EOS R10 од Canon

Фотоапарати без огледало

Canon EOS R10

Повеќенаменска камера што може да се користи за разновидно снимање. Идеален придружник за патувања. Совршена алатка за создавање хибридни содржини. Ваш начин на креативно самоизразување.

Спецификации

  • Dual Pixel CMOS AF II

    Автоматско фокусирање што препознава и следи луѓе, животни и возила и во режими на фотографии и во режим на видео

  • Континуирано фотографирање со 15 fps1

    Механичка бленда за извонредно голема брзина и резултати со висок квалитет

  • 4K/30p

    Висококвалитетно видео со прекумерно семплирање од 6K

  • Фокусирање при слаба осветленост од -4EV2

    Прецизно фокусирање при услови на слаба осветленост

  • Фотографии со ISO-вредности до 32.000, а видеозаписи до 12.800

    Можност за поставување ISO-вредности до 51.200 за фотографии и ISO 25.600 за видеозаписи

  • 4K/60p3

    За порамномерни движења во видеозаписите

  • EVF со 2,36 милиони точки

    Избор на стапка на освежување од 60/120 fps4

  • Континуирано фотографирање со 23 fps5

    Електронска бленда за уште поголема брзина и тивко фотографирање6

  • Процесор DIGIC X

    Контрола со брз одзив и минимално доцнење на EVF

  • image.canon

    Директно поврзување преку Wi-Fi за прикачувања на услугите Cloud

  • Екран на допир од 7,5 cm со променлив агол и 1,04 милиони точки

    Поинаков поглед на вашиот субјект

  • Проследување во живо на YouTube

    Проследувајте во живо на вашиот канал на YouTube7

ВИ ГО ПРЕТСТАВУВАМЕ EOS R10

Запознајте се со фотоапаратот што ви овозможува повеќе

Гледајте ја блогерката за патувања Diana Millos која го користеше EOS R10 за да долови 48 часа во Севилја.
EOS R10 од Canon поставен на основата од столб со керамичка боја.

Промотивна понуда со адаптер за монтирање објективи EF-EOS R од Canon

Едноставно извршете надградба од вашиот DSLR-фотоапарат благодарение на нашата промотивна понуда: вклучен во пакетот е и адаптерот за монтирање објективи EF-EOS R од Canon. Користете ги постоечките EF и EF-S објективи од вашиот DSLR-фотоапарат и задржете го истиот квалитет, перформанси и функции со EOS R10. Во зависност од достапноста за време на ексклузивното претставување на EOS R7 и EOS R10 од Canon.

Промотивна понуда со адаптер за монтирање објективи EF-EOS R од Canon

Краток преглед на EOS R10

  • Поголема острина

    EOS R10 се одликува со нашиот докажан систем за фокусирање Dual Pixel CMOS AF II, програмиран со технологија за вештачка интелигенција со длабоко учење, која овозможува напредно препознавање субјекти.

  • Поголема брзина

    Реагирајте инстинктивно и доловувајте ги краткотрајните моменти благодарение на фотографирањето со голема брзина - идеално за фотографирање диви животни и спортови.

  • Поголема флексибилност

    Независно дали снимате фотографии, видеоснимки или комбинација од двете, EOS R10 секогаш ви нуди извонреден квалитет на слика.

  • Поедноставно и задоволително користење

    Од моментот кога ќе го земете EOS R10 во рака, ќе почувствувате дека сте поврзани со него и дека тој е продолжение на вашиот креативен израз.

  • Повеќе опции за поврзување

    EOS R10 безжично се поврзува со вашиот паметен телефон за да може да ја споделите вашата креативност со пријателите и следбениците.

  • Галерија со примероци

    Погледнете што може да понуди EOS R10.

  • Поголема острина

    EOS R10 се одликува со нашиот докажан систем за фокусирање Dual Pixel CMOS AF II, програмиран со технологија за вештачка интелигенција со длабоко учење, која овозможува напредно препознавање субјекти. Тој е брз, прецизен и неверојатно чувствителен при слаба осветленост - всушност, тој е прецизен дури и во сцените осветлени само од месечевата светлина.

    EOS R10 од Canon - доживејте нов вид на автоматско фокусирање

    Добијте нов вид на автоматско фокусирање

    EOS R10 може да препознава луѓе, возила и животни како мачки, кучиња и птици и да ги следи нивните движења низ кадарот8. Дури и предметите што се движат брзо ќе бидат доловени со голема острина.

