Модното фотографирање е живописна индустрија со многу енергија, но често се смета за ексклузивна и дека пробивањето во неа е тешко. Тука, двајца млади фотографи зборуваат за своите патувања, креативни процеси и менливиот пејзаж на модното фотографирање.
Зачекорување во светот на модното фотографирање
Страст за приказната
Nina Zimolong живее и работи во Кејптаун, Јужна Африка. Нејзината љубов кон фотографирањето доаѓа од страст кон фотографирање жени од Африка, влечејќи инспирација од природата. Ian Hippolyte од Лондон, Англија, ја започна својата креативна кариера со интерес во филм и брзо сфати дека естетиката и кинематографијата го привлекуваат најмногу. Неговиот премин во фотографирањето мода е мотивирано од верување кое го дели со Nina: во сржта е раскажувањето приказна.
„Модата е многу моќен алат за раскажување приказни“, објаснува Ian. Nina се согласува, додавајќи дека модното фотографирање раскажува подлабока приказна поради сите споени елементи - „облеката, движењето на моделот, позата, локацијата, осветлувањето - сѐ“.
За Ian, влијанието од снимање видео е сѐ уште присутно. Има склоност кон внесување светлина и движење, оживувајќи ги сликите. Ова може да се прикаже како „движење на коса, движење на облека или мало заматување на светлината за да се создаде чувство на движење и енергија“.
Целта му е да создаде фотографии кои имаат чувство на „доловување нешто во движење“, со што ќе бидете вовлечени во целосната приказна.
Оваа впечатлива слика од серијата I am Woman на Nina Zimolong, снимена за време на песочна бура, го прикажува нејзиното користење на пејзажите на Јужна Африка во нејзиното модно фотографирање. Модел: Marie-Noelle Graobe. Снимено со Canon EOS R5 и адаптер за монтирање објективи EF-EOS R од Canon и објектив Canon EF 70-200mm f/2.8L IS II USM (сега е заменет со EF 70-200mm f/2.8L IS III USM) со избрани 200 mm, 1/2000 сек., f/2,8 и ISO 200. © Nina Zimolong
Модната фотографија од моделот облечен во дизајнерско одело и долга црвена шамија за глава ја одразува мешавината на култури која ја сака во врска со Лондон. Снимено со Canon EOS R5 и адаптер за монтирање објективи EF-EOS R од Canon и објектив Canon EF 70-200mm f/2.8L IS II USM (сега е заменет со EF 70-200mm f/2.8L IS III USM) со избрани 85 mm, 1/200 сек., f/8 и ISO 250. © Ian Hippolyte
Nina и Ian имаат уште нешто заедничко: двајцата се инспирираат од градот во кој живеат.
Разновидноста на Лондон е гориво за креативноста на Ian. Од старите згради изградени од тули до елегантните стаклени облакодери, мешавината на културолошката историја и современоста на градот обезбедува бескрајни заднини за неговите фотосесии. Оваа разновидност е доловена и во неговите слики. Во неодамнешна фотосесија, моделот носеше дизајнерско одело во комбинација со долга црвена шамија за глава.
„Мешате отмена француска модна куќа со нешто што е поврзано со црнечка култура“, вели Ian. „Мислам дека тоа ми е најомилено нешто за Лондон - разновидноста“.
Од друга страна, неверојатната природна убавина на Кејптаун ѝ е муза на Nina. „Гледате песочни дини, па планински венци, па плажи кои изгледаат како да се од Малдивите. Кејптаун нуди многу нешта“, вели таа.
Кршење бариери: иднината на модното фотографирање
Историски, индустријата на модното фотографирање е тешка за пробивање. Ian смета дека има многу „чувари“. Но, социјалните медиуми ги отвораат вратите. Платформите како TikTok и Instagram им овозможуваат на надежните фотографи да ги изложат своите дела, да споделат содржини зад сцените и да се поврзат со глобални публики. „Ви овозможува да ги видите делата на многу луѓе кои не се објавени во списанија“, вели Ian.
Nina вели дека TikTok особено создаде здрава конкуренција. „Ако нема конкуренција, тогаш истите стари професионалци ги создаваат истите здодевни и стари дела и никој не очекува ништо ново“, вели Nina. „Нови луѓе нудат нови и уникатни дела, што е одлично“.
