СНИМАЊЕ ВИДЕОБЛОГОВИ

Техники за подобрување на вашите содржини

Истакнувањето на вашите содржини на социјалните медиуми не мора да биде тешко. Подобрете го квалитетот на вашите објави со помош на овие совети за фотографирање и снимање видеоблогови.
Canon Camera

Платформите на социјалните медиуми се преполни со луѓе кои се обидуваат да ги промовираат своите содржини. Како да направите вашите објави да се истакнуваат?

Според четирите уметници кои учествуваа во кампањата Crew Create на Canon, ви требаат само три нешта: страст за она што го создавате, желба да ги надминете границите на вашата креативност и објави со највисок можен квалитет.

Првите две зависат од вас, но за да ви помогнеме со последното, еве неколку совети за фотографирање и снимање што може да им помогнат и на почетниците и на искусните инфлуенсери.

1. Набавете држач… и статив

Жена со сина коса седи пред лаптоп додека фотоапарат од Canon на мал статив ја снима.

Снимањето видеоблогови со фотоапарат е класична техника, која многу ја олеснуваат најдобрите фотоапарати од Canon за снимање видеоблогови како што е EOS M50 Mark II од Canon, кој се одликува со екран со променлив агол и екранот на допир што се врти на PowerShot G7 X Mark III од Canon, кои ви овозможуваат да се гледате додека снимате. Инвестирањето во држач може да ви помогне уште повеќе да ги усовршите рачно сниманите содржини. Држачите нудат нови, удобни агли на снимање, а и ја подобруваат естетиката на снимките. Приклучокот што се врти на стативот со држач HG-100TBR од Canon овозможува вертикално снимање - совршено за снимање приказни на Instagram или TikTok. Со помош на дополнителното растојание што о овозможува, може да добиете повисоки, попогодни агли за снимање автопортрети, со што ќе внесете префинетост на вашите објави.

Стативот со држач HG-100TBR од Canon може да послужи и како статив за поголема креативна флексибилност и да ви овозможи стабилна основа за снимање снимки од целото тело, упатства или широкоаголни сцени во кои ќе го опфатите опкружувањето или пријателите. Ѕвездата на TikTok и танчарка Nifè го користи овој држач за создавање разни содржини и често го користи неговиот вграден далечински управувач со Bluetooth заедно со тајмерот за видео на EOS M50 Mark II.

„Понекогаш снимам рачно, но понекогаш морам да го поставам фотоапаратот и да се оддалечам. Може да треба торзото или целото тело да ми бидат во кадарот. Мора да имам слобода да се движам и ми треба време да ја заземам положбата пред да започнам,“ вели таа. „Далечинскиот управувач е многу практичен. Ми овозможува видеозаписите да ми бидат пократки. Не мора да го кратам почетокот или повторно да ја пуштам музиката затоа што песната почнала одамна.“

2. Никогаш не пропуштајте го моментот со снимањето забавени движења

Човек снима нацртан графит од јагода со неонски бои со фотоапарат PowerShot G7 X Mark III од Canon.

Важно е да им покажете на следбениците колку што можете повеќе детали. Затоа најдобрите фотоапарати за креаторите на содржини нудат снимање видеозаписи со забавени движења. Користете го снимањето со забавени движења за да ја зголемите драматичноста или неизвесноста во вашите содржини или за да бидете сигурни дека нема да ги пропуштите неверојатните моменти што траат дел од секунда.

Во режимот за видео, PowerShot G7 X Mark III од Canon може да снима со 120fps во Full HD. Забавеното снимање со 120fps автоматски ви овозможува видеозапис од 30fps што е побавен четири пати отколку при снимањето. Fat Cap Sprays ја користи оваа техника за да снима изблици на интензивни бои и да ја долови живописноста и убавината на неговата уметност.

„Луѓето подобро реагираат на висококвалитетните содржини, кога гледаат како боите се истакнуваат на екранот исто како кога би ја гледале мојата уметност на улиците,“ објаснува тој. „Кога прскам со светлечки бои, станува навистина правливо. Како голем пламен. PowerShot G7 X Mark III снима со 120fps и ми овозможува прекрасно да ги доловам тие ефекти на прав и пламен. Можам да ги прикажам неверојатните детали на мојата уметност, а вие гледате како се создава уметноста.“

3. Задржете ја острината со AF со следење

EOS R6 од Canon со одвоен микрофон поставен на трева - во заднината човек изведува фудбалски трик.

За вашите содржини да изгледаат најдобро, погрижете се да бидат остри така што ќе го користите системот за автоматско фокусирање на вашиот фотоапарат.

EOS RP од Canon и EOS R6 од Canon се одликуваат со Dual Pixel CMOS AF, како и следење лица и очи, поради што се одличен избор кога сакате да снимате содржини сами дома или кога треба да следите брзи движења. Овозможете Servo AF за видео во панелот за ракување со AF на вашиот фотоапарат и тој постојано ќе го одржува фокусот при снимањето. Ако го поставите начинот на AF на откривање и следење лица, вашиот фотоапарат автоматски ќе ги открива, фокусира и следи лицата во кадарот, а објектите може да ги следите со едноставно допирање на екранот на допир.

Фудбалскиот жонглер и видеоблогер Ewan Baggott (познат како EABSkills) користи EOS R6 од Canon, кој следи фокусни точки низ 100 проценти од кадарот, така што секогаш е во фокусот, без разлика колку брзо се движи.

