ФОТОГРАФИРАЊЕ ПОРТРЕТИ

Фотографирање креативни портрети

Фотографката Nina Collins привлече импресивен број на следбеници на TikTok со нејзините забавни автопортрети. Тука ќе ги сподели нејзините совети за стилизирање фотосесии и за максимално искористување на скромната опрема.
Жена со долга руса коса носи розови очила за сонце и позира наспроти розова завеса и конци со монистра. Нејзината слика се гледа на задниот екран на фотоапаратот ставен на масата пред неа.

Тиктокерката и самоуката фотографка Nina Collins мислела дека не може да има кариера во фотографирањето, но била одлучна да успее. „Немав пари како студентка, но и покрај тоа што учев нешто сосема поразлично, знаев дека сакам да работам како фотограф, па затоа морав да подготвам портфолио“ - објаснува таа. „Научив многу правејќи многу истражувања и многу експериментирање“.

Наместо да објавува на платформите што редовно ги користи, каде што веќе се има докажано, Nina одлучи да почне од почеток на TikTok. „Се плашев дека ќе добијам лоши повратни информации“ - објаснува таа. „Мислев дека луѓето ќе бидат премногу критични и ќе забележат несовршености во моите вештини за уредување или во поставките на фотоапаратот“.

Сепак, реакцијата на нејзините инспиративни видеозаписи на TikTok беше неверојатно позитивна и брзо привлече многу следбеници. „Во првите четири месеци достигнав 20 илјади. Коментарите од луѓето беа многу охрабрувачки иако немаа претстава која сум. Не мораа да кажуваат убави работи - тие коментираа бидејќи навистина им се допадна тоа што го видоа, а тоа ми ја даде потребната самодоверба“.

Фотосесиите за „Децении“ на Nina, каде што ја прикажува модата, стиловите на коса и стиловите на фотографирање низ годините, се покажаа многу популарни. Таа им даде пристап на гледачите и до нејзините подготовки зад сцената, покажувајќи како сите можат да се обидат и да создадат различни изгледи. Сега нејзината цел ѝ е да ги инспирира луѓето да земат фотоапарат и да фотографираат. „Видеозаписите за TikTok ги создавам за да споделувам идеи, методи и решенија, надевајќи се дека ќе им помогнат на други луѓе што сакаат да фотографираат“ - вели таа.

Тука Nina ќе ни објасни за едноставноста на нејзиниот процес, начинот на кој ги стилизира фотосесиите и ќе сподели совети за зголемување на самодовербата при позирање за сопствени и креативни автопортрети.

1. Усовршете ги вашите идеи

Жена со долга и виткана руса коса, носи бела маичка, бели патики и кафеави панталони, држи фотоапарат од Canon и се смее кон фотоапаратот.

Nina има повеќе од 60 илјади следбеници на TikTok и нејзините водичи за фотографирање, полни со совети и техники за секакви ситуации, почнувајќи од стилизирање фотографија за денот на вљубените па сè до повторно создавање на слики од познати личности, редовно добиваат повеќе од 20 илјади прегледи.

Жена со долга руса коса носи розови очила за сонце, гледа нагоре и се смее, дланките ѝ се покрај лицето и изгледа како да танцува и да ги крева рацете.

Косата и шминката се важни за создавање на изгледот што сакате да го добиете. Спојувањето инспиративни табли ќе ви помогне да смислите идеи и ќе ве инспирира за модерни реквизити. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/160 сек., f/2,8 и ISO1250. © Nina Collins

„Ме интересира фотографирање портрети, мода и фотографии за списанија, а следејќи ја еволуцијата на сето ова, јас сум навистина инспирирана“ - објаснува Nina. „Промените во облеката, косата и шминката се очигледни, но и изгледот на фотографиите поради опремата и ресурсите што биле достапни во тоа време. Фотосесијата „Децении“ е резултат на мојата желба да создадам серијата фотографии што го визуелизираат овој развој.

