Influencer Joel Thorpe taking a selfie on the Canon Zoemini S on Brighton beach front.

ИНСТАНТ ФОТОАПАРАТИ

Создадете сопствен стил со инстант фотоапаратите: најдобрите совети на инфлуенсерот

Joel Thorpe, инфлуенсерот на Instagram, започнал да го оформува својот препознатлив стил откако добил фотоапарат за неговиот 15-ти роденден и почнал да објавува слики на интернет. „Немав идеја за тоа што го правев, но колку повеќе фотографирав, толку повеќе се подобрував“ - вели тој. „Instagram беше релативно нова платформа во тоа време, па затоа бројот на моите следбеници брзо се зголемуваше“.
Со живеалиште во Брајтон во Англија, Joel успеал да се запише на факултет за кинематографија, но неговата љубов кон фотографијата дошла до израз кога направил пауза во студирањето, а сега фотографира содржини за туристички агенции, хотели и светски брендови.
22-годишниот фотограф неодамна почна да експериментира со отпечатени материјали во неговото улично фотографирање - вметнувајќи рачно снимени фотографии од некоја сцена во фотографија од истата сцена за да создаде уникатна фокусна точка. „Тоа ја поткрепува причината поради која почнав да се занимавам со фотографирање“ - открива тој. „Настрана од кариерата, за мене фотографирањето е начин за зачувување на доживувањата и добрите спомени. Физичката форма на отпечатените материјали нуди чувство на носталгија и мислам дека на овој начин спомените траат подолго. Затоа неодамна почнав да експериментирам со тоа и да додавам отпечатени материјали во самите фотографии. Најважно е да ги зачувате тие спомени“.

Joel ги фотографираше локалните знаменитости во градот Брајтон каде што живее и внесе дополнителна креативна димензија во своите слики со материјалите што ги печати преку Zoemini S од Canon за да ја рефлектира сцената во заднина.

Joel го користи инстант фотоапаратот Zoemini S од Canon со џебна големина и 8 мегапиксели бидејќи е пренослив и лесен. „Многу е лесен за користење и ми се допаѓа неговата компактна форма“ - вели тој. „За толку мал и тенок уред, тој нуди многубројни функции“.

Тука открива кои се неговите совети за создавање бренд за социјалните медиуми и зошто се надева дека неговите слики ќе инспирираат други фотографи да експериментираат со отпечатени материјали.

Создадете сопствен стил

Слични написи
Macro photography tips and techniques

КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Патнички дневник како на професионалец

Претворете ги сликите од одморите направени со Zoemini S2 од Canon во уникатен креативен дневник.

A person writing in a scrapbook, the pages filled with photos and stickers.

КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Изразете се преку креативно пишување дневници

Пишувањето дневници може да ви помогне креативно да се изразите и да влијае позитивно врз вашето психолошко здравје.

Vlogging how-to: winning vlogging tips

УЛИЧНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

Откријте го апстрактното улично фотографирање

Создавајте неверојатна уметност од секојдневното опкружување со овие едноставни техники за нереални урбани слики.

Не секоја сцена одговара за ваков вид на фотографии. „Генерално ви треба нешто нагласено и забележливо“ - објаснува Joel. „Доближувањето до субјектот и утврдувањето на фокусната точка ќе ви овозможат да добиете подобри резултати. Треба да знаете како јасно да ја нагласите сликата во заднина за да можат гледачите да разберат што гледаат“.

„Најважно е да создадете доследен изглед и да се надевате дека луѓето ќе почнат да го препознаваат како ваш стил“ - вели Joel. Но, доследноста не значи да се плашите да прифатите нови техники. „Јас сè уште се обидувам да воведам оригинални концепти во мојата работа за да се издвојам од стандардното“ - вели тој. Разновидноста на Zoemini S од Canon му овозможи на Joel да проба повеќе нови и креативни техники. „Со овој уред го имате светот на дланка“ - вели тој.

