УРБАНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

Совети за обликување на кадарот за фотографирање неверојатни градски сцени

Уникатни агли и нови перспективи – фотографката Paula Stopka ги споделува своите совети за снимање впечатливи фотографии од урбаниот пејзаж.
Панорама на Чикаго за време на златниот час, со вода пред зградите. Целата сцена е обоена со портокаловиот сјај на хоризонтот.

Од модерна урбана архитектура што блеска во градскиот пејзаж до историски структури од тули кои датираат со векови, градовите нудат свет на перспективи кои вреди да се доловат и кои се уникатни за секој фотограф.

Самоуката графичка дизајнерка и фотографка Paula Stopka од Лондон, потекнува од Краков во Полска и често може да ја видите како истражува градови ширум светот со фотоапарат во рака, од неодамна EOS R од Canon, барајќи нови перспективи и иновативни агли.

Во продолжение ги споделуваме нејзините инспиративни дела и нашите најдобри совети за снимање креативни фотографии од градски пејзажи и урбани сцени.

1. Истражете различни перспективи

Слика снимена нагоре низ шупливиот центар на висока, кружна структура. Редовите балкони формираат концентрични кругови до врвот на структурата, додека авион лета на отвореното небо.

Различните гледни точки можат да дадат сосема нова перспектива на градските згради. Не плашете се да се спуштите ниско и да фотографирате нагоре. Снимено со EOS 6D Mark II од Canon и објектив EF 16-35mm f/4L IS USM од Canon со избрани 16 mm, 1/160 сек., f/8 и ISO100. © Paula Stopka

Слика снимена нагоре од бетонски спирални скали кои формираат извиена форма слична на школка.

Скалите може да бидат одлични средини за да најдете текстура, линии што го насочуваат вниманието, кривини и други форми што го насочуваат погледот. Снимено со EOS R од Canon, објектив EF 16-35mm f/4L IS USM од Canon и адаптер за монтирање објективи EF-EOS R од Canon со избрани 16 mm, 1/50 сек., f/6,3 и ISO320. © Paula Stopka

Невообичаените гледни точки може да дадат нова перспектива на градските знаменитости кога истражувате со фотоапаратот. Фотографирањето нагоре низ впечатлива архитектура кон небото и воведувањето слоеви со различни катови од зграда може да внесат длабочина и да го насочат погледот. Или, пак, обидете се со погледи одозгора за прекрасна глетка од покриви и облакодери, погледи од видиковци или фотографирајте ги пејзажите преку вода од ниска гледна точка за сликарски рефлектирања. Екранот на допир со променлив агол на вашиот фотоапарат е идеален за такви услови, особено кога е комбиниран со статив, бидејќи ви овозможува да фотографирате од покреативни позиции.

Понекогаш може и одвнатре да се ужива во прекрасните згради и нивните уникатни структури. Качете се последниот кат и погледнете надолу или во далечината за да ги доловите дизајните на покривите користејќи светлина за драматичен ефект. Или, пак, ако имате омилена зграда во вашиот град, посетете ја во различни периоди од денот - златниот час веднаш пред зајдисонце може да ги разубави и преобрази сцените. Обидете се да ја фотографирате од различни места за да најдете уникатен поглед.

2. Создајте визуелни патеки на слика

Обичните градски сцени може да оживеат кога фотографот создава композиција со интересни визуелни патеки. Скалите со контрастни кривини и прави линии може да се претворат во прекрасни слики слични на школка кога се користи оваа техника, симулирајќи ја алатката за обликување на кадарот позната под името Golden Ratio, или Fibonacci Spiral, која фотографите може да ја користат за да го насочат гледачот низ фотографијата.

Архитектонскиот раскош не е секогаш потребен бидејќи можете да го користите овој ефект со осветлени ескалатори навечер за да создадете линии што го насочуваат вниманието, па дури и сенки на страничниот дел од зграда за да го насочите гледачот кон главната фокусна точка.

3. Оставете простор во горниот дел на сцената

Панорама на Њујорк со поглед преку водена површина, со редови мали столбови што се извишуваат од водата создавајќи перспективни линии кон центарот на сликата. На сликата има големо, ведро небо над зградите.