„Функцијата што е апсолутно клучна за мене е автоматскиот фокус,“ вели тој. „Обично се движам многу брзи и снимките одат десно, лево, напред, назад. Може да се движам внатре и надвор од кадарот, а тој секогаш држи чекор, никогаш не потфрла.“

4. Персонализирајте ја секоја фотографија

Фотографиите се еднакво важни како и видеозаписите за да им ги испорачате на следбениците содржините што ги сакаат, така што од клучно значење е она што го прикачувате на социјалните медиуми да ја рефлектира вашата креативност.

Сите фотоапарати EOS од Canon се одликуваат со прилагодени стилови на слика за персонализирање на параметрите на вашите фотографии. Преземајте или создавајте прилагодени стилови на слика, вчитувајте ги на фотоапаратот и подгответе се за допаѓања благодарение на уникатните фотографии.

Добитникот на Brit Award, музичарот и продуцент Jack Garratt обожава да се изразува преку фотографирањето и ги користи стиловите на слика за да ги индивидуализира своите фотографии. „Создадов стил на слика за мојот EOS RP од Canon - параметар за црно-бело што ја прави секоја фотографија што ја снимам навистина прекрасна. Снимам многу фотографии од моето куче и секоја фотографија досега изгледа како дело на Annie Leibovitz,“ вели тој.

5. Користете ги фокусните должини за повеќе од зумирање

Млад маж во бел дуксер ги прилагодува поставките на својот фотоапарат.

Фокусните должини не служат само за зумирање одблизу или оддалеку, туку и може да се користат како алатка за креативно изразување. Со избирање на вистинската должина на објективот, можете да го промените целосното чувство на вашата содржина.

Фокусните должини може драстично да го променат уметничкиот израз на вашите содржини. Може да експериментирате со различни објективи за прецизно да ги прилагодите амбиентот и впечатокот.

Широкоаголните објективи ја менуваат перцепцијата на растојанието на гледачите така што ги зголемуваат објектите во преден план, при што се зголемува перципираната длабочина на сцената. Ова овозможува личен тон и ги привлекува гледачите така што прави да се чувствуваат како да седат во просторијата со вас - одлично за снимање содржини сами дома, како што се упатствата.

Телефото објективите имаат потесно видно поле и прават објектите да изгледаат поблиску отколку што се, при што ја компресираат длабочината на фотографиите. Мал телефото објектив како што е еквивалент на 85 mm може да ја разубави естетиката на лицата, а подолгите телефото објективи се одлични за фотоапаратот да не ви пречи при снимањето динамични настани како што се фудбалските трикови. Тие ја компресираат и оддалеченоста, поради што даваат приказ на помала длабочина на полето и прават густо заматената заднина која е надвор од фокусот да изгледа поблиску до објектите што се во фокусот. Користете подолги објективи за да го контролирате опкружувањето и користете го заматувањето за да ги изолирате и да ги истакнете важните аспекти во вашиот кадар и да добиете професионален изглед.

Со својот EOS R6 од Canon и објективот RF 24-240mm F4-6.3 IS USM од Canon, Ewan ја користи телефото компресијата во фотографиите за да се смести себеси во рамките на голот. „Го носам фотоапаратот далеку назад,“ објаснува тој. „Го поставувам на центарот и зумирам во шеснаесетникот при 200mm. Добивате одличен ефект на мала длабочина на полето.“

На овој начин, не само што добива смела фотографија, туку и фотоапаратот не му пречи при изведувањето на триковите.

6. Снимајте во живо со проследувањето

Млад маж со брада седи на кауч со окер боја и поставува фотоапарат од Canon за да се снима.

Поврзувањето и интеракцијата со публиката во живо е огромен дел од успехот на онлајн креаторите и ви овозможува да ја споделувате вашата креативност со другите, онака како што ви доаѓа во моментот. За среќа, повеќето фотоапарати без огледало и DSLR фотоапаратите од Canon може да го користат софтверот EOS Webcam Utility од Canon за да проследуваат содржини онлајн преку компјутер или Mac. Вашиот фотоапарат ви овозможува начин да се поврзете со вашата публика, па затоа пробајте го.

„Секогаш се трудам да најдам начини да ја споделувам мојата музика со остатокот од светот додека ја создавам, а еден од најдобрите, најбрзите и најлесните начини за тоа е проследувањето,“ вели Jack, кој планира да го користи својот EOS RP од Canon за да емитува содржини до своите обожаватели. „Почнав да размислувам за начините на кои може да вклопам повеќе проследување, особено од моето студио.“

За да дознаете повеќе за опремата од Canon што ја користат нашите четири креатори и зошто ја користат, прочитајте повеќе овде.


Напишано од Peter Wolinski

Слични производи

Слични статии

  • СНИМАЊЕ ВИДЕОБЛОГОВИ

    Една креативна соработка

    Четири уметници што користат опрема од Canon ги здружија силите и ги употребија своите различни вештини за да создадат неверојатен краток видеозапис.

  • СНИМАЊЕ ВИДЕОБЛОГОВИ

    Врвна опрема за создавање содржини

    Откријте ја опремата што ја користат овие четири многу различни создавачи на онлајн содржини и како таа им овозможува да ги подигнат нивните содржини на повисоко ниво.

  • Жена го поставува PowerShot G7 X Mark III од Canon до лаптоп за да снима час по јога во живо во својата дневна соба.

    КОМПАКТНИ ФОТОАПАРАТИ

    Најдобриот компактен фотоапарат за создавање содржини

    Дознајте како PowerShot G7 X Mark III може да ви помогне да ја разбудите вашата креативна страна во секојдневието.

  • СНИМАЊЕ ВИДЕОБЛОГОВИ

    Снимање видеоблогови за патувања со извонредно широк објектив

    Видеоблогерката за патувања Chloe Gunning на еднодневно снимање во град со RF 16mm F2.8 STM од Canon.