Пчелите се неверојатни суштества. Покрај тоа што се слатки и прекрасни, тие се и клучни за биодиверзитетот на нашата планета. Пчелите ги опрашуваат растенијата и посевите и со тоа го овозможуваат животот на луѓето и дивите животни, но, за жал, тие се загрозени.
„Во изминатите 20 години, многу повеќе видови пчели се соочуваат со истребување“ - вели фоторепортерот за диви животни и амбасадор на Canon Christian Ziegler, кој верува дека е многу важно тој, но и другите, да ги фотографираат пчелите за да ја истакнат нивната убавина и важност и да ја подигнат свеста за тешкотиите со кои тие се соочуваат.
Но, како самите да ги фотографирате пчелите? Тоа не е лесно, но со соодветна помош, може да го изведат дури и почетниците. Овде, Christian и макро фотографите за диви животни Matt Doogue и Ingo Arndt ги споделуваат своите совети за создавање средина погодна за инсекти во која ќе може да фотографирате пчели од неверојатно мало растојание.
МАКРО ФОТОГРАФИРАЊЕ
Како да снимате неверојатни макро фотографии од пчели
1. Создајте градина погодна за пчели
Не треба да патувате далеку за да ги фотографирате пчелите. Ако ја направите вашата градина колку што е можно попогодна за пчелите, тие ќе дојдат кај вас, а вие ќе добиете многу можности за снимање неверојатни фотографии. Освен тоа, чекорите што ќе ги преземете за да ги привлечете пчелите ќе им помогнат и да просперираат.
„Мојот совет за создавање градина погодна за пчели е да одгледувате локални растенија со многу полен и нектар“ - вели Christian. „Растенијата како што се лавандата и жалфијата ги привлекуваат пчелите бидејќи подолго време цутат. Не косете го тревникот – дури и мала обрасната површина може да биде прекрасно живеалиште за пчелите“.
Matt вели дека локалните цветови биле дел од исхраната на пчелите со години. „Направете истражување" - продолжува тој. „Дознајте што сакаат да јадат вашите субјекти, каде сакаат да се движат, на какви растенија се размножуваат“.
„Хотелите за пчели се извонредни“ - додава тој. „Може да ги купите во продавниците или самите да ги изработите така што ќе издлабите дупки во дрво“.
2. Одржувајте го растојанието
Не заборавајте на безбедноста. Важно е да ги почитувате пчелите и да одржувате растојание додека ги фотографирате во нивното природно живеалиште, бидејќи може да ве боцнат. „Пчелите одлетуваат ако им се приближите премногу, но може да биде опасно да ги фотографирате блиску до кошницата“ - објаснува Ingo.
Најлесен начин да го одржувате растојанието е да користите телефото објектив. Објективите со поголема фокусна должина како што е RF 85mm F2 MACRO IS STM од Canon или објективите за зумирање со телефото опсег како RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM од Canon или RF-S 55-210mm F5-7.1 IS STM од Canon ви овозможуваат да ги фотографирате пчелите без премногу да се доближувате.
И апликацијата Canon Camera Connect е корисна алатка во вакви ситуации, бидејќи ви овозможува да го контролирате фотоапаратот од далечина.
Прочитајте го нашиот водич за купување за да дознаете повеќе за најдобрата почетна опрема за макро фотографирање.
3. Снимајте во вистинско време
„Златниот“ час – непосредно по заоѓањето на сонцето и непосредно пред неговото изгревање, кога ниското сонце создава прекрасна топла светлина и долги сенки – е совршен за фотографирање на пчелите. Во тој период пчелите се и побавни и помирни, така што полесно ќе може да ги фотографирате. „Пчелите се најактивни кога е топло“ - објаснува Ingo. „Напладне, силната светлина и контраст исто така се проблематични и најчесто не се поволни услови за фотографирање. Јас претпочитам да фотографирам еден час по изгрејсонцето и еден час пред зајдисонцето“.
Ако отидете порано, пчелите може уште да спијат. „Некои пчели спијат на растенијата“ - вели Matt. „Тие го загризуваат едниот крај и не мрдаат, што е одлично за вежбање и за спојување фотографии со различен фокус [погледнете подолу]. Бумбарите, на пример, често се среќаваат на жолтите маргаритки рано наутро. Тие само се загреваат и не се движат многу, така што тоа е совршено време за да пробате макро фотографирање“.
