Креативни совети за уметнички ефекти на дефокусирање

Ефектот на дефокусирање е многу повеќе отколку заматена заднина. Rosie Lugg, креаторката на TikTok-содржини, покажува како да се забавувате со светлината и со приспособени шаблони за да снимите уникатни слики.
Човек става дланка врз сјајната страна на CD-диск, со дефокусирани облици во вид на ѕвезди околу нив.

„Bokeh“ (ефект на заматување) стана популарен збор во креативните кругови. Потекнува од јапонскиот збор за „заматување“ и го опишува квалитетот на дефокусираните површини на сликата. Добриот боке е главен фактор во техниката за изолирање на главната точка од интерес во сцената преку заматување на опкружувањето, што е особено ефикасно кај портретите и сликите од мртва природа. Дознајте повеќе во нашиот водич за дефокусирање наменет за почетници.

Прекрасниот ефект на дефокусирање е централен елемент во стилот на фотографирање на Rosie Lugg. Освен тоа што е искусна фотографка, Rosie е одлична креаторка на TikTok-содржини која објавува корисни видеозаписи со објаснувања што им откриваат нови совети и трикови на надежните фотографи, чекор по чекор. Тука ќе ни објасни како да бидеме креативни со ефектите на дефокусирање, односно како да ги претвориме обичните ефекти на заматување во нешто уметничко.

1. Изберете опрема

Можноста за дефокусирање на површните во преден план или во заднина на сцената е неопходна за создавање ефекти на дефокусирање. Потребна е мала длабочина на поле што тешко се постигнува доколку фотографирате со паметен телефон. Ефектот на дефокусирање може лесно да го создадете со фотоапарат со голем сензор за слика, како што се многуте фотоапарати без огледало од Canon, или ако користите објективи со широки решетки или телефото објективи.

Сите фотоапарати од Canon може да создаваат слики со одличен ефект на дефокусирање, но фотоапаратот со сензор за целосна слика како Canon EOS R8 или EOS R6 Mark III е идеален.

Брзите примарни објективи се идеални, а во опциите со EOS R-систем спаѓа Canon RF 50mm F1.8 STM, што нуди многу природна перспектива, или RF 45mm F1.2 STM. Ако сакате поширок агол на гледање, тогаш Canon RF 35mm F1.8 MACRO IS STM е одличен избор, а кога станува збор за портрети, тогаш Canon RF 85mm F2 MACRO IS STM е совршен избор. Неговата кратка фокусна должина за телефото овозможува удобна оддалеченост за фотографирање, без да се доближувате премногу до вашиот субјект, а нуди и прекрасна и малку рамна перспектива. Овие два макро објективи имаат многу кратко минимално фокусно растојание што им помага да создадат многу мала длабочина на полето.

Изгледот на ефектот на дефокусирање зависи и од бројот на сечила на решетката на вашиот објектив - колку повеќе сечила, толку подобро ќе изгледа кружниот ефект на дефокусирање. Canon RF 35mm F1.8 MACRO IS STM и Canon RF 85mm F2 MACRO IS STM имаат по девет сечила на решетката, а објективот Canon RF 50mm F1.8 STM има седум сечила.

2. Скројте и залепете

Рака црта линија околу објектив ставен врз лист хартија, со предниот дел свртен надолу.

Rosie вели: „шаблонот треба да одговара на предниот дел на објективот, па затоа најлесно е да нацртате линија околу него и да ја скроите хартијата“. © Rosie Lugg

Рака која држи EOS 200D од Canon пред ѕид прекриен со новогодишни сијалички. Шаблон од хартија во форма на ѕвезда е ставен врз објективот.

За да избегнете користење на самолеплива лента и да спречите објективот да стане леплив, применете го методот на Rosie за преклопување. „Скроив свој шаблон со јазичиња за преклопување и го прицврстив со лента за на глава“. © Rosie Lugg

„Сакам да внесувам магија во моите слики создавајќи дефокусирани елементи со приспособен облик“ - продолжува Rosie. „Можете лесно да ги создадете. Треба само да земете лист хартија или картон и ставете го на маса, а потоа ставете го вашиот објектив врз него, со предниот елемент свртен надолу, а потоа нацртајте линија околу периметарот на објективот. Потоа, скројте околу нацртаната линија, оставајќи јазичиња што ќе можете да ги превиткате преку завршетокот на објективот. Искористете ги за да го фиксирате шаблонот со помош на ластиче“.