„Верувам дека спомените траат подолго во физичка форма, па затоа почнав да експериментирам и да додавам отпечатени материјали што ги држам со рака во фотографиите, за да внесам чувство на носталгија. Ова е одличен начин да внесете дополнително ниво на креативност што на публиката ќе ѝ понуди нешто поинакво што ќе им го привлече вниманието“.

Треба да ја следите вашата замисла, додава Joel, не само да го фотографирате тоа што мислите дека ќе ѝ се допадне на вашата публика. „Секогаш е добро да добиете позитивно мислење на социјалните медиуми и да дознаете какви фотографии им се допаѓаат на вашите следбеници“ - вели тој. „Но, мислам дека треба да го земете предвид она што вие сакате да го создадете. Многу е лесно да станете дел од многубројните стандардни фотографи доколку се придржувате до тоа што го работат тие. Сè додека ја одржувате вашата оригиналност и не отстапувате од тоа што сакате да го правите, другото само ќе си дојде“.

Кадарот е најважен

Joel ги држи отпечатените материјали во сликите што овозможува внесување лични елементи и поголема длабочина, создавајќи конечна слика за паметење наместо обична фотографија од субјектот.

Joel го обликува кадарот на овие слики земајќи ги предвид отпечатените материјали и вообичаено фотографира со мала длабочина на полето (мала зона во фокус), така што отпечатените материјали во центарот на сликата ќе бидат во фокус, а заднината ќе биде заматена. „Печатам некој материјал, го поставувам централно и повторно фотографирам со мојот EOS-1D X Mark II од Canon [сега е заменет со новиот EOS-1D X Mark III од Canon]. Гледачите ја препознаваат локацијата поради сличноста помеѓу отпечатениот материјал и заднината“ - објаснува Joel.

„Најважно е сликата да изгледа добро. Со дигиталните фотоапарати може да фотографирате непрекинато, но затоа мора да се погрижите за отпечатениот материјал да биде доволно добар за да можете да го искористите.

„Навистина сум импресиониран од Zoemini S од Canon“ - додава Joel. „Боите изгледаат реално, независно дали фотографирате непосредно по залезот на сонцето или при силна сончева светлина, што секогаш е предизвик за одредување правилна експозиција при фотографирањето. Визирот може лесно да го користите за да го обликувате кадарот на сликите - а композицијата е главниот фактор што мора да прилагодам соодветно за да го добијам посакуваниот краен концепт и да го усогласам изгледот на отпечатениот материјал со заднината“.

Експериментирајте со приспособувањето

An infographic showing how the Canon Zoemini S can be used with the Canon Mini Print App.
Joel ја користи апликацијата Canon Mini Print за да го поврзе Zoemini S од Canon со својот паметен телефон преку Bluetooth. „Многу е лесна за користење. Ги вчитувам снимените содржини во апликацијата, го притискам копчето за печатење и добивам одличен резултат“ - вели тој. Отпечатените материјали можат да се искористат и како налепници. „Може да бидете многу креативни“ - вели Joel. „Може да залепите налепници на цел ѕид или на вашиот лаптоп или паметен телефон“ - вели тој.

Joel ја користи апликацијата Canon Mini Print на својот паметен телефон што е поврзан со Zoemini S од Canon преку Bluetooth, за да создава уште поуникатни слики, да додава рамки, филтри, текст и цртежи. Ако сака да сними слика од тешко достапен агол, тој го позиционира Zoemini S од Canon и ги користи опциите за тајмер и далечинско активирање на блендата што ги нуди апликацијата за да ја сними саканата слика.

Joel ви препорачува да експериментирате со Zoemini S од Canon сè додека не добиете резултат што ќе ви се допадне. „Може да отсечете квадратна површина од отпечатениот материјал, при што ќе се добие поинаков елемент во целото искуство. Може да користите и прстенест блиц што е одличен за внатрешна употреба“ - вели тој. „Кога станува збор за ваков вид на креативен стил, достапни се многу разновидни опции. Може да направите многу доколку размислувате радикално. Треба само да излезете, да истражувате, да снимите неколку фотографии и да видите што ќе се случи“. 

Напишано од Tamzin Wilks

Слични производи

Слични статии

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники