КРЕАТИВНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

Осмелете се да бидете поинакви: креативни совети за слики за социјалните медиуми

TikTok-фотографите Rosie Lugg и Eletrico ги споделуваат нивните омилени техники за снимање слики што го привлекуваат вниманието.
Капки течност прскаат во форма на лак од стаклен пехар држен во подигната рака, прикажана е неговата силуета наспроти портокалово небо.

Најважно за создавање слики што ќе се истакнат на преполните социјални медиуми е да размислувате поинаку и да му ја покажете на светот вашата перспектива. Rosie Lugg (@rambosphotos) и Peter Jay (@Eletrico), креатори на TikTok, го направија токму тоа. И двајцата сакаат да создаваат уникатни содржини и да ги споделуваат своите методи и идеи со публиката.

Тука, Rosie и Eletrico ќе ни ги откријат нивните најдобри совети за создавање уникатни слики што ќе ги воодушеват вашите следбеници, а притоа ќе користат пет различни техники за фотографирање.

1. Траги од светлина со долга експозиција

Долга експозиција од маж кој стои на тротоар пред траги од црвени светилки на автобус во движење.

„За сликите со траги од светлина, што се снимаат со долга експозиција, е неопходен статив за да се спречат какви било движења на фотоапаратот“ - објаснува Rosie. „Ако сакате некој да биде статичен во сликата, тој/таа треба да стои совршено мирно во текот на целата експозиција“. Снимено со EOS 200D од Canon (сега е заменет со новиот EOS 250D од Canon) и објектив EF 35mm f/1.4L II USM од Canon со избрани 2 сек., f/5,6 и ISO100. © Rosie Lugg

Долга експозиција од силуета покрај круг со златна светлина. Од рабовите на прстенот се протегаат траги од светлина.

Кога станува збор за долги експозиции, Eletrico верува дека избирањето мала чувствителност од ISO100 ќе ви помогне да користите бавни брзини на блендата, а притоа ќе спречи појава на шум во сликите. Снимено со EOS M50 Mark II од Canon и објектив EF-M 18-150mm f/3.5-6.3 IS STM од Canon со избрани 18 mm, 13 сек., f/10 и ISO100. © Peter Jay

Техниките што привлекуваат внимание се задолжителни за фотографи кои сакаат да успеат на социјалните мрежи, а Rosie и Eletrico ви предлагаат да создавате слики со прекрасни траги од светлина.

Rosie неодамна експериментираше со траги од светлина создадени од црвени автобуси што минуваа по Tower Bridge во Лондон. „Мора да експериментирате со поставките на фотоапаратот за да го добиете саканиот ефект. Најчесто фотографирам во рачен режим (M) кој го олеснува контролирањето на брзината на блендата и решетката, како и вредноста на ISO. За да фотографирате некого во автобус што создава траги од светлина во заднината, ви треба брзина на блендата од приближно две секунди, решетка f/5,6 и ISO100 за да добиете соодветна експозиција. Секогаш сакам да користам колку што е можно помала вредност на ISO, за да добијам максимален квалитет и минимален шум“.

Eletrico сними еднакво привлечна слика користејќи секојдневни предмети во домот. „Ставив запалена памучна волна во метален кујнски мијалник“ - објаснува тој. „Лулајќи ја волната закачена на конец настанаа искри, а долгата експозиција од 13 секунди беше доволна за создавање на сликата со светлина“. (Внимание: ова претставува опасност за пожар. Набавете противпожарен апарат или преземете други безбедносни мерки.) „Го ставив фотоапаратот на статив и активирав тајмер за снимател од 10 секунди за да имам доволно време да поставам сè и да се подготвам пред да се отвори блендата“.

Може да направите слични ефекти со траги од светлина ако користите факели, LED-светилки, па дури и прскалки.