    При фотографирање луѓе, EOS R10 им дава приоритет на очите - „прозорците на душата“. Ако тие не се видливи, тогаш го следи лицето. Ако вашиот субјект се заврти за момент, фотоапаратот следно ќе продолжи да ја следи неговата глава, а потоа и телото.

    Поголема брзина

    Реагирајте инстинктивно и доловувајте ги краткотрајните моменти благодарение на фотографирањето со голема брзина - идеално за фотографирање диви животни и спортови. EOS R10 може континуирано да снима серии од RAW, JPEG или HEIF-слики со брзина до 15 слики1 во секунда (или 23 fps5 ако ја користите електронската бленда на фотоапаратот). Фотоапаратот постојано го следи субјектот низ кадарот и постојано ги приспособува фокусот и експозицијата за да ја долови променливата сцена.

    Доловување моменти што траат само дел од секундата

    Доловување моменти што траат само дел од секундата

    Секвенцијалниот режим во RAW-формат овозможува фотографирање со брзина до 30 fps и отсекување од 75 проценти, а сликите се складираат во една видео датотека за практична и едноставна организација. Подоцна, со помош на нашиот бесплатен софтвер Digital Photo Professional (DPP) ќе можете да ги извлечете поединечните слики. Ако ја овозможите функцијата за пред-фотографирање во менито на фотоапаратот, EOS R10 ќе почне да фотографира 0,5 сек. пред притиснувањето на копчето за активирање на блендата, што значи дека секогаш ќе може да го доловите совршениот волшебен момент.

    Брза реакција

    Фотоапаратот брзо реагира на вашите команди, со што ви овозможува огромна предност при доловувањето на клучниот момент. Процесорот DIGIC X нуди брз одзив и минимално доцнење или затемнување на визирот, така што секогаш ќе може да го следите вашиот субјект.

    EOS R10 од Canon - процесор Digic X

    Поголема флексибилност

    Независно дали снимате фотографии, видеоснимки или комбинација од двете, EOS R10 секогаш ви нуди извонреден квалитет на слика. Тој е лесно пренослив, со тежина од само 429g9, така што секогаш може да го понесете со себе.

  • Преземете ја контролата

    Фотографите може да снимаат JPEG или HEIF-датотеки или да го користат RAW-форматот за максимална флексибилност во обработката по снимањето. Нашата технологија Dual Pixel RAW ви овозможува да ги подобрите вашите слики преку прецизни приспособувања на острината и дефокусирањето и намалување на одблесоците.

  • Совршена рамнотежа

    Сензорот сензор со 24,2 мегапиксели ви нуди идеална рамнотежа помеѓу деталите, брзината и перформансите при слаба осветленост. Максималната чувствителност од ISO 32.000 (што може да се прошири до ISO 51.200) нуди повеќе детали и помал шум при снимање во темнина. Опремен е и со вграден блиц доколку ви треба малку повеќе светлина.

  • EOS R10 од Canon - режими на сцени за панорамски снимки и поместување

    EOS R10 се одликува и со режими на сцени за панорамски снимки и поместување, со што ви го олеснува добивањето извонредни резултати при снимањето со овие техники.

    Светла, камера, акција!

    4K што ги надминува очекувањата

    4K што ги надминува очекувањата

    EOS R10 доловува извонредни 4K-видеозаписи што изгледаат неверојатно на UHD-екраните и овозможува отсекување без загуби во квалитетот при уредувањето на проектите во Full HD. Снимателите може да избираат помеѓу 4K/60p3 , за исклучително рамномерна репродукција на подвижните објекти и ефектите на забавени движења или неверојатните 4K/30p видеоснимки со прекумерно семплирање создадени од излезниот сигнал со 6K-резолуција од сензорот со 24,2 мегапиксели на фотоапаратот. Резултатите треба да ги видите за да се уверите дека се вистински.

    Извонредно рамномерни движења

    Кога фотографирате во Full HD режим, може да користите стапка на слики до 120 fps и да доловите уште повеќе детали за објектите во движење.10 За сцените со бавни случувања, можноста за создавање извонредни 4K и Full HD видеозаписи со забрзано движење во самиот фотоапарат додава уште алатки во вашиот креативен арсенал.