Просторот на врвот од сликата може да ги нагласи главните фокусни точки, како што е впечатливата аголна панорама. Снимено со EOS 6D Mark II од Canon и објектив EF 24-70mm f/2.8L II USM од Canon со избрани 24 mm, 72 сек., f/16 и ISO100. © Paula Stopka

Внатрешноста на голема, бела зграда, со поглед нагоре кон покривот и редовите потпори што го прицврстуваат.

Линеарната архитектура може да оживее на фотоапаратот кога ќе најдете уникатен агол. Снимено со EOS 500D од Canon (сега е заменет со новиот EOS 850D од Canon) и објектив EF-S 10-22mm f/3.5-4.5 USM од Canon со избрани 10 mm, 1/80 сек., f/7,1 и ISO100. © Paula Stopka

Отворениот простор во горниот дел на фотографијата, особено кога станува збор за прекрасно небо, може да ѝ даде друга димензија на сликата и да ги отстрани пречките што го одвлекуваат вниманието. Проширениот простор во горниот дел е корисен и ако сакате да фотографирате ноќно небо и да ги нагласите градските светла што трепкаат со помала брзина на блендата за потемно небо.

Кога фотографирате урбана панорама, негативниот простор над сцената внесува рамнотежа на сликата и спречува да изгледа пренатрупана со детали. Не заборавајте и на просторот под вашите градски пејзажи – рефлектирањата во водата може да бидат навистина креативен начин да внесете уште еден елемент на интрига кога барате нова перспектива на популарно место за фотографирање.

4. Користете широки агли

За пространите градски пејзажи е потребен широкоаголен објектив. Објективите RF од Canon нудат одличен квалитет на слика, подобрена стабилизација на слика и побрз мотор за автоматско фокусирање. Објективот RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM од Canon има широк опсег на зумирање со кратко фокусно растојание и моќна стабилизација на слика, поради што е идеален за фотографирање пејзажи и архитектура.

За прекрасни панорами, панорамскиот режим на EOS R7 од Canon и EOS R10 од Canon ќе комбинира слики кога го движите фотоапаратот во една насока, држејќи го притиснато копчето за блендата. Држете го фотоапаратот стабилно и рамно кога го користите овој режим.

Кога фотографирате пространи пејзажи, нивелирајте го хоризонтот со користење на автоматското нивелирање доколку е достапно на вашиот фотоапарат. Ви препорачуваме и да ја прикажете мрежата на визирот за да постигнете одлична рамнотежа на вашата композиција.

Широкоаголното фотографирање со фотоапарат со висока резолуција ви дава слобода да ја отсечете сликата за да ги отстраните рабовите, да го подобрите кадарот или дури и да нагласите дел од зградата за уникатни резултати.

5. Фотографирајте вертикално

Агол на зграда, со редови искривени плочи што стрчат од секој кат.

Правите линии со светлина и сенка во комбинација со едноставни рабови може да резултираат со впечатливи композиции. Снимено со EOS R од Canon и објектив EF 16-35mm f/4L IS USM од Canon со избрани 26 mm, 1/160 сек., f/7,1 и ISO100. © Paula Stopka

Редови на ескалатори, осветлени наспроти темното опкружување, се рефлектираат на таванот над нив.

Создавањето визуелни патеки на слика со урбани карактеристики, како што се ескалаторите, може да им даде на фотографиите естетика во стил на графички дизајн. Снимено со EOS 6D Mark II од Canon и објектив EF 16-35mm f/4L IS USM од Canon со избрани 16 mm, 1/50 сек., f/4 и ISO800. © Paula Stopka

Постојана тема во урбаните композиции на Paula е вертикалната положба. „Сметам дека снимањето вертикални фотографии е забавно и предизвикувачко. Кога ќе го свртам фотоапаратот вертикално ги гледам работите од поинаква перспектива. Тоа создава чувство на длабочина во сликите“, вели таа. „Симетријата ми е најважна и тоа е мојот главен фокус. Симетријата овозможува сè да изгледа пријатно, балансирано и попривлечно за окото на гледачот. Таа внесува и хармонија во сликата“.

Paula ги користи практичните функции на нејзиниот EOS R од Canon за нејзините вертикални слики. Таа објаснува: „Секогаш ја вклучувам мрежата со линии на мојот фотоапарат од Canon бидејќи ми овозможува подобро да го обликувам кадарот на сликите, а понекогаш ја користам и функцијата за електронска либела“.

