10 совети за фотографирање експлозивни огномети

Опрема, техники и композиција - најдобри совети за фотографирање огномети.

Разнобојните огномети на ноќното небо претставуваат волшебен спектакл за многумина - па зошто да не го доловите ова возбудливо чувство со фотографија? Независно дали користите компактен фотоапарат, како што е Canon PowerShot G7 X Mark III, или фотоапарат без огледало, како што е Canon EOS R6 Mark II, овие 10 совети за фотографирање огномети ќе ви помогнат да ги доловите спектакуларните моменти оваа празнична сезона.

1. Кој е најдобриот фотоапарат од Canon за фотографирање огномети?

Не е важно каква опрема имате или колку сте искусни - фотографирањето огномети може да биде и лесно и забавно. Ако сте на отворено и уживате додека гледате огномет, тогаш идеален начин за да го доловите овој настан е да користите пренослив и џебен фотоапарат како што е Canon PowerShot SX740 HS LITE EDITION, со CMOS-сензор со голема чувствителност или да го користите Canon PowerShot G7 X Mark III со светла максимална решетка од f/1,8, кој е одличен за ноќно фотографирање и фотографирање при слаба осветленост.

Моќните Canon EOS R8 и Canon EOS R7 се совршени за фотографи кои сакаат поголема креативна слобода. Сензорот за целосна слика вграден во EOS R8 нуди поголема контрола врз длабочината на полето и подобри перформанси при слаба осветленост. EOS R7 е подеднакво импресивен при слаба светлина и нуди наменски режим за рачно снимање на ноќни сцени со кој може да снимате остри слики при слаба осветленост без да користите статив. И во двата фотоапарати е вграден процесорот за обработка на слика DIGIC X од Canon кој дигитално го намалува шумот на сликите дури и при високи поставки на ISO (чувствителност), за да добиете одлични резултати и флексибилност во темнина.

Ако сакате уште повисока класа на фотоапарат, тогаш ви го нудиме Canon EOS R6 Mark II - професионален фотоапарат кој е дизајниран земајќи го предвид фотографирањето при слаба осветленост. Опремен е со сензор за целосна слика од 24,2 мегапиксели што значи дека сите пиксели се поголеми и почувствителни на светлина, а тоа резултира со слики со врвен квалитет при слаба осветленост и неверојатен динамички опсег. Тој нуди и стабилизација на слика со максимум 8 чекори доколку се користи со компатибилни RF-објективи, што значи дека ќе добиете ноќни слики без заматување дури и при рачно фотографирање со релативно бавни брзини на блендата, со цел да доловите колку што е можно повеќе светлина.

2. Кои се најдобрите објективи за фотографирање огномети?

Розов и портокалов огномет експлодираат на небото над мост.

Извонредно широкоаголните објективи, како што е Canon RF 16mm F2.8 STM, нудат одлични перформанси за фотографирање огномети - како што е прикажано тука, во комбинација со Canon EOS R7, со избрани 1/25 сек., f/6,3 и ISO3200.

Прекрасни фотографии може да снимите со помош на објективите што се вградени во компактните фотоапарати со извонреден зум или со објективот што ви бил испорачан со вашиот фотоапарат. Сепак, ако имате можност да користите други објективи, тогаш ќе можете да создадете поразлични и покреативни композиции.

Пократките фокусни должини ви овозможуваат да опфатите згради и структури во вашите слики заради дополнителен контекст и визуелен интерес. Широкоаголен примарен објектив, како што е достапниот Canon RF 16mm F2.8 STM, е одличен избор за дополнување на вашата опрема која ја користите со фотоапарат со Canon EOS R-систем, како што е EOS R8 или EOS R7. Неговиот компактен профил го прави повеќенаменски придружник за сите видови на фотографирање. Користењето фотоапарат со EOS R-систем и широкоаголен објектив со зум, како што се Canon RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM или Canon RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM, ќе ви овозможи да ја менувате фокусната должина за да снимате различни композиции - нешто што е многу практично во динамички опкружувања со ограничен простор за стоење.

Од друга страна пак, телефото објективите ги изолираат и нагласуваат деталите што резултира со импресивни кадри што се целосно исполнети со огномети.