2. Замрзнување на движењата со голема брзина на блендата

Динамичките слики снимени со големи брзини на блендата навистина ќе се истакнат на социјалните медиуми. Движењето е замрзнато во дел од секундата, а сликата открива детали што не можат да се видат со голо око.

За сликата од вода што тече од чаша (горе на страницата) при зајдисонце, Eletrico користеше режим за рачен фокус. „Кога се користи тајмер за снимател, автоматскиот фокус може да не се заклучи на правилниот дел од сцената, па затоа означив точка на земјата и фокусирав во неа однапред. Екранот на допир со променлив агол кај EOS M50 Mark II од Canon е многу практичен и ми овозможи да го обликувам кадарот на сликата додека стоев пред фотоапаратот“.

Rosie вели: „Сакам да фотографирам модели кои се вртат во фустани, но ако не користите многу голема брзина на блендата, сите детали ќе се заматат. Исто така, претпочитам да фотографирам рачно наместо со статив, бидејќи можам да се движам и да бидам поспонтана“.

Ако фотографирате без статив, тогаш користете објективи со вградена стабилизација на слика за полесно снимање остри слики. EOS R5 и EOS R6 од Canon имаат вградена стабилизација на слика што може да се користи заедно со објективи со вградена стабилизација на слика или со објективи што немаат вградена стабилизација на слика.

3. Детални слики одблиску

Црвена кружна форма со три линии што се спојуваат во централна точка и се отсликуваат во капките вода над формата.

„Воодушевен сум од врвните детали одблиску што ги доловува објективот EF-M 18-150mm f/3.5-6.3 IS STM“ - вели Eletrico. „Не можев да ги видам линиите светлина во капките вода со голо око кога фотографирав“. Снимено со EOS M50 Mark II од Canon и објектив EF-M 18-150mm f/3.5-6.3 IS STM од Canon со избрани 52 mm, 1/40 сек., f/5,6 и ISO400. © Peter Jay

Објектив EF-M 18-150mm f/3.5-6.3 IS STM од Canon.

Eletrico го користеше објективот EF-M 18-150mm f/3.5-6.3 IS STM од Canon за снимање на неговите слики одблиску од капки вода во боја (лево). Идеален „сè-во-едно“ објектив - создава одлични резултати со субјекти на мала и голема оддалеченост, а може да фокусира на мало растојание до 25 cm (при фокусни должини од 18-50 mm).

Макро сликите откриваат неверојатно мали детали и со сигурност ќе привлечат огромно внимание на социјалните мрежи. „Отсекогаш мислев дека ми треба голем и специјален макро објектив за екстремни слики одблиску, но се изненадив колку блиску можев да се доближам со објективот EF-M 18-150mm f/3.5-6.3 IS STM од Canon“ - вели Eletrico. При фокусни должини од 18-50 mm, објективот може да фокусира на растојание дури до 25 cm.

„Залепив провидна лента по периметарот на една ролна и ја ставив врз слика прикажана на мојот телефон заради подобро осветлување, а потоа испрскав неколку капки вода за да продре светлината.

„Не користев специјални поставки на фотоапаратот, а објективот ги долови дури и најмалите детали во капките. Тресењето на фотоапаратот може да биде голем проблем за макро фотографиите, но јас фотографирав рачно и стабилизацијата на сликата вградена во објективот се покажа неверојатно ефикасна.

4. Рефлектирања во водата

Слика од нечија нога рефлектирана во вир вода, снимена од коленото надолу, субјектот носи жолто здолниште и бели чизми.

Идејата за рефлектирања во вода ја натера Rosie да размислува за калливи вирови и гумени чизми. „Малку е смешно, иако станува збор за британското време, но морав да чекам повеќе од недела дена за да заврне“ - вели таа. Снимено со PowerShot G7 X Mark II од Canon (сега е заменет со новиот PowerShot G7 X Mark III од Canon) со избрани 1/320 сек., f/2,8 и ISO320. © Rosie Lugg

Слика рефлектирана од вода во базен, прикажано е дете кое седи на лебдечки душек пред градска сцена.