4. Обрнете внимание на боите и текстурите
Како во секој жанр на фотографирањето, треба да ги побарате и да ги земете предвид елементите поради кои вашите слики се издвојуваат. Текстурите на растенијата и геометриските форми на очите на инсектите се совршени, а Matt ве советува да барате живописни бои како што е црвената, виолетовата и сината. Земете ја предвид бојата на цвеќињата што се погодни за пчели и кои сакате да ги одгледувате, или, пак, користете обоена заднина во градината или балконот за полесно да ги фотографирате раздвижените инсекти.
Christian, пак, бара интересни шаблони, текстури и осветлување. „Но, пред сѐ, се водам според однесувањето на инсектите“ - додава тој.
„Одлично е кога го доловувате однесувањето“ - се согласува Matt. „Тоа е клучно за снимањето добра фотографија. Може да направите портрет од мравка, што е одлично, но може да ја снимите и додека носи друга мртва мравка или како носи храна во мравјалникот, со што фотографијата целосно се менува. Тоа го менува начинот на кој ја гледаме фотографијата и го зголемува нашиот интерес за неа“.
5. Снимете ги пчелите во лет
Некои од највпечатливите слики од пчели ги прикажуваат инсектите во лет, но бидејќи тие брзо се движат, може да ви биде проблематично да ги снимите. „Мора да бидете брзи и да користите големи брзини на блендата за да го замрзнете движењето“ - објаснува Ingo.
Ingo и Matt советуваат да го заклучите фокусот во област во која има поголема веројатност да се појави пчела, како што се цветовите. „Однапред фокусирајте некоја област со рачно фокусирање (MF) и чекајте“ - вели Matt.
За да ги снимите пчелите во лет без блиц, Christian препорачува да се користи режимот за приоритет на блендата (Tv) и да се постави брзина од најмалку 1/500 сек. Тој советува и поставување голема брзина на блендата при снимањето во рачен режим (M), а потоа и приспособување на ISO-вредноста за да се балансира експозицијата. „Ако не користите блиц, ISO-вредностите се решението“ - вели тој. „Без блиц, може да одите до ISO 8000. Јас користев и ISO 25.600 и тоа одлично функционира“.
6. Експериментирајте со рачното фокусирање
Matt, Christian и Ingo советуваат да експериментирате со рачниот фокус. „Подобро е точно да одредите каде на инсектот ќе биде фокусот“ - советува Ingo, кој препорачува да поставите рачно фокусирање за побрзо да реагирате на движењата на инсектите. „Најчесто треба да бидете многу брзи“ - продолжува тој. „Јас го поставувам фокусот однапред, го наоѓам вистинското растојание, а потоа одам кај пчелите и ја движам главата напред-назад за да го пронајдам вистинскиот фокус. Секогаш се движам јас или фотоапаратот, наместо да го приспособувам фокусот на објективот. Тоа е многу побрзо“.
За да го проверите фокусот, може да ја користите функцијата за издвојување со фокус, која ја осветлува фокусната рамнина. Може да го користите и прегледувањето во живо за да зумирате во кадарот и да го проверите фокусот додека го обликувате кадарот. „Одлично е кога сте сигурни дека субјектот ќе биде во фокусот“ - вели Matt. „Секогаш проверувајте двапати, особено кога снимате со рачно фокусирање“.
Со помош на апликацијата Canon Camera Connect може да го приспособувате рачното фокусирање на објективот преку вашиот паметен телефон.
7. Користете придушен блиц за осветлување
При големо зголемување, тешко е да добиете доволно широка длабочина на поле за да го доловите целиот инсект со целосно фокусирање. Најдоброто решение е вештачкото осветлување, како што е блицот, кое ви овозможува доволна експозиција при користење мала решетка за широка длабочина на поле, доволно голема брзина на бленда за да нема заматување, како и ниска вредност за ISO за добивање најостра слика.
Блицот влијае и на боите и на впечатливоста на вашите фотографии. „Многу подобро е да имате вештачко осветлување отколку природна светлина за да ги доловите очите на инсектите“ - објаснува Ingo. „Понекогаш тие се блескави или се прелеваат во боите на виножитото. Кога користите блиц, добивате повеќе бои“.