„За овој проект користев два шаблони“ - вели Rosie. „За сликата од шолја со пареа во вид на срциња (подолу) скроив шаблон во форма на срце, а за мојот автопортрет одлучив да користам ѕвезда“. Ефектот на дефокусирање во форма на срце внесува романтика во сликите од вашата свадба или прослава за Св. Валентин, а ѕвездите се забавен додаток за роденденски фотографии или сезонски прослави.

„Треба малку да експериментирате за да направите шаблон со соодветна големина со кој ќе постигнете најдобар ефект, во зависност од фотоапаратот и објективот што ги користите, но на крајот ќе добиете извонредни резултати“ - додава Rosie. „Ако користите објективи со пократка фокусна должина, како што е RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon, тогаш направете помали шаблони“.

3. Осветлете

Линиски подредени дефокусирани облици во вид на срциња лебдат во пареата над црно-бела шолја.

За оваа амбиентална слика, Rosie стави шолја од која излегува пареа пред новогодишни светилки и доби ефект на дефокусирање во форма на срце благодарение на внимателно изработениот шаблон од хартија ставен врз објективот. Снимено со EOS 200D од Canon (сега е заменет со новиот EOS 250D од Canon) и објектив EF 35mm f/1.4L II USM од Canon со избрани 1/250 сек., f/1,4 и ISO400. © Rosie Lugg

Фотоапарат на статив ставен пред шолја и новогодишни сијалички.

Rosie искористи само еден извор на светлина за шолјата и го стави фотоапаратот на статив во близина. Избра широка решетка која ја минимизираше длабочината на полето. „Новогодишните сијалички се ставени на оддалеченост од 3-4 метри зад шолјата. Колку подалеку ќе ги ставите сијаличките, толку позаматени ќе изгледаат“ - вели таа. © Rosie Lugg

„За да создадете дефокусирани облици во вашата слика ќе ви требаат светилки. Секоја дефокусирана светилка ќе има облик како вашиот шаблон, па затоа е идеално да ставите новогодишни сијалички во заднина. Закачете ги линиски или групирајте ги - утврдете како е најдобро за сликата што сакате да ја снимите. За да го осветлите главниот предмет во преден план ви треба една посилна светилка. Не грижете се ако немате светилка за фотографирање. Може да користите столна ламба или собна сијалица, а може да ја искористите и дневната светлина што влегува низ некој прозорец“.

Rosie сака да додава и бои во своите дела. „Еден од моите омилени трикови е да користам стар CD-диск за да ја рефлектирам главната светилка кон субјектот со цел да го обојам во различни бои. За да го прилагодите ефектот, може да ги промените положбата и аголот на дискот“.

4. Изберете поставки

„За да добиете максимално заматување во заднината, користете ја најшироката решетка на објективот“ - вели Rosie. „Најчесто фотографирам со рачен режим (M). Прво изберете го најмалиот f-број, а потоа изберете доволно голема брзина на блендата за да спречите заматување на движењата. Најдобро е да го ставите фотоапаратот на статив и да користите брзина на блендата од најмалку 1/125 сек. за портрети, а за сликите од мртва природа во кои нема движења може да користите и помали брзини на блендата. Прегледајте ја сликата низ електронскиот визир (EVF) или на задниот екран кај фотоапаратите без огледало или, пак, на задниот екран кај DLSR-фотоапаратите користејќи го режимот за прегледување во живо и зголемете ја вредноста за ISO ако сликата е многу темна“.

5. Влезете во кадарот

Жена гледа кон светилка во предниот план, се потпира на стол, држи паметен телефон.

Rosie ја искористи апликацијата Canon Camera Connect на нејзиниот телефон за да го контролира автоматскиот фокус на фотоапаратот додека снимаше автопортрет. © Rosie Lugg

Автопортрет од жена со закосена глава и група дефокусирани облици во вид на ѕвезди зад неа.

