A group of people, seen from behind, watch fireworks. One person in the foreground is in focus, and warmly dressed in overcoat and beanie hat.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ОГНОМЕТИ

Како да фотографирате огномети на нови и креативни начини

Разнобојните огномети на ноќното небо претставуваат магичен спектакл за многумина од нас - па зошто да не го доловите ова чувство на восхит на фотографија? Освен најдобрите подесувања за фотографирање огномети, важно е да ги земете предвид и другите елементи кои ги прават настанот и вашите фотографии специјални.

Огномети најчесто има на настани како што се Новогодишната ноќ, специјални родендени, свадби и празници што се прославуваат со пријателите или саканите, па со нивното вклучување во кадарот ќе можете да го доловите настанот на забавни и креативни начини.

Во нашите совети подолу го опфативме ова и многу повеќе со давање одговори на 10 често поставувани прашања, вклучувајќи го и тоа како да ја изберете најдобрата брзина на блендата за фотографирање огномети и како да користите нови идеи за да снимите навистина уникатни и креативни фотографии. Без разлика дали користите фотоапарат PowerShot, фотоапарат без огледало или DSLR, ние ќе ви понудиме водич за фотографирање огномети.

1. Која е најдобрата локација за фотографирање огномети?

Треба да размислите која локација ќе ви овозможи да снимите најмоќни фотографии, па направете план и најдете место на кое ќе немате пречки. Проверете ја локацијата на дневна светлина и откријте ја насоката во која ќе дува ветерот.

Ова е особено важно ако има логорски оган во близина, бидејќи ќе ви помогне да избегнете чад или жарови во кадарот. Доколку планирате да користите статив, ќе треба да го поставите на место на кое нема да ви пречат други луѓе додека фотографирате.

2. Како да ја фотографирам атмосферата за време на огномет на забава?

In a long-exposure image, a sillhouetted figure has drawn a bright pink five-pointed star with a sparkler.

Добар начин да ја доловите атмосферата на забавата е да фотографирате членови од семејството како се забавуваат со новогодишни прскалки, користејќи ја нивната фантазија за да создадете забавни и уметнички шаблони со светлина. Во апликацијата Canon Photo Companion, ќе најдете целосен водич за најдобрите техники и подесувања за сликање со светлина.

Друг начин да снимите интересна фотографија е да го доловите отсјајот на огнометот на прозорец, со пријателите или членовите од семејството како гледаат низ него одвнатре. Снимете неколку тест слики за да се осигурите дека луѓето на фотографијата имаат добра експозиција и задржете ги овие поставки при фотографирањето на настанот. Доколку користите фотоапарат PowerShot како PowerShot G7 X Mark II од Canon или кој било фотоапарат EOS со заменливи објективи, снимајте фотографии во RAW-формат, бидејќи тоа ќе ви овозможи максимална флексибилност кога ќе ја прилагодувате експозицијата за различни делови на фотографијата при обработката по снимањето со Canon Digital Photo Professional.

3. Како да снимам остри фотографии од огномети?

Тешко е да се погоди кога најголемите и најразнобојни огномети ќе експлодираат, така што добра идеја е да го поставите фотоапаратот во режим за континуирано снимање, познат и како секвенцијален режим. Ова ќе ви ги зголеми шансите да доловите една или две фотографии со особено драматични експлозии.

Доколку фотоапаратот ви е поставен на статив, можете да ја користите апликацијата Canon Camera Connect за да го контролирате фотоапаратот безжично со вашиот телефон или таблет-уред. Исто така, можете да користите жичен или безжичен далечински управувач или дури и тајмерот за снимател на вашиот фотоапарат. Ова ќе ви овозможи да ја активирате експозицијата без да го допирате фотоапаратот, со што ќе се избегне тресење на фотоапаратот и вашите фотографии ќе останат остри.

4. Како да фотографирам огномети без статив?

Доколку фотографирате рачно, користете ја стабилизацијата на слика за да ја задржите острината на сликите (ако фотоапаратот или објективот имаат вградена стабилизација на слика). Ова ќе ви овозможи да избегнете какво било тресење додека го држите фотоапаратот, но имајте предвид дека брзината на блендата може да се намали доколку снимате во режим за решетка.

Доколку има прекинувач на објективот на фотоапаратот, ќе можете да ја активирате или деактивирате стабилизацијата на слика - во спротивно, тоа може да го сторите преку подесувањата на менито на фотоапаратот.

5. Кој објектив е најдобар за фотографирање огномети?

Слични написи
A man and woman with a small child sitting halfway up a small stepladder, in front of fir trees with a few decorations hanging from some branches.

СЕМЕЈНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

Најдобрите 10 совети за божиќно фотографирање на Лена Петрова

Доловете го божиќниот дух со овие 10 совети за снимање забавни и природни портрети од семејниот фотограф.

A table filled with Christmas-themed paper crafted decorations and gifts.

ПЕЧАТЕНИ МОДЕЛИ

Сезоната за креативност пристигна - шест работи што можете сами да ги направите со вашиот печатач за овој Божиќ

Бидете креативни и самите направете божиќни подароци, декорации и игри за претстојната празнична сезона. Сите шаблони се бесплатни за преземање и печатење.

Two people skateboard down a city street at night, colourful lights from buildings reflecting in the wet road surface.

ПАТУВАЊЕ

11 совети за фотографирање во градот

Како да извлечете максимум од вашиот фотоапарат во градот, доловувајќи ги духот и атмосферата на урбаната џунгла со неколку едноставни совети и трикови.

Pink fireworks burst in the night sky over a bridge.