Ingo советува и да се користи блиц одозгора за да се имитира светлината што доаѓа од сонцето. „Ако снимате хоризонтално, оставете го блицот на фотоапаратот. За вертикално снимање, држете го блицот одозгора во раката“ - вели тој.
Може и да го поставите блицот настрана, што ќе фрли странична сенка врз субјектите и ќе овозможи креативен изглед. Каква и да е вашата опрема, Matt препорачува да го придушите блицот. „Ако не го сторите тоа, осветлувањето ќе биде остро“ - вели тој. „Сакаме светлото да биде убаво и квалитетно. Придушувањето ја приближува острата разлика помеѓу светлото и сенката“.
Многу блицoви Speedlite од Canon се испорачуваат со дифузери за придушување на светлото, но може и самите да го направите така што ќе поставите лист бела хартија пред блицот.
8. Обидете се со спојување фотографии со различен фокус
Може да управувате и со длабочината на полето со помош на спојувањето фотографии со различен фокус, иако тоа функционира само за неподвижните субјекти, како што се заспаните пчели.
„Може да го компензирате недостатокот од светло така што ќе ја отворите решетката и ќе ги споите фотографиите“ - објаснува Matt. Функцијата за спојување фотографии со различен фокус на фотоапаратот снима низа слики и ја движи фокусната точка во секоја слика за да може да ги подредувате деловите што се во фокусот. Тоа ви овозможува да користите голема брзина на бленда и широка решетка, но сепак да имате широка фокусна рамнина, без потреба од блиц или висока ISO-вредност.
EOS R10 од Canon, EOS R8 и EOS R7 се одликуваат со функции за спојување фотографии со различен фокус и спојување повеќе длабочини на поле, кои ги спојуваат сликите со различен фокус, така што конечната слика во целост се создава во фотоапаратот.
Не бидете престроги кон себе ако вашите фотографии на почетокот не изгледаат толку импресивно како сликите во оваа статија. Запомнете: потребно е време за да усовршите каков било вид на фотографирање. Важно е да бидете креативни, да ги подобрувате вашите вештини и да снимате слики од кои сте задоволни.
„Тешко е, особено со социјалните медиуми, да не ги споредувате вашите фотографии со неверојатните слики на другите“ - признава Matt. „Но, ако продолжите да вежбате и да се надградувате, ќе добиете неверојатни фотографии“.
Напишано од Peter Wolinski
Слични производи
-
Фотоапарати без огледало
EOS R7
Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината. -
Фотоапарати без огледало
EOS R10
Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C. -
Широкоаголен примарен објектив
RF 24mm F1.8 MACRO IS STM
Компактен и лесен примарен објектив од 24 mm што е идеален за фотографирање пејзажи, снимање видеоблогови и ентериери, но и за снимање одлични макро слики. -
Објективи RF
RF 85mm F2 MACRO IS STM
Објективот RF 85mm F2 MACRO IS STM нуди разновидни опции за фотографирање одблиску со дискретна телефото компресија и стабилизација на слика со 5 чекори, вградени во компактно и лесно куќиште. -
Објективи RF-S
RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM
APS-C-објектив од серијата EOS R со опсег на зумирање од широк агол до телефото што е совршен за фотографирање патувања, диви животни, спорт и животен стил. -
Објективи RF-S
RF-S 55-210mm F5-7.1 IS STM
Зумирајте со овој лесен објектив со повеќенаменски телефото зум и APS-C-сензор и откријте нова димензија за фотографирање патувања, спорт, семејства и домашни миленичиња.
Слични написи
-
МАКРО ФОТОГРАФИРАЊЕ
Најдобрата почетна опрема за макро
Избирање фотоапарати, објективи и дополнителна опрема за детално макро фотографирање.
-
МАКРО ФОТОГРАФИРАЊЕ
Совети за макро фотографирање
Макро фотографирање на едноставен начин - дознајте за најдобрата опрема, совети и техники.
-
МАКРО ФОТОГРАФИРАЊЕ
Откријте го светот на инсектите
Откријте ги тајните животи на малите суштества со советите на Pierre Anquet.
-
ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ
Спојување фотографии со различен фокус за почетници
Фотографот Matt Doogue објаснува како алатките за спојување фотографии со различен фокус на Canon може да ви помогнат да доловите макро снимки и пејзажи со сеопфатна острина.