Гледањето ѕвезди додека стоите под ноќното небо е навистина волшебно искуство. Благодарение на напредокот во технологијата за фотоапарати, денеска е полесно да излезете надвор и да го снимите неверојатното ноќно небо.
Тука ги разгледуваме основите на астрофотографијата, потребната опрема за ноќно фотографирање, вклучувајќи ги и снимките со забрзано движење и ѕвездени траги, како и најдобрите техники и поставки за ноќно фотографирање.
Астрофотографија: совети за фотографирање ноќно небо и ѕвезди
1. Проверете ја временската прогноза
Во астрофотографијата се потребни трпение и малку истражување. За постигнување на најдобрите резултати, потребна ви е совршена комбинација од временски услови, локација, време и датум. Снимено со Canon EOS R5 (сега е заменет со новиот EOS R5 Mark II) и објектив Canon RF 15-35mm F2.8L IS USM со избрани 22 mm, 8 сек., f/3,5 и ISO1250. © Ulla Lohmann
Пред да појдете да фотографирате, не заборавајте да ја проверите временската прогноза бидејќи ќе ви треба чисто ноќно небо за да снимите јасни слики од ѕвездите. Сепак, по некој облак може да го подобри амбиентот на сликите од ноќното небо, па затоа бидете креативни и искористете ги временските услови во ваша корист. Обрнете внимание на ветрот: ако облаците не се движат, нема да постигнете голем ефект на заматување на фотографиите кога користите долга експозиција.
Понесете резервни батерии и мемориски картички, челна ламба и топла облека. Чувајте ги батериите во џебовите бидејќи побрзо се празнат кога се изложени на ладно.
2. Изберете ја вистинската локација, во вистинското време
Ѕвездите, а особено прекрасниот Млечен Пат тешко може да се видат во осветлено опкружување. Посетата на околната природа или дивина ќе ви овозможи огромни придобивки при фотографирање на ноќното небо. Снимено со Canon EOS R5 Mark II и објектив Canon RF 14mm F1.4L VCM со избрани 140 сек., f/1,4 и ISO5000. © Radoslav Sviretsov
Најдобрите фотографии се снимаат во природа и што подалеку од какво било светло. Може да се користи голем број онлајн ресурси, како мапи на светлосно загадување и скалата на Бортл за да идентификувате погодни области за фотографирање. Најдете тивко место, без вештачко осветлување. Градското светло ќе ја задуши светлината на ѕвездите, исто како и полната месечина или полумесечината, па затоа проверете го и месечевиот календар кога планирате да фотографирате ѕвезди.
Најдоброто време за фотографирање на Млечниот Пат на северната полутопка е од март до септември додека е највисоко на небото. Фотографирајте од полноќ до 5 часот наутро, и тоа во ноќи со млада месечина. На јужната полутопка Млечниот Пат се гледа подолго, од февруари до крајот на октомври. Проверете веб-страници и апликации за точните времиња на астрономски настани за да можете да планирате каде да стоите и каде да снимате.
3. Експериментирајте со поставките за фотоапаратот
За успешно да ги фотографирате ѕвездите навечер, ќе треба да ги совладате поставките на вашиот фотоапарат. Не плашете се да експериментирате и да користите различни комбинации за експозиција за да видите како ќе влијаат на ноќните слики.
За снимање на небо со ѕвезди, ќе треба да ја преземете контролата врз фотоапаратот со избирање на рачен режим (M) и примена на некои од различните поставки наведени подолу:
- Брзина на бленда: бидејќи ѕвездите се движат додека Земјата се врти, за да снимите прецизни точки светлина, ќе треба да ја поставите брзината на блендата меѓу 6 и 20 секунди. Ако користите побрза бленда, ќе снимите ѕвездени траги.
- Решетка: ќе ви треба да користите и поставка за поширока решетка (идеално, што било од f/1,4 до f/2,8, но и f/4 е во ред ако немате пристап до брз објектив). Тоа ќе ви овозможи да внесете колку што е можно повеќе светлина во фотоапаратот, а времето на експозиција ќе остане релативно кратко. Имајте предвид дека со широката решетка се добива мала длабочина на полето, што значи дека сè што е во преден план ќе биде заматено.
