4K-ФОТОАПАРАТИ БЕЗ ОГЛЕДАЛО, 4K DSLR-ФОТОАПАРАТИ И КОМПАКТНИ 4K-ФОТОАПАРАТИ

Дознајте какви придобивки нудат 4K-видеозаписите и пронајдете го најдобриот 4K-фотоапарат од Canon за вас.

Што е 4K?

Повеќе детали и повеќе простор за раскажување на вашата приказна. Благодарение на најсовремените CMOS-сензори на Canon, 4K-видеозаписите ги доловуваат вашите спомени со најживописни бои досега и со 4 пати поголема резолуција од Full HD. Видеозаписите со 4K Ultra High-Definition се моќен и флексибилен следен чекор во начинот на кој раскажувате приказни.

Придобивки

Разбудете го 4K-режисерот во вас и збогатете го вашето креативно портфолио со 4K-видеозаписи.

Исполнете го екранот со детали

4K-видеозаписите нудат 4 пати поголема резолуција од 1080p Full HD и ја искористуваат целата ширина на сензорот на камерата за да создадат живописно доживување.

Доловете ги движењата

4K-резолуцијата ги доловува подвижните предмети со неверојатна прецизност и ви овозможува да создавате извонредно јасни забавени движења во обработката по снимањето.

Отсекувајте, зумирајте и поместувајте

Со 4K-резолуцијата добивате креативна слобода за зумирање, поместување и отсекување на сликата кај вашите снимени содржини до 200% без загуби во квалитетот.

Создавајте слики од видеозаписите

Видеозаписите снимени во 4K може да се искористат за генерирање фотографии со 8,8 мегапиксели. Треба само да го одредите кадарот во самиот фотоапарат или за време на обработката по снимањето.

Уживајте во креативна слобода

Снимајте во 4K-резолуција за да добиете уште подетални видеоснимки со Full HD-резолуција, за да ја импресионирате вашата публика.

Споредете ги видеоснимките во 4K со видеоснимките во Full HD

Снимајте прекрасни и многу пореалистични детали со видеоснимките во 4K во споредба со видеоснимките во Full HD. Погледнете ја разликата помеѓу видеоснимките во 4K и видеоснимките во Full HD подолу.

4K

HD

Дозволете ни да ви помогнеме да го најдете совршениот фотоапарат од Canon

Нашиот пребарувач на фотоапарати ќе ви ја прикаже целата наша палета на фотоапарати и ќе ви помогне да го најдете совршениот фотоапарат за вас.

Компактни 4K-фотоапарати

Раскажете ја вашата приказна во извонредна 4K-резолуција со фотоапарат со џебна големина.

  • PowerShot V1

    Компактен фотоапарат претежно наменет за снимање видео во 4K-резолуција, со прецизен автоматски фокус и кристално јасен звук - идеален за креатори на содржини во движење.

    PowerShot G7 X Mark III [Црна]

    Фотоапарат со опции за поврзување што снима извонредни видеоснимки и фотографии што ќе им се допаднат на вашите следбеници.
  • PowerShot SX70 HS

    Shoot with precision, flexibility and reliability with Canon’s feature-packed PowerShot bridge cameras.

    PowerShot SX740 HS Lite Edition [Црна]

    Запознајте се со компактниот фотоапарат Canon PowerShot SX740 HS со џебна големина, огромен оптички зум до 40x и неверојатна 4K-резолуција за снимање видео.

4K-видеокамери

Напредна технологија и обемна креативна контрола вградени во видеокамера што е практична за користење и може да се држи во една рака.

Поддршка

Преземајте драјвери, фирмвер и упатства и добијте пристап до онлајн техничка поддршка, ресурси и решавање проблеми за вашиот фотоапарат од Canon.