Како корисник на Canon EOS R10, сигурно сте добивале одлични резултати од вашите креативни авантури, благодарение на брзото автоматско фокусирање и остар квалитет на слика. EOS R10 ви дава креативна контрола поради која ќе ви биде мило што сте се надградиле од паметен телефон или компактен фотоапарат.
Можеби сте фотографирале семејни патувања, експериментирале со портрети или сте ги снимале спортските натпревари на вашите деца. Но, како што ви се развиваат вештините, можеби ќе ви биде тешко да се приближите доволно до случувањата, да соберете пространи пејзажи или да го постигнете амбиенталното заматување на заднината што го гледате во професионални слики.
Таму започнува следната фаза на вашето патување во светот на фотографирањето. Додавањето нов објектив може да биде токму тоа што ѝ е потребно на вашата креативност. Секој објектив во вашата торба со опрема го менува начинот на кој го гледате и снимате светот, откривајќи нови перспективи, стилови и можности. Управникот со производство во Canon Europe, Mark Kendrick, објаснува дека втор објектив целосно може да го смени тоа што можете да го направите со фотоапаратот што веќе го имате.
Земајќи го ова предвид, следат најдобрите објективи кои ќе ви помогнат максимално да го искористите вашиот Canon EOS R10.
Најдобри објективи за Canon EOS R10: паметни надградби за да се воздигнете на повисоко ниво на фотографирање
Најдобар објектив за портрети за надградба: Canon RF 45mm F1.2 STM
Професионалците обожаваат да снимаат со објективи f/1,2 - извонредно широкоаголната решетка произведува многу мала длабочина на поле, зголемувајќи го одвојувањето меѓу субјектот и заднината, а притоа, создава привлечен ефект на дефокусирање на заднината.
Со извонредно широката решетка f/1,2, објективот RF 45mm F1.2 STM ја отвора вратата кон снимање креативни портрети, со што можете да снимите субјекти во остар фокус наспроти прекрасно измазнети и заматени заднини. Снимено со Canon EOS R6 Mark III и објектив Canon RF 45mm F1.2 IS STM со избрани 1/100 сек., f/2 и ISO 100.
Ако ги подобрувате вашите портрети, тогаш RF 45mm F1.2 STM е примарниот објектив од следно ниво кој го заслужува вашиот EOS R10. Со извонредно широката решетка f/1,2, која претходно беше достапна само во скапите професионални објективи, ќе добиете извонредно мала длабочина на поле и извонредни перформанси при слаба осветленост. Тој е природна прогресија од популарниот објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon и е побрз за подобрено креативно изразување и снимање при слаба осветленост.
Како што објаснува Mark, „ако сте го избрале EOS R10, тогаш сте веќе еден чекор над основната класа. RF 45mm F1.2 STM го претставува тој чекор нанапред во форма на објектив. Тој е способен, светол и дизајниран да се развива со вас“.
За сите кои сакаат да снимаат поинтимни портрети, да зумираат на детали и да постигнат многу природна компресија, RF 85mm F2 MACRO IS STM е, исто така, извонреден избор. Испорачува привлечна компресија и амбиентално заматување на заднината, како и вградена стабилизација на слика (IS) за уште поголема разновидност при рачно снимање - а сето тоа е спакувано во компактно куќиште. Дополнително, можноста за макро до 0,5x и фокусирање одблиску на мали растојанија дури до 35 cm ви нуди флексибилност да снимате цвеќиња, инсекти и детали со острина низ целата површина на сликата.
Најдобар објектив за надградба за улично фотографирање и патувања: Canon RF 28mm F2.8 STM
RF 28mm F2.8 STM е најмалиот и најлесен објектив во палетата на RF-објективи од Canon.
Поради компактната големина и малата тежина, RF 28mm F2.8 STM е идеален за фотографирање патувања и улично фотографирање, каде што преносливоста и природната перспектива се најважни. Снимено со Canon EOS R8 и објектив Canon RF 28mm F2.8 STM со избрани 1/250 сек., f/2,8 и ISO 200. © Andres McNeill
Компактен, остар и неверојатно лесен, RF 28mm F2.8 STM е најкраткиот објектив RF кој совршено се вклопува со EOS R10. Овој примарен објектив со брза решетка е идеален за секојдневно фотографирање и нуди пошироко видно поле од објектив од 50 mm за снимање субјекти во нивното опкружување. Без разлика на тоа дали се шетате во нов град, снимате фотографии од животен стил или го документирате секојдневниот живот, тој е дискретен, брз и забавен за користење.
Mark го нарекува „природна фокусна должина за патувања бидејќи погледот што го нуди е ист како перспективата што ја гледаат вашите очи“.
Најдобар широкоаголен објектив за надградба: Canon RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM
Широкоаголен објектив како RF-S 10–18mm F4.5–6.3 IS STM ви овозможува да доловите пространи пејзажи и впечатливи архитектонски ентериери, а притоа да ги одржите линиите чисти и природни. Снимено со Canon EOS R7 и објектив Canon RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM со избрани 10 mm, 1/200 сек., f/5 и ISO 6.400.
Кога сакате сѐ да доловите во кадарот, од пространи пејзажи до детална архитектура, тогаш широкоаголен објектив мора да е неизоставен дел од вашата торба со опрема. RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM е идеален избор. Компактен, лесен и дизајниран за фотоапарати APS-C, наменет е да патува секаде заедно со вашиот EOS R10.