- ISO: третиот фактор што влијае врз експозицијата на вашите фотографии е поставката за ISO. Поголема вредност за параметарот ISO значи поголема чувствителност на сензорот на светлината што навлегува низ решетката. Од друга страна, ако користите преголема вредност за ISO, сликите ќе добијат зрнеста текстура. Пронајдете ги соодветните вредности за решетката и брзината на блендата пред да експериментирате со поставките за ISO. За почеток, обидете се со вредност за ISO од 1600, а потоа прилагодувајте ја вредноста за да видите како промените ќе влијаат на резултатите.
Надградувањето со сензор за целосни слики ви овозможува да снимате одлични фотографии во услови на слабо осветлување. Високата максимална вредност за ISO на Canon EOS R8, EOS R6 Mark III и EOS R5 Mark II овозможуваат задржување детали и бои со минимален шум. Снимено со Canon EOS R5 Mark II и објектив Canon RF 14mm F1.4L VCM со избрани 13 сек., f/1,4 и ISO3200. © Radoslav Sviretsov
4. Остар фокус при ноќното фотографирање ѕвезди
Фотографирањето на ноќното небо е тежок потфат доколку ги користите функциите за автоматско фокусирање на кој било фотоапарат. Ви препорачуваме да се префрлите на рачно фокусирање со поместување на прекинувачот AF/MF на цилиндарот од вашиот објектив од Canon. Ако вашиот објектив нема ваков преклопник, изберете MF во менито на фотоапаратот. Фотоапаратите без огледало како Canon EOS R6 Mark III и EOS R8 нудат зголемен приказ на сцената преку електронскиот визир или на екранот од задната страна, со што се овозможува прецизно рачно фокусирање. Покрај тоа, светлината на сликата во визирот автоматски се засилува.
Фотоапаратите со голем број на мегапиксели, како што е Canon EOS R5 Mark II, можат да направат огромна разлика кога станува збор за фотографирање на ноќното небо бидејќи овозможуваат зачувување на извонредно јасни детали при фотографирањето ѕвезди. Од нив може да зависи дали најмалите, најслабите ѕвезди ќе се гледаат јасно или воопшто нема да се гледаат. Високиот степен на јасност на деталите е важен ако сакате да ги отпечатите фотографиите од ѕвезденото ноќно небо*.
5. Изберете го најдобриот објектив за астрофотографија
Canon RF 10-20mm F4L IS STM покрива широк опсег на популарни фокусни должини за астрофотографирање и тежи само 570 g. Нуди извонредни перформанси и професионална конструкција, со што е идеален за авантури под ѕвездите.
За да го доловите широкото пространство на Млечниот Пат со фотоапарат, ќе ви треба извонредно широк агол на гледање и брза решетка. Ова најчесто значи употреба на голем, тежок и многу скап објектив, но Canon RF 16mm F2.8 STM е релативно лесен, компактен и достапен, поради што е совршен за астрофотографија со мали трошоци. Снимено со Canon EOS R6 (сега е заменет со EOS R6 Mark III) и објектив Canon RF 16mm F2.8 STM со избрани 25 сек., f/2.8 и ISO6400.
Во астрофотографија се претпочитаат објективите со ознака за брза решетка коишто и не мора да чинат цело богатство. На пример, Canon RF 35mm F1.8 Macro IS STM е одличен објектив за астрофотографија. Просечно широкото видно поле на овој објектив може да опфати огромен дел од ноќното небо, решетката пропушта големо количество светлина, а оптичката стабилизација на сликата овозможува снимање ноќни фотографии со фотоапаратот во раце. За доловување уште попространи снимки од Млечниот Пат, Canon RF 16mm F2.8 STM, Canon RF 24mm F1.8 MACRO IS STM или извонредно тенкиот Canon RF 28mm F2.8 STM се идеални, комбинирајќи широко видно поле и брза решетка со компактна конструкција.
Доколку ја претпочитате флексибилноста што ја нуди објективот со зум, Canon RF 24-105mm F4-7.1 IS STM овозможува прилично широко видно поле, но и фокусна должина за телефото, што значи дека објективот може да се користи за снимање портрети, но и за снимање диви животни. Објективот содржи и опција за стабилизација на сликата поради што можете да користите помала брзина за блендата кога фотографирате со фотоапаратот во раце. За фотографите коишто сакаат уште поголем квалитет во рамките на овој фокусен опсег, Canon RF 24-105mm F4L IS USM нуди професионална оптика од серијата L и целосна заштита од лоши временски услови.
