Портретите се тие фотографии на кои најчесто им се навраќаме. Одбележуваат значајни семејни моменти, празници, како и секојдневните моменти кои најмногу ни значат. Без оглед на тоа дали станува збор за насмевката на дете, смеата на баба или дедо или спонтан автопортрет на пат во странство, портретите се сржта на раскажувањето приказни преку фотографирање.
А сепак, за многу нови корисници на фотоапарати, портретите се најтешки за погодување. Разликата меѓу „убава слика“ и слика која навистина се истакнува најчесто се должи на објективот што го користите.
Објективите за портрети од Canon можат да ви помогнат да ги подобрите сликите. Дизајнирани да доловат светлина, детали и емоции со неверојатна прецизност, ви помагаат поекспресивно да раскажувате приказни, наместо само да снимате фотографии. Без разлика тоа кој фотоапарат со EOS R-систем од Canon го користите, соодветниот објектив веднаш може да го смени начинот на кој го гледате и снимате вашиот свет.
Фокусирајте се: објективи со достапна цена со кои ќе можете да внесете реалистичност во вашите портрети
Моќта на решетката
Една од најголемите надградби за фотографирањето портрети е да почнете да користите објектив со поширока решетка (помал f-број) наместо стандарден објектив. Тие објективи пропуштаат многу повеќе светлина од стандарден објектив со зум, што овозможува снимање портрети во услови со послабо осветлување. Со овие објективи можете да снимате остри и светли снимки без блиц, во затворена просторија и при зајдисонце.
Уште поважно, широка решетка произведува меки и заматени заднини кои му прилегаат на субјектот и го привлекуваат вниманието таму каде што сакате. Квалитетот на заматувањето на заднината или ефектот на дефокусирање е привлечен сам по себе – а со одделување на субјектот од заднината, ќе видите дека секоја фотографија ќе делува како да е намерно снимена и ќе изгледа професионално.
Во овој неформален портрет снимен со стандарден објектив со решетка f/5, лицето е во остар фокус, но зборовите и тулите во заднина го одвлекуваат вниманието. Снимено со Canon EOS R5 и објектив Canon RF 24-105mm F4-7.1 IS STM со избрани 50 mm, 1/60 сек., f/5 и ISO 200.
При истата фокусна должина од 50 mm, видното поле е исто, но широката решетка f/1,8 на примарниот објектив Canon RF 50mm F1.8 STM произведува позаматена заднина со која субјектот се истакнува. Снимено со Canon EOS R5 и објектив Canon RF 50mm F1.8 STM со избрани 1/500 сек., f/1,8 и ISO 200.
Споредба меѓу примарен објектив и објектив со зум: наоѓање на вашиот фокус
Ако сте навикнати на флексибилноста што ја нуди стандарден објектив со зум, можеби ќе се чувствувате ограничено при првичното префрлување на примарен објектив со фиксна фокусна должина. Но, оваа едноставност е дел од привлечноста. Примарните објективи ве охрабруваат да се движите околу субјектот и да испитате различни агли за да го обликувате кадарот со причина. Вашите стапала се алатката за зумирање како што се движите поблиску и подалеку од субјектот. Примарните објективи се полесни, поостри и подостапни од многу објективи со зум.
„Примарните објективи се најекономичната надградба“, вели управникот со производство на Canon Europe, Mark Kendrick. „Ако сте ограничени со буџетот, но сакате да снимате нешто различно, нешто што се истакнува, објектив од 50 mm или 35 mm е одличен избор“.
Со објектив со широка решетка како што е RF 50mm F1.8 STM, мала длабочина на полето и меко заматување на заднината, вашиот субјект може да се истакне преубаво наспроти заднината, со што портретите добиваат чувство на интимност и длабочина. Снимено со Canon EOS R50 и објектив Canon RF 50mm F1.8 STM со избрани 1/3.200 сек., f/1,8 и ISO 100.
Објективот Canon RF 45mm F1.2 STM нуди уште поголема креативна контрола. Неговата извонредно широка решетка f/1,2 нуди филмско одвојување на субјектот во секоја снимка, а исто така, се одликува со уште поголема можност за снимање во најтемните услови. Снимено со Canon EOS R6 Mark III и објектив Canon RF 45mm F1.2 IS STM со избрани 1/100 сек., f/1,2 и ISO 200.
Автоматски фокус на кој можете да му верувате
Портретите се краткотрајни. Изразите на лицето може да се сменат за секунда, особено кога станува збор за деца или неочекувани моменти. Брзиот и прецизен автоматски фокус од Canon со откривање на лице и око во фотоапарати како што е EOS R50, EOS R10 и EOS R100, благодарение на Dual Pixel CMOS AF II, комуницира моментално со објективот за да гарантира дека субјектот ќе остане извонредно остар, дури и кога снимате при максимален отвор од f/1,8 - или исклучителен f/1,2 ако користите објектив што може да го постигне тоа.