Извонредно широкото видно поле го прави совршен за ентериери, градски пејзажи, па дури и фотографирање на ноќното небо. Може да ви даде и разиграна перспектива со прекумерно нагласување на елементите во преден план наспроти широка заднина. Благодарение на напредниот оптички дизајн, овој објектив ги одржува линиите и аглите природни, без изобличувањето кое често се добива со ултраширокиот режим на паметен телефон.
Најдобар телефото објектив за надградба: Canon RF 100-400mm F5.6-8 IS USM
Дизајниран за голем дострел и прецизност, објективот RF 100–400mm F5.6–8 IS USM ги приближува далечните субјекти, како дивите животни и спортовите. Снимено со Canon EOS RP (сега е заменет со новиот EOS R8) и објектив RF 100-400mm F5.6-8 IS USM со избрани 400 mm, 1/60 сек., f/8 и ISO 1.250.
Ако сте љубители на фотографирање движења, диви животни или спорт, овде се истакнува EOS R10. Комбинирајте го со објективот RF 100-400mm F5.6-8 IS USM и ќе снимите остри и детални снимки од субјекти во далечината кога физички не можете да се приближите. Сензорот со висока резолуција на EOS R10 и брзото секвенцијално снимање создаваат моќна комбинација со вградената стабилизација на слика (IS) на овој долг објектив со зум.
„Брзината и резолуцијата на EOS R10 совршено се комбинираат со RF 100-400mm F5.6-8 IS USM“, вели Mark. „Можете да снимате рачно, а сепак да добиете остри и висококвалитетни слики од субјекти што се движат брзо“.
Најдобар објектив за надградба за сеопфатна намена: Canon RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM
RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM е сѐ-во-едно објектив со зум кој се адаптира на речиси секое сценарио, од широки сцени од патувања до портрети одблиску, без потреба од менување објективи. Снимено со Canon EOS R10 и објектив Canon RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM со избрани 35 mm, 1/2.000 сек., f/5,6 и ISO 12.800.
RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM е одличен за слики одблиску. Со фокусна должина од 35 mm, се фокусира на растојанија дури до 17 cm и нуди максимално зголемување од 0,59x, со оптичка стабилизација на слика за да гарантира остри слики, дури и кога снимате рачно. Снимено со Canon EOS R10 и објектив Canon RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM со избрани 35 mm, 1/2.000 сек., f/5 и ISO 1.600.
За патувања, семејни излети или спонтани авантури, RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM е врвна сеопфатна надградба за EOS R10. Нуди огромен опсег на фокусни должини, од широкоаголни до телефото, што значи дека можете да снимите сѐ, од пејзажи до портрети, до слики одблиску, а сето тоа без да го смените објективот. Компактната изградба го прави лесен секојдневен придружник, а вградената стабилизација на слика (IS) ја одржува стабилноста на сликите додека снимате рачно.
Ова е најдобриот објектив за надградба на корисници на Canon EOS R10 кои пред сѐ сакаат флексибилност за доловување на голем број субјекти без менување на објективот.
Изградете ја вашата торба со опрема околу нештата кои ве интересираат
Секој нов објектив ви нуди нова перспектива - без разлика на тоа дали фотографирате портрети, пејзажи или движења, проширувањето на вашата колекција објективи за вашиот EOS R10 ви помага да ги претворите секојдневните моменти во впечатливи слики.
Без оглед на тоа дали ве привлекуваат дивите животни, портретите, патувањата или снимањето видеозаписи, вашиот EOS R10 може да се адаптира со вас. Сѐ што ви треба е соодветниот објектив. Mark советува: „Размислете каде се чувствувате ограничени од тековната опрема и појдете од таму. Ако секогаш се трудите да зумирате подалеку, добијте поголем дострел. Ако секогаш снимате широко, снимајте уште пошироко. EOS R10 има потенцијал кој можете да го реализирате со соодветниот објектив“.
EOS R10 е изграден за креатори кои се подготвени да преземат контрола. Со комбинирање со соодветните објективи, ќе го преобразите тоа што е возможно во секој кадар. Секој објектив отвора нови перспективи, со што ќе го направите процесот на снимање слики навистина личен.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
Сè што треба да знаете за избирање објективи
Откријте објективи со кои ќе се приближите
Објективи за снимање повеќе детали
Објективи за поостри портрети
Откријте објективи од Canon и пронајдете го совршениот производ
Напишано од Jeff Meyer
Слични производи
-
EOS R10
Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C. -
RF 45mm F1.2 STM
Лесен примарен стандарден објектив со извонредно брза решетка f/1,2, кој нуди лесен пристап до напредни техники и креативни слики. -
RF 28mm F2.8 STM
Тенок и лесен објектив во вид на „палачинка“ за фотографирање при патувања и улично фотографирање, со повеќенаменска фокусна должина од 28 mm и брза максимална решетка f/2,8. -
RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM
Мал, лесен и извонредно широкоаголен објектив со зум и повеќенаменска фокусна должина од 10-18 mm што е идеален за фотографирање при патувања, снимање видеоблогови и пејзажи. -
RF 100-400mm F5.6-8 IS USM
Повеќенаменски, компактен и лесен RF-објектив со зум од 100-400 mm и стабилизација на слика со 5,5 чекори за фотографирање диви животни и движења. -
RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM
APS-C-објектив од серијата EOS R со опсег на зумирање од широк агол до телефото што е совршен за фотографирање патувања, диви животни, спорт и животен стил.