За да го извлечете најдоброто и од двата света, користете објектив со зум што има голем фокусен опсег, како што е Canon RF 24-105mm F4-7.1 IS STM, кој нуди и вградена стабилизација на слика за фотографирање доследно остри слики.

3. Која е најдобрата локација за фотографирање огномети?

Пожелно е да планирате однапред за да пронајдете место на кое нема пречки. Проверете ја локацијата во текот на денот и дознајте во кој правец ќе дува ветерот. Ова е особено важно ако има логорски оган во близина, бидејќи ќе ви помогне да избегнете чад или жарови во кадарот. Доколку планирате да користите статив, ќе треба да го поставите на место на кое нема да ви пречат други луѓе додека фотографирате.

Локациите со интересен предмет во преден план, на пример, мост, може да внесат дополнителна димензија во вашите фотографии.

4. Како да го фотографирам амбиентот што го создава огнометот за време на забава?

Прскалка која гори и фрла искри во сите насоки.

Фотографирањето прскалки е одличен начин да започнете со фотографирање огномети и може да се прави со минимални трошоци. Експериментирањето со боењето со светлина може да биде и забавна семејна активност.

Добар начин за да го доловите амбиентот на забавата е да фотографирате членови од семејството кои се забавуваат со новогодишни прскалки, користејќи ја нивната фантазија за да создадете забавни и уметнички шаблони со светлина.

Друг начин да снимите интересна фотографија е да го доловите отсјајот на огнометот на прозорец, со пријателите или членовите од семејството како гледаат низ него одвнатре. Снимете неколку тест слики за да се осигурите дека субјектите имаат добра експозиција и задржете ги овие поставки при фотографирањето на настанот. Ако вашиот фотоапарат располага со ваква опција, тогаш не заборавајте да ги снимате вашите слики во RAW-формат. На тој начин ќе добиете максимална флексибилност кога станува збор за прилагодување на експозицијата во различни делови од сликата. Обработката по снимањето може да се изврши во бесплатниот софтвер Canon Digital Photo Professional (DPP), наменет за обработка и уредување содржини во RAW-формат.

5. Како да снимам остри фотографии од огномети?

Розов и портокалов огномет експлодираат на небото над мост.

Режимот за континуирано фотографирање на фотоапаратот ќе ви помогне да снимите спектакуларна слика, дури и ако огнометот експлодира момент порано или подоцна од очекуваното. Фотографирано со Canon EOS R7 и објектив Canon RF 16mm F2.8 STM со избрани 1/25 сек., f/3,5 и ISO3200.

Бели огномети експлодираат на темното небо.

Снимете неколку фотографии кога ќе почне огнометот и проверете дали сте задоволни со експозициите. Ако се премногу светли, изберете потесна решетка (поголем f-број), како f/11. Ако се премногу темни, тогаш користете поширока решетка или зголемете ја вредноста за ISO - но запомнете, колку е помала вредноста за ISO, толку сликата е поостра и толку е помал ризикот од појава на шум во сликата. Снимено со Canon EOS R7 и објектив Canon RF 16mm f/2.8 STM, со избрани 0,4 сек., f/2,8 и ISO100.

Првата важна работа, независно каков уред користите, е да го исклучите блицот - треба да ја доловите светлината од огнометите, а не околните предмети осветлени со блиц. Потоа, доколку е можно, изберете режим на фотоапаратот што ќе ви овозможи одредена контрола врз поставките, како што се режимите за приоритет на бленда (Tv) или рачен (M) режим.

Тешко е да предвидите кога ќе експлодира најголемиот и најсветол огномет, па затоа не е лоша идеја да го поставите фотоапаратот во режим на континуирано фотографирање, познат и како секвенцијален режим, и да снимате повеќе слики последователно со голема брзина при секое притиснување на копчето за блендата. Ова ќе ви ги зголеми шансите да доловите една или две фотографии со особено драматични експлозии.