    Извонредно рамномерни движења

    Поедноставно и задоволително користење

    Од моментот кога ќе го земете EOS R10 во рака, ќе почувствувате дека сте поврзани со него и дека тој е продолжение на вашиот креативен израз. Копчињата и вртливите копчиња се интуитивно позиционирани под вашите прсти, а електронскиот визир на фотоапаратот (EVF) овозможува јасен и прецизен приказ на светот.

  • Режим OVF Assist

    Режимот OVF Assist ќе им помогне на корисниците да се прилагодат при транзиција од фотоапарати со оптички визири, како што се DSLR-фотоапаратите.

  • EVF

    Електронскиот визир со 2,36 милиони точки на EOS R10 прикажува како точно ќе изгледа снимената слика, од длабочината на поле до балансот на белата боја и стилот на слика. Тој е удобен, едноставен за користење и може да се приспособува за да ви ги прикажува само информациите што ви се потребни.

  • Екран на допир со променлив агол

    EVF е надополнет со голем екран на допир од 7,5 cm со променлив агол и 1,04 милиони точки што ќе ви овозможи да го обликувате кадарот и да фотографирате од висок или низок агол, за да добиете нова перспектива за вашиот субјект.

  • APS-C се придодава на системот EOS R

  • Систем создаден за иднината, денес

    EOS R10 е член на системот EOS R - збирка на фотоапарати, објективи и дополнителна опрема специјално дизајнирани за да испорачаат фотографирање и снимање со врвен квалитет, сега и во иднина. Побрзиот, поширок (54 mm) приклучок за објективи овозможува нови нивоа на перформанси, што значи нови начини да ја покажете вашата креативност.

  • Интегрирање и проширување

    Сепак, сè уште може да ги користите и вашите постоечки EF и EF-S објективи, благодарение на трите адаптери за монтирање објективи. Тие може да додадат дополнителни функции, како прилагодливи контроли или филтер со променлива неутрална густина.

  • Споредба на APS-C-формат и формат за целосна слика

    Предноста на APS-C

    Бидејќи EOS R10 е создаден со сензор со APS-C-големина, објективите нудат 1,6x поголем телефото опсег од еквивалентните фокусни должини на фотоапаратите за целосна слика. Приближете се веднаш до вашиот субјект за да снимите фотографии од диви животни или впечатливи случувања што ќе го исполнуваат целиот кадар.

    Учете и развивајте се додека фотографирате

    На корисниците кои не се упатени во EOS или во фотографирањето, корисничкиот интерфејс со упатства им овозможува да ги развиваат своите вештини и да согледаат како функционира нивниот фотоапарат. Кога ќе бидете подготвени да се обидете самостојно, стандардниот интерфејс на фотоапаратот е толку интуитивен и практичен што може и да заборавите дека воопшто постои.

    Учете и развивајте се додека фотографирате

    „ФОТОАПАРАТОТ ФУНКЦИОНИРА ОДЛИЧНО. МНОГУ Е БРЗ, А АВТОМАТСКИОТ ФОКУС Е НЕВЕРОЈАТЕН.“

    Повеќе опции за поврзување

    EOS R10 безжично се поврзува со вашиот паметен телефон за да може да ја споделите вашата креативност со пријателите и следбениците. Објавувајте на социјалните медиуми, испраќајте видеозаписи на пријателите и прикачувајте слики на сметките на Cloud за тие да бидат подготвени за вас кога ќе се вратите дома.

    Поврзување преку Canon
    EOS R10 од Canon - придобивка - повеќе опции за поврзување

    Бидете поврзани постојано

    Постојано активната Bluetooth-врска со мала потрошувачка на енергија овозможува функцијата за Wi-Fi од 2,4 GHz беспрекорно да се активира кога имате потреба од префрлување слики. Можно е и да го контролирате фотоапаратот безжично од паметен уред на кој е инсталирана апликацијата Canon Camera Connect: може да гледате низ него, да ги менувате поставките и да снимате фотографии и видеоснимки. За поедноставно далечинско ракување, достапен е и безжичниот далечински управувач со Bluetooth, BR-E1.

    EOS R10 се одликува и со приклучоци USB-C за полнење на батеријата додека е во фотоапаратот и фотографирање преку кабел на компјутерите со Windows/Mac.

  • Извршете влијание врз вашите следбеници

    Видеоблогерите и креаторите на содржини можат да го користат EOS R10 за проследување видео во живо со врвен квалитет директно до своите следбеници на YouTube7. Едноставно поврзете го фотоапаратот со вашата Wi-Fi-мрежа - нема потреба од компјутер. LCD-екранот со променлив агол може да се ротира за да ви овозможи прецизен приказ доколку презентирате.

    EOS R10 поддржува и вертикално снимање видеа - совршено за снимање содржини за приказните на социјалните медиуми.

  • Вашата креативност на Cloud

    Нашата услуга image.canon ги сместува вашите содржини таму каде што треба да бидат. Сликите и видеоснимките може да се прикачуваат беспрекорно - директно од фотоапаратот на Cloud-услугата image.canon преку Wi-Fi. Оттаму може да ги префрлите за долгорочно складирање на други Cloud-платформи или да ги преземете на компјутер или Mac за да ги уредувате.

    За да го добиете максималниот квалитет на слика од EOS R10, обидете се да обработувате RAW-слики на canon.image Cloud.11 Се користи посебна програма за мрежна обработка на слики за значително да се подобри нивниот квалитет.12

  • Canon има за цел да постигне нула нето емисии на CO2 од своите деловни активности до 2050 година

    Оваа цел ќе ја постигнеме со просечна годишна стапка на подобрување од 3% на индексот за подобрување на емисиите на CO2 по производ. Доколку ја одржуваме стапката на подобрување, тоа би значело приближно 50% намалување на нивоата од 2008 година до 2030 година. Ова е во согласност со нивото на намалување утврдено со Парискиот договор.

    Ќе продолжиме да ја ревидираме целта од долгорочна перспектива како начин на проверка на нашиот придонес за реализација на општество со мало ниво на емисии на јаглероден диоксид.

    Photographer looking down view finder
    EOS R10 од Canon - што содржи кутијата

    Што содржи кутијата

    Сѐ што ви е потребно за да ги направите следните чекори во фотографирањето и снимањето видеозаписи.

    • Куќиште на EOS R10

    • Капаче за фотоапарат R-F-5

    • Ремен за фотоапарат ER-R10

    • Капаче за приклучок ER-SC2

    • Полнач за батерии LC-E17E

    • Батерија LP-E17

    • Капак за батерија

    • AC-кабел

    • Комплет со упатство за користење

    Објективи и дополнителна опрема

  • Објективи RF-S

    RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM

    Стандарден објектив со APS-C-зум од серијата EOS R што е совршен за секојдневни ситуации како фотографирање членови од семејството, животен стил, портрети и одмори.
  • Објективи RF-S

    RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM

    APS-C-објектив од серијата EOS R со опсег на зумирање од широк агол до телефото што е совршен за фотографирање патувања, диви животни, спорт и животен стил.
  • Објективи RF

    RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM

    Мал, лесен и извонредно широкоаголен објектив со зум и повеќенаменска фокусна должина од 10-18 mm што е идеален за фотографирање при патувања, снимање видеоблогови и пејзажи.
  • Статив со држач HG-100TBR од Canon

    Статив

    Tripod Grip HG-100TBR

    Стативот со држач HG-100TBR е мал, лесен и повеќефункционален статив со држач кој нуди безжична далечинска контрола.
  • Дополнителна опрема

    Насочувачки стерео микрофон DM-E1D

    За чист, јасен дигитален звук, изберете повеќефункционален приклучен насочувачки стерео микрофон DM-E1D заради неговата сигурна функција и брз пристап до поставките преку ЛЦД-екранот на компатибилен фотоапарат.
  • Адаптер за монтирање EF-EOS R

    Објективи за EOS R

    Mount Adapter EF-EOS R

    Стандардниот адаптер за монтирање објективи EF-EOS R овозможува беспрекорно користење на објективите EF-S и EF со фотоапарати EOS R.
  • Адаптер за монтирање контролен прстен EF-EOS R

    Дополнителна опрема за EOS

    Control Ring Mount Adapter EF-EOS R

    Адаптерот за монтирање објективи со контролен прстен EF-EOS R ја нуди истата конверзија на приклучок за објективи како и адаптерот за монтирање објективи EF-EOS R, но придодава и контролен прстен на објективот.
  • Дополнителна опрема

    Повеќефункционален приклучок за паметни телефони Link AD-P1

    Поврзете ги вашиот паметен телефон и фотоапарат со овој повеќефункционален приклучок што овозможува нови работни процеси

    • Дизајниран за фотоапарат EOS R3
    • Поврзете го фотоапаратот со вашиот паметен телефон со Android
    • Мал, компактен, лесен
  • Слични статии

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊА

    10 совети за фотографирање при патувања

    Фотографот за патувања и блогерка Diana Millos ги споделува своите најдобри совети за извонредни фотографии при патувањата.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊА

    Обиколка на Севиља со EOS R10

    Блогерката Diana Millos открива зошто овој креативен фотоапарат е совршен придружник за патување.

  • ОПРЕМА

    EOS R7 или EOS R10: кој ви одговара повеќе?

    Дознајте за главните сличности и разлики помеѓу APS-C-фотоапаратите од новата генерација, што се дел од палетата на фотоапарати EOS R без огледало.

  • ТЕХНОЛОГИЈА

    Објаснување за APS-C-формат наспроти формат за целосна слика

    Која е разликата помеѓу APS-C-фотоапаратите и фотоапаратите за целосна слика и кој е правилниот избор за вас?

  • Слични производи

    • Фотоапарати без огледало

      EOS R7

      Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината.
    • Фотоапарати без огледало

      EOS RP

      Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања.
    • DSLR-фотоапарати

      EOS 90D

      Максимално опремен DSLR-фотоапарат што овозможува доближување до целта, побрзо фотографирање и снимање извонредни слики со 32,5 мегапиксели.
    1. Брзината на континуирано фотографирање може да биде помала во зависност од субјектот/условите за снимање, состојбата на батеријата, поставувањето на фотоапаратот, користениот објектив итн. Погледнете го напредниот водич за корисници за повеќе информации. За информации за објективи што ја поддржуваат максималната брзина на континуирано фотографирање со Servo AF, погледнете во делот „Дополнителни информации“ за EOS R10 на веб-страницата „cam.start.canon“.
    2. При фотографирање, со објектив со f/1,2, централна AF-точка, AF со една снимка, при 23°C/73°F, ISO100. Освен RF-објективи со слој за рамномерно дефокусирање.
    3. Режимот за снимање во 4K со 60p ја отсекува хоризонталната површина на сликата до 64 %.
    4. Максималната стапка на слики при AF, при половично притиснување на копчето за блендата или при континуирано фотографирање изнесува 59,94 fps. Имајте предвид дека стапката на слики на екранот може да биде помала во зависност од објективот што го користите и условите за фотографирање.
    5. Брзината на континуирано фотографирање може да биде помала во зависност од субјектот/условите за снимање, поставувањето на фотоапаратот, користениот објектив итн. Погледнете го напредниот водич за корисници за повеќе информации. За информации за објективи што ја поддржуваат максималната брзина на континуирано фотографирање со Servo AF, погледнете во делот „Дополнителни информации“ за EOS R10 на веб-страницата „cam.start.canon“. Во зависност од природата на субјектот или условите за снимање, може да настане изобличување предизвикано од вртењето на блендата.
    6. Можно е да се генерираат други звуци покрај звукот на блендата (решетката, звук од моторот за фокусирање на објективот и звук од електрониката итн.).
    7. Услугата за проследување во живо на фотоапаратот поддржува само проследување во живо на YouTube. За да можете да ја користите услугата за проследување во живо, треба да се регистрирате на image.canon. Погледнете ги најновите предуслови на YouTube. Проследувањето во живо на YouTube може да се промени, запре или прекине без претходно известување. Canon не презема одговорност за какви било услуги испорачани од трети страни, вклучувајќи ја и нивното дистрибуција во живо на YouTube.
    8. Применливо кога кадарот на субјектот се прикажува при следењето и кога на фотоапаратот е прикачен компатибилен објектив додека целиот опсег на AF е активен или субјектот е откриен успешно во друг режим. За подетални информации за поддржаните објективи, погледнете го делот [Дополнителни информации] за EOS R10 на „cam.start.canon“.
    9. Со мемориска картичка и батерија, врз основа на стандардите CIPA.
    10. Во режимот за видеоснимки со висока брзина на слики не се снима звук.
    11. Услугата ќе ја пуштиме во употреба на крајот од јули 2022 година и ќе треба да го ажурирате фирмверот на фотоапаратот.
    12. RAW-сликите снимени во секвенцијален режим за RAW-формати не може да се развијат. Cloud RAW image processing е платена услуга. Потребно е да купите претплата преку Canon Imaging App Service Plans. За повеќе детали посетете ја веб-страницата: https://sas.image.canon/

      Wi-Fi® е регистриран заштитен знак.
      Bluetooth® е регистриран заштитен знак.