Ова е конечниот автопортрет, снимен со една светилка за осветлување на главата и рамената на Rosie, и дефокусирани облици во вид на ѕвезди создадени од новогодишните светилки во заднина. Снимено со EOS 200D од Canon (сега е заменет со новиот EOS 250D од Canon) и објектив EF 35mm f/1.4L II USM од Canon со избрани 1/125, f/1,4 и ISO200. © Rosie Lugg

„За автопортретот можев да го употребам екранот со променлив агол што се вградува кај многу фотоапарати од Canon, но претпочитам да ја користам апликацијата Canon Camera Connect на мојот мобилен телефон“ - вели Rosie. „Ги олеснува сите постапки. Сликата може да ја прегледувате на вашиот телефон во реално време и да допрете на екранот за да ја изберете точката за автоматско фокусирање. Кај портретите, таа точка најчесто е врз окото што е најблиску до фотоапаратот. Исто така, тајмерот за автопортрети на фотоапаратот е многу практичен. Ви нуди доволно време за да го оставите телефонот и да подготвите поза пред да се сними сликата“.

6. Забава

Автопортрет од жена со дефокусирани облици во вид на ѕвезди направени од новогодишни сијалички ставени на куп зад неа, а нејзиното лице се рефлектира во преден план.

Rosie употреби стар CD-диск за оваа верзија од нејзиниот автопортрет: „Не само за да додадам боја, туку и да создадам рефлексија што внесе дополнителна креативност во сликата“. Снимено со EOS 200D од Canon и објектив EF 35mm f/1.4L II USM од Canon со избрани 1/125, f/1,4 и ISO200. © Rosie Lugg

Две дланки со прстени и дефокусирани облици во вид на ѕвезди во заднина.

Rosie гласно го поддржува експериментирањето. „Дланките може да бидат интересен и креативен субјект за во преден план“ - објаснува таа. „Обожувам да експериментирам со различни гестикулации и облици“. Снимено со EOS 200D од Canon и објектив EF 35mm f/1.4L II USM од Canon со избрани 1/125, f/1,4 и ISO200. © Rosie Lugg

Откако ќе ги совладате основите, може да ги искористите истите техники за да добиете портрети од семејството и пријателите со уникатен изглед. Rosie вели дека се исплати да експериментирате со вашата опрема. „Изгледот на сликите може значително да се промени ако само малку ја промените положбата на субјектот и фотоапаратот или ако фотографирате од различни агли. Менувањето на растојанието помеѓу предметот во преден план и новогодишните сијалички во заднина може да резултира со уште поголем ефект. Сакам да користам повеќе реквизити и светилки во различни бои за да ја разубавам сцената. Треба само да ја ослободите вашата фантазија“.

Дали ве инспирираа овие креативни техники? Погледнете ги советите на Rosie за користење дефокусирани облици заради создавање прекрасни светлосни ефекти на TikTok, а потоа обидете се да додадете забавни ефекти на вашите слики.

Напишано од Matthew Richards

Слични производи

  • EOS R8

    Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции.
  • EOS R6 Mark III

    Доловете ги дејствата со оптимална рамнотежа на резолуција, брзина и практичност - идеален за диви животни, спорт и портрети.
  • RF 35mm F1.8 MACRO IS STM

    Макро објектив f/1,8 од 35 mm со брза решетка за широкоаголна перспектива, кратко растојание на фокусирање и хибридна стабилизација на слика.
  • RF 45mm F1.2 STM

    Лесен примарен стандарден објектив со извонредно брза решетка f/1,2, кој нуди лесен пристап до напредни техники и креативни слики.
  • RF 50mm F1.8 STM

    Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла.
  • RF 85mm F2 MACRO IS STM

    Објективот RF 85mm F2 MACRO IS STM нуди разновидни опции за фотографирање одблиску со дискретна телефото компресија и стабилизација на слика со 5 чекори, вградени во компактно и лесно куќиште.

Слични статии

Совети за фотографирање со заматување: водич за почетници

Што е заматувањето и како може да функционира во ваша полза? Погледнете го нашиот водич за најдобрата опрема, техники и поставки.

Избирање на совршениот објектив за снимање портрети

Canon нуди огромна палета објективи за фотографирање портрети. Кој е вашиот? Бидејќи не е лесно да се избере правилниот објектив за фотографирање портрети, еве на што да обрнете внимание.

Најдобри објективи за надградување од стандарден објектив

Сакате да се надградите од стандардниот објектив кој дојде испорачан со вашиот фотоапарат? Еве што треба да барате, како и пет одлични објективи со зум за покреативни опции.

Креативни техники за социјалните медиуми

Двајца TikTok-фотографи ги споделуваат нивните најдобри совети за создавање слики што се издвојуваат од останатите.