Доколку фотоапаратот ви е поставен на статив, може да ја користите апликацијата Canon Camera Connect за да ја контролирате блендата на фотоапаратот безжично преку вашиот телефон или таблет-уред. Или, пак, може да користите жичен или безжичен далечински управувач, па дури и тајмерот за снимател на вашиот фотоапарат. Сето ова ќе ви овозможи да ја активирате експозицијата без да го допирате фотоапаратот, со што ќе се избегне тресење на фотоапаратот и вашите фотографии ќе останат остри.

6. Како да фотографирам огномети без статив?

Ако вашиот објектив има стабилизација на слика (побарајте ја ознаката IS во името на објективот) или имате фотоапарат како Canon EOS R7 со вградена стабилизација на слика, тоа ќе ви помогне да ги спречите дури и најмалите потреси при рачното фотографирање, но имајте предвид е можно да се намали брзината на блендата доколку фотографирате во режимот за приоритет на решетката (Av). Ако користите статив, исклучете ја стабилизацијата на слика на објективот. Доколку ви треба поголема стабилност, ставете го фотоапаратот врз стабилна површина како полица или ѕид, користете го режимот за прегледување во живо преку екранот на задната страна на фотоапаратот и снимајте пробни слики за да ја проверите композицијата.

7. Како да фокусирам кога фотографирам огномети?

Дете носи капут и капа, гледа како жолти и црвени огномети го исполнуваат небото.

Кога фотографирате огномети, може да пробате да фокусирате интересен субјект во преден план. На тој начин ќе добиете прекрасна дефокусирана заднина. (Техничкиот термин за свилениот квалитет на заматувањето на заднината се вика ефект на дефокусирање.) Снимено со избрани 85 mm, 1/100 сек., f/1,8 и ISO1600.

Изберете рачен фокус на фотоапаратот или поместете го преклопникот за фокусирање на објективот во положбата MF и прилагодете го фокусот на бесконечност. Вредноста за бесконечност е означена со симболот ∞ на куќиштето на објективот или на екранот на фотоапаратот. Ова е поставката за фокусот што ќе ви биде потребна доколку сакате да го доловите огнометот на небото.

Ако сакате да опфатите елементи во преден план на фотографијата и сакате тие да се прикажат остро, тогаш е препорачливо да фокусирате во точка што се наоѓа на приближно една третина од целосната длабочина на сцената, а на тој начин ќе добиете максимална длабочина на поле и ќе ја изострите речиси целата површина на сликата помеѓу елементите во преден план и заднината. Ова е брз начин за симулација на професионална техника која се нарекува хиперфокусно фокусирање.

8. Какви поставки треба да користам за да фотографирам огномети?

Независно каков фотоапарат користите, помала поставка за ISO (чувствителност на светлина) ќе резултира со поостри слики со подобри бои и помалку шум. Затоа започнете со поставката ISO100 или ISO125, а потоа прилагодувајте ја решетката и брзината на блендата за да добиете одлична експозиција.

Ако фотографирате рачно, тогаш започнете со најмалата брзина на блендата што може да ја користите без притоа да се појави неприфатливо заматување предизвикано од тресењето на фотоапаратот или од движењето на огнометите. Може да користите брзина на блендата од 1/10 сек. - доволно е брза за да го замрзне движењето на огнометите, но и доволно бавна за да ја долови нивната светлина. Ако користите фотоапарат поставен на статив, тогаш може да изберете многу помала брзина, на пример, една или две секунди, како почетна точка.

Ако сакате да задржите малку острина низ сцената, започнете да фотографирате со решетка од приближно f/8. Ако треба да пропуштите повеќе светлина низ сензорот, но не може да користите помала брзина на блендата без да се појави заматување, тогаш може да се обидете со поширока решетка од f/5,6 или f/4 - но, колку е поширока решетката (односно, колку е помал f-бројот), толку е помала длабочината на полето, а тоа значи дека помала површина од сцената ќе биде остро фокусирана.

