DSLR-фотоапарати
Компактен, едноставен и повеќенаменски – фотоапарат што се поврзува со вашиот живот
Благодарение на инстинктивните контроли и екранот на допир сличен на екранот кај паметните телефони, сите корисници ќе можат лесно да го користат EOS 200D. Фотографирајте преку осветлениот оптички визир за да го гледате светот таков каков што е или преку екранот со променлив агол што ротира за да ви го олесни фотографирањето од невообичаени перспективи.
Погледнете ги сите спецификацииСнимајте фотографии со 24,2 мегапиксели што изобилуваат со детали и бои и изгледаат прекрасно веднаш штом ќе ги снимите – совршено за големи материјали за печатење, фотокниги, онлајн галерии и за раскажување приказни со вашите фотографии. EOS 200D располага со DIGIC 7 процесор за фотографирање во услови со слаба осветленост и Dual Pixel CMOS AF за најбрзо фокусирање во светот со прегледување во живо.*
Големиот APS-C сензор на EOS 200D овозможува лесно фотографирање со мала длабочина на поле што е идеално за портрети. Одржувајте неверојатно остар фокус на лицата наспроти прекрасно заматена заднина. Ова е пристап што го практикуваат професионални фотографи од целиот свет.
EOS 200D е најлесниот DSLR фотоапарат во светот со екран со променлив агол¹ што е дизајниран за практично носење за да можете да уживате во DSLR фотографии на повеќе места. Носете го на одмор, на забави и прослави или, пак, на прошетка кога се чувствувате креативно.
Без разлика како сакате да го користите фотоапаратот, EOS 200D ќе ви ги овозможи истите перформанси и брзо фокусирање. Фотографирајте преку оптичкиот визир што го прикажува светот таков каков што е без доцнење или обликувајте го кадарот преку екранот со променлив агол што наликува на екраните на паметните телефони и уживајте во најбрзиот AF во светот со прегледување во живо.*
Корисничкиот интерфејс со совети на EOS 200D ќе ви помогне да ги изберете соодветните поставки за ефектот што сакате да го создадете. Исто како да имате личен тутор за фотографирање покрај вас.
Пребарувајте, уредувајте и споделувајте фотографии од EOS 200D на вашиот паметен телефон или таблет-уред² – многу е едноставно. Постојано активната Bluetooth® врска со мала потрошувачка на енергија ви овозможува да пристапите до фотоапаратот дури и кога го носите во торба.
Оваа цел ќе ја постигнеме со просечна годишна стапка на подобрување од 3% на индексот за подобрување на емисиите на CO2 по производ. Доколку ја одржуваме стапката на подобрување, тоа би значело приближно 50% намалување на нивоата од 2008 година до 2030 година. Ова е во согласност со нивото на намалување утврдено со Парискиот договор.
Ќе продолжиме да ја ревидираме целта од долгорочна перспектива како начин на проверка на нашиот придонес за реализација на општество со мало ниво на емисии на јаглероден диоксид.
Нашата апликација Photo Companion е најдобриот партнер за сите корисници кои раскажуваат приказни преку видео бидејќи нуди пристап до прилагодени и професионални информации и содржини кога тоа најмногу ви е потребно, за да можете да внесете реалистичност во вашите приказни.
Резолуција
Континуирано фотографирање
ISO може да се прошири до 51.200
Full HD со 60p
Со автоматски фокус со 9 точки
Процесор на слика
Со Dual Pixel CMOS AF
Bluetooth®, NFC и Wi-Fi
Куќиште на дигиталниот фотоапарат EOS 200D
Заштитник за очи EF
Капаче за фотоапарат R-F-3
Широк ремен EW-400D
Полнач за батерии LP-E17 (со капак за батерии)
Батерија LP-E17E
Кабел за напојување
Објективи за DSLR
Објективи за DSLR
Објективи за DSLR
Објективи за DSLR
Компактен блиц Speedlite со разновидна примена за различни прилики
Цврста, стилска и издржлива торбичка од Canon за заштита и носење на вашиот DSLR-фотоапарат од основна класа и објектив
Оригинална резервна батерија или оригинална батерија за замена од Canon за вашиот компатибилен фотоапарат
Дизајнирана за професионална употреба со голема брзина и капацитет за складирање.
Поврзете го вашиот фотоапарат со вашиот уред од Apple или уред со Android за да фотографирате од далечина и полесно да ги преземате вашите фотографии за практично споделување.