Eletrico сакаше да долови нешто невообичаено на темата за отсликувања во вода, па затоа направи вир вода на подот и сними слика што се прикажуваше на неговиот телефон, заедно со нејзиното отсликување, во темна просторија. Како резултат доби неверојатна оптичка илузија. Снимено со EOS M50 Mark II од Canon и објектив EF-M 18-150mm f/3.5-6.3 IS STM од Canon со избрани 18 mm, 1,6 сек., f/14 и ISO100. © Peter Jay

Гледањето двојно е доволно за да привлече сечие внимание, а како што покажа во своето видео на TikTok, Rosie ужива да снима слики со рефлектирање со цел да внесе специјален ефект на симетрија во нејзините содржини. „Чекав врнежлив ден за да има многу вирови вода“ - објаснува таа. „Во еден момент ја преземав улогата на модел и открив дека апликацијата Canon Camera Connect е неверојатно практична. Чувството е неверојатно кога ќе го ставите фотоапаратот на статив и ќе ги контролирате сите поставки преку телефонот што го држите во рака.

„За да извлечете максимум од рефлектирањата во водата, треба да клекнете многу ниско - аголот на фотоапаратот беше многу важен, па затоа можноста за прегледување на сликите со мојот телефон и можноста за прилагодување на поставките за фотографирање навистина го олеснија целиот процес“ - додава Rosie.

Ако не ја користите апликацијата Camera Connect за да го контролирате фотоапаратот далечински, тогаш ќе треба да го држите во раце за да снимите слика од понизок агол. Во вакви случаи, продолжи Rosie, „екраните што се вртат или закосуваат ќе ви го олеснат животот и ќе ја елиминираат потребата да клекнувате или лежите на влажна површина“.

Eletrico сака да додава и креативни стилови во неговите слики со отсликувања во вода. „Истурив малку вода на подот и ги исклучив сите светилки за да добијам потполна темнина. Водата ја рефлектираше сликата прикажана на екранот на мојот телефон, а ефектот изгледаше многу добро. Користев мала решетка од f/14 за да добијам поголема длабочина на полето, па затоа сите елементи од предниот до задниот дел на сцената се остри“.

5. Заматени заднини

Жена гледа нагоре и надесно, ја држи дланката на образ, а во заднина се гледаат заматени новогодишни светилки во форма на ѕвезди.

Rosie често користи реквизити за да ги направи своите фотографии поинтересни, поставува новогодишни светилки или дува балони за да создаде поинтересни ефекти на дефокусирање. Исто така, таа крои хартиени форми што ги става врз објективот, за да добие дефокусирани точки светлина и светли кружни површини со креативен изглед. „Често користам и мала длабочина на поле за да ја дефокусирам заднината“ - додава таа. Снимено со EOS 200D од Canon и објектив EF 35mm f/1.4L II USM од Canon со избрани 1/125 сек., f/1,4 и ISO200. © Rosie Lugg

Бела мермерна структура со повеќе куполи и четири минариња гледана низ прстен со златна светлина.

„На почетокот сакав да ја ставам дланката во преден план, но потоа добив идеја да држам филтер за неутрална густина за да добијам покреативен елемент“ - вели Eletrico. Снимено со EOS M50 Mark II од Canon и објектив EF-M 18-150mm f/3.5-6.3 IS STM од Canon со избрани 18 mm, 1/100 сек., f/3,5 и ISO100. © Peter Jay

