ФОТОГРАФИРАЊЕ ОГАН

Фотографирање оган: како да ги доловите пламењата

Без разлика дали сакате да фотографирате треперлива свеќа, танцот на пламењата на логорски оган или разиграни прскалки, правилните техники, поставки и опрема може да направат голема разлика.
Долга експозиција од дете кое стои покрај логорски оган, а лебдечките жарчиња создаваат долги светлосни траги.
Огнот е прекрасен субјект за фотографирање и нуди бескрајни креативни можности. Покрај тоа што самите пламења се многу убави, тие исто така зрачат со прекрасна топла светлина во опкружувањето. Тоа значи дека огнот може да биде впечатлив субјект, но и амбиентален светлосен извор за снимање портрети.

Фотографирањето на огнот може да биде предизвик. Проблемот со кој се соочуваат фотографите е тоа што изворот е премногу светол, а опкружувањето најчесто е многу темно. Ваквото високо ниво на контраст може да го отежни снимањето на деталите во најсветлите и најтемните делови од сцената. Сепак, со помош на правилните поставки на фотоапаратот и неколку едноставни вештини, секој може да сними прекрасни фотографии покрај оган.

Иако фотографирањето пламења е одлична вештина што може да се усовршува низ цела година, таа е особено корисна ако сакате да бидете креативни за време на празничните месеци. Еве како да снимате прекрасни фотографии од оган оваа зимска празнична сезона.

1. Бидете безбедни

Возрасен човек држи дете за рака во близина на јама со оган.

Ако при фотографирањето се присутни и деца, најдобро е друго возрасно лице да ги причува додека фотографирате. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/160 сек., f/3,5 и ISO4000.

Како и фотографирањето, огнот може да маѓепсува - иако тоа не е секогаш добро. Лесно може да се случи да се занесете во фотографирањето, но безбедноста треба секогаш да биде на прво место. Важно е да не дозволиме никој да не се повреди, но и да го држиме огнот под контрола. Поставете кофа вода или противпожарен апарат во близина за да може да го изгаснете огнот и користете светилка за да може да се движите низ темнината. Добра идеја е да ја проверите временската прогноза бидејќи силниот ветер може да го направи огнот непредвидлив.

2. Изберете соодветна опрема

Фотоапарат од Canon, статив, портокалов гел и преносна светилка на раб на јама со оган.

Покрај фотоапаратот и стативот, светилката може да обезбеди дополнителна светлина во сцената и да ги балансира светлите пламења со опкружувањето. Мало парче портокалов гел може да му даде топлина на светлото од светилката за тоа да одговара на пламењата.

Светлината што ја произведува огнот обично не е многу силна, така што може да биде корисно да користите опрема со добри перформанси при слаба осветленост ако го користите огнот како светлосен извор за да ги фотографирате субјектите во близина. Фотоапаратите како EOS R6 од Canon се идеални - неговиот неверојатно чувствителен сензор за целосна слика со 20,1 MP е специјално дизајниран за со леснотија да се справува со ситуациите во кои има висок динамички опсег, како и со ситуациите на слаба осветленост во целина.

Брзиот примарен објектив како RF 50mm F1.8 STM од Canon нудат огромна помош, бидејќи примарните објективи нудат пошироки вредности за максимална решетка од објективите за зумирање. Тоа овозможува поголеми брзини на блендата и пониски вредности за ISO при слаба осветленост, а резултатот се појасни фотографии со помалку шум.

Иако не е задолжителен, стативот исто така може да биде многу практичен за фотографирање логорски огнови и свеќи бидејќи ви нуди можност за фотографирање со подолга експозиција и заматување на треперливото движење на пламењата.

3. Доловување на светлината од свеќи

Низа од свеќи, благодарение на експозицијата видливи се само нивните пламенчиња пред црна заднина.

Ако ја прилагодиме експозицијата за огнот, остатокот од сцената станува многу темен, така што изгледа дека пламенчињата на свеќите лебдат во воздухот. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/1250 сек., f/4 и ISO100.

Низа од свеќи, благодарение на експозицијата видливи се и стеблата на свеќите, а пламенчињата се премногу осветлени и заматени.

Ако ја прилагодиме експозицијата за опкружувањето, креативниот ефект е многу поинаков: свеќите се видливи, а пламенчињата изгледаат премногу осветлено и заматено. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/20 сек., f/4 и ISO100.