Сите фотоапарати EOS R од Canon им овозможуваат на фотографите да изберат како да се прикажуваат информациите на визирот кога снимаат фотографии вертикално. Можете да префрлите на вертикален приказ за информациите автоматски да се ротираат и полесно да се читаат.

6. Користете ја светлината за да ја подобрите композицијата

Лондонска улица навечер, со црвена телефонска говорница во преден план и катедралата Свети Павле во заднина и долги светлосни траги од црвена, бела и жолта боја по должината на патот помеѓу нив.

Бидете креативни со трагите од светлина и долгата експозиција навечер за да добиете интересна верзија на знаменитостите и да создадете линии што го насочуваат вниманието. Снимено со EOS 500D од Canon и објектив EF-S 10-22mm f/3.5-4.5 USM од Canon со избрани 13 mm, 15 сек., f/14 и ISO100. © Paula Stopka

Ноќното фотографирање може да ги преобрази секојдневните сцени во извонредни разнобојни пејзажи. Во поглед на композицијата, кога работите во самрак или во темнина, можете да ја поставите сликата од знаменитоста со помош на екранот за прегледување во живо за да можете јасно да ја видите композицијата, менувајќи ја експозицијата со користење компензација на експозиција или целосен рачен (M) режим на екранот.

Користењето жичен уред за активирање ви овозможува да фотографирате далечински, што е корисно за невообичаени агли и долги експозиции. Апликацијата Canon Camera Connect ви овозможува да ги менувате поставките и експозициите на фотоапаратот преку вашиот телефон. Можете дури и да гледате слика во живо од фотоапаратот преку вашиот уред.

Долгите експозиции од неколку секунди се одлични за доловување на движењето на возилата покрај импресивна знаменитост, само почекајте проток на сообраќај пред да го притиснете копчето за блендата за да доловите креативни траги од светлина од предната и задната светлосна сигнализација на возилата. Експериментирањето со композицијата и аголот на фотографирање за да откриете каде ќе се наоѓаат трагите од светлина во однос на знаменитоста, како и со различните брзини на блендата, е исто така дел од забавата.

За повеќе совети, погледнете го нашето видео за фотографирање градски пејзажи додека сонцето заоѓа.

Завршна мисла: како да додадете GPS-информации во фотографиите

Знаењето каде точно се фотографирани вашите омилени градски знаменитости може да биде навистина корисно, особено ако сакате повторно да посетите одредена локација и одново да го доживеете патувањето. Некои фотоапарати од Canon имаат вграден GPS, така што податоците за локацијата ќе се зачуваат во датотеките со слики. Ако вашиот фотоапарат ја нема оваа функција, апликацијата Canon Camera Connect може да ги користи податоците за позиционирање на телефонот и да додава информации за локацијата во вашите слики.


Paula заклучува дека фотографирањето згради и градски пејзажи е одличен начин да се „развиете како фотограф“. Користете ги нашите совети за да создадете незаборавни урбани слики.


Напишано од Lorna Dockerill

Слични производи

Слични статии

  • Маж седи на работ на голема платформа којашто се извива и е подигната неколку метри над земјата, а во заднината се гледа светло и сино небо.

    Архитектонска фотографија

    Совети за архитектонска фотографија

    Впуштете се во архитектонската фотографија со помош на техниките и советите од професионалец.

  • УЛИЧНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Откријте го апстрактното улично фотографирање

    Создавајте неверојатна уметност од секојдневното опкружување со овие едноставни техники за нереални урбани слики.

  • Воздушен приказ на град навечер, многу згради се осветлени под темно синото небо, прошарано со розова боја.

    ФОТОГРАФИРАЊЕ ГРАДОВИ

    Максимално искористете ги можностите за урбано фотографирање со помош на нашите најдобри совети

    Снимајте неверојатни градски сцени и детални урбани пејзажи. Продолжете за да ги видите сите совети, техники и инспирација што ви се потребни.

  • Жена во летен фустан и капа за сонце го држи EOS R10 од Canon до лицето за да погледне низ визирот, додека стои пред деталната шпанска архитектура.

    ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊА

    Обиколка на Севиља со EOS R10

    Блогерката Diana Millos открива зошто овој креативен фотоапарат е совршен придружник за патување.