Потребно е малку да експериментирате за да пронајдете соодветна рамнотежа помеѓу брзината на блендата со која ќе ги доловите деталите со саканата острина и решетката со која ќе добиете одлична експозиција и длабочина на поле по ваша желба. Ако не можете да добиете резултати со добра експозиција без заматување преку прилагодување на решетката и брзината на блендата, тогаш обидете се да го прилагодите параметарот ISO. Фотоапаратите со поголеми сензори, како што се фотоапаратите за целосна слика без огледало, како EOS R8 или EOS R6 Mark II, нудат подобри перформанси при високи поставки на ISO и со нив ќе добиете најдобри резултати, но општо правило е да користите мала вредност за ISO која ќе ја зголемите само доколку е потребно.

9. Како да ги доловам облиците на огнометите?

Multicoloured fireworks explode in the night sky.

Режимот за сијалица на фотоапаратот ви овозможува да ја држите блендата отворена колку што ви е потребно, што значи дека можете да ги доловите огнометите како се движат по небото и експлодираат, оставајќи траги од светлина со импресивни облици. За да го користите режимот за сијалица, изберете го рачниот режим (M) или режимот за приоритет на бленда (Tv), а потоа изберете ја последната опција, по опцијата од 30 сек. Притиснете го копчето за блендата за да ја отворите блендата, а потоа притиснете го повторно за да ја затворите.

Фотоапаратот треба да биде многу стабилен за долгите експозиции, па затоа треба да користите статив. Ако имате фотоапарат со Wi-Fi како што е Canon EOS R7, тогаш може да ја користите апликацијата Canon Camera Connect која ќе ви овозможи да ја активирате блендата далечински преку вашиот паметен телефон или таблет-уред.

10. Како да добијам соодветна експозиција за огномети?

Темно небо на кое експлодираат светли огномети е прилично нетипично сценарио во однос на вообичаените субјекти кои се фотографираат, а автоматските режими на вашиот фотоапарат може да постават експозиција која е премногу светла за ноќно фотографирање огномети. Ако фотографирате во рачен режим (M) или некој полуавтоматски режим, како приоритет на решетка (Av) или приоритет на бленда (Tv), тогаш може да користите компензација на експозицијата за да го избегнете ова. Побарајте го копчето или иконата -/+ на екранот и поставете го на приближно -1 или -2.

Ако користите рачен режим (M), тогаш може да ја следите скалата со индикатор за експозиција на LCD-екранот или во долниот дел од визирот на фотоапаратот додека избирате комбинација на поставки што го поместуваат индикаторот налево по скалата.

Може да снимите прекрасни фотографии од огномети без разлика каков фотоапарат користите. Најважно е да се обидете да го направите тоа и да се забавувате!



Напишано од Peter Wolinski

Слични производи

  • EOS R6 Mark II

    Фотографии или видео, акција или портрет - комбинацијата од перформанси и квалитет на слика што ја нуди EOS R6 Mark II ви овозможува да бидете максимално креативни
  • EOS R8

    Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции.
  • EOS R7

    Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината.

    PowerShot G7 X Mark III [Црна]

    Фотоапарат со опции за поврзување што снима извонредни видеоснимки и фотографии што ќе им се допаднат на вашите следбеници.
  • RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM

    Мал, лесен и извонредно широкоаголен објектив со зум и повеќенаменска фокусна должина од 10-18 mm што е идеален за фотографирање при патувања, снимање видеоблогови и пејзажи.
  • RF 16mm F2.8 STM

    Компактен, достапен и извонредно широкоаголен објектив за целосна слика со фокусна должина од 16 mm што е наменет за серијата EOS R и дизајниран за видеоблогери и креатори на креативни содржини.

Слични статии

Совети за фотографирање оган

Откријте ги техниките коишто ви се потребни за да фотографирате покрај оган или светлина од свеќи.

7 совети за фотографирање при слаба осветленост

Дознајте важни техники за снимање остри фотографии при слаба осветленост и дознајте која е најдобрата опрема од Canon за фотографирање при слаба осветленост.

Фотографирање на ноќното небо

Врвни техники за ноќно фотографирање ѕвезди, вклучувајќи и снимки со забрзано движење и ѕвездени траги.

Боење со светлината при фотографирањето

Обликувајте впечатливи слики со светлосни извори и долга експозиција.

Добијте инспирација, пријавете се веднаш

Не пропуштајте ги никогаш најновите понуди од Canon, совети и водичи, вести и покани за локални настани.