Режимот за макро фотографирање кај голем број фотоапарати од Canon функционира солидно, но ако сакате да снимите покреативни слики одблиску со фотоапарати за ентузијасти, тогаш е најдобро да ја преземете контролата. Користењето полуавтоматски или рачни режими може да ви понуди одлични резултати.
Голем предизвик е тоа што длабочината на полето (растојанието помеѓу најблиската и најдалечната точка во сцена што се прикажува остро) е многу мала во снимање слики одблиску и апсолутно минијатурна при макро фотографирање. За да добиете максимална длабочина на полето, изберете го режимот за фотографирање Av (приоритет на решетка) и помала решетка приближно од f/16 до f/22. Но, ако осветлување е слабо, можно е да треба да користите мала брзина на блендата за да добиете соодветна експозиција. Тоа нема да биде проблем доколку користите статив за макро фотографии од цвеќиња, слики одблиску од храна и друга мртва природа, но недоволното осветлување може да резултира со слики без длабочина. Ако фотографирате во затворена просторија, тогаш може да го зголемите осветлувањето со столна ламба или да ја искористите дневната светлина што навлегува низ прозорците. LED-лампите за фотографирање се уште една добра опција, како и LED-светлата Macro Lite кај одредени објективи од Canon, наведени погоре.
За макро фотографиите од инсекти ќе ви треба бленда со голема брзина за да го замрзнете движењето. Истото важи и за други живи субјекти, на пример, макро фотографии од очи. Еден од начините да го постигнете тоа е да користите и мала решетка за да можете да ја зголемите вредноста за ISO на фотоапаратот. Меѓутоа, избирањето повисока вредност за ISO може да предизвика губење на малите детали и зголемување на шумот во сликата - токму тука се потребни врвните перформанси за работа при слаба осветленост на фотоапаратите за целосна слика како EOS RP или EOS R6.
Понапредно решение од ова е да користите блиц или Speedlite. Освен тоа што го засилува осветлувањето, краткотрајното светење на блицот овозможува ефикасно замрзнување на движењата. Ако сакате најдобра контрола при фотографирањето одблиску и ефекти на осветлување без сенки при макро фотографирање, тогаш користете Macro Ring Lite MR-14EX II од Canon што е компатибилен со повеќето макро објективи од Canon.