Свеќите може да овозможат извонредни амбиентални фотографии, но може да биде и тешко да се доловат бидејќи имаат светли пламења, а не испуштаат многу амбиентална светлина. Тоа значи дека ако ја прилагодиме експозицијата за пламенчињата, остатокот од сцената ќе биде многу темен, но ако ја прилагодиме експозицијата на опкружувањето, пламенчињата ќе бидат премногу осветлени. Што треба да ви биде приоритет ќе зависи од ефектот што сакате да го исполните.

Најчесто е подобро да ја прилагодите експозицијата на посветлиот елемент во кадарот, бидејќи полесно е да ги отстраните сенките при обработката по фотографирањето отколку да ги коригирате премногу осветлените делови. Освен тоа, проверете дали може малку да ја зголемите експозицијата за малку да ги осветлите сенките без премногу да ги осветлите светлите тонови. Ако фотоапаратот нуди таква можност, користете го режимот на црно-бели ленти при снимањето видеозаписи, бидејќи тој ги осветлува темните делови во кадарот во шема на црно-бели ленти, со што ви овозможува максимално да ги осветлите сенките без премногу да ги осветлите светлите тонови. За фотографиите, предупредувањето за преголема осветленост може да ви овозможи при репродукцијата да проверите дали во снимената фотографија има премногу осветлени делови. Фотографирањето во RAW-формат ви нуди многу поголема флексибилност по снимањето, благодарение на софтверот за уредување слики како Digital Photo Professional (DPP) од Canon.

Поставете го фотоапаратот во рачен (M) режим за да го отфрлите автоматскиот вграден блиц на фотоапаратот. На овој начин нема да ја придушите деликатната светлина на пламенчето на свеќата. Поставете ја решетката на f/4 и ISO 100, а потоа менувајте ја брзината на блендата помеѓу 1/20 и 1/2000 сек. за да видите како различната брзина на бленда влијае врз изгледот на свеќите. Може да користите и блиц за дополнително осветлување, познат и како блиц за дневна светлина, кој испушта светлина со која ги осветлува површините под сенка и ви овозможува подетално фотографирање на вашиот субјект. Апликацијата Canon Photo Companion вклучува и статија во која се објаснува снимањето портрети на светлина од свеќи и се истражува оваа техника на попрофесионален начин.

4. Портрети пред торта со свеќи

Мало дете се наведнува за да ги дувне свеќичките на роденденска торта. Пламенчињата го осветлуваат лицето на детето.

Кога субјектот ќе се наведне блиску до свеќите, треперливите пламенчиња ќе фрлат прекрасен топол сјај врз неговото лице. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/200 сек., f/2 и ISO1600.

Задната страна на фотоапарат од Canon што фотографира дете со роденденска торта.

При фотографирање со максимален отвор на блендата, длабочината на поле е многу мала, така што прецизното фокусирање е клучно. Фотоапарат со автоматски фокус со следење очи, како што е EOS R6 од Canon, го олеснува процесот, дури и при фотографирање луѓе во профил.

Дали има подобар момент да се извади фотоапаратот отколку на роденденска забава? Кога е време да се дувнат свеќичките, може да снимите прекрасни портрети така што ќе ја искористите топлата светлина на свеќите за да го осветлите среќното лице на субјектот. Обидете се да го поставите фотоапаратот во рачен (M) режим со решетка f/1,8 (или најшироката вредност за решетка на објективот), брзина на бленда 1/200 сек. и автоматски ISO-вредности. На овој начин ISO-вредностите ќе се прилагодат за да ви овозможат правилна експозиција.

Брзиот примарен објектив како RF 50mm F1.8 STM од Canon е идеален за ваков вид портрети бидејќи вредностите за максимална решетка ви овозможуваат снимање портрети во темни ентериери. При вредности на широк отвор на блендата, тој нуди и рамномерно дефокусирање за прекрасни заматени заднини.

5. Фотографирање логорски оган

Долга експозиција на логорски оган, а лебдечките жарчиња создаваат долги светлосни траги.

Долгата експозиција го заматува движењето на пламенот и ги трансформира летечките искри во впечатливи траги од светлина. Ложењето на огнот може да ви овозможи извонредни светлечки ефекти, но бидете безбедни и погрижете се да го сторите тоа претпазливо! Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1 сек., f/8 и ISO100.