„Научив многу, особено тоа што ми се допаѓа и тоа што не ми се допаѓа кај секој портрет, како што се различните стилови на уредување и позирање, и токму тоа ќе го применам во идните автопортрети“.

Ако сакате да направите фотосесија со свој концепт, Nina ви препорачува да направите инспиративни табли со идеи. „Направив табла на Pinterest за секоја деценија со облека, пози и стилови на уредување„ - објаснува таа. „Тоа ми помогна да размислам што ќе ми биде потребно за да ги создадам различните изгледи“.

2. Заднини, реквизити и локации за фотографирање

Жена клечи на подот и мести розово платно и долги конци со розова монистра врз закачалка за облека. Зад неа има статив за фотоапарати.

Заднините не мора да бидат скапи или професионални за да овозможат ефикасни резултати. Користете нешто што веќе го имате дома за да создадете интересни ефекти, како текстилни материјали или конци со монистра.

Ако немате пристап до фотостудио, како и повеќето други луѓе, тогаш може да создадете сопствено студио во вашиот дом. Всушност, Nina ги создава сите нејзини изгледи во нејзиниот дом, а притоа користи реквизити, врши стилизирање и го искористува квалитетот на нејзиниот фотоапарат од Canon за да го добие саканиот изглед. „Сè што користам е едноставно“ - вели таа.

Не ви треба ниту скапа дополнителна опрема. „Имам користено апсолутно сè како заднина - крпи, чаршави, ќебиња. Нема да ви треба ниту држач. Сум ги ставала врз столици, префрлувала преку гелендери, па дури и закачувала на врати од ормани. Исто така, може да користите обични предмети од домаќинствата, како растенија, за да направите интересна заднина“.

За да ги направи фотосесиите колку што е можно поодржливи, облеката што ја избира Nina е најчесто од нејзиниот гардеробер. „Се обидувам да пронајдам слики од ерата што ќе ја изберам користејќи ја облеката што ја имам“ - вели таа.

3. Изберете ги најдобрите алатки

Жена со долга руса коса седи пред розово платно на кое висат конци со монистра. Пред неа има фотоапарат и објектив од Canon, затворен телефон на преклопување прекриен со самолепливи украси, розови очила за сонце и штипки во форма на пеперутки.

Хибридните фотоапарати, како што е EOS R6 од Canon, нуди комбинација од брзина, квалитет на слика и флексибилност, па затоа е идеална алатка за создавање содржини. Ако го користите со објектив со широка решетка, како што е RF 50mm F1.8 STM од Canon, тогаш ќе ги збогатите вашите портрети со прекрасно заматена заднина.

Nina препорачува да користите повеќенаменски фотоапарат како EOS R6 од Canon, што таа го користи заедно со нејзиниот омилен објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon. Објективот RF 50mm F1.8 STM е мал, лесен, има достапна цена и е идеален за фотографирање при слаба осветленост, а на Nina ѝ се допаѓа неговата мала длабочина на поле што придонесува за создавање прекрасни заматени заднини - нешто што нуди неочекувана придобивка: „Многу е практичен кога користите заднина што треба да се пегла бидејќи наборите нема да се забележуваат“ - вели таа. Дознајте повеќе за избирање на совршениот објектив за портрети во нашиот водич за опрема.

На Nina ѝ се допаѓа и квалитетот на слика што го нуди EOS R6. „Навистина е неверојатен и создава професионален изглед на моите фотографии што ги снимам со многу основни материјали во домот“ - вели таа. Таа вели дека екранот што се врти е практичен за снимање фотографии со тајмер и ѝ се допаѓа колку лесно може да го поврзе со нејзиниот паметен телефон со помош на апликацијата Canon Camera Connect.

Нема потреба ниту да инвестирате во скапа опрема за осветлување. „Моите водичи се дизајнирани да бидат колку што е можно подостапни, а тоа значи дека секој може да се обиде да ги примени во својот дом“ - објаснува Nina. „Ако почнам да користам кутии за осветлување и блицови, тогаш ќе се изгуби поентата. Секогаш користам добро осветлени површини покрај големи прозорци. Понекогаш, ако сакам да опфатам сенки, користам обични ламби и факели - но во принцип не користам ништо“.

