EOS 850D

DSLR-фотоапарати

Canon EOS 850D

Разбудете ја креативноста и преземете ја контролата со овој повеќенаменски DSLR-фотоапарат за снимање и фотографирање.

Спецификации

  • 24,1 мегапиксели

    APS-C сензор

  • DIGIC 8

    Процесор за слика

  • 4K-видеоснимки

    25 fps

  • 5 оски

    Дигитална стабилизација на слика за видео

  • 45

    AF-точки од вкрстен тип

  • WIFI

    и Bluetooth® *

Снимајте го вашиот живот со поголема креативна контрола

Разбудете ја вашата креативност со фотоапарат што ќе ве инспирира. Од слики со 24,1 MP и врвни детали до неверојатни 4K-видеоснимки - EOS 850D ќе ви овозможи да ја преземете контролата.

Бидете креативни и преземете ја контролата

Гледајте низ објективот преку оптичкиот визир и прилагодувајте ги поставките преку контролите на задната страна и горното вртливо копче. Впарете го со паметен уред за да можете да го контролирате далечински и да ги уредувате снимените слики во самиот фотоапарат.

Canon Camera

Вртливо копче на горната страна

Овозможува интуитивно прилагодување на поставките за креативниот режим, како што се брзина на блендата и решетката.

Canon Camera

Вртливо копче на задната страна

Уште поголема креативна контрола, со компензација за експозицијата или потполно рачно прилагодување.

Canon Camera
Canon Camera

Слики и видеоснимки со професионален квалитет

Снимајте фотографии и 4K-видеоснимки со сензорот од 24,1 MP што користи Dual Pixel CMOS AF и 45 подобрени AF-точки, како и iTR AF за прецизно фокусирање и следење.

Canon Camera

4K-видеоснимки

25 fps

Canon Camera

24,1 мегапиксели

APS-C сензор

Доловувајте го моментот секогаш

Следете ги субјектите со брзина на фотографирање од 7 fps, AF на очи во режимот за прегледување во живо, напреден iTR AF со функција за откривање лица и екран на допир со променлив агол што ќе ви помогне да снимате од секој агол и никогаш да не го пропуштите моментот.

Canon Camera

Поврзете се и споделувајте на едноставен начин, каде и да сте

Поврзете го EOS 850D со паметен уред преку Bluetooth®* и Wi-Fi, уредувајте преку DPP Express** за максимален работен процес со RAW во движење или, пак, правете резервни копии од сликите во вашиот компјутер со функцијата за автоматска синхронизација на сликите.

Мал и лесен

Овој лесен и компактен фотоапарат е создаден за да се носи насекаде и има екран со променлив агол за да можете да снимате од висока и ниска перспектива, на сигурен и флексибилен начин.

Canon има за цел да постигне нула нето емисии на CO2 од своите деловни активности до 2050 година

Оваа цел ќе ја постигнеме со просечна годишна стапка на подобрување од 3% на индексот за подобрување на емисиите на CO2 по производ. Доколку ја одржуваме стапката на подобрување, тоа би значело приближно 50% намалување на нивоата од 2008 година до 2030 година. Ова е во согласност со нивото на намалување утврдено со Парискиот договор.

Ќе продолжиме да ја ревидираме целта од долгорочна перспектива како начин на проверка на нашиот придонес за реализација на општество со мало ниво на емисии на јаглероден диоксид.

Photographer looking down view finder

Апликација Canon Photo Companion

Нашата апликација Photo Companion е најдобриот партнер за сите корисници кои раскажуваат приказни преку видео бидејќи нуди пристап до прилагодени и професионални информации и содржини кога тоа најмногу ви е потребно, за да можете да внесете реалистичност во вашите приказни.

Canon Camera

Запознајте се со системот EOS

Добијте пристап до неверојатниот систем EOS и прикачувајте какви било објективи од серијата EF или EF-S или, пак, прикачете блиц Speedlite за креативно осветлување или приклучете надворешен микрофон преку приклучокот од 3,5 mm.

Што содржи кутијата

Сè што ви е потребно за снимате и создавате одлични 4K-видеоснимки и фотографии насекаде и во секое време.

  • Куќиште EOS 850D

  • Заштитник за очи EF-2

  • Капаче за фотоапарат R-F-3

  • Широк ремен EW - 400D - N

  • Полнач за батерии LC - E17E

  • Батерија LP - E17

  • Кабел за напојување

  • Комплет со упатство за користење

Компатибилна дополнителна опрема

Слични написи

Слични производи

Може да ве интересира и

  1. Сите податоци се основаат врз стандардните методи за тестирање од Canon, освен ако не е поинаку назначено. Подлежи на промена без претходно известување.
  2. * Опремен со технологија Bluetooth® со мала потрошувачка на енергија. Зборот во ознаката Bluetooth® и лого ознаките на Bluetooth се регистрирани заштитни знаци во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секое користење на тие знаци од страна на Canon Europe Ltd. е дозволено со лиценца. Другите заштитни знаци и заштитни имиња им припаѓаат на нивните сопственици.
  3. ** DPP Express е достапен само за iPad (DPP Express за iPad е услуга за која се плаќа претплата)