И Ian и Nina се надеваат дека индустријата ќе продолжи да прифаќа нови перспективи и свежа креативност. „Се надевам дека следните пет до десет години ќе ја отворат индустријата повеќе“, вели Ian.
Без разлика дали се работи за самостојно создавање на висока мода или користење на неочекувани локации, можете да ги надминете пречките и да ги рушите креативните граници на многу начини. „За моите слики со хартиени кеси, сакав да создадам убавина од нешто обично и секојдневно, нешто за кое не сметаме дека е убаво“, вели Nina. Снимено со Canon EOS R5 и објектив Canon RF 24-70mm F2.8L IS USM со избрани 52 mm, 1/160 сек., f/8 и ISO 100. © Nina Zimolong
Интересен пример од начинот на кој Ian внесува чувство на движење во своето модно фотографирање. Снимено с Canon EOS R5 и адаптер за монтирање објективи EF-EOS R од Canon и објектив Canon EF 70-200mm f/2.8L IS III USM со избрани 90 mm, 1/250 сек., f/8 и ISO 200. © Ian Hippolyte
Совети за надежни модни фотографи
Ian советува да бидете свои ако сакате да се пробиете во светот на модното фотографирање. „Тоа ве издвојува. Најдете свој стил и глас, држете се до него и развијте го“.
Ова може да вклучува да бидете самостоен и да можете да се снајдете со ограничени ресурси, барем на почеток. Ian ни открива дека, кога започнувал, експериментирал со пријатели во импровизирани студија. „Се поставивме во дневната соба и наместивме едно или две евтини светла од eBay“, се сеќава тој. И Nina се залага за ваква снаодливост. Брендови како Maison Schiaparelli ја инспирираа со нивната откачена облека, а таа мисли дека немањето пристап до висока мода во Јужна Африка не треба да ја ограничи. „Ако немам пристап до нешто, не значи дека не можам да го фотографирам. Зошто да не го направам самата?“ вели таа, самоуверено.
Во исто време, вели Ian, научете да работите со други луѓе. За време на модна фотосесија, таму работат и стилисти, шминкери и други луѓе, поради што е клучно да можете да соработувате.
Дополнително, препорачува Ian, „работете го тоа за кое сакате да бидете најмени. На пример, ако знаете дека сакате да снимате црно-бели портрети, тогаш правете го тоа, држете се до него и станете многу добри во тоа. Потенцијалните клиенти ќе ве препознаат по тоа и ќе ве бараат кога ќе го сакаат вашиот стил“.
Советот на Nina е сличен: „Само започнете. Погледнете слика и прашајте се „Како можам да го создадам ова со алатките кои ми се при рака?“ Дури и да не им се допаѓа на луѓето, барем на еден човек ќе му се допаѓа“.
Модното фотографирање е тешко поле, но многу исполнува. Со соодветните алатки, силна визија и малку среќа, можно е да создадете свој простор. За Ian, Nina и многу други, целта е да се достигне „демократизирана“ модна индустрија во која фотографи од различно потекло се поттикнати да ги раскажат своите приказни низ објективот.
Прочитајте повеќе:
Напишано од Mabinty Taylor-Kamara
Слични производи
-
EOS R10
Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C. -
EOS R50
Снимете ги вашите најдобри содржини со овој фотоапарат без огледало EOS R, од остри фотографии до 4K-видеоснимки и проследување во живо. Сè во еден наменски уред. -
EOS R8
Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции. -
EOS R6 Mark II
Фотографии или видео, акција или портрет - комбинацијата од перформанси и квалитет на слика што ја нуди EOS R6 Mark II ви овозможува да бидете максимално креативни -
RF 28-70mm F2.8 IS STM
Мал, брз и лесен објектив со зум од 28-70 mm и f/2,8, наменет за фотоапарати без огледало и опремен со стабилизација на слика и заштита од лоши временски услови. Одличен е за патувања, портрети и секојдневна креативност. -
RF 35mm F1.8 MACRO IS STM
Макро објектив f/1,8 од 35 mm со брза решетка за широкоаголна перспектива, кратко растојание на фокусирање и хибридна стабилизација на слика. -
RF 50mm F1.8 STM
Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла. -
RF 85mm F2 MACRO IS STM
Објективот RF 85mm F2 MACRO IS STM нуди разновидни опции за фотографирање одблиску со дискретна телефото компресија и стабилизација на слика со 5 чекори, вградени во компактно и лесно куќиште.