Canon RF 28-70mm F2L USM е извонреден стандарден објектив за зумирање и употреба во астрофотографијата, со неверојатно брза максимална решетка од f/2. За повеќе ширина кај широкоаголниот крај, каде што неколку милиметри можат да направат огромна разлика, ви го препорачуваме Canon RF 24-70mm F2.8L IS USM.
Неверојатно широкоаголниот објектив за зумирање Canon RF 15-35mm F2.8L IS USM ви овозможува да снимате големи пространства од ноќното небо, а истовремено имате на располагање и голема брзина за решетката и флексибилен опсег за зумирање. Попреносливите Canon RF 10-20mm F4L IS STM и Canon RF 14-35mm F4L IS USM се добри алтернативи - секој од нив е само еден чекор помала брзина/вредност за f и нудат уште поголемо максимално видно поле, а Canon RF 16-28mm F2.8 IS STM е уште една светла и лесна опција.
Најдобриот објектив од Canon за астрофотографирање, Canon RF 14MM F1.4L VCM, комбинира простран приказ со многу брза решетка, со што е полесно да се замрзне движењето на ѕвездите. Исто како и другите светли и широкоаголни хибридни објективи RF, ги користи напредните оптички технологии од Canon за да произведе прекрасни и остри фотографии од ноќното небо, а притоа е многу лесен за толку импресивен објектив. Прочитајте каква предност нудат RF-објективите во поглед на ноќната фотографија во нашиот водич за најдобрата опрема од Canon за ноќно фотографирање*.
Ако барате лесен и достапен објектив со зум за фотоапарат без огледало APS-C, како што е Canon EOS R100 или EOS R50, Canon RF-S 10-18mm f/4.5-6.3 IS STM нуди извонредно широк приказ кој добро функционира за драматични фотографии од ноќното небо, а притоа тежи само 150 g.
6. Подобрете ја композицијата на ноќното небо
Ѕвезденото небо често можете да го истакнете ако во фотографијата го вклучите и пејзажот од опкружувањето. На овој начин внесувате уникатен елемент во вашите фотографии со што ги издвојувате од останатите фотографии од ноќно небо. Снимено со EOS R5 (сега е заменет со Canon EOS R5 Mark II) и објектив Canon RF 10-20mm F4 L IS STM, 15 сек., f/4 и ISO8000.
Обликувајте го кадарот на начин при кој, кога фотоапаратот е насочен нагоре, висок елемент во преден план го привлекува погледот нагоре, како карпа или дрво. Композитна слика снимена со Canon EOS R (сега е заменет со EOS R6 Mark III) со објектив Canon RF 14mm F1.4L VCM. Преден план: 1/100 сек., f/5,6 и ISO2000. Небо: десет споени слики со избрани 10 сек., f/1,4 и ISO3200. © Radoslav Sviretsov.
Подобрете ги фотографиите од ноќното небо со вметнување дополнителни, визуелно поинтересни елементи како згради, дрва, планини или езера коишто го рефлектираат опкружувањето. Кога фотографирате само ѕвезди, на фотографиите може да им недостига перспектива или личен печат, па затоа ви препорачуваме во нив да вклучите нешто уникатно.
Традиционална техника за задржување на острината во сцена од предниот план до заднината е да го поставите објективот на хиперфокусното растојание. Многу апликации за паметен телефон можат да го пресметаат ова растојание за вас. Многу современи објективи немаат скала за фокусно растојание, но повеќето фотоапарати со EOS R-систем од Canon можат да го прикажат фокусното растојание при користење објективи RF.
Со проверка на различни делови на екранот од задната страна на фотоапаратот со помош на зголемен приказ ќе можете рачно да фокусирате со голема прецизност, но поради малата длабочина на поле кога се користи широка решетка, можеби нема да можете да ја поставите во фокус целата фотографија. Друг начин да го постигнете ова е да снимите една или повеќе фотографии со различни поставки за фокусното растојание и експозицијата коишто ќе бидат соодветно прилагодени на деловите од заднината и далечното ѕвездено небо, а потоа да ги споите во една фотографија со програма за уредување којашто користи маски за слоеви, како што е Adobe Photoshop1.
