Emmanuel Oyeleke: креативно патување во модното фотографирање

Emmanuel Oyeleke, моден фотограф од Нигерија, го споделува своето креативно патување и оригинална визија, како и начинот на кој социјалните медиуми го менуваат обликот на модната индустрија денес.
Елегантно облечен модел со кренати раце над глава и лелеаво здолниште, снимен покрај ‘рѓосана локомотива во стар хангар. Модна фотографија снимена од Emmanuel Oyeleke со фотоапарат Canon EOS R5 со објектив Canon EF 16-35mm f/2.8L III USM. © Emmanuel Oyeleke

Поместувањето на креативните граници е огромен дел од модното фотографирање и е многу важно како што одиме кон демократизирана индустрија во која надежните креатори и воспоставените фотографи имаат шанса да раскажат уникатни приказни низ објектив. Тука, амбасадорот на Canon од Нигерија, Emmanuel Oyeleke го споделува своето инспиративно патување како моден фотограф во Лагос.

Од табли за Scrabble до објективи за фотоапарати

Патешествието во светот на фотографирањето на Emmanuel е исто толку уникатно колку и неговите слики. Порано, тој беше професионален играч на играта Scrabble и патуваше по светот на турнири. За време на овие авантури, тој откри длабока љубов кон фотографирањето, доловувајќи спомени и моменти од патувањата.

Emmanuel себеси се опишува како „сериски претприемач“ и сака да пренасочи енергија во своите страсти, што беше најважниот фактор за трансформирање на неговиот интерес во прекрасна кариера.

Филозофијата на оригиналноста

Еден од водечките принципи на Emmanuel е никогаш да не ја повтори истата слика. Признава дека „не сака рутина“. „Лесно ми здодева. Дури и да сликам слика што веќе сум ја направил, светлото може да ми е различно. Секако, клиентите сакаат доследност, но не сакам да се водам по формула. Наоѓам различни патишта до одредиштето. Тоа ме инспирира. Ме одржува љубопитен.

„Кога мислите „Сфатив, вака се прави“, паѓате во стапица на самоугодување и сликите ви стануваат повторливи. Во култура како нигериската, луѓето секогаш сакаат свежи идеи и нешто различно. Еднаш штом ќе направите нешто, многу млади фотографи ќе сакаат да го имитираат, така што, ако не можете да најдете нови начини за правење на нештата, тогаш вашите фотографии личат на делата на стотици други фотографи. Правење нешта различно секогаш одржува свежина за мене и за моите клиенти“.

Без оглед на тоа дали се работи за личен проект или проект за клиент, секогаш има лична визија на работа, вели Emmanuel, додавајќи дека „понекогаш, дури и резултатот да не е тоа што очекувале клиентите, пак им се допаѓа“.

Модел во долго црно здолниште и сребрен горен дел со текстура и сребрени нагласоци на колковите и лелеавото здолниште, во модна фотографија снимена во стар хангар од Emmanuel Oyeleke со фотоапарат Canon EOS R5 и објектив Canon RF 50mm F1.2L USM.

„Спонтаноста и уметничките елементи се фундаментални во мојата работа, но мислам дека и осветлувањето е многу важен дел“, вели Emmanuel. „Мислам дека тоа одредува голем дел од резултатите. Најважно е дека моите дела имаат душа“. Снимено со Canon EOS R5 и објектив Canon RF 50mm F1.2L USM со избрани 1/160 сек., f/2,8 и ISO 125. © Emmanuel Oyeleke

Отсечен моден портрет од модел облечен во сјаен сребрен фустан, со торзото украсено со перје во есенски бои. Модна фотографија снимена од Emmanuel Oyeleke со фотоапарат Canon EOS R5 и објектив Canon RF 50mm F1.2L USM.

„Обожавам кога можам да ги нагласам силните страни на моите субјекти“, вели Emmanuel. „Сакам и динамика во моите композиции. Ова се неколку елементи кои ја одржуваат релевантноста на мојата работа“. Снимено на Canon EOS R5 со објектив Canon RF 50mm F1.2L USM со избрани 1/160 сек., f/2,8 и ISO 160. © Emmanuel Oyeleke

Раскажување приказни преку фотографирање мода

Како Nina Zimolong и Ian Hippolyte, за кои веќе напишавме напис во овој серијал, Emmanuel смета дека раскажувањето приказни е секогаш присутно во фотографирањето мода.

„Дури и да не го гледате, елементот на раскажувањето приказни е секогаш присутно“, вели тој, „дури и да е најсуптилно - погледот на моделот, композицијата или тоа што го вклучувам во кадарот или го отстранувам. Сакам да раскажам приказна со моите дела“.

Emmanuel го препознава истиот креативен импулс во самата модна индустрија и ја нагласува важноста на платформите за да се слушаат нови гласови. „Lagos Fashion Week и слични настани се наменети за воспоставени брендови, но некои од нив вклучуваат и платформи за надежни дизајнери. Сега има многу такви платформи“. Тој ја нагласува вредноста на настани како Street Souk, конвенција за улична мода во Лагос, која спојува креативци кои ја прославуваат модата и ги изложуваат своите креации. „Овие платформи се многу важни за надежните дизајнери, како и за други аспекти на индустријата - надежните шминкери, стилисти за коса, фотографи, креатори на содржини. На сите им треба платформа за да покажат што можат да понудат“.