Изолирањето на главниот лик или предмет во сцената преку заматување на заднината е една од омилените техники на Rosie. „Повеќето портрети што ги гледате на социјалните медиуми изгледаат многу слично, особено оние што се снимени со мобилен телефон. Мојот објектив EF 35mm f/1.4L II USM од Canon ми нуди подобар квалитет бидејќи неговата најширока решетка создава мала длабочина на поле. Го насочува целото внимание кон човекот кој го фотографирате“. Ако користите EF-објектив со фотоапарат со APS-C-сензор, тогаш субјектот кој го фотографирате ќе изгледа поголем на овој сензор отколку на сензор за целосна слика, што всушност ја зголемува фокусната должина на објективот за фактор од 1,6x. „‚Ефикасната‘ фокусна должина на објективот од 35 mm е иста како фокусната должина од 56 mm на мојот EOS 200D од Canon и мислам дека таа е идеална за фотографирање портрети и модни фотосесии. Сликите имаат врвен и инспиративен изглед што привлекува внимание и ги воодушевува луѓето на социјалните мрежи“.

За да прикаже мала длабочина на поле, Eletrico сними слика од архитектура на зграда во далечина. Неговиот уникатен пристап вклучува држење филтер за неутрална густина во раката на мала оддалеченост, што е опфатен во самата слика. „Со фокусирање на џамијата во далечина, филтерот создава меко дефокусирање со прстенеста форма околу зградата што создава специјален ефект“. Во многу случаи, неконвенцијалното размислување создава прекрасни резултати.

Бидете креативни со вашата опрема

За да создавате најдобри содржини ви треба опрема што ќе ја следи вашата креативност во чекор. Rosie и Eletrico носат малку опрема кога патуваат и фотографираат со опрема што не тежи многу, а сепак е интуитивна и нуди брзи перформанси, а тоа им овозможува да создаваат неверојатни дела кога ќе добијат инспирација.

Rosie го користи PowerShot G7 X Mark II од Canon (сега е заменет со новиот PowerShot G7 X Mark III од Canon) со џебна големина - нејзиниот моќен и пренослив придружник за олицетворување на нејзините идеи кога патува. Таа го користи и EOS 200D од Canon (сега е заменет со новиот EOS 250D од Canon) - неверојатно компактен и лесен DSLR-фотоапарат кој е совршен за користење и во домашно студио и надвор од домот. „Следењето на брзите движења може да биде голем предизвик“ - вели Rosie. „Но, мојот EOS 200D има неверојатна брзина, особено кога станува збор за следење со автоматскиот фокус“.

Од објективи, Rosie најчесто го користи EF 35mm f/1.4L II USM од Canon бидејќи нуди неверојатно мала длабочина на поле, а го користи и EF 24-70mm f/2.8L USM од Canon (сега е заменет со новиот EF 24-70mm f/2.8L II USM од Canon од серијата EF) поради неговиот повеќенаменски зум што не предизвикува загуби во квалитетот на сликата.

Eletrico, пак, најмногу го користи компактниот и моќен EOS M50 Mark II од Canon во комбинација со повеќенаменскиот објектив EF-M 18-150mm f/3.5-6.3 IS STM од Canon. Оваа комбинација ги надмина неговите големи очекувања за речиси сите ситуации за фотографирање.

Дали ве инспирираа овие креативни техники? Погледнете го видеото на Eletrico со совети за подобри фотографии на TikTok, а потоа обидете се да внесете забавни ефекти во вашите слики. Споделете ги резултатите со хаш-ознаката #FreeYourStory и додајте ја ознаката @canonemea.


Напишано од Matthew Richards

Слични производи

Слични статии

  • ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Снимајте привлечни фотографии

    Инфлуенсерот на социјални медиуми Steffi Marla споделува како гарантира дека нејзините слики ќе се истакнуваат онлајн.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ

    Фотографирање на годишните времиња

    Истакнете ја уникатната атмосфера на секое годишно време со советите на Benjamin Hegyi.

  • СНИМАЊЕ ВИДЕОБЛОГОВИ

    Создавање содржини со EOS R50

    Усовршете ги вашите социјални медиуми со Canon EOS R50.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ПОРТРЕТИ

    Снимајте подобри автопортрети

    Тиктокерката Nina Collins објаснува како да снимате креативни автопортрети дома.