вклопувањето во опкружувањето е огромна предност. „Можете многу да се приближите до случувањата, а сепак да добиете искрени моменти - но, да се шетав со вообичаената опрема, ќе бев позабележлив“.

Поширока перспектива

Улица полна со канцелариски работници и туристи на сончев ден. Снимено од Andres McNeill со објектив Canon RF 28mm F2.8 STM.

Фотографирањето со Canon RF 28mm F2.8 STM му овозможува на Andres да се доближи до субјектите, но и да го прикаже поширокото опкружување. Фотографирано со Canon EOS R8 и објектив Canon RF 28mm F2.8 STM со избрани 1/1250 сек., f/2,8 и ISO 100. © Andres McNeill

Силуета доловена на сончева светлина помеѓу две високи згради фрла долга сенка на тротоарот. Снимено од Andres McNeill со објектив Canon RF 28mm F2.8 STM.

Излегувањето на улица со фотоапарат може да биде тешка задача, но со минимална опрема може полесно да се вклопите во опкружувањето. Фотографирано со Canon EOS R8 и објектив Canon RF 28mm F2.8 STM со избрани 1/800 сек., f/2,8 и ISO 100. © Andres McNeill

Andres остана во центарот на Глазгов за фотографирањето „бидејќи таму се случува сѐ“, вели тој. „Поради неверојатната разновидност на луѓето, тоа е најдобрата локација за фотографирање“.

Широкоаголната фокусна должина од 28 mm беше ново доживување за Andres, кој ја искористи можноста да внесе поголем дел од архитектурата во кадарот. „Многу се приближив до луѓето поради малите димензии на фотоапаратот и објективот, но, имав и можност да ја доловам ширината на зградите“, вели тој.

Andres сними различни слики, прикажувајќи луѓе што се движат низ архитектонските скапоцености, во внатрешноста на џебови од светлина, фрлајќи долги сенки. „Направив и подолги експозиции, со автомобили што поминуваа и создаваа траги“, вели тој.

Брза решетка за фотографирање при слаба осветленост

Човек кој пешачи пред театар навечер и е осветлен од светлата на зградата. Снимено од Andres McNeill со објектив Canon RF 28mm F2.8 STM.

Најдобриот совет што го добил Andres е да престане да бара фотографии и да започне да бара приказни. „Обликувајте го кадарот како да снимате филм“, предлага тој. Фотографирано со Canon EOS R8 и објектив Canon RF 28mm F2.8 STM со избрани 1/100 сек., f/2,8 и ISO 400. © Andres McNeill

Шкотска не е многу сончева земја, поради што објектив што може добро да совлада сиви и облачни временски услови е многу важен за Andres.

„Омилено време за фотографирање ми е „синиот час“, непосредно по зајдисонце, а сепак е доволно темно за да наликува на ноќ“, вели тој. „Решетката f/2,8 беше совршена за тие ситуации. Не морав премногу да ја зголемувам вредноста на ISO за да добијам фотографија со соодветна експозиција. Можете да се потпрете на малку помали брзини на бленда при f/2,8 за да добиете многу остра фотографија“.

Andres црпи инспирација од филмови за визуелниот изглед кон кој се стреми, што се однесува на впечатливите сино-виолетово-тиркизни тонови што се присутни во кинематографијата на филмот од 2016 година, „Moonlight“, како пример за тоа каква палета на бои сака во сопствените снимки.

Човек кој е осветлен од светлата на приземјето од катна гаража. На високите прозорци се гледаат скали што водат до врвот на зградата. Снимено од Andres McNeill со објектив Canon RF 28mm F2.8 STM.

Andres често фотографира ноќе и бара урбани сцени каде што може да ја искористи достапната светлина за интересни композиции. Фотографирано со Canon EOS R8 и објектив Canon RF 28mm F2.8 STM со избрани 1/100 сек., f/2,8 и ISO 800. © Andres McNeill

Силуета од човек на крајот од долг подвозник прекриен со графити. Снимено од Andres McNeill со објектив Canon RF 28mm F2.8 STM.