Ако сепак сакате да опфатите сѐ со само една фотографија, но заднината е темна, осветлете ја со блиц, како на пример со Canon Speedlite EL-10 III, којшто ќе ви овозможи едно или повеќе пулсирања на светлина при долга експозиција. Потоа, можете да бидете креативни и да осветлите конкретни предмети или области од интерес во преден план со помош на светилка кога снимате со долга експозиција, па дури и да ги искористите светлата од автомобилот ако сте возеле до некоја локација за да фотографирате.
7. Снимете слики со ѕвездени траги
Тешко е да се доловат прекрасните линии светлина коишто го претставуваат движењето на ѕвездите, но техниката лесно се усовршува со следење на само неколку едноставни чекори. Најпрво, лоцирајте го Северниот Пол, што е лесно изводливо со помош на апликација за ѕвездени мапи којашто е достапна на паметните телефони. Ако Северниот Пол (или Јужниот Пол ако сте на јужната полутопка) ви е фокусната точка на фотографијата и користите долга експозиција, ќе снимите кружни линии околу централна локација. Секогаш користете статив при снимањето фотографии со долга експозиција за да избегнете заматување.
Бидејќи ѕвездите не зрачат со силна светлина, користете висока вредност за ISO (800, 1600 или повисока) за да доловите јасни ѕвездени траги. Експериментирајте пред да снимате со долга експозиција бидејќи колку е поголема вредноста на ISO, толку е поголема и веројатноста за појава на шум во сликата.
На ѕвездите им се потребни 24 часа за целосна ротација на небото, но ефектот на целосен круг на ѕвездените траги може да се постигне со долга експозиција од околу 60 до 90 минути. Ако фотографирате некаде на северната полутопка, лоцирајте ја ѕвездата Северница на ноќното небо којашто ќе ви послужи како референтна точка околу која ѕвездите ќе ротираат.
Бидејќи најмалата брзина на блендата што е достапна кај повеќето фотоапарати е 30 секунди, користете експозиција со светилка во рачен режим (M). На овој начин ќе можете да ја оставите блендата отворена онолку колку што сакате. Поставете го фокусот на бесконечност, и кога ќе бидете подготвени, фотографирајте со експозиција од 30 минути. Потоа повторно прегледајте ја сликата. Можеби ќе треба да се обидете неколку пати и да бидете трпеливи, но по некое време ќе ги постигнете посакуваните резултати.
Друг начин е да снимите видеоснимка од ноќното небо со забрзано движење. Ова можете да го постигнете рачно со снимање секвенца фотографии и компилирање во видеозапис подоцна, но многу фотоапарати од Canon - вклучувајќи ги и Canon EOS R6 Mark III, EOS R8 и EOS R50 - се одликуваат со режим на фотографирање со забрзани движења. Ова користи вграден бројач на интервали за автоматско снимање слики и комбинирање на истите во единечен видеозапис кој е подготвен за споделување.
Поставете го фотоапаратот на статив и префрлете се на рачна експозиција во режим за снимање видеозаписи. Поставете брзина на блендата од околу 20 секунди или помалку, а потоа приспособете ја решетката и ISO за да добиете добра експозиција (f/4 и ISO 640 често функционираат добро како почетна точка). Направете пробна фотографија и прегледајте ги резултатите за да ги прилагодите поставките за експозиција доколку има потреба.
Следно, изберете Снимање видеоснимки со забрзани движења во менито и поставете го бројачот на интервали да снима последователни снимки на секои неколку минути. Вкупното време на снимање за секвенцата ќе зависи од вашиот избор за должина на видеоснимката од ноќното небо со забрзано движење, како и од стапката на слики што ќе ја изберете. На пример, од секвенца со 60 слики снимени со брзина од 30 fps ќе добиете видеоснимка со забрзано движење од две секунди.
Добро снимена видеоснимка од ѕвезди со забрзано движење може да ве воодушеви, а небото да изгледа како полека да ротира пред вашите очи. Ако имате среќа или испланирате да фотографирате за време на метеорски дожд, низ сликата ќе ви прелетуваат ѕвезди што паѓаат за уште поголема галактичка магија. Прочитајте како професионалците ја снимаат оваа неверојатна небесна појава во нашиот водич за фотографирање метеорски дожд*.
Напишано од Matthew Richards и Marcus Hawkins
*Достапно на одредени јазици.
1. Adobe и Photoshop се заштитени трговски марки или трговски марки на Adobe во САД и/или други земји.