Задната страна на фотоапарат од Canon што фотографира дете покрај логорски оган.

Користете статив и поставете експозиција од една секунда за да ги доловите трагите од светлина во логорските огнови. Запомнете да ги замолите луѓето кои ги фотографирате да не мрдаат за време на долгата експозиција за да нема заматеност од движења во кадарот. Или, пак, сторете го спротивното и создајте нејасна слика со намерно заматување, каква што е горната слика овде, во која искрите се доловени како светлечки ленти од светлина.

Дали има нешто попримамливо од логорски оган во ладна, темна ноќ? Танцот на пламењата може да биде интересен субјект во темното опкружување. По заоѓањето на сонцето, настапува момент кога амбиенталната светлина е доволно слаба за огнот да се истакне во темнината, но доволно светла за да може да се доловат деталите на опкружувањето и небото. Тоа е одличен момент за фотографирање на самракот и прикажување на контекстот на логорскиот оган, бидејќи по доаѓањето на ноќта, опкружувањето ќе биде целосно затемнето. Обидете се да фотографирате во рачен режим со брзина на бленда од 1/100 сек., решетка од f/1,8 (или најшироката вредност за решетка на вашиот објектив) и автоматски ISO-вредности. Користете компензација на експозицијата за да ја осветлите или затемните фотографијата и изберете низок агол за да го поставите огнот пред затемнетото небо.

6. Снимање портрети пред оган

Фотограф снима портрет одблиску на дете покрај логорски оган.

Кога фотографирате портрети покрај оган, обидете се да го поставите фотоапаратот во рачен (M) режим со решетка f/1,8 (или најшироката решетка на објективот), брзина на бленда 1/200 сек. и автоматски ISO вредности за да го доловите движењето колку што е можно подобро во ограниченото осветлување.

Две деца „лице в лице“ пред логорски оган, а светлината од огнот ги осветлува нивните профили.

Снимајте портрети пред оган за прекрасна топла светлина или интересни силуети. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/125 сек., f/1,8 и ISO25600.

Логорскиот оган и јамите за оган создаваат уникатна атмосфера што овозможува снимање одлични портрети. Разговорите крај огнот, гушнатите парови и децата маѓепсани од пламењата се одлични субјекти кои може да ги доловите со вашиот фотоапарат од Canon. Погрижете се да го наложите огнот пред да почнете со фотографирање бидејќи големината на пламенот може значително да ја промени амбиенталната светлина. Светлината на пламењата често брзо избледнува, така што обидете се да ги донесете субјектите колку што е можно поблиску до огнот (водејќи сметка за безбедноста) за да го искористите неговиот сјај.

7. Фотографирање прскалки

Од две прскалки избиваат искри, а лицата на децата што ги држат се одвај видливи во заднината.

За да ги доловите искрите, поставете го фотоапаратот во рачен режим (M). Користете решетка од приближно f/3,5-f/5,6, брзина на блендата од 1/125 сек. и автоматски ISO вредности. Може и да експериментирате со компензацијата на експозицијата, со што може да добиете малку поинакви резултати.
Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/200 сек., f/2,5 и ISO640.

Блескавата светлина на прскалките може да изгледа фантастично во фотографиите, а тоа е и побезбеден начин за истражување на ефектите за креативно осветлување со помали деца или во лоши временски услови. Летечките искри експлодираат нанадвор во сите правци со огромна брзина, поради што изгледаат како ленти од светлина дури и при користење голема брзина на блендата. Ако не ви пречи фотографирањето и уредувањето во RAW-формат, тоа може да ви биде од голема корист бидејќи по снимањето може да извлечете дополнителни детали од осветлените делови и од сенките. Може и да ја успорите брзината на блендата, по што прскалката ќе остава јасно видливи траги низ целиот кадар - изборот е ваш!

Може да се обидете и да ги доловите светлосните траги од славеничкиот огномет - погледнете ги нашите совети и техники за креативно фотографирање огномети за повеќе идеи и инспирација.

Кога ќе го згаснете огнот, може да се обидете со фотографирање на чадот благодарение на вежбите за вештини во апликацијата Canon Photo Companion.
Напишано од James Paterson

Слични производи

Слични статии