Според Andres, постојат два вида на улични фотографи - ловци и рибари. Andres спаѓа во вториот вид. „Чекам субјектите да се откријат самите“, вели тој. Фотографирано со Canon EOS R8 и објектив Canon RF 28mm F2.8 STM со избрани 1/160 сек., f/2,8 и ISO 100. © Andres McNeill

Кога фотографира навечер, Andres ја користи достапната светлина од канцелариски прозорци и знаци за брза храна за да ги подобри сликите. Навечер, тој е особено импресиониран од ефектот на дефокусирање што го произведе Canon RF 28mm F2.8 STM.

„Колку повеќе сечила на решетката, толку е порамномерен ефектот на дефокусирање и изгледа покружно и посовршено“, вели тој. „Тоа беше важно, бидејќи во заднина имаше улични светилки и фарови на автомобили. Ефектот на дефокусирање, што е пријатен за очите, навистина ги подобрува сликите“.

Andres е и видеограф, покрај тоа што снима фотографии. RF 28mm F2.8 STM е идеален објектив за креатори на содржини што работат со движење и за снимање видеоснимки, бидејќи неговата корекција на промените во фокусот испорачува доследно обликување на кадарот кога се префрлувате меѓу фокусни точки.

Совршена опција за улично фотографирање

Маж држи фотоапарат од Canon со примарен објектив од Canon до неговото око за да фотографира.

„Кога сте почетник си мислите, „Треба да ја променам брзината на блендата“, вели Andres. „Сега ми стана навика. Не мора ни да ги гледам вртливите копчиња на мојот фотоапарат“.

Помеѓу две високи згради на сончев ден, човек покриен од сенки седи на тротоарот и го користи својот телефон. Снимено од Andres McNeill со објектив Canon RF 28mm F2.8 STM.

Andres уживаше да експериментира со електронската бленда со брзина од 40 fps на Canon EOS R8, што му овозможуваше да има многубројни опции кога станува збор за уредувањето. „Не можев да поверувам колку слики можев да снимам“, нагласува тој. Снимено со Canon EOS R8 и објектив Canon RF 28mm F2.8 STM со избрани 1/400 сек., f/4 и ISO100. © Andres McNeill

Andres сега го употреби Canon EOS R8 за прв пат и смета дека е одличен фотоапарат за улично фотографирање. Особено му се допадна интелигентниот автоматски фокус, што му овозможи да ги одржи субјектите во остар фокус. „Понекогаш, малку се чувствувам дека мамам. Речиси е како само да му велам што да направи со мислите, што потоа веднаш се случува“.

Успешна улична фотографија раскажува приказна во еден кадар. Andres се сеќава на особено моќен пример за ова - човек што седи облиен во светлина и прави пауза (горе десно). Поради незабележливата опрема, Andres можеше да ја сними фотографијата и да не го вознемири човекот. Субјектот сигурно сметал дека тој ден е само уште еден обичен ден, но истиот стана магичен низ објективот на Andres.

„Имам еден совет за уличните фотографи, а тоа е да излезат и да прават повеќе“, вели Andres. „Би можел да ви набројам техники, но суштината лежи во тоа да го обучите окото да ги види моментите што ги барате. Токму тоа ќе ве направи подобар уличен фотограф“.

Rachel Segal Hamilton

Слични производи

Слични статии

  • Совети за улично фотографирање

    УЛИЧНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Совети за улично фотографирање

    Неопходни совети за снимање неверојатни улични слики со фокус на архитектура.

  • Маж седи на работ на голема платформа којашто се извива и е подигната неколку метри над земјата, а во заднината се гледа светло и сино небо.

    Архитектонска фотографија

    Совети за архитектонска фотографија

    Впуштете се во архитектонската фотографија со помош на техниките и советите од професионалец.

  • Насмеана цвеќарка во светло зелен фустан, опкружена со шарени цвеќиња.

    УЛИЧНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Совети за фотографирање улични портрети

    Најдобрите совети за снимање извонредни улични портрети од професионалниот фотограф Julian Love.

  • УЛИЧНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Откријте го апстрактното улично фотографирање

    Создавајте неверојатна уметност од секојдневното опкружување со овие едноставни техники за нереални урбани слики.