Emmanuel претпочита да фотографира мода со примарни објективи. „Најмногу ги користам новите примарни RF-објективи и можам да ги препорачам“ - вели тој. „Го користам објективот RF 50mm F1.2L USM од Canon, но и објективот EF 50mm f/1.8 STM е одлична опција доколку имате ограничен буџет“. Снимено со EOS R5 од Canon и објектив RF 50mm F1.2L USM со избрани 1/400 сек., f/5 и ISO400. © Emmanuel Oyeleke
За да фотографирате како професионалец ви треба соодветна опрема. Но, со оглед на огромниот избор на фотоапарати и објективи што се достапни благодарение на брзиот развој на технологијата за фотоапарати, како да одлучите која опрема ќе ви одговара најмногу за вашите потреби?
Независно дали штотуку сте дипломирале и влегувате во индустријата, дали имате хоби и сакате да го проширите вашиот хоризонт или сте професионалец кој сака да напредува во својата кариера, еден од првите најголеми фактори што треба да го земете предвид е видот на фотографија со кој сакате да се занимавате. Фотографите за документарни содржини кои можеби треба да работат тивко и дискретно во различни опкружувања имаат потреба од различна опрема во споредба со, на пример, фотографите за мода кои работат во внимателно поставени сценарија со професионални модели.
Капацитетот на фотоапаратот да снима видео е уште еден важен фактор. „Прераснува во сè поважна алатка“ - вели Mike Burnhill, експертот за производи на Canon Europe. „Видеото е важен дел од платформите за социјални медиуми, на пример, и имањето вештини за снимање фотографии и видеоснимки значително го отвораат пазарот за работа во фотографската индустрија“.
Тука, три млади професионалци, сите специјалисти во различни полиња, и сите со своја уникатна приказна како навлегле во индустријата, говорат за фотоапаратите и објективите од Canon што ги користат и зошто тие се идеални за нивниот избран стил. Тие се: нигерискиот фотограф за мода и портрети Emmanuel Oyeleke, германско-руската фотографка за документарни содржини Nanna Heitmann и Ingo Leitner од Австрија, кој е дел од фотографското дуо за свадби Carmen и Ingo. Освен нивните професионални мислења, Mike Burnhill дава дополнителни професионални совети.