Ако сакате да експериментирате со осветлувањето, тогаш во нашиот водич за изработка на свои додатоци за фотографирање може да дознаете повеќе за правењето домашно изработен придушен рефлектор со кој ќе снимате прекрасни портрети.

4. Експериментирајте со поставките

Рака држи фотоапарат, на задниот екран се прикажуваат различни поставки.

Експериментирајте со поставките на вашиот фотоапарат за да пронајдете најдобра решетка, брзина на бленда и ISO за вашите портрети, а потоа концентрирајте се на добивање одличен изглед на содржините.

Кога станува збор за снимање автопортрети, најдобро е да изберете едноставен пристап за да можете да се фокусирате на позите и композицијата. „Не сакам премногу да ги менувам поставките штом застанам пред фотоапаратот“ - вели Nina. „Секогаш користам автоматски фокус. Кога станува збор за портрети, EOS R6 нуди неверојатно следење на лице и очи, што практично ја елиминира веројатноста за грешки. Вообичаено фотографирам со f/1,8 за мала длабочина на полето, приближно ISO800 и брзина на блендата од 1/125 сек“.

5. Користете ја апликацијата Canon Camera Connect

Жена со долга руса коса седи на под во дневна соба, држи розови очила за сонце и се смее кон фотоапаратот ставен на дрвена маса.

Nina не сака да користи многу опрема за да инспирира колку што е можно повеќе следбеници да се обидат да го направат истото. Позиционирањето на фотоапаратот врз стабилна површина, како клуб маса, ќе ви овозможи да снимите автопортрет без да користите статив.

Раце држат паметен телефон што ја прикажува апликацијата Canon Camera Connect, а на маса во заднина има фотоапарат од Canon.

Nina вели дека апликацијата Canon Camera Connect е неопходна за нејзиниот процес - таа ви овозможува да го обликувате кадарот, да ги прилагодите поставките и да ја активирате блендата од далечина.

Опфаќањето себеси во кадарот, менувањето на поставките и активирањето на блендата е лесно со апликацијата Canon Camera Connect, што ви овозможува далечинска контрола врз фотоапаратот со Wi-Fi преку паметен телефон, повторно без потреба од дополнителни и скапи додатоци.

„Да бидам искрена, не знам дали би успеала да снимам ниту еден од моите автопортрети без него“ - вели Nina. „Добивате јасен приказ од обликувањето на кадарот на вашите фотографии, а може да го искористите за да ги прилагодите поставките и да го користите како уред за активирање на блендата. Така ги создавам моите содржини“.

6. Вежбајте ги позите

Жена со долга руса коса, доловена од горната страна со неколку штипки во форма на пеперутки, држи телефон на преклопување на едната страна на лицето и ги прчи усните кон фотоапаратот.

Користењето реквизити е еден од најважните совети на Nina за дефинирање на деценијата што сака да ја прикаже, како што е овој телефон на преклопување. Ако сакате фотосесијата да биде одржлива и со достапна цена, зошто не купите користена облека и реквизити од добротворни продавници или, пак, да позајмите облека од вашите родители? Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/200 сек., f/2,8 и ISO1000. © Nina Collins

Жена со долга руса коса гледа налутено кон фотоапаратот додека си ја влече косата странично.

Експериментирајте со движења за да ги направите сликите поинтересни и да избегнете да изгледаат премногу слични една на друга. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/160 сек., f/2,8 и ISO1000. © Nina Collins

„Знам што ми одговара, а знам и дека може да се чувствувате непријатно кога ќе застанете пред фотоапаратот. Можеби ќе откриете дека имате „најдобар агол“ од кој фотографирате, но тоа може да биде индикатор дека вашите фотографии ќе изгледаат слично“ - објаснува Nina.

