Временските услови имаат големо влијание врз квалитетот на природната светлина. На облачен ден, облаците ја дифузираат светлината и сенките се намалуваат. Маглата и дождот можат на сличен начин уште повеќе да ја омекнат и оладат светлината.
Годишното време исто така има удел. Зависи каде се наоѓате во светот, но, општо во зима, закосеноста на Земјата значи дека сонцето е подалеку, што го прави аголот на светлината поостар. Тоа значи дека, иако деновите се пократки, суштински имаме повеќе насочена светлина на располагање. Од друга страна, за време на летото, апогејот на сонцето е повисок на небото, што значи дека светлината повеќе доаѓа одозгора и е помалку соодветна за фотографирање околу пладневните часови.
„Вашиот избор на сцена може да е потежок за управување во зима, при фотографирање снег или облачни неба“ - вели амбасадорот на Canon Sebastien Devaud. „Подобро е малку да ја зголемите експозицијата во споредба со поставката за автоматска експозиција, за снегот или небото да изгледаат повеќе бели отколку сиви. Црно-бело фотографирање е добар начин за истакнување на драматичната страна на ова годишно време, додека маглата, ниските облаци или водата исто така им додаваат особен амбиент на зимските фотографии“.