Во комбинација со технологијата за следење на субјектот која е дел од системот за автоматско фокусирање, ова значи дека можете да се фокусирате на обликување на кадарот и поврзување, наместо на технички поставки.
„Тој остар дел од сликата е тој што ви го привлекува вниманието“, вели Mark. „Измазнетата заднина додава кон сликата наместо да го одвлекува вниманието. Автоматското фокусирање гарантира дека острата точка е таму каде што сакате да биде“.
Кога животните моменти се непредвидливи, од дување роденденски свеќички до спонтани прегратки, фотоапаратите и објективите од Canon работат заедно за да испорачаат сигурни и остри резултати. Автоматското фокусирање со откривање на лице и око го одржува субјектот во фокус, препознавањето субјекти со AI предвидува движења, а стабилизацијата на слика во одредени објективи како RF 35mm F1.8 IS MACRO STM гарантира дека рачно снимените слики нема да бидат заматени. За да изберете објектив од Canon со стабилизација на слика, барајте ги буквите IS во името на објективот.
Објективот RF 35mm F1.8 IS MACRO STM нуди пошироко видно поле, поради што е совршен за портрети во различни опкружувања или фотографии од патувања кои ги ставаат луѓето во контекст. Снимено со Canon EOS R100 и објектив Canon RF 35mm F1.8 IS MACRO STM со избрани 1/800 сек., f/1,8 и ISO 100. © Gary Morrisroe
Практично, автоматското фокусирање во фотоапаратите од Canon како EOS R10 може да препознае животни - вклучувајќи кучиња, мачки и птици - како и луѓе. Снимено со Canon EOS R10 и објектив Canon RF 50mm F1.8 STM со избрани 1/200 сек., f/1,8 и ISO 100.
Клучни објективи за прекрасни портрети
Убавината на најдобрите објективи за портрети лежи во тоа како ги преобразуваат секојдневните ситуации во долготрајни спомени. Со брзите и интуитивни системи за автоматско фокусирање од Canon, никогаш нема да испуштите момент, без разлика на тоа дали сте дома, во странство или некаде измеѓу.
Најдобар објектив за неочекувани семејни портрети по достапна цена: Canon RF 50mm F1.8 STM
При семејни собири, природните моменти доаѓаат и исчезнуваат за само неколку секунди. Со RF 50mm F1.8 STM, можете да ја доловите смеата на вашите најмили од другиот крај на масата или да ги снимите вашите деца додека си играат при меката вечерна светлина. Широката решетка f/1,8 создава амбиентално одделување од полните заднини, а AF со откривање на очи на фотоапаратот веднаш се заклучува на очите на субјектот, дури и ако се помести, со што се гарантира дека секој израз на лицето ќе остане остар.
Најдобар објектив за портрети при патувања по достапна цена: Canon RF 35mm F1.8 IS MACRO STM
Кога патувате, RF 35mm F1.8 IS MACRO STM се истакнува. Неговото малку пошироко видно поле ви дава да ги ставите луѓето во контекст на опкружувањето, на пример, продавач на улица опкружен со разнобојни тезги или ваш пријател кој стои пред препознатлив споменик. Благодарение на способностите за макро на фотоапаратот, можете да го префрлите фокусот на детали одблиску, како оброк или ѕид со текстура, а притоа да уживате во брзо и тивко автоматско фокусирање.
Најдобар објектив за креативни портрети по достапна цена: Canon RF 45mm F1.2 STM
За лицата кои се подготвени да направат уште еден чекор подалеку, RF 45mm F1.2 STM од Canon отвора целосно нова димензија. Извонредно широката решетка f/1,2 произведува неверојатно заматување на заднината и прекрасни перформанси при слаба осветленост, со што е идеална за снимање во затворена просторија или при „златниот час“. Во комбинација со системот Dual Pixel CMOS AF II во најновите фотоапарати од Canon, објективот ги следи субјектите рамномерно и тивко, што е совршено за создавање филмски слики или видеопортрети кои делуваат како да се живи.
Без разлика на тоа дали ви е прв наменски објектив за портрети или вашиот следен чекор во процесот на креативна контрола, овие објективи ви помагаат да се фокусирате на тоа што е најважно: луѓето пред фотоапаратот.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
Сè што треба да знаете за објективи
Откријте ги најдобрите фотоапарати и објективи од Canon за фотографирање портрети и видете како еден објектив може да ги преобрази сите слики што ги снимате
Користете ја алатката за пребарување објективи од Canon за да го најдете идеалниот објектив за вашите потреби и опрема