„Користењето реквизити ви овозможува да имате интеракција со нив. Може да ме видите како користам очила за сонце, сјај за усни или, пак, светкав телефон на преклопување во последната деценија што ја одработив - 2000-тите. Може да додадете и движења - обидете се да ја поместите косата или облеката. И запомнете, никој нема да ги види сликите што нема да ги употребите, па затоа пробајте сè!“

7. Експериментирајте со уредувањето

Ако сакате да добиете специфичен изглед, тогаш размислете како ќе ги уредувате вашите фотографии, односно дали ќе користите софтвер како што е бесплатниот Digital Photo Professional (DPP) од Canon или Adobe Lightroom. „За мојата серија за децениите беше потребна многу обработка“ - вели Nina. „Ја гледав мојата инспиративна табла и избирав препознатливи предмети од таа ера - како зрнеста текстура, осветлување и тон. Сликите од 60-тите и 70-тите, на пример, имаа многу зелена или жолта нијанса. Ги евидентирав овие важни фактори и ги прилагодував поставките во Lightroom сè додека не го добијам саканиот резултат“.

8. Бидете успешни на социјалните медиуми

Жена со долга руса коса става сјај за усни пред огледало.

Nina утврди дека споделувањето на нејзиниот работен процес, почнувајќи од спојување инспиративни табли па сè до стилизирање на нејзината коса и шминка, ги инспирира нејзините гледачи да се обидат да направат сопствени портрети.

Објаснувањето на целиот процес за создавање на сликата е секогаш добро прифатена содржина на TikTok. „На другите социјални канали може да си помислите „ова е одлична фотографија“, но не значи дека знаете што сè е потребно за да ја создадете“ - објаснува Nina. „На TikTok имате можност да погледнете што се случувало зад сцената, како сум создала нешто од ништо. На луѓето им се допаѓа тоа бидејќи по гледањето си помислуваат ‚И јас можам да го направам тоа‘“.

Треба да ја земете предвид и музиката. Сите фотосесии за „децении“ на Nina се надополнети со музика што е соодветна за таа ера и е внимателно избрана заради максимален ефект. „Освен што треба да биде соодветна, таа мора да биде и доволно позната за да ја препознаат гледачите. Исто така, треба да биде доволно популарна за да ја употребат и други луѓе - колку повеќе луѓе користат одреден звук, толку е подобро за алгоритамот на TikTok, што доведува до поголема изложеност“.

Погледнете како Nina ја реализира оваа фотосесија на TikTok и применувајќи ги нејзините совети, зошто не се обидете да направите фотосесија за некоја ера по ваш избор? Споделете ги вашите креации на TikTok и означете ги со @canonemea.


Adobe и Lightroom се или регистрирани заштитни знаци или заштитни знаци на Adobe во САД и/или други земји.


Напишано од Astrid Pitman

Слични производи

Слични статии

  • Портрет од жена која носи голем зелен ѓердан и сина беретка, наспроти виолетова заднина.

    ДОМАШНИ ПРОЕКТИ

    Направете сопствено студио во домот

    Дознајте како да бидете креативни со блицот и да фотографирате извонредни портрети со мал буџет.

  • Жена со штипки во форма на пеперутки во нејзината коса која закачува повеќе штипки во форма на пеперутки на конци што висат од сребрена лента.

    ДОМАШНИ ПРОЕКТИ

    Инспиративни слики во домот

    Претворете го вашиот дом во студио со советите од ѕвездата на TikTok, Michaela Efford.

  • Портрет на човек чиешто лице е развлечено низ сликата во фазата на обработка на виолетова позадина.

    КРЕАТИВНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Експериментирајте со седум различни стилови

    Одведете ја вашата фотографија во нов правец и снимајте извонредни фотографии во нов стил секој ден.

  • Повеќе траги од светлина во различни бои околу манекенка со рацете ставени на колкови, наспроти црна заднина.

    ФОТОГРАФИРАЊЕ ПОРТРЕТИ

    Снимајте апстрактни портрети

    Експериментирајте со повеќе експозиции, боење со светлина, играње со сенки и многу повеќе.