Социјални медиуми: поттикнување на артисти

Emmanuel мисли дека важноста на социјалните медиуми не може да се пренагласи - за фотографите, за други креативци во модната индустрија и многу други.

Социјалните медиуми ја демократизираа изложеноста, овозможувајќи им на секакви артисти самите да ги објават нивните дела и да достигнат до глобални публики без да се потпираат на традиционални методи кои Ian ги опишува како бариери за влез во ова поле - како издавачи, галерии и продуценти. „Социјалните медиуми многу помогнаа, особено на надежните фотографи, дизајнери, шминкери и други, сите што порано немаа глас или дострел или мрежа.

„Можеби никогаш не сте ја напуштиле Нигерија, но вашите дела го пропатувале светот. Мислам дека тоа е многу важно“.

Модел во долг бел фустан со златни нагласоци и прерамки со бисери стои врз рѓосана локомотива во стар хангар, здолништето се вее околу неа. Модна фотографија снимена од Emmanuel Oyeleke со фотоапарат Canon EOS R5 и објектив Canon RF 50mm F1.2L USM.

Emmanuel смета дека создавањето видеозаписи и содржини е сржта на неговата работа, овозможувајќи му не само да сними фотографии, туку и да сподели што е дел од создавањето на тие слики. „Можете да ги доловите суптилностите на искуството. Тоа не се купува“. Снимено со Canon EOS R5 и објектив Canon RF 50mm F1.2L USM со избрани 1/160 сек., f/2,8 и ISO 100. © Emmanuel Oyeleke

Совети за надежни модни фотографи

Emmanuel го нуди овој практичен совет за надежните модни фотографи и други талентирани лица од индустријата кои може да добијат досега невидена изложеност со своите дела:

  • „Бидете видливи. Споделувањето придонесува кон видливоста на талентираните луѓе од Африка - фотографирање, видеографија, кинематографија, мода. Има поговорка: затворени усти не добиваат храна. Сакам да кажам, како артист, не треба само да создавате дела и да ги оставите да собираат прав и никој да не ги види. Сега е поважно од кога било да ги споделите“.
  • Раскажете ја вашата приказна. „Луѓето сакаат приказни, не само слики или видеозаписи. Раскажете ја вашата приказна, бидејќи само вие можете да ја раскажете вашата приказна на ваш начин“.
  • Бидете транспарентни. Колку често слушате некој да каже „Моите дела зборуваат сами за себе“? Но, има многу бучава и одвлекување внимание, дури и на социјални медиуми. Сега е моментот да споделувате колку е можно повеќе, колку е можно почесто - не само добрите делови, туку и предизвиците, што се случува зад сцената - за луѓето да ја видат вредноста во тоа што го работите.

Патувањето на Emmanuel е сведоштво кон моќта на страста, оригиналноста и креативноста, откривајќи како претприемачкиот дух и социјалните медиуми може да ги обликуваат кариерите на денешните раскажувачи на визуелни приказни. Ако извлечете само една лекција, нека биде дека големите соништа може да станат реалност со правилните алатки и размислување.

Прочитајте повеќе:

Напишано од Mabinty Taylor-Kamara и Sarah Kay Bland

Слични производи

    EOS R6 Mark II

    Фотографии или видео, акција или портрет - комбинацијата од перформанси и квалитет на слика што ја нуди EOS R6 Mark II ви овозможува да бидете максимално креативни

    EOS R8

    Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции.
  • EOS R7

    Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината.
  • EOS R10

    Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C.
  • RF 85mm F2 MACRO IS STM

    Објективот RF 85mm F2 MACRO IS STM нуди разновидни опции за фотографирање одблиску со дискретна телефото компресија и стабилизација на слика со 5 чекори, вградени во компактно и лесно куќиште.
  • RF 35mm F1.8 MACRO IS STM

    Макро објектив f/1,8 од 35 mm со брза решетка за широкоаголна перспектива, кратко растојание на фокусирање и хибридна стабилизација на слика.
  • RF 28-70mm F2.8 IS STM

    Мал, брз и лесен објектив со зум од 28-70 mm и f/2,8, наменет за фотоапарати без огледало и опремен со стабилизација на слика и заштита од лоши временски услови. Одличен е за патувања, портрети и секојдневна креативност.
  • RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM

    Стандарден објектив со APS-C-зум од серијата EOS R што е совршен за секојдневни ситуации како фотографирање членови од семејството, животен стил, портрети и одмори.

Слични статии

Фотографирајте ги вашите пријатели како модели

Фотографката за мода и убавина Jade Keshia Gordon од Лондон нуди 6 едноставни совети за создавање постилски фотографии за друштвените медиуми.

Совети за фотографирање портрети

Подобрете го вашето фотографирање портрети со овие врвни совети и техники.

Осветлување за портрети со светли и темни тонови

Создајте класични системи за осветлување за висококвалитетни и амбиентални портрети.

Совети за улично фотографирање и снимање

Неопходни совети за снимање неверојатни улични слики и видеозаписи со фокус на архитектура, со креаторот на содржини Andres McNeill.