Иако фотографијата исполнета само со разнобојни огномети може да изгледа импресивно, вклучувањето на одредени градби или други структури може да предизвика поголем интерес и може да даде поголем контекст. Објективите со зум ќе ви овозможат и поедноставно менување на вашите композиции што е особено корисно кога користите статив. Широкоаголниот објектив со зум, како EF-S 10-22mm f/3.5-4.5 USM од Canon или EF 17-40mm f/4L USM од Canon, ќе ви овозможи да опфатите сè во кадарот. Но, можете да снимите прекрасни фотографии и со објективот на компактен фотоапарат со извонреден зум или со објективот испорачан со вашиот фотоапарат.

6. Како да фокусирам кога фотографирам огномети?

Со поставување на фотоапаратот да фокусира на однапред одредено растојание, не треба да се грижите за фокусот во точката на доловување и можете да се концентрирате на прилагодувањето на композицијата и експозицијата.

Поставете го фотоапаратот на рачно фокусирање или поместете го прекинувачот за фокусирање на објективот во позиција за MF и прилагодете го фокусот на бесконечност. Доколку вашиот објектив има мал прозорец што прикажува различни фокусни растојанија, тоа е во делот со симболот ∞. Тука веројатно ќе треба да ви биде фокусот доколку сакате да го доловите огнометот на небото.

Доколку сакате да вклучите елементи во предниот дел на фотографијата, фокусирајте во точка помеѓу предниот дел и заднината, приближно една третина од сцената, за да сè биде остро. Оваа техника се нарекува хиперфокално фокусирање, а за наоѓање на идеалното хиперфокално растојание може повеќе да прочитате во апликацијата Canon Photo Companion.

7. Кои подесувања треба да ги користам за да фотографирам огномети?

Доколку фотографирате рачно, започнете со најмалата брзина на блендата што може да ја користите без да се појави тресење на фотоапаратот. Широкоаголните објективи се полесни за држење подолг временски период, а објективите со стабилизација на слика (тие со IS во целосното име на објективот) значително помагаат да се задржи острината на фотографиите. Доколку користите фотоапарат поставен на статив, може да користите многу помала брзина, како на пример една или две секунди, како почетна точка.

Прилагодувањето на ISO откако сте ги поставиле брзината на блендата и решетката ќе ви овозможи да добиете добра експозиција. Помало ISO, како ISO 100 или ISO 125, ќе даде поостри слики со подобри бои и помал шум, а фотоапаратите со поголеми сензори - како DSLR фотоапаратите за целосна слика или фотоапаратите без огледало - ќе дадат најдобри резултати.

Поставувањето на решетка што не е премногу мала, приближно f/8, ќе ви овозможи да постигнете максимална острина без намалување на длабочината на полето за сцени со интерес во предниот дел. Проширете ја решетката до f/4 или f/5.6, доколку брзините на блендата се премногу мали.

8. Како да ги доловам облиците на огнометите?

Режимот на сијалица на фотоапаратот ви овозможува да ја држите блендата отворена колку што ви е потребно, што значи дека можете да ги доловите огнометите како се движат по небото и експлодираат, оставајќи траги од светлина кои ги прикажуваат своите импресивни облици. За да го користите режимот на сијалица, изберете рачен режим или приоритет на бленда и завртете го вртливото копче до крајот на опциите, после 30″. Притиснете го копчето за блендата еднаш за да ја отворите блендата и уште еднаш кога ќе сакате да ја затворите.

Добра идеја е да користите жично или безжично активирање на блендата за да ја активирате и запрете експозицијата, како Canon BR E1 или апликацијата Canon Camera Connect.

9. Како да поставам соодветна експозиција за огномети?

Темно небо на кое експлодираат светли огномети е прилично нетипично сценарио во однос на вообичаените објекти кои се фотографираат, а вашиот фотоапарат може да постави експозиција која е премногу светла за ноќно фотографирање огномети. Доколку фотографирате во рачен режим или полуавтоматски режим, како приоритет на решетка или приоритет на бленда, можете да користите компензација на експозицијата за да го избегнете ова.

Побарајте го копчето или иконата -/+ на екранот и поставете го на приближно -1 до -2. Доколку користите рачен режим, можете да ја следите индикаторската скала за експозиција на LCD-екранот или на долниот дел од визирот на фотоапаратот додека избирате комбинација на поставки кои го поместуваат индикаторот налево на скалата.

10. Како да фотографирам силуети со огнометите?

За креативни и невообичаени фотографии од огномети, доловете ги силуетите на луѓето наспроти дејството. Ова е најдобро да се изведе приквечер кога сè уште има светлина на небото, бидејќи вашите силуети ќе бидат поистакнати. Меѓутоа, ако доловувате прилично динамична сцена исполнета со светлина и бои, тоа може да претставува доволно силна заднина за вашите силуети.

За овој тип слика, треба внимателно да размислите за вашата позиција. Подалечното место и широкоаголниот објектив ќе ви овозможат да опфатите повеќе луѓе во кадарот наспроти небото, додека приближувањето до објектите и насочувањето на фотоапаратот нагоре ќе ви овозможат луѓето да изгледаат подоминантни на сликата.

Проверете дали подесувањата за експозиција ги прикажуваат луѓето како силуети; доколку поставите експозиција за огнометот, тоа обично се врши со препорачаните подесувања на фотоапаратот, иако може да треба да користите негативна компензација на експозиција за најдобриот ефект (видете го советот 9 погоре). Меѓутоа, не користете премногу мала брзина на блендата бидејќи објектите може да се движат во овој период и да го нарушат ефектот.

Напишано од